Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Discussion in 'Серии и емисии' started by t.w.e.e.t.y, Dec 15, 2011.

  1. tea4e

    tea4e Популарен член

    Joined:
    Jul 11, 2012
    Messages:
    3,410
    Likes Received:
    3,148
    Фотошоп срце,фотошоп. ;)
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,810
    Gender:
    Female
    ^И тоа баеги слаб...битно идејата вришти :D
     
    Sara123 and tea4e like this.
  3. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2012
    Messages:
    426
    Likes Received:
    344
    Дениз Чакир наскоро ќе глуми во Величествениот :)
     

    Attached Files:

  4. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Joined:
    Jul 7, 2011
    Messages:
    524
    Likes Received:
    203
    ^ нели и Бред Пит ќе глумеше, што бидна со таа работа? :)
     
  5. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2012
    Messages:
    320
    Likes Received:
    182
    Чекајте го само Бред Пит да се појави овде. Дали си верувате бре сами на себе? :D Ако нема друга работа човекот, ќе си упропастува кариера.
     
  6. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Joined:
    Jul 7, 2011
    Messages:
    524
    Likes Received:
    203
    ^ :^) ?!

    Прашувам бидејќи голема фама се дигна околу сето тоа и со мала доза на сарказам бидејќи еве пак се дига прашина само сега за друга глумица. А каква врска има БРЕ дали јас си верувам сама на себе со едно најобично прашање?! Нормално дека нешто ќе се шпекулира, нешто ќе се рекламира за да се привлечат поголем број на гледачи. Некои од глумците кои ги рекламираат ќе се појават, некои не. А баш ме интересира како Бред Пит би си ја упропастил кариерата со една епизода за 2 милиони долари? И тоа пази епизода во серија која е доста популарна, макар вие признале или не. Турците се наполнија со пари од овие серии, најприкажани им станаа насекаде. И па едни филмови Бред што има во последно време кој од кој подобар!
     
  7. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2012
    Messages:
    320
    Likes Received:
    182
    ^ |(
    Мене баш ме интересира дали не би било срамота за Бред Пит да трча во ваква серија ама ај. Што се однесува до Турците, тие се наполнија со пари затоа што Балканот е полн со прости луѓе што со душа чекаат вакви серии, а не дека некаков квалитет има во самите серии. Барем не во повеќето. Жими едни лисја и уште некоја, една две ако има, другото е за во отпад, ама оди објасни му на овој народ |( Едно време ја подгледнував оваа само затоа што немав што да правам и затоа што дома го уклучуваа тој канал, и каква тортура било само кога ќе се сетам, не сум била ни свесна :puke: После неколку изгледани западни серии се вратив во нормала.
    БРЕ!
     
  8. tea4e

    tea4e Популарен член

    Joined:
    Jul 11, 2012
    Messages:
    3,410
    Likes Received:
    3,148
    ^^Не само на форумов туку и на интеренет пишуваше дека ке глумел.
    Инаку ако се држиме до дезинформациите тогаш ќе ви кажам дека во серијава ќе глуми и Филиз од „Под сенката на врбите“
    А точна информација е дека Билге од „мајка“ ќе глуми. :)
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,472
    Hа TVMONDE француската мнооогу убава емисија има за Cулејман, општо за неговиот живот,војување итн
    па покажуваат инсерти од серијава, нели да доловат прича :D
    Eве игра сега, и за Xурем збореа, гилбедар, како Xурем постанала тоа што постанала, т.е миленичка на Cултанот итн :)

    Mене поинтересно ми е да гледам вака документарни емисии, особено историски
     
    antonina and Sara123 like this.
  10. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Joined:
    Mar 13, 2012
    Messages:
    640
    Likes Received:
    413
    Стварно фала за ова ме насмеа ептен :rofl: :rofl: :rofl:
    Овие двајца се ко куче и маче и кога ја видов сликава :D
    фотошоп какви чуда прави ;)
     
  11. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2012
    Messages:
    426
    Likes Received:
    344
    Само што ја видов најавата за 80 епизода
    Не знам дали знаете ама во 79 епизода некоја од робинките сакаше да го убие Принцот Мустафа, но Мустафа во последен момент се спаси и робинката која сакаше да го убие, по наредба на Ибрахим Паша беше однесена во палатата во Топкапи и Ибрахим ја викна Хурем за да му ја покаже робинката и му рече дека таа сакаше да го убие Мустафа (очигледно е дека Ибрахим е сигурен дека Хурем го наредила тоа) и така заврше 79 епизода а во најавата за 80 епизода Ибрахим му кажа на Сулејман дека робинката била испратена од Хурем :( Ако Хурем не најде некој добар изговор за да се оправда пред Сулејман тешко неа ќе биди
     
    ocila and Sara123 like this.
  12. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Joined:
    May 30, 2011
    Messages:
    3,279
    Likes Received:
    2,306
    Gender:
    Female
    Бред Пит, некоја си Билге од некоја си серија Мајка, Ферхунде(јасуштетакасијавикам зашто само во лисјата сум ја гледала) и што уште не ќе слушнеме.. :?: Најавено беше т.е на интернетов можеше да се читне уште тон вакви глупости како на пример - Некоја си Топрак(од некоја серија) ќе ја глумела Султанката/ќерка на Х.Хурем - Михримах. А сега гледам сосема друга во улогата на Михримах Султан.
    Е токму поради овие работи јас не им придавам важност на ваквите `информации` :wasntme:
     
  13. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Joined:
    Jul 7, 2011
    Messages:
    524
    Likes Received:
    203
    Турците не се наполнија со пари заради тоа што само на Балканот се гледаат нивните серии. Колку за ваша информација во САД се прикажувала серијата Мајка и неколку други :) И баш гледав на ТВ за оваа тема и се зборуваше дека низ цела Азија се гледале серииве дури до Ј. Кореја. :)
    A за квалитетот на сериите воопшто не зборувам. Факт е дека одат од крајности во крајности, но исто така факт е дека народот тоа го купува. Јас од сите нивните само оваа ја гледам и ми се допаѓа од многу причини. Прво колку-толку има некоја историска позадина (има навистина точни работи, еве сега на пример кога учам Историја на право за Османлиска империја доста од работите ми беа познати од серијава, уредување, систем итн итн. Дури и ми се најде за дополнителни поени за активност за оној дел за Султанот Мехмед ел Фатих за тоа дека оној кој ќе дојде на власт има право да ги убие своите браќа заради сигурност на светскиот мир, а тоа го знаев од серијата од делот кога Сулејман му го кажува тоа на Мустафа. Ете тие детали се битни, а не дали фустаните биле француска мода од 18 век или незнам ти што. А такви детали има многу. Донесувањето на новите законите исто така итн итн.)Второ сакам средновековни приказни. Трето фасцинантно е прикажана борбата за моќ, за престол, како парите и високата положба овозможуваат многу работи. Кој вели дека поинаку било не била Хурем толку сурова и од многу љубов градела сиропиталишта, центри за помош, религиозни центри итн се лаже. Оној кој ја гледа позадината а не буквалноста му е јасно дека со тоа се обидува да ја зголеми популарноста и политичкото одобрување од страна на народните маси. Не за џабе ги собира жените на сите моќни политичари. Свесна е дека кога би умрел Султанот таа на своја страна треба да има свои луѓе, ако го качи синот Мехмед на престолот да не дојде до побуна со радост да го прифатат, а не да сакаат да го сметнат. Четврто интересна е положбата на жените и воопшто на целата хиерархија под Султанот, очигледно е однесувањето од типот Кога не можеш на магарето удри на самарот :) Ај да не должам, поентата ми беше дека ако сте буквалисти серијава би ја дефинирале како срање, ама ако се тргните од сцените од типот кавгите помеѓу Хатиџе и Нигер Калфа и гледате малку повнимателно ќе забележите многу други работи кои ја прават серијава не само одлична туку и корисна како во мојот пример :)
    Поздрав

    П.С линк за 79 епизода со превод? :)
     
    Sara123 and Ana.N like this.
  14. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2012
    Messages:
    320
    Likes Received:
    182
    Да, да и Обама ги спомна серииштата во еден говор, како Турците почнале да собираат симпатии преку телевизиска индустрија. Информирана сум без грижи ;) . Мислите во Америка нема народ од таква категорија што би гледал вакви серии? И Турците и Арапите се бројно малцинство во Германија и околни земји затоа нормално е да им пуштаат по некоја, а не дека образуван народ таму ги гледа, како овде на Балканот што ги наметнуваат од утро до ноќ и како не знам какви хитови. Добро, кому му се допаѓа негов проблем, што е тука е, идиотскиве серии доживеаја експанзија затоа што некој ги гледа. Ама не зборувајте како биле корисни, еве конкретно оваа, па уште за на факултет, ви се молам :D Што не ќе чуеш и што не ќе прочиташ. Не дека нема некои турски серии на ниво за кои навистина се потрудиле, ама оваа... Дајте.... Колку грешки и колку глупости има тука, било во дејствие, приказна, сценографија, костимографија, не знам ни од каде да почнам па подобро да не ги ни спомнувам. Можеби и се потрудиле, но сиот труд е за бадијала.
    Мал оф топик ама не е ни чудно што факултетите се до ова дереџе стигнати. Кога дојде нели своевиден "академски граѓанин" да не се ужаснува од вакви серии :|
    Од љубителите на кичот, уметноста не може да дојде до израз денес :x Ајде, да не должам со оф топици, поздрав.
     
  15. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Joined:
    Jul 7, 2011
    Messages:
    524
    Likes Received:
    203
    Јас посочив аспекти и детали кои ДЕ ФАКТО се точни и кои истите ги има и во книгите ( Провери: Државно-правна историја на Македонија, учебник по Историја на правото за прва година Правен факултет, темата за Отоманската империја, настанувањето, развитокот, султаните, организацијата, системот на уредување, правото, војската, тимаро-спахиски систем, санџаци, бегови, хиреархија, области, шеријатско право за ТИЕ работи јас зборувам дека се точни, се разбира ако го гледаш битното, а не кој на кого дете направил или со која вечерва султанот ќе спие:) Се надевам појасна сум сега ( патем не знам каква врска имаат другите серии со факултетите што се до овој степен дојдени, за тоа се виновни мноооогуу други фактори, ама тоа во друга тема). Не велам дека нема грешки, но зарем истите можат да се наречат грешки? Не е ова документарна емисија туку серија со слобода на креативноста на режисерите, сценаристите итн. И американските серии и филмови па и не се баш најпогоден пример за споредба, можам минимум десет да набројам кои се исто така популарни а кои се невидена катастрофа и кичерај и се далеку од уметност(истото можам да го кажам и за многу турски) Во секој филм истото па истото се врти,(во голема мера околу секс!, колку и да се критикуваат турските серии капа за тоа треба да им се симне, не гледаме како некоја некого се обидува да го угуши со јазикот до грло.:D И јас не сум фан на турските серии освен оваа, но морам да им дадам почит за пристојноста :))Ама ајде не е темава за компарација со американски серии, ама не е ни за факултети, провокации и кој каков вкус има за филмови. :)

    Целта ми беше да посочам на што треба да се внимава кога се гледаат серии од ваков тип, дека треба малку да се тргнеш од приказната.

    Поздрав
     
    Hurrem-Aleksandra likes this.
  16. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2012
    Messages:
    320
    Likes Received:
    182
    Потполно јасно ми беше и минатиот пат што сакаш да кажеш, не мора да објаснуваш и да ми посочуваш литература (подобро држи се до неа ако сакаш да научиш, серијава не ти врши работа), едноставно колку сакаш можеш да ме убедуваш и мене а и себе, но серијата не чини и не е до тој степен да можеш да прибереш нешто корисно од неа, повеќе можеш да изгубиш. Во врска со американските серии, да, има и неквалитетни и преценети, како што убаво реков дека ретки се турските серии кои се изработени на ниво, Величествениот не е една од нив, исто така постојат и американски кичести серии кои се далеку од поим уметност, работата е во тоа што темата не е за нив. Вистина е и дека некои американски серии се преполни со непристојни сцени, ама од друга страна, каков пример и каква пристојност е претставена со ликот на Хурем? Ако тргнуваме по таа логика, Хурем е типично подметнување на лош урнек на девојчиња. Онаква "отворена" и бучна жена која гласно си ги кажува плановите во тоа време не можела да стане султанка, особено не ако имала толку моќни непријатели, ама ете во серијава по нелогичен сплет на околности, таа и со такво неурамнотежено однесување во време кога било јасно дека тивка вода брег рони успева сите да ги отстрани од патот. Нелогичноста е очигледна за секого кој има и најмали историски познавања. И на крај, не знам како можеш да кажеш да ја игнорираме приказната и дека не е се во неа; Сулејман го спомнал законот за браќата, тоа е единственото нешто што си го прибрала од серијата и сега треба сите да ја фалиме само поради тоа? :x Кога велам приказна подразбирам целокупно дејствие и тоа што може да се научи од него, а овде.... :x Ниту историски податоци, ајде во втор план да ги ставиме, нели не бараме историја, нема ни достојно прикажани ликови, ниту костимографија, дејството е бавно и досадно, единствено кокошки што се кубат во харем, во превод лоши односи снаа-свекрва-јатрва, типично како за турска серија, друго ништо.
    Овде прочитав и дека турската влада ја забранила серијата....па ако мислите дека турската влада и сите тие експерти што ги поддржале не се разбираат од историја, настрана историјата не е важна, туку од квалитет на телевизиска програма а вие се разбирате повеќе.... :)
    Еднаш веќе отпоздравив, се надевам нема да има потреба од понатамошно дообјаснување.
     
  17. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Joined:
    Jul 7, 2011
    Messages:
    524
    Likes Received:
    203
    Не велам дека учам од серијава туку правам споредба.:) Исто така посочив и еден пример а ако посочувам се што сум забележала историски би ми требало време и простор на темава ( еве уште еден пример кога Рустем Ага им раскажуваше на децата на Хурем како настанала империјата и историјата за неа буквално истото го имаше книгите,донесувањето на новите закони исто) :) А за пристојноста не зборувам конкретно за оваа серија туку општо за турскиве серии колку толку што сум фатила на тв, во поглед на сексуални сцени на тоа конкретно мислев :) А Хурем поради нејзината бучност секогаш е еден чекор напред, два назад. Јас барем така ја доживувам во серијава. Премногу закани, навреди, брзи и непромислени потези...
    Ама тоа е, сите имаме различни мислења, ставови и вкусеви, можеби за некоја друга серија би биле истомисленички :)
     
  18. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Joined:
    Jan 26, 2012
    Messages:
    584
    Likes Received:
    353
    Ова е најверојатно уште еден добро исцениран план на Хурем, не се сомневам во тоа... таа не би постапила толку крајно наивно, тоа никако не може да се случи. Сепак се работи за нешто друго, изгледа е уште една стапица во која Ибрахим самиот ке падне со тоа што ке му го каже на Султанот..
    Хурем и самата е свесна дека не може да делува против Мустафа и не смее и затоа се обидува да го наведе Сучејман против него со цел дека тој сака да го тргне од престолот бидејки тоа е единствено логично решение одколку да го убие..
    Како и да е, претчувствувам уште една многу добро осмислена игра... која ке биде вредна за гледање. :)
     
    Sara123 and phoenix4235 like this.
  19. cansuuuu

    cansuuuu Истакнат член

    Joined:
    Nov 25, 2012
    Messages:
    199
    Likes Received:
    111
    Знае ли некој во кои денови поточно ке игра серијата ? Зашто јас негде прочитав (не знам колку е точно) дека само понеделник и вторник ке игра... :(
     
  20. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Joined:
    Jan 26, 2012
    Messages:
    584
    Likes Received:
    353
    Не ми е јасно едно во врска со тоа дека муслиманки не можат да живеат во харемот на султанот освен под услов да се венчаат со него. Нели прв Сулејман ја прекршил долгогодишната традиција со тоа што се оженил со робинка.. а како тогаш неговата мајка Ајше Хафса Султан која била од Кримското ханство што значи била турчинка... и како тоа таа не била венчана за Султанот Селим и пак станала Валиде Султана.. :^)
     
    Sara123 likes this.