Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Знаев дека новиот продуцент има воведено многу нелогичности во серијата ама не мислев до толку
    13 епизоди од серијата се потрошени на Фирузе бидејќи таа била во добри односи со продуцентот па затоа тој ја приклучил во серијата. Сега треба да се емитува периодот од 1536-1566 кој треба да се прикажува во 12 епизоди
    Годините од 1520- 1536 беа прикажани во 83 епизода
    Невозможна мисија...Серијата ќе биде завршена одеднаш којзнае во која година и со кои случувања. По најавата за 84 епизода се гледа дека цела епизода ќе биде потрошена на измислени случувања и обидот за убиство на Хурем. Не се знае точно што се случувало во 16 век ама сигурно е дека дворските дами не направиле заговор за да ја убијат Хурем од многу едноставен разлог што таа идеја е целосно бисмислена. За Сулејман тоа ќе биде како да креваат рака на него а тие сигурно не биле толку глупави
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Фанови на Кансу Дере ако сте овде извинете ама јас таа девојка не можам да ја смислам :puke:

    Уште од Езел не ја поднесував и ради неа прекинав да ја гледам таа серија затоа што...
    не знам со кои зборови најдобро да опишам колку ми беше одвратна видов некоја епизода на нет
    абе што да кажам ја слушам на турски како збори со тој гаден глас нејзин и ми доаѓа да ја убијам на лице
    место па уште кога му рецитира поезија абе :@ :puke:
    Богами што го видов Сулејман со такво лигаво понашање кога е со неа си реков
    Е заслужуваш да бидеш отруен од козата ГЛУП ЕДЕН!

    и секако ова е само мое мислење и за вкусови не ни планирам да дискутирам повише
    Некој си ја сака Фирузе што е сосем ОК а Јас си ја сакам Хурем и секогаш сум на нејзина страна
    Козата не и може ништо на нашата Султанка ;) Зар не Хурем тим :)
     
    На Sanjichka007 и Ana.N им се допаѓа ова.
  3. selma...selma

    selma...selma Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    22
    Ешлан/Фирузе ми е само бедна копија на арогантната Викториа Бекам.............
     
  4. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Ибрахим зарем не си ја чека казната од Хатиџе и Султанот? :^) Тој си отиде на експедиција,баш му е гајле што се случува...и кога ќе се врати се ќе биде средено |( Уште си прави планови за нова држава да основа а не мисли оти главата треба да му летне.Кулира :D
     
  5. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Еве баш сега ги гледам епизодите на нет и мислам дека
    Сулејман го фаворизира Мехмет повеќе од Мустафа :^)
    Јас не велам дека тој го мрази Мустафа или не го сака како и да е сепак син му е ама некако
    чуден ми е Сулејман и двата принца ги сака се гледа тоа ама неговиот однос малку е поинаков со Мустафа можеби затоа што е најстар син и е првиот принц (негов син) што отишол да управува со некоја област во негово име па може малце е построг со него намерно за да го зацврсти може и тоа да биде ама еве сега сум таму каде што Мехмед е погоден со стрела во обид да го заштити Мустафа а Сулејман мислам многу очигледно е дека се сомнева во Мустафа и некако на криво го гледаше дури и жал ми падна малку за Мустафа (и тоа за прв пат затоа што признавам дека и не го симпатизирам многу) Се додека Мехмед не им кажа дека некој сакал да го убие Мустафа дури тогаш сомневањата на Сулејман му престанаа.
    Исто така имаше и една сцена каде тој со своите 2 принца се шетаат во пазарот маскирани како обични луѓе и овие сега ги прашуваат и луѓето збореа нешто демек Мустафа е тој што ќе го наследи тронот а дека Сулејман тешко ќе се откаже од препуштањето на тронот на некој друг и некако не му одговараше многу кога слушна дека Мустафа е тој што ќе дојде на чело на државата. Додека пак со Мехмед кога вежбаа заедно му кажал дека кога се родил сонил еден сон, ја видел својата соба било многу темно потоа едно светло се појавило на тронот и го видел Мехмет (мало бебе) како лежи на тој трон. Со ова мене ми се чини дека Мехмед има благослов од татко му за еден ден да дојде на негово место и не се чуствува под закана за разлика од Мустафа кој мислам дека на моменти го гледа и како непријател.
    Ако е така како што мислам тогаш јас ќе бидам најсреќната затоа што многу го сакам принцот Мехмед
    навивам за него уште од бебе ;)
    Тим Хурем :*
    Тим Сулејман :*
    Тим Мехмед :*
    Форевер ;)
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Тоа е точно, пише и во историјата дека Мехмед бил нај обожаваниот принц, особено од Султанот...
    него го сметале за нај достоен принц кој треба да го наследи тронот, бил многу интелегентен, храбар и знаел да се справи со секакви препреки.. а Мустафа бил сосема спротивно од она што е прикажан во серијата.
    Но за жал принцот Мехмед умира многу млад, некаде на 18-19 годишна возраст како што имам прочитано..
    вероватно е убиен во заговори ама тоа не е изнаснето точно затоа што тогаш било забрането да се даде до знаење во јавноста дека член во династијата е убиен во заговор (без дозвола и знаење на Султанот),
    а во случајот за убиството на Мустафа, тоа било наредено од Султанот затоа и јасно е пишано во историјата.
    Инаку.. во серијата мислам дека Мехмед е малце прикажан како наивен, и во еден дел кога зборува со Хурем таа му вели дека светот би бил подобар ако сите беа така невини како него...
    Али мислам дека допрва ке биде изграден неговиот лик, засега во серијата има 15 години..
    А што се однесува до наследникот на тронот после Сулејман, Принцот Селим бил најлошиот султан во историјата на Османлиското царство.. тој ја довел до пропаст империјата, во неговиот султанат тој го препуштил владеењето во рацете на пашите..
    И интересно е она што го прочитав дека неговата сестра, Михримах Султана имала голем удел во владеењето на империјата за време на нејзиниот татко а особено за време на владеењето на Султан Селим, таа склучувала договори, правела планови, патувала и одела на походи.. и на некој начин таа всушност управувала со империјата.
    После Хурем, Михримах е највлијателната султанка во историјата која била Валиде султана на својот брат Султанот Селим кој бил познат по тоа што нон стоп се забавувал и бил тежок алкохоличар кој завршил неславно умирајки во бањата.
    Баш штета и срамота за еден светски владетел што го наследил таков син..
    А инаку што се однесува до другите принцови, Принцот Џихангир бил најмилиот и најпаметниот принц.. него сите го обожавале, но не можел да го наследи престолот поради тоа што имал грбка.. а Принцот Бајазид бил најдрзок и најнедостоен.
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Леле ќути не ми збори за смртта на Мехмед ;( Ако се покаже тоа во серијата јас има ептен да се изнаплачам ;(
    Како што прочитав Мехмед се разболи од некоја болест и умре на својата 18 или 21 година
    Истото го велат и за Хурем дека од маларија се разболела и така почина али најверојатно е дека
    (според мене) Мајката и синот се Убиени :( Иначе Мехмед е ептен срцка и стварно заслужува да биде Султан после татко му али се случи тоа што се случи...
    Иначе да Михримах Била Валиде на Брат и Селим (уф тој принц заедно со Мустафа многу ме нервираат)
    единствените принцови што не ги сакам се тие двајца.

    Иначе мислам дека Мустафа не е единствениот што умрел по наредба на татко му
    другиот принц е Бајазид кој бил убиен со се децата по наредба на Сулејман.
    тоа го сторил затоа што изгледа овој не сакал да почитува некои одлуки на татко му и му се спротивставувал не само на него туку и на мајка му Хурем.
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    А бе преголема случајност би било и двајцата од болест да умреле. Додуша можеби, ако одиме по принципов у серијава со подметнување на шамивче од болен. За Мехмед конкретно, јас мислам дека пошо умрел откако се преселил во сарајот во кој бил Мустафа во Маниса, а тој бил префрлен во Амасја, мислам дека во Маниса останал некој човек од Махидевран таа валкана работа шо ја направил...нишо чудно, демек за да се одмазди затоа што заминале од Маниса. Сума сумарум, на крајот Хуремка увидела дека секогаш има некој посилен од тебе, помудар од тебе и некој кој не е ни едното ни другото, ама е во вистинско време и на вистинско место. А шо се тиче Хурем, јас мислам дека и султанот има прсти во тоа. Изгледа и нејзе ја фатиле тие кризи на убиствена амбиција како што му се случи и на Ибрахим, а султанот знаеме дека не дозволува некој да биде над него. Моја претпоставка и моја логика, не знам за сигурно, не сум била таму.
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.538
    Допаѓања:
    115.203
    Пол:
    Женски
    Според историјата, Мустафа е убиен од страна на Султанот и тоа на фронт во Перзија, кога Султанот не бил на чело на војската и требало да го пстават Мустафа, но почнале муабети дека Мустафа сака да го симне татко му од тронот. Кога го слушнал тоа Сулејма, на Мустафа му поставил два услови, или да признае дека е виновен за се што се зборува или да дојде пред татко му во шаторот. Мустафа одбира да влезе во шаторорт и на влезот го фаќаат 4 џелати и го задавуваат со јаже. Сето тоа го гледа Сулејман преку поставено платно. Од жал за брат му набрзо умира Џихангир , додека Мехмет умира од сипаници. Бејазит е погубен сосе неговте деца по наредба од Султанот, со што останува само Селим да биде наследник на тронот. Хурем не доживува да го види тоа, и на местото на Валиде е Михримах, ќерката на Хурем. Бидејки после смрта на Султанот, Селим не го бивало многу за водење на династијата, се смета дека тогаш владееле жените во харемот, Михримах и Хатиџе. Михримах, се вели дека не права копија на татко и , по интелегентност и способност.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Гледам дека има дискусија околу тоа дали Михримах или Нигер ќе биде омажена за Рустем Паша. :?:
    Ако се омажи Нигер за Рустем,тогаш Михримах за кого? Ќе има можност сама да избира? Не! Епа со кого? :^)
    И ако се навратите наназад,Хурем во една од претходниве епизоди на Михримах ѝ рече:
    -Ќе те омажам за тој што сакаш,за тој што срцето ќе ти сака.

    А каде е сега тој слободен избор,кога ќе ја присили да се омажи за Рустем? :^)
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Тоа на Нигар и Рустем ќе биде формален брак кој ќе се заврши. Мислам запршка на Хурем е работава, некоја игра против Ибрахим ќе спрема, а детето на Нигар ќе се појави и мислам дека тоа ќе го искористат за крај на бракот. Рустем мислам дека тогаш веќе ќе се заљуби во Михримах затоа што првото сабајле откако ќе се разбуди како маж на Нигар (значи ништо нема да имаат), оваа ќе го праша зошто е таков целиот, да не сака некоја друга и он ќе се потсети на разговорот со Михримах каде што и' објаснува од каде е. А оваа Нигар, аман више, сем на Ибро, на сите останати им стана жена :D Женава има улога на помошна сопруга у фиктивни бракови.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.538
    Допаѓања:
    115.203
    Пол:
    Женски
    Пак не си гледала убаво :D :D
    Дека е живо детето на Нигар ќе открие Хурем и ќе и го донесе пред очи на Нигар. Ибрахим ќе збесне кога ќе види дека детето е живо и ќе и го земе на Нигар и ќе го прати во Парга кај татко му и брат му. Нигар ќе ја омажи Хатиџе за Рустем паша, не Хурем, а Ибрахим ќе се сложи со тој брак. Нели лижигаз за власт па сега и и де на Хатуџе по гзот. После тоа за да ја тргне Нигар од таму а и Рустем паша кој е во сојуз со Хурем го прекомандува во Санџак таму да биде на служба и со него оди Нигер.
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    ЈБГ сеа се дешава :D табиет...
    : :o Хатиџе бе...да не беше обратно Хатиџе да ја омажи Нигар за Рустем...се збунив и јас.. :D
     
  14. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Погрешно ме сфати.
    Јас не пишав дека Ибрахим ќе ја изневери Хатиџе со Хурем туку мислев :
    Хатиџе ја обвинува Хурем за неверството на нејзинот маж.
    А зошто би ја обвинувала неа !? Како демек со Хурем ја изневерил..

    Појасно ? :)
     
  15. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Леле девојки како ме насмеавте Хурем со Ибрахим во љубовна врска :lol: :rofl:
    Еве веќе ги замислувам како се среќаваат во дворот си кажуваат "љубовни поезии" па после ќе се венчаат и таман падне прва брачна ноќ и Хурем и Ибрахим планираат стратегии како да се убијат истата ноќ :lol:

    Е кога сум веќе кај Ибрахим
    Боже каков е само одвратен... зошто?
    Затоа што се почуствува загрозен од Сулејман и гледа дека веќе таа блискост што ја имаа како порано
    испарила во воздух и во секој момент се плаши да не му ја откине главата па почна демек “сеуште е вљубен во мутавата„ |( таа му е последна шанса да преживее и сака нејќе мора со неа да биде ич ама ич не му верувам на секој збор што излегува од негова уста.
    И Хурем е покварена ама девојката е лудо вљубена во Сулејман абе све живо диво ќе даде и ќе направи за него од неа барем има лојалност кон својот партнер и многу љубов - опасна љубов ја би рекла.
    Не ја избрал за џабе Сулејман како партнер за цел живот и тој многу ја сака и со сите мани и доблести а за тоа највеќе збори што после нејзината смрт со години ќе биде во целибат и ќе и направи мавзолеј на истото место каде и тој што ќе биде погребан. Никој не го направил од Султаните тоа за своите жени и секако дека народот ќе ја мразел затоа што направила нешто што никој не бил способен во тоа време да направи такво нешто.
     
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Султанот по долго време ќе биде со друга жена...
     
  17. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Можеби си мислат здружени сме посилни. :?:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  18. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Џабе им е на Султанките и да се здружат
    затоа што еден збор на Михримах сите ќе ги засени ;)
    Сулејман кого сака повеќе?
    Сестрите и екс љубовницата или пак единствената ќерка за кого би го срушил светот само ако она посака ;)

    Махи залудно се труди да и нашкоди на Хурем иако ги има двете пијавици сестри со себе
    Хурем ја има Михримах (една ама вредна) ;)
     
  19. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Не сум во тек, а може да ми кажете некои работи? :$

    1.Што ќе се случи со Ѓулага?
    2.Каде, кога и зошто и Шах Султан ќе застане на страната од Хатиџе и Махи? Нели кога дојде во палатата се понашаше дрско спрема Хатиџе?
    3.Дали ќе го убијат Ибрахим и ако да по наредба на Султанот?

    Благодарам однапред!

    Поздрав до моите султанки!! :* :hug:
     
  20. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    1. Ѓул Ага беше избркан од сарајот уште во 60 епизода. Од тогаш тој повеќе не се врати во сарајот
    2. Шах Султан ќе застане на страната на Хатиџе после убиството на Ибрахим бидејќи Шах Султан ќе поверува во зборовите на Хатиџе дека Хурем има врска со убиството на Ибрахим и Шах Султан ќе сака да и се одмазди на Хурем за тоа.
    3. Да, Ибрахим ќе го убијат по наредба на Сулејман