Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Колку што е добра оваа вест, толку е и лоша. Можат да ја направат досадна, да носат нови ликови......
    Ама сепак ќе ја гледам до крај!
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Супер уште една сезона нека ни е со среќа или на турски хаирли олсун :D Бајги турски имам научено откако престанав да ја гледам серијата со синхронизација. Иначе ја гледав 86 епизода...
    Браво за Хурем Султанија, така треба да се однесува една Сутанка :clap: А Шах Султан ги премина сите граници.
    Навистина опасна замка, ама Хурем е препаметна за да наседне на овие интриги. "Преку мене треба да поминат не само Мустафа туку и моите деца за да го земат престолот" браво Хурем. Најлојалната, најверната личност на Султанот. Шах Султан со оваа нејзина глупост можеше да остави тешки последици врз династијата и империјата. Со кое право го меша принцот Бејазит во овие валкани игри. Освен што и е внук тој е син на Сулејман и еден од наследниците. Ако тој седнеше на престолот Сулејман прво него ќе го убиеше после Хурем. Ова што го направи Шах Султан беше директен удар не само врз најмилите од Султанот неговата фамилија туку и врз династијата и целата империја. Со ова Шах Султан испаѓа предавничка, која треба да добие најстрога казна. Таа наместо да ја штити династијата на која и самата е член таа си поигрува со судбината и иднината на принцот и му копа гроб. Но секако и ова ќе го скријат од Султанот. Срам да и е на Афифе Хатун таа ќе глуми праведност. Ако Мустафа е најстар син на Султанот тоа не го прави и единствен. И другите синови на Сулејман се наследници и Сулејман не прави разлика меѓу нив, но очигледно за другите не е така. За нив е само Мустафа а другите се неважни, мада принцот Бејазит е далеку поважен и од Шах и од Хатиџе Султана. Со ова нивно однесување и овие постапки сами му наштетуваат на Мустафа и што повеќе го оддалечуваат од татко му, па на крај ќе го полудат Сулејман. Очекувам Хурем Султана да врати на овој удар, очекувам во акција да ја видам :D Иначе добра идеја да ги скара двете сестри само ќе видиме колку ќе и успее. Најавата за 87 епизода :lol: :lol: :lol: Мислам дека Хатиџе ќе го достигне врвот на нејзината глупост :D Ах Хатиџе можно ли е уште повеќе да се избрукаш... :D
     
  3. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    ХуремСултан- Мене веќе ништо не ме чуди во врска со Хатиџе. Таа одамна се има избрукано дури и полошо.

    Денес ја изгледав 83 повторно односно моментот кога телото на величествениот, ценет, `најлојален`паша - Ибрахим беше предадено. Беше омилениот а сега е и убиениот. :) Затоа и го викале Makbul-Maktul Pargali Ibrahim Pasa (омилениот и убиениот) Драгоцен е моментот кога Хурем дознава дека Ибрахим е убиен. Секој кој ќе застане на нејзиниот пат и ќе се обиде да ја спречи во остварувањето на нејзината цел, ќе заврши исто како него. На ред е принцот Мустафа. А може и прво од Шах да се ослободи а потоа да направи и покрупен чекор. :)
     
    На Ana.N му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Ќе видиме вечерва кој ќе седи во одајата :D
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Која е сега па оваа !? :^) Од 87 епизода.
    Ако е Жулија Гонзага, тогаш сами си ја расипуваат серијата. Но, гледам дека стои пред Мустафа.. но сепак тоа не ми дава сигурност дека Махидевран нема да ја фатат лудите..

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  6. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    ^ И демек оваа е најубавата жена на светот ? :?: Ако е Жулија Гонзага секако. Катастрофа уште ова фалеше...
     
  7. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    ^ Јас прочитав на една српска фан страна за Величенствениот дека се вика Габриела. И дека ќе биде миленичка на Мустафа.

    Ама незнам колку е точно ова...
     
  8. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    колку е змија оваа хурем преѓеска на тв ја гледав сцената каде што и вели на Фирузе дека ја потсетува на некоја девојка што одамна ја знаела , со добро срце итн итн :D и почна да плаче али влезе тој гејот после и ја повика фирузе да оди кај девојчето на хурем, многу си се сакаат они двете :)
     
  9. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Колку што пратам на канал 5, заклучив дека Хатиџе тотално скренала ! Каде е онаа мила, добра, невина Хатиџе? Сега гледам и не верувам во каква личност се претворила, толку бедирање, правење непромислени работи- ќе ја уништат на крај, сигурно. Хурем како и секогаш прекрасна, самоуверена и никој ништо нема да и може- мој идол <3 :D
     
  10. Zlatnata.Alis

    Zlatnata.Alis Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    79
    туку дајте некоја инфо , на работа сум немозам да гледам :D
     
  11. xipi

    xipi Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    ја гледам серијава од ко е почната, и си викам едно големо Браво за хурем!нај добра е, ја обожавкам.
    но незнам сега што се случува се заљуби ли величествениот во таа новата робинка?
     
  12. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Хатиџе кутрата сака да биде змија како Хурем ама штета што е само змија без отров
    за разлика од Хурем која е најопасната и најотровната змија која никој не и може ништо
    И Шахубан е отровна змија ама Отровот на Црвената највеќе боли :devil:
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Битно и` покажа дека тој е султан и ако сака, може да биде со друга жена и таа после пак да го чека со широко раширени раце. ;)
     
  14. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Во врска со 88 епизода која следната Среда ќе се емитува во Турција (вечерва ќе се емитува 87)
    Сите ние си мислиме дека Хурем лесно ќе се спаси од обидот за убиство од страна на Хатиџе и дека на Хурем ништо нема да и биде ама не е се како што изгледа. После тоа што Хатиџе ќе и го направи на Хурем во 87 епизода (непознатата жена која ќе и стави марамче на устата на Хурем), Хурем ќе се врати во палатата и ќе побара да ја прегледаат лекари. Лекарите ќе и кажат дека се работи за некоја чудна болест. Потоа на Хурем ќе и се појават рани на телото а кога Сулејман ќе дознае за тоа ќе го повика Јахја (не се мисли на Ташлиџали Јахаја туку на лекарот Јахја кој го спаси Сулејман додека тој беше отруен). Тој ќе ја прегледа Хурем и ќе даде некој лек за нејзините рани. Тие рани привремено ќе се излечат но после некое време повторно ќе се појават. Хурем ќе оди да разговара со Хатиџе. Додека разговараат, Хурем ја удира Хатиџе, Хатиџе се обидува да се ослободи, но Хурем губи контрола и ја претепува Хатиџе до смрт, барајќи од неа да и каже што и направила. Хатиџе без свест лежи на подот целата во крв, Хурем на момент престанува и гледа крв во своите раце. Хурем е во шок
    Никогаш не замислував дека ова ќе се случи. Зарем Хурем ќе ја убие Хатиџе?
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Oд дебелото ништо не ме чуди...Koјзнае како ќе ја заташка работата пред Сулејман. Барем Ибрахим стоеше зад секое свое дело. Оваа со тоа курвинското „напраи беља, бегај и негирај“ ми оди на нерви. |( Се надевам дека нема да и` се повлечат никад раните. :devil:
     
  16. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    ^ tessie ме интересира кој лик од серијата ти е тебе омилен, освен Ибрахим паша? Или можеби немаш никој само така те нервира Хурем или пак ги поддржуваш нејзините противници? Само онака од љубопитност ме интересира.
     
  17. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Имало крај за проклетницата ]:) Да даде Господ да не најде мир ниту после смртта. :devil:
    На Хатиџе мислам
    П.С никој не може да ја уништи Хурем. Таа секогаш е прекрасна. 8)
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    ХуремСултан, јас не сум човек кој коментира ако нешто туку-така го нервирало (фала Богу, способна сум да изаргументирам зошто мене нешто ме нервира), напротив како што гледаш имам и претходно дадено аргументирани ставови за тоа зошто не ја поднесувам Хурем и зошто го сакам Ибрахим.

    Еве некои мои ставови:

    Хурем
    На почетокот искрено ја сожалував Хурем и и` се восхитував на храброста и вештините кои ги користеше да го придобие султанот. Подоцна, кога поголем акцент се стави на нејзините интриги и “чистење на лушпите од банана од патот“ отколку на нејзините вистински вештини/знаења за да го добие тоа што го сака, увидов дека е претставена (во споредба со она што се верувало дека била Хурем Султан) во најмала рака простачки.

    Потоа, се обидував да ми стане драга и симпатична кога султанот беше болен навистина му беше лојална, бдееше покрај него, се молеше, сакаше дури и животот да си го одземе. Но, ете и тука најдов една нејзина слабост, по мое не беше толку од љубов, туку од неможноста да се соочи со пораз. Не можеше без нејзината единствена заштита. Пак себични побуди.

    А особено ја замразев затоа што вака се сврте против Хатиџе, сестрата на Сулејман која нему многу му значи. Се прави јака и моќна, но без султанчето, таа е беспомошна, нема некое друго достигнување со кое може да се пофали, како што и и` го спушти Ибрахим вчера. :devil: Има уште многу други работи да кажам за Хурем, но ќе биде повторување од работи кои ми се кажани страници и страници уназад.

    Да не зборам колку ми стана ниска кога ја донесе Нигар Калфа пред очите на Хатиџе. Беше многу ниско безобразно и простачки од нејзина страна. Да, а колку пати Хатиџе и` има помогнато на Хурем. Ете, ова и` е фала. На почеток ја сакав затоа што сојузниците ги држеше како очите во главата, ама сега моќта и` удри в глава и малце одлепи.

    Махидевран
    Ја жалев на почетокот Махидевран затоа што тогаш го изгуби бебето, но после нејзините постапки увидов дека наместо да стори нешто за да се извлече од состојбата, таа се` повеќе и повеќе тонеше во сопствената горчина. Кога ќе ми текне дека до пред малку такво слично шоу гледавме и од Хурем кога Фирузе беше со султанот, па и не би правела мнооогу голема разлика меѓу овие две.

    Хатиџе
    Девојкава не може човек да ја изнаплаче колку ја жалам. Па ја изедоа човече, а реална опасност никому не претставуваше. Малку ли перипетии преживеа? Сите и` се окомија. Се трудеше да држи баланс колку што можеше, но и таа пукна веќе. Не е многу итра, се родила ладена на ладало, немала никаква потреба да се бори за сопствениот живот и затоа и станала толку неснаодлива и несигурна што и резултираше со тие постапки.

    Ибрахим
    Е во врска со овој лик имам најмногу позитивни впечатоци. Има интелигенција, си стои зад постапките, не игра простачки, во спротивно Хурем одамна ќе ја немаше. Имам навистина многу работи пишувано за него, за работите кои ми се допаѓаат кај него како лик, не сакам по 10542348 пат да се повторувам, прочепкајте малку низ темата, реферати имам пишувано што се` ми се допаѓа кај Ибрахим.

    Сулејман
    Интелигентен е повеќе одошто се претставува и мислам дека џабе толку работи Хурем крие од него, кога тој е свесен со каква жена си има работа. А на негово место покрај другите жени и јас би ја избрала неа. Зошто? Затоа што би ми била најголем сојузник, немало реални шанси да дојде на моето место и само таа има реална причина зошто не сака да умрам.

    Значи не, немам омилени ликови затоа што не се сведени на Снежана и маќеата, туку има еден посложен драматски инженеринг. Кај секого по нешто ме нервира, но има ликови кои во повеќе аспекти ми оставиле позитивен впечаток. Ај доста беше.
     
  19. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Во врска со Жулија Гонзага.. на една страница на фејсбук прочитав дека таа на сликите што ги постирав била токму Гонзага. Не знам колку е ова точно.. ќе видиме. :)
    Ана.Н - ме изненади тоа што го прочитав за 88 епизода. И мене ме интересира како Хурем ќе се извлече овој пат. Продуцентов малку забегува.. но се надевам дека нема да продолжи да го симнува нивото на серијава...
     
  20. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    ^ tessie воопшто не мислев да речам дека немаш аргументи и само туку така пишуваш. Мене само ме интересираше дали Хурем не ја сакаш лично поради неа или затоа што ги поддржуваш нејзините противници. Само онака од чиста љубопитност. И фала на одговорот... ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.