Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Махпејкер султан е старата жена во кочијата. Накратко ќе раскажува и кога била млада и како дошла во сарајот. После смртта на султанот ќе ја кажуваат само како стара се до крајот на филмот. Низ сон ќе и излегува што се има направено во животот. Сопствените синови ги има убиено, синот на нејзиниот маж на султанот со првата миленичка итн. Владеела со царството 11 години сама како султанка.. На крајот на филмот нејзиниот внук е султан а е уште дете и него ќе нареди да го убијат за таа повторно да владее а после неа другиоѕ внук кој и е омилен. Неверојатно што може да направат власта и моќта од човекот. И сопствената крв си ја убиваат :)
     
  2. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ова што го причитав многу ме зачуди. Неверојатно. Навистина не ми се верува. Јас знаев прилично малку информации за оваа Кошем Султан, но ова навистина... :x Да си ги убие сопствените синови, внуковите.. за таа да владее со империјата. Навистина големо достигнување, 11 години владеела, но дали вредело.. :worried: Има ли ваков филм за Хурем Султан !? :)
     
  3. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    [​IMG]
    Хурем Паша,Величенствениот Ибрахим и Сулејман Султан.... хахахахахаххахаахах :D
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    :rofl: :rofl:
    ме интересира само како ќе умре хатиџе? :!: :^) :D
     
  6. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    За филм не знам ама има неколку серијали. Еден е на турски и нема поинаков превод а еден е мислам на руски мада тој не ми се свиѓа баш не е добро сниман. Иначе за Султанот Сулејман мислам дека има еден филм ама е постар и никако не можам да го најдам, како и два документарци за отоманската империја и нив не можам да ги најдам :D
    Иначе ја гледав 85 епизода...Овие четирите змии, Махидевран, Хатиџе, Ѓулфем и Шах султанија сите се против Хурем, па дури и Нигер. Кој знае сега што и спремаат. Шах султанија е многу попаметна од другите ама мислам ќе направи глуп потег во следната епизода ама останува да видиме.
    Без разлика што и да смислат и да кројат никако не можат да ја победат Хурем. Од самиот почеток сите се против неа, што не и направија. Лажна клевета дека го изневерувала Сулејман со Лео, ја натераа да го убие, неа и направија стапица да ја убијат, направија бунт против неа и го изгореа лицето и што уште не да не набројувам. Како е можно сите од почетокот да бидат против неа,сама се бори против сите од никого нема заштита освен љубовта и поддршката на султанот. Махидевран отсекогаш се криела позади Ибрахим паша, позади Валиде, да беше таа сама како Хурем одамна ќе ја немаше. Но таа не е Хурем... :) Кога ниту Валиде султанката ниту големиот везир Ибрахим паша не можеа да ја победат, зарем тоа ќе го направи глупавата Хатиџе и смешната Ѓулфем :lol: :lol: :lol:
    Отсекогаш им беше трн во око на сите во палатата, единствено на Махидевран сите и даваа поддршка а неа и правеа сплетки, но испадна појака и попаметна од сите. Но еден непријател си оди друг доаѓа. Шах султанката воопшто не е за потценување. Кога ќе ја видиме Хурем како апсолутна владетелка без никој да и стои на патот ? Хурем и нејзините синови, нејзината ќерка, сите премногу го сакаат својот татко и секогаш се молат за него што подолго да живее за разлика од Махидевран која својот син поинаку го има воспитано. Мустафа ми е мене сумлив, неговиот однос со султанот е многу ладен. И Махидевран едвај чека Султанот да умре за Мустафа да може да владее. За разлика од неа Хурем ги воспитала децата да го почитуваат нивниот татко и никако не посакала смрт на Сулејман само за да владеат нејзините синови. Нив Сулејман ги чувствува како семејство многу поинаку од Махидевран и Мустафа. Не велам дека не го сака Мустафа, ама Мустафа е многу сомнителен а таков го направи мајка му. Дете пораснато во солзи. Постојано му плачеше и се жалеше за татко му и нормално во него има бес кон татко му поради тоа. Само не ми е јасно зошто, оние што ја гледаа 84 и 85 епизода ако може да ми кажат
    Зошто Сулејман не го зеде Мустафа на походот туку само Селим и Мехмет?
    И да баш ме интересира како ќе се одвиваат работите понатаму меѓу Хурем Султанија и Шах Султанија. Оваа е многу опасна не е ко другите, Хурем баш ќе се намачи со неа. Но Хурем е непобедлива а и среќата е секогаш на нејзина страна како и љубовта и поддршката на Султанот така да што и да биде, сепак се знае кој губи на крај. :) :D
    И кога конечно ќе излезе 86 епизода со превод?
     
  7. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Среќни вести ! :)
    86 со превод тука - http://www.femina.mk/out/?id=522c8958f4 ... ogspot.com
    Сега немам време, утре ќе ја гледам.
    Конечно. Да не коментирам, се подразбира мојот став. Хасеки Хурем Султан е непобедлива. :)
    И се надевам дека наскоро Шах Султана ќе си замине од каде што дојде. :)

    Ова со Нигар Калфа воопшто не е убаво сработено. Која е таа да објавува непријателство со Хурем па уште и да дејствува во сојуз со Шах султан против венчаната жена на султанот !? :^) Не знам што е тоа што Хурем ја спречува да сфати каква е Нигар.. и зошто толку и верува..
     
    На HurremSultan му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Сите жени на Ибрахим против Хурем |(
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Да и мене ми е тоа една многу глупава работа
    Ибрахим како да спиел со Хурем а не со Нигар
    Наместо таа глупа екс калфа да ја уништат
    сите тие глупачки Хурем ја криват за се Боже Господе |(
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Па во најавата за 87 епизода, Нигар ќе ја излажи Хурем дека Михримах е со Бали Бег во Мермерната Палата а уствари таму е Хатиџе.
    Нигар уште еднаш докажа дека е предавничка и дека работи против Хурем. Иако Хатиџе нареди да ја убијат и да го сокријат нејзиното дете, таа работи во нејзина корист и покрај тоа што Хурем ја спаси од смртта и таа го најде нејзиното дете. Се сеќавам дека Хурем секогаш ја штитеше Нигар (и во првата сезона и во втората). Не знам зошто и покрај толку предавства, Хурем повторно и верува.
    Од друга страна, Шахубан сака да ги продобие сите слуги на Хурем. Нигар ја придоби бидејќи таа сега работи за Шахубан. На Рустем Ага му рече дека од сега па натаму тој работи за неа. На Диана истото му го рече како на Рустем. А Хурем е сега покрај личноста која сакаше да ја убие. Шахубан ќе го искористи тоа за да и зададе уште еден удар на Хурем. Значи Хурем е опколена со предавници. Е само на Сумбуљ Ага може да му верува. Уште тој и остана верен.
     
  11. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    И како ќе опстанеш во тој сарај ако не се служиш со интриги отрови и убиства - НИКАКО!
    опкружена со луѓе кои гледаат на секој начин како да ти наштетат, борејќи се од ден на ден да преживееш, без сојузници оставена сама на себе....
    има голема разлика од робинката Хурем која ја видовме во првата епизода и сегашната Хурем која ја гледаме денес нејзиниот лик помина низ толку транзиции и стана жената која гледа да го уништи секој
    непријател не е битно дали на хуман или суров начин.
    И да биде Кучка вреди, затоа што само така може да си се заштити самата себе и своите деца
     
  12. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Целата серија ми е некако прекрасно осмислена но две актерки ми се ненормално грди. ж
    1. Хатиџе
    2.Фатма

    Има многу девојки во харемот кои немаат никаква значајна улога во филмот но сепак се убави, а овие две ми се грозотии невидени.
     
    На VayaConDios му/ѝ се допаѓа ова.
  13. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    ^Навистина не ми е јасно и мене зошто Хурем Султанија уште ја почитува Нигер, ја смета за паметна и дури и дава важност, се и има простено. Неа ја третира поинаку од сите други. Се прашувам до кога ќе ја држат во серијата... Нејзиното време како љубовница на пашата заврши. :) И навистина не можам да ја сфатам, што и направиоа неа Хурем за вака да и враќа. Хурем ја спаси од смртта и да не беше таа никогаш немаше да знае дека ќерка и е жива. А Хатиџе ем нареди да ја убијат ем ја раздели од ќерката па пак неа и служи. Ма дај веќе нека ја однесе Насух ефенди кај фамилијата на Ибрахим да биде со ќерката и да се мафне од харемот оти неподнослива е веќе а и нејзината улога сега е безначајна.
    Некој погоре спомнал дека Хатиџе и Фатма се грди. За Фатма се сложувам ама мене Хатиџе ми е ммогу убава мислам дека изгледа како вистинска принцеза без разлика што не се однесува така. Сигурно ти изгледа грда од нејзиното непрестано плачење... :lol: :lol:
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Според мене, Фатма е претерано слаба за да може убавината да и' дојде до израз. А инаку има крупни очи, усни, убава коса...дека е она баш грда, не ми е.

    А за Нигар...па на некој начин и Нигар ја спаси Хурем од смртта. Ја освести уште на почетокот во врска со тоа што може да добие а што да изгуби со нејзиното однесување. Ептен е прониклива и подла (нејзе таква и и' треба). Како само ја уби Ѓулшах. Си ќути, си трае, ама само таа знае што тлее во неа.
     
  15. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Турските страни соопштуваат дека донесена е одлука да се снима и четврта сезона од серијата Величествениот.
    Крајот на серијата ќе биде во Април 2014 година
    Епа нека ни е со среќа :D
     
  16. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Поубави вести не може ни да има, во врска со серијава :)
    Одлично што се продолжи снимањето.
    Како што веќе кажа, нека ни е со среќа. :lol:
     
    На sweet-star и Ana.N им се допаѓа ова.
  17. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Оваа проклетава Нигар уште се осмелува да праша зошто ја предала на Хатиџе? :@
    А ти, златна знаеш ли што се и направи на Хурем ама таа ти простува секогаш :@
    Глупа една -.- колку пати згреши, толку пати Хурем и прости и уште ќе работи против неа |(
    Дај, Нигар, сите знаеме каква си -.-
     
    На VayaConDios му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав 86 епизода со превод.
    Многу драматичен крај, Хатиџе дознава за љубовта помеѓу Шахубан и Ибрахим.

    Сега конечно се виде колку ценетиот паша ја сакал Хатиџе. Секако дека моќта што ќе ја добиел му била поважна од сите други работи, па дури и од Хатиџе. Пашата некако, многу мерак фрлил на сестрите на султанот. Ако не кај едната, кај другата ќе пали. :!: Овој Ибрахим навистина ме разочара. :!: Барем мислев дека чувствувал некоја љубов према Хатиџе султан. На почетокот срцето му се кинело, тој бил нејзин роб, без неа попрво би умрел.. бла бла блаа.. Колку пати само докажа дека неговата љубов произлегува од моќта на Хатиџе. Еднаш со Нигар.. Шахубан султан.. веќе има список. :)
    Единственото нешто кое го ценев кај тој човек беше љубовта што ја `чувствувал`. Се покажа дека и тоа не било вистинско. Па после нормално дека на Хатиџе целиот свет ќе и се сруши.. само што таа не може да разграничи некои работи.. па Хурем ја обвинува за се. :!:
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Хатиџе кутрата ќе си цркне од мака што неможе да ја победи Хурем :lol: 8)
     
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Супер :clap: :party:
    Знаев дека нема да ја прекинат, само преувеличуваа медиумите :!:
     
    На sweet-star и Ana.N им се допаѓа ова.