Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Значи до петок да очекувам и 86 епизода. :)
    85-ва ја ставија на странициве дури во недела, а штом излегува во среда во Турција значи дека многу каснат на страниците. Ако е по правило втората најава би требало денес да излезе. Проверив секаде но, за жал сеуште нема.
    А колку што јас се сеќавам, за 85 -та немаше воопшто втора најава. :^)
     
  2. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    86 епизода на турски можиш да ја гледаш и во Среда, бидејќи веднаш по емитувањето на телевизија ја објавуваат и на интернет а доколку мислиш за со превод е тогаш не се знај кога ќе биде преведена бидејќи тоа ќе зависи од тие што ја преведуваат епизодата. Порано повеќе време му требаше за превод а последниве неколку епизоди гледам дека за кратко време ги преведуваат.
    За 85 епизода имаше излезено втора најава во Понеделникот, а за 86 епизода вечерва ќе излези втората најава :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Јас сфаќам дека можам да ги гледам и вторите најави и новите епизоди веднаш во среда кога се емитува и во Турција, но мене ми е за со превод. :) Инаку би требало и на интернет општо да ги има, веднаш по емитувањето во Турција.
     
  4. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Овде ми е прекрасна..Навистина немам зборови,другите што се во харемот можат вода да и носат :inlove:

    [​IMG]

    За Сабина Ајрула Тозија,улогата и е супер,знае да глуми иако е постара...Супер е :)

    [​IMG]
     
    На A.Fenty му/ѝ се допаѓа ова.
  5. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    само да ви кажам девојки дека кога излегува новата епизода во среда, превод на истата има веќе во сабота (можда и петок навечер излегува (но не и порано ) ама јас секоја сабота си ја гледам) на vbox7.
     
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    http://www.femina.mk/out/?id=522c8958f4 ... ogspot.com

    Втората најава за 86 епизода со превод.
    Навистина многу драматично и опасно.
    Борба за престолот, за сета моќ.
    Некое дете на Хурем или најстариот престолонаследник Мустафа !?
    Според мене ниту еден од нив, Султанот би требало да се врати жив.

    Ако добро видов, Хурем му испратила писмо на султанот. И не ми е јасно зошто Шахубан и Ѓулфем мислат дека постои и друга можност.. Хурем да постави некое од нејзините деца на престолот.. Нигар Калфа мисли дека тоа би требало да биде Бајазид. :^) Не ми е јасно.
     
  7. seagirl

    seagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    27
    Јас мислам дека на крај сето ова ќе излезе замка од страна на Шах слутан, ќе сака да ја намести Хурем пред Сулејман дека сака да го ставис својот принц на престолот. И дека во оваа замка сите се вклучени да ја наместат Хурем . Бидејќи Шах султан рече дека Хурем треба да умре на истиот нашин на кој што умре Ибрахим, т.е. да го свртат Сулејман против неа, и самиот тој да ја убие ....Јас мислам дека е замка , нз бие што мислите ?
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    И јас го мислев истото.. :)
    Можно е да летаат уште многу глави.
    Трпение до сабота, а потоа се надевам дека ќе гледаме како Шахубан е разочарана затоа што Хурем не се фати ни на оваа мамка. :)
     
  9. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Можно е ова да е стапица на Шахубан бидејќи во најавата се гледа дека Нигар му вели на Хурем дека Принцот Бајазит може да седне на Престолот пред Принцот Мустафа да дојде во сарајот а Нигар и служи на Шахубан. А што ако писмото што го чита Сулејман е од Шахубан а во него пишува дека Хурем планира да го стави Принцот Бајазит на Престолот и со тоа Сулејман да ја изгуби довербата во Хурем?
     
  10. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Зошто ШАХУБАН а не ШАХСУЛТАН???, несваќам :?
     
  11. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Од денешнава епизода кога ќе има реприза? :)
     
  12. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ако е онака како што си претпоставуваме (а очигледно е така) и ако Хурем и овој пат се извлече без некои сериозни последици значи дека никој ништо не и може. Ова е многу добра замка од страна на Шах Султан. Конечно нешто сериозно и опасно. Се надевам дека Хурем ќе се спаси, а ако е така тоа сигурно ќе биде на многу тежок начин. :)
     
    На Ana.N му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Затоа што Шахубан е целосното име на Шах Султан, Шах и е само кратенка од име
    ама на феминките изгледа им е полесно да напишат Шахубан наеднаш а вака мора да стават
    празно место Шах_Султан, уствари не знам барем мене ми е полесно да напишам Шахубан.
    Името и е Шахубан така да -УБАН не е некоја титула она си има титула од раѓање ќерка на Султан
    Селим, сестра на Султан Сулејман - Султанка е се надевам дека ти појаснив :D
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  14. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    офф топик
    благодарам на објаснувањето, сватив :D
    Така и претпоставував но не бев сигурна :wasntme:
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  15. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Во Турција до која епизода се сега моментално? :)
     
  16. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Па до 85. Сега се снима 86. :)

    И мене ми е полесно да напишам Шахубан, но тука не се работи само за леснотијата со која пишувам - јас повеќе сакам да ја пишувам по име а не со тоа Шахубан Султан. Титулата и ја изоставувам, очигледно е зошто. :) Од истата причина сакам Хурем да ја пишувам Хасеки Хурем Султан. :)
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  17. parrot

    parrot Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    500
    Девојки, како ќе дознае Хурем дека Фирузе е девојката на Сулејман? И како ќе се ослободи од неа?
     
  18. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Во 86 епизода која утре ќе се емитува во Турција
    Хатиџе ќе дознае дека Ибрахим му пишувал љубовни писма на Шахубан
     
  19. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    а која е Шахубан?Јас слабо го следам ама интересен ми е
     
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам сега моментално точно која епизода беше, но кај нас на канал5 ќе се почека. :) Кога Хурем ќе сака да ја прати Фирозе на халвет кај Мехмед Фирузе ќе и признае дека таа е жената која ја бараат. Додека Хурем и султанот ќе бидат во Маниса на посета на внукот на Махидевран т.е. синот на Мустафа, Хурем ќе му нареди на Рустем ага да се ослободи од Фирозе на било кој начин. Тој ќе дознае дека Фирозе е шпиунка на непријателската династија Тахмас мислам дека така беше.. и ќе и каже на Хурем. Потоа Хурем ќе ја стави Фирозе во затвот во темница, а кога Сулејман ќе побара објаснување зошто е тоа така Хурем се ќе му каже. Ќе се дознае дека Фирозе е муслиманка а според правилата муслиманки не смее во харемот да има. Султанот ќе мора да одлучи дали ќе се венча со Фирозе или пак ќе ја избрка. Хурем ќе биде многу потресена, но утрото кога ќе се разбуди ќе и стигнат добри вести. :) Сулејман сепак решава да ја испати Фирозе и да не се венча со неа. :)

    Шахубан или Шах Султан е сестра на величествениот. Подоцна во епизодите ќе се појави, ќе дојде во Топкапи. Таа ќе биде уште еден моќен ривал на Хурем.

    Знаев дека вака ќе испадне. :) Ако не се случеше некој пресврт и со Хатиџе, таа ќе беше сосем некорисна улога која нема ниту најмала важност. Така ќе беше сосем запоставена како улога. Можам да замислам од хипстерична и одмаздољубива каква ќе стане тогаш. Целиот живот и се уништи, а ова ќе биде капак на се.
     
    На Ana.N му/ѝ се допаѓа ова.