Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Мејловите кои ги праќавме до советот на турската радио телевизија имаа влијание во врска со прекинувањето на оваа серија. Како што гледам по турските страни не се зборува дека серијата ќе биде прекината. Изгледа премиерот свати дека доколку серијата се прекини ќе има протести во Турција бидејќи се работи за милиони гледачи кои редовно ја следат оваа серија. Како што кажав и пред неколку дена, конечната одлука сеуште не е донесена (тоа би требало да се случи во текот на овој месец) но 99% сум сигурна дека нема да се прекини поради огромната гледаност :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    јас онака малку денеска ѕирнав на интернет ги има новите епизоди и ќе биде интересно ај да не ви раскажувам предвреме туку да се надеваме дека по завршуванјето на долина на волците утре, ќа ја дадат серијава од понеделник до петок
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.578
    Допаѓања:
    126.105
    Пол:
    Женски
    Гледам овде сте заинтересирани за судбината на серијата. Е па вака, серијата е планирано да се снима и емитува до јуни 2013 година. Дали ќе има 4 та сезона не се знае. Целата фрка се случи после смрта на првата сценаристка, Мерал Окај откако презеде да ја пишува млад сценарист кој во 3 сезона има бааги забегано од историјата. Ердоган (Премиерот на Турција) на барање на голем број на гледачи, посочи и се закани, дека доколку не се врати на нормален колосек ( значи не се одвиваат работите како во историјата ) ќе се размислува за укинување на серијата. Сега за сега, после 76 епизода ( оригинална а не нашево срање од синхронизација) Хурем и останатите жени се облекуваат онака како што се облекувале во тоа време.
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    глупаво е што ја даваат само понеделник и вторник
     
  5. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Баш сега му пишав на веб страната на Канал 5 дека доколку по завршувањето на долина на волците не го пуштат Величествениот секој ден тогаш ќе мора ние да направиме петиција ;)
     
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Точно, само за џабе кренаа врева :!:
     
  7. cansuuuu

    cansuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    111
    Тука http://kanal5.mk/default.aspx?mId=107&d ... 2013&cal=1
    ја има програмата на Канал 5 за среда 16-ти и го нема величествениот,изгледа ќе си продолжи понеделник и вторник :?:
     
  8. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    Ај во споилер раскажи ни ако не те мрзи те моооолам :$
     
  9. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Почна серијата на Канал 5?
     
    На cansuuuu му/ѝ се допаѓа ова.
  10. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    ехее, уште пред 2 недели.. :)
     
  11. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    9.435
    Пол:
    Женски
    Ние имаме одлична синхронизација на серијава. Инаку јас си ги гледам редовно на Стартурк, иако не разбирам турски. :rofl:
     
  12. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Единствена турска серија која ја гледам.
    Другите од досада некогаш, ако нема што да правам.

    Недај боже да ја прекинат. Една квалитетна серија и таа да ја прекинат не е фер.
    Што па оние другите не ги прекинат...толку глупости даваат.
    Па толку е проѕирни, го знам уште од првата епизода каков ќе биде крајот.
     
  13. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Ќе се ослободи ли Хурем од таа новата што ќе дојде (во приватниот живот што се вика Џансу Дере) ?
     
  14. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Таа ќе се вика Фирозе. Султанот ќе се заљуби во неа ама на крај ќе испадне дека е шпион и дека работи против него па изгледа дека ќе се ослободат.
     
  15. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Гледав некои епизоди и ја гледав и 81 епизода (со превод), Хурем ќе се ослободи од Фирузе, ама Хатиџе ќе и прави многу проблеми на Хурем и ќе биде против неа. Хатиџе ќе му прости на Ибрахим пак ќе бидат заедно, а Нигар Калфа ќе му роди ќерка на Ибрахим. Хурем ќе раководи со харемот и ќе биде со султанот, од сите пречки кои ќе и ги поставуваат успешно ќе избегнува. Во 80та или 81 епизода ќе се појави Шах султан таа ќе биде на страната на Хурем. Децата на Хурем веќе ќе бидат пораснати Михримах султан ќе биде во тајна врска со верен човек на Ибрахим (кој ќе почне да му работи позади грб), но Хурем ќе дознае за тоа и ќе ја спречи да продолжи да се гледа со него. Мехмет ќе биде пораснат принц и ќе оди на походи со султанот. Ова е до каде што гледав, ама скратено раскажано. Ќе има уште многу интриги и сплетки, ќе биде интересно јас ќе си гледам. :)
     
  16. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    ај ако може да ставите слики во споилер од новите епизоди, сакам да ги видам новите ликови, благодарам однапред :) :*
     
  17. Ella89

    Ella89 Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    6
    Хах ми се свиѓа сликава
    Убава е Кристина како султанка, поточно како Хурем Султана, а Дарен Хајес како султанот 8)
     

    Прикачени фајлови:

  18. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Михримах Султан
    [​IMG]
    [​IMG]

    Принцот Мехмед
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Рустем паша
    [​IMG]
    [​IMG]

    Фирузе хатун
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Шах Султан
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ташлиџали Јахја ефенди
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ебусууд ефенди
    [​IMG]


    Принцот Бејазид и Принцот Селим
    [​IMG]

    ова се ликовите кои до сега се имаат појавено, до 81 епизода во Турција. :)
     
    На A.Fenty и hrcace им се допаѓа ова.
  19. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    А која е оваа Фирузе Хатун ? Што улога ќе има ?
     
  20. cansuuuu

    cansuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    111
    Ќе биде во харемот,Султанот ќе се заљуби во неа ама на крај ќе испадне дека е шпион и дека работи против него ќе се ослободат од неа за жал ;(