Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Можеби кога ќе го дознае тоа ќе сака да се самоубие бидејќи на ФБ прочитав дека Хатиџе ќе умри во некоја од следните епизоди но на ФБ пишат се и сешто па затоа ништо не е сигурно
     
  2. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Значи сестрите без мозок ќе се уништат една со друга наместо Хурем да ја докрајчат :D
    И за се Хурем на Ибрахим да му кажи фала :*
    И од гроб и помага милиот паша нејзин :lol:
     
    На Sara123 и Hurrem-Aleksandra им се допаѓа ова.
  3. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Уште на почетокот кога се појави Шах Султан и кога збораше со Ибрахим знаев дека имало нешто помеѓу овие двата... Ах Ибрахим, Ибрахим... целата поента му била да се ожени со сестра на Султанот за да биде посилен. Знаев дека неговата љубов спрема Хатиџе не е искрена, се гледаше од почетокот..
    всушност како и секоја таква љубов кога роб се „заљубува“ во султанка од династијата..
    Истото со Ташлиџали Јахја како и Рустем паша.. се заради поголема титула.
    Али тогаш било така, женските членови на династијата биле мажени уште од 10 години... но се до 15 години неможеле да останат на само со сопрузите. Ги мажеле дури со паши, бегови кои биле по 30 години постари од нив.. одвратно...
    Сепак животот на османлиските принцези не бил така прекрасен. Жално :(
    (малце забегав од темата :D )
     
    На Ana.N му/ѝ се допаѓа ова.
  4. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Хатиџе султан со првиот сопруг кога ја омажиле имала 4 или 6 години не се сеќавам убаво, ама така рече Селма на едно интервју :|
    Демек морала многу да чита за Хатиџе султан дека ја глуми,нели, и ги спомна овие работи
    На 20 години вдовици имаат останувано со онолку стари мажи |(
     
    На Ana.N му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Случајов е ко на малечката невеста а ние па им се смееме на индискиве серии
    а уствари стварно така било и стварно за греота се... тоа е - живот
    сакала нејќела морала :|
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    До пред некое време серијава ми беше опсесија, но сега некако не ја гледам, немам време. А сакам да знам што е и до каде е во Турција. Ме интересира децата на Хурем пораснаа ли во возрасни?
     
  7. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Тотално се разочарав
    Неофицијално, Принцот Мехмет ќе умри по 5 епизоди ;( ;( ;(
    Зошто мора да се случат сите настани исто како во историја? Зарем сценаристот не можи нешто да смени? Зошто мора да се случуваат само неубави работи? Оваа трета сезона наместо да биде поубава и поинтересна, сценаристот ја направи катастрофа. Прво се појави Фирузе (без потреба беа потрошени 13 епизоди за глупости). Ако одеа според историјата тогаш зошто се појави Фирузе? Второ, иако воопшто не го сакам Ибрахим тој не требаше да биде убиен на таков суров начин. Трето, Хатиџе ќе умри во некоја од следните епизоди. Четврто, кон крајот на третата сезона, Сулејман ќе го убие Принцот Мустафа. И ај сега објаснете ми што е тоа што убаво се случи во оваа сезона? Цело време се случуваат само неубави работи. Како можи сценаристот да не воведе неколку убави настани. Па така оваа серија би била уште погледана. Првата и втората сезона беа тотално различни од оваа сезона. На крајот од третата сезона ќе излези дека сите глумци ќе изумрат. Иако знаев дека во историја Мехмет умрел на млади години, сепак мислев дека сценаристот нешто ќе смени. Ама гледам дека тој продолжува и понатаму да реди само лоши настани.
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    И јас се разичарав од ова што го напиша па навистина се нешто тажно се случува и само умираат
     
  9. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Па веќе сите нека изумрат |(
    Глупости -.-
     
  10. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Мене смешно ми е кога султанот ќе праша некого како си,и овој одговара се молам за вашето здравје.
    :D
    инаку,оној Ибрахим многу ме нервира,султан се нарекол.... -.-
     
    На Antebellum, cresa-jagoda, untouchableGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    хахахаха абе Ибро ]:)
    тој вели дека никој не може да застане помеѓу него и Султанот, ама, неговата алчност застана ;) Си го копаш сопствениот гроб, Ибрахим ПАША ]:)
    :lol:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Премногу си ја злоупотребува положбата како главен Везир
    ептен му удрило у глава на човекот па ете дури и Султан се замислил
    ама што убаво му одговори вчера Сулејман дури и ако ја направат таа нова држава не него
    туку некој негов син би бил на чело на таа држава ама не сака затоа што знае дека може еден ден
    тоа да се сврти против него и да биде непријател со сопственото дете а не па камоли со пријателот |(
    Убаво кажа Хурем „Најголемиот непријател на Ибрахим си е тој самиот“ Глупиот и направи услуга на Хурем да го уништи наместо тој да ја уништи неа и искрено не ми е жал кога ќе цркне - си го бараше :fubar:
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cansuuuu

    cansuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    111
  14. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    со секаква коса е убава, ама нели во серијата треба да биде со црвена коса , а серијата уште се снима? :?: перика да не и стават случајно? :o
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Чудничка ми е некако со црна коса, ама ми се свиѓа шо очите и' доаѓаат до израз. Сепак некако посветла коса и' дава посвеж изглед...не мора плава, но еве црвена, светли нијанси на костенлива...
    Инаку, според мене се зезнала. Особено ако си сака експериментирање со имиџот и чести промени. Душата ќе и' излезе дур ја осветли таа коса.
     
  16. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    не е црнокоса и да сака не може да биде затоа што сеуште работи на проектот Величествениот
    и се додека работи на него не може да биде никоја друга боја освен огнено црвена
    а вака е направена заради фотосесија видов на јутјуб
     
  17. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    перика е тоа или некоја чудна фарба што лесно се мие? :rofl:
     
  18. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    може да е перика а може да е и нешто друго
    ама нејзината коса не е црна
     
  19. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    и јас се замислив .. :)
     
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    И јас се сложувам дека Фирозе е најголемата грешка во серијава. Тотално најголемата. Цели 13 епизоди со нејзиното дејствие без цел.. многу непрактично `потрошени` епизоди.
    А не знам зошто се чудите дека Хатиџе султан ќе умрела.. во историјата мислам дека била постара од Хурем и умрела многу години пред неа. Јас па си мислев дека прво Мустафа ќе умре, а подоцна Мехмед.. но, ќе видиме за тоа. Мене ми е сосема во ред се што ќе се случи во серијава, затоа што пред секоја епизода пишува Ликовите и настаните се инспирирани од историјата. :)
    Вистина е дека можеби овие настани не можат да се доживеат како добри. Но, баш напротив тоа не се лоши настани. Всушност, во тоа е и поентата! Александра, робинката од Рутенија уште во втората епизода кажа: Тој султан Сулејман ќе биде мој роб, не за една ноќ туку за 1001. :)
    Тоа и се случува, Хурем се одмаздува на сите непријатели пред кои била присилена да ја наведнува главата. Тоа ме радува. И Хатиџе султан е дел од династијата, на која Хурем сака да се одмазди - без разлика што
    смртта на Хатиџе
    не верувам дека ќе биде поврзана со Хурем.
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.