Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Ја сакам Хурем,нејзината жестина и борбеност,сигурност и она без пардон....кога сака да успее во нешто не бира средства ниту оружје-СЕКОЈА ЧЕСТ!!!!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Само во таа шетња да не се изгуби некаде Шах Султан :D
     
    На Hurrem-Aleksandra и Sara123 им се допаѓа ова.
  3. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Лилбејби и Теси во врска со тоа што Хурем не може да зборува за гордост.
    Но, тука има една разлика. Султанот Сулејман има право да спие со колку жени сака. Целиот харем од илјадници жени е негов.. и сето тоа се одржува со некоја традиција. Тоа што Сулејман се венча со Хурем не значи дека не смее да има други жени. Со самото тоа покажа дека другите жени кои биле во неговата одаја се минливи, и дека таа е неговата вистинска љубов. Само немојте да напишете дека ако ја сака нема да вика други робинки. Таа традиција не се прекршува, султаните секогаш имале хареми. А сепак Сулејман ја прекршува традицијата и се жени со една робинка Александра. :) Но затоа местото на робинките се знае, а и местото на Хурем е очигледно.
    Хурем е негова жена и била на позиција како жена на најмоќниот човек во империјата. Не само Махидевран, туку сите султанки морале да се помират со тоа. И Валиде султан еднаш и кажуваше на Махидевран дека и таа го трпела истото, и дека мора да се навикне на тоа. Поентата е тоа што и покрај илјадници жени во харемот кои се донесени за онаа работа, султанот спиел со 4 освен со Хурем. :D Иако некои извори велат дека во историјата султанот не погледнал друга по Хурем Султан. :)

    Додека кај неговата сестра е поинаква ситуацијата.
    Таа е родена султанка нели.. потекнува од империјата, има моќ и може да зборува за гордост.
    Но во овој случај нејзината гордост е уништена. И покрај тоа што Ибрахим паша е венчан со неа, ја изневери. Тој нема право да спие со други жени освен со неа. :) Тоа е неверство и Хатиџе е понижена. Додека пак Хурем е дури и наградена со тоа што султан ја венчал и и овозможил да биде слободна жена а не робинка. Ја ослободил. А и покрај тоа што тој на еден начин `треба` да спие со други жени, тој не го прави тоа. :)
     
    На Hurrem-Aleksandra и Ana.N им се допаѓа ова.
  4. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Според мене Хурем се бори за своето место како што кажав погоре.... А зарем Махидевран или Ѓулфем треба да се преселат во главната одаја?
    И кој се тие три бе да му подметнуваат жени на Сулејман? -.-
    зборам за Ѓулфем, Хатиџе и Махидевран
    Ама џабе им е, џабе, Хурем ќе ја среди и Фирузе :devil:
    Хурем се стори за Султанот затоа што таа го сака, а Махидевран не дека го сака, сака само што побрзо да се оттараси од Хурем и мисли дека ќе раководи со харемот, додека Ѓулфем нема никаква функција тука и таа не е таа која треба да се грижи со кого ќе биде Султанот
    А во споредба со Хурем, Хатиџе не е ништо и дури одвратна ми станува
    Толку е глупава што сите си ја вртат на малиот прст |(
    Хурем е 100 пати попаметна и знае да се избори за тоа што го заслужува.
     
    На Hurrem-Aleksandra и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Колку ќе ми биде само мило кога ќе ја видам реакцијата на Хатиџе :rock:
    Напред Хурем :rock:
     
  6. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Извини вака ама смешно делува.
    Што има тука да се збори за гордост? Хурем е паметна жена што може да се избори сама против сите. Од обична робинка на која и правеа што сакаа стана слободна жена, жена на Величествениот па сега и ја назначија да раководи со харемот. Иако доаѓа како робинка таа е најпаметна во сите и секогаш оди со крената глава. Колку и да е повредена секогаш оди со главата напред, а таа Хатиџе од ко е почната серијата само расплакана е и слепа никако неможе да се помири со вистината дека пашата ја сака Нигар и Хурем и е крива сеа -.- незнам како може Хурем да е крива затоа што пашата ја сака Нигар -.- И? Шо сеа? Хатиџе и двете сељандури неможат да се помират со тоа дека Хурем е се поблиску и поблиску до целта и му пикуваат жени на Султанот |(
    Убаво и рече Хурем. Нека иде да му бара жени на својот љубен иден султан. -.-
     
    На Ej-bi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Махидевран, Хатиџе и Ѓулфем ке направат план да ја убијат Хурем :rofl: :rofl: :rofl:
    Не ми се верува баш ме интересира каков ке биде тој план и сум сигурна дека нема да успее
    За Шах Султан знаев дека има таков план уште кога се појави знаев дека штом е од фамилијата на Величествениот ке сака да ја тргне Хурем но се надевам дека нема да успее никој неможе со Хурем ;)
     
  8. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Абе каква гордост |( Луѓето како Хурем и Ибрахим можеа ли од почеток да се правеа горди а?
    како ќе можат кога едниот вратар а другата робинка - овие луѓе не можат т.е не смеат да имаат гордост затоа што главчињата има да им летнат инстант!
    И двата лика се многу интелегентни (Хурем малце повише) и знаат дека за да станат луѓе треба едната да легне во креветот на Сулејман а другиот во креветот на Хатиџе и кај после гордост ќе се имало кога единствениот начин да се извадиш од калта ти е тоа. 16 век е тоа немало демократија мислам хелоу
    а Хатиџе пошо нели она е Султанка од раѓање е она треба да го има тоа што го викате гордост
    а што стори мутавата - ништо, нема да се разведе од Ибрахим за да не и го направи ќеифот на Хурем
    е очигледно таа има големо непочитување кон самата себе кога би била она горда жена би го убила Ибрахим и Нигер а ќе барала друг начин да ја уништи Хурем затоа со глупачи како неа воопшто не се замарам се знае од почеток дека тука најглупав лик е она.
    Махидевран како ми доаѓа да ја задавам :devil: кога и ја гледам таа пуста костурска фаца ми доаѓа желбата за убивање!!! Ја нема сега Валиде и костурот најде одма друго засолниште и тоа кај уште поглупава од неа. Да беше она силна жена зашто тогаш не се бори со Хурем 1 на 1 како што Хурем тоа го прави со сите а? Не може! Кукавици како неа кога се со некој друг се прават многу силни а сами кога се да ги дувнеш ќе паднат :puke:
    и уште една сега што почна да ме нервира е таа проклета Ѓулфем :puke:
    не можела да си ја врши функцијата (не можела да му прати на Сулејман робинка од Хурем)
    па ќе се откажела |(
    Иди Убиј се ма!!! Уште една непотребна глупача која не знае што да прави со животот па почна и она сега малце да се прави нешто што не е
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.472
    Пол:
    Женски
    untouchable, Хурем беше таа што прва и' мрчеше на Хатиџе за нејзината гордост. Во тој контекст само реков „која е она да зборува за тоа?“

    Аман више кажав мислење, нема потреба од препукување смешна си ваква си таква си. Пиши мислење нема потреба од навреди. Бог да чува и да брани!

    И ај коа не знаете да дискутирате на друг начин сем со навреди, не ми реплицирајте едноставно. Смирете малце страстите, никој од ликовиве не ви носи леб дома, дискутирајте како луѓе смајлиштосекрсти.

    Интересна работа, тие што најмалку се препукуваат на темата и си кажуваат свои ставови и се надоврзуваат без стварање тензии се тие чии коментари се највеќе на место во темава...и најмногу имаат да кажат за серијата. Угледајте се на нив ;)
     
    На LilBaby и Sara123 им се допаѓа ова.
  10. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Како прво ја не цитирав тука никого во мојот претходен пост туку и јас си го споделив мислењето како и сите други и зборев општо за темата гордост кога видов дека тоа беше темата
    ја не му се мешам на никого кој што сака нека си збори ако сакате мразете ја Хурем и сакајте го ибрахим или обратно мене тоа не ме интересира. Секој си мисли на друг начин а јас што сакам тоа ќе пишам.

    (oва го пишав во случај да не ме фатите и мене па да мислите дека сум против некого)

    Хурем порано немаше на што да биде горда ама сега има и тоа многу и секогаш кога ќе се кара со Хатиџе јас на нејзина страна ќе бидам ама па не ми се допаѓа тонот на Хурем кога збореше со Сулејман тоа беше ептен погрешно да збори со него на тој начин абе што да кажам - безобразлук невиден е што ја претера тогаш ја претера и јас знам да плукам по неа кога стварно и она ја минува границата и сега Сулејман па и да ја вара со друга мислам дека ќе биде сосем логично мора малце и на Хурем да и се кратат крилјата она изгледа заборави на момент кој и ја даде таа позиција и мене ме изнервира кога му ги кажа тие зборови на Сулејман
     
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Сега повторно ја прегледав 66 епизода. Многу интересен ми е делот каде што сите брзаат.. леле..леле Хурем се буди. :lol: Најинтересното почнува од 10-та минута и 58 секунди и делчето трае околу една две минути. Многу ми е интересно за гледање.

    http://www.femina.mk/out/?id=522c8958f4 ... ogspot.com

    Денес догледав уште две епизоди. Ме интересира кога Фирозе си оди ?

    И најавата за 83 :whew:
    http://www.femina.mk/out/?id=522c8958f4 ... ogspot.com
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.472
    Пол:
    Женски
    ^^
    ХуремАлександра, никој тебе ништо не ти спомна. Ти се надоврзуваш и кога цитираш, а не си се расправала до сега (барем не со мене). Зборев за оние кои преку препукување си го кажуваат мислењето, баш тебе те мислев во онаа група што ја спомнав дека не се препукува и дека обично имаат најмногу да кажат за серијата, заедно со Сара123, ЛилБејби и така натаму да не одам со имиња во секој случај ќе пропуштам некој. Прочитај го уште еднаш мислењето и ќе видиш дека зборував против препукување, а не против надоврзување и цитирање.

    A што се однесува до мислењето за гордоста. Јас мислам вака. Не треба да имаш причина за да бидеш горд. Не треба да бидеш моќен, богат, големец, и сл. Тоа е доблест која е внатре во душата на еден човек, а тоа што доаѓа од душата обично не бира роб или крал. Хурем можела да биде горда и истото да значи смрт за неа. Горда на тоа што била ќерка на чесни луѓе, на човекот кој ја сакал, на својата чесност и искреност. Но, не. Таа решила да дојде до одредена цел по секоја цена, а узпат дел од цената е и подголтнување на не мали залаци од гордоста. И затоа мислам дека кадарната да збори за гордост во никој случај не е Хурем. Ова и е ист кикс ко оној кога му рече на Сулејман за Изабела „но таа е туѓинка/неверник.“ Е ај сеа де. Во ист кош на тие неверници го става нејзиното семејство, сакани, па и самата нејзе до некој период од животот. И да, Хатиџе е глупава...што и' помагаше и и' го спасуваше животот толку пати и што се трудеше еден период да држи баланс меѓу двеве хистерии.

    Доколку некој се пронајде во тоа што го пишав претходно, не е мој проблем и нема шо да се правдам. Прочитајте ги поубаво мислењата, па видите шо е работата.

    Ај доста офтопик да не знае некој дали наскоро ќе се појави Хафифе?
     
  13. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Кај нас во понеделник или вторник би требало.
    По правило во 65 епизода, се појавува на средината односно при крајот. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
  15. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Незнам шо беше навредливо ама ај да не должам.
     
  16. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Не знам зошто во вчерашната епизода името на Афифе Хатун го синхронизираа како Хафифе Хатун :)
    А 83 епизода сеуште не е емитувана во Турција и ќе се емитува вечерва
     
    На babyblond и Sara123 им се допаѓа ова.
  17. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Хатиџе,коза една без мозок,која ич немооже да се нарече султанка крева рака на Х.Хурем? :fubar: :fubar:
    Идиотка... :swear: Ма каква султанка,оваа за ништо не ја бидува.. :@ Ама убаво и кажа Хурем. :devil:
    Е да, и јас ја мразев Нигер и бев на страна од Хатиџе,ама помина тоа време...Сега си ја сакам Нигер и си ја поддржувам :lol: Искрено..
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Бидејќи правилно е ХАфифе ама турците не го изговаарт мислам Х пред а исто беше и со Хајрие од ЛИсјата :D . Сепак ги изгледав сите онлајн и сег ане ги гледам на ТВ , ама мн би ми било интересно да ја гладам глумицата што е Хафифе Хатун како си се синхронизира самата на македонски :D
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Во право сте биле.Шах ке е против Хурем. :devil: А кога ке го убијат Ибрахим таа на Хурем ке и каже:
    „Нака севишниот Бог на небото и на земјата ми биде сведок дека личноста која што донесе крв и смрт во харемов ,истата ке ја напушти со крв и смртт

    Во 83 епизода:
    Ќе биде погребот на Ибрахим,Хатиџе многу ќе е тажна и ќе ја обвинува Хурем за смртта на Ибрахим.Потоа Хатиџе ќе сакаа да се самоубие,ќе сакаа да скокне од палатата.Хурем ќе го назначи Рустем Паша за главен везир..
     
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Искрено, мене многу ми е жал за Ибрахим. Не заслужува да биде убиен на тој суров начин. :worried:
    Јас мислам дека не мораше да го убијат, можеа само да го разрешат од сите должности и да го разведат од Хатиџе, да го одвојат од децата засекогаш.. поголема казна од тоа нема. Но, сепак го разбирам и султанот. Сакаше со тоа да покаже дека секој кој ќе му застане на патот и ќе посака да биде на неговата позиција, ќе настрада па дури и кога се работи за омилениот Ибрахим паша. :)
    Друго.. навистина не ми е јасно што се замислуваат овие султанкиве без мозок..
    Оној што ќе донесе крв во харемот ќе го испратам со крв и смрт. |(
    Ма немој молимте.. Хурем нареди да го
    убијат
    Ибрахим паша.. да...даа..
    Сето тоа се случи по желба на султанот Сулејман.. Хатиџе не може да ја обвинува Хурем.
    Баш во ова Хурем нема замешано прсти. Колку е само жално тоа што сите го прават. Не морате да се сложите со мене, но јас мислам дека Шах Султан е онаа која ќе пати. Не би требало да си дава лажна надеж дека ќе ја уништи Хасеки Хурем Султан и ќе ја изгори. Затоа што Хурем самата е жив оган. :)

    [​IMG]