Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Прочитав некаде смртта на Хатиџе, Хатиџе не би требало да умре, пред неа умира Хурем , а Хатиџе и Михримах ќе владеат со харемот после смртта на Хурем.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Порешно те сфатив. Секако не затоа што се противници, туку заради карактеристиките објаснети погоре. :)
     
    На HurremSultan му/ѝ се допаѓа ова.
  3. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    А што ќе биде со Махидевран? Многу сакам да и ја видам реакцијата кога Михримах ќе завладее со харемот 8) ]:)
     
  4. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Махидевран после смртта на Мустафа би требало да живее во беда и сиромаштија затоа што
    без принц таа е никој и ништо. (барем така било во историјата) ама Селим и помагал
    (синот на Хурем - Султанот што ќе биде) и праќал некои износи како еден вид пензија за да може да
    преживее. Тоа најверојатно го сторил по наредба на Хурем или пак од почит кон родителите особено
    кон Сулејман се разбира. Затоа што овој Принц кога дошол на власт многу гајле му било за самата власт па и за државата и народот. Сакал да си ужива само во привилегиите кои му ги дава неговата титула а не и обврските. Вистинскиот кој ги донесувал одлуките бил Рустем паша кој соработувал со Хурем и единствено барал само одобрение од Селим и овој дозволувал секако затоа што нејќел да се замара.
     
  5. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Мислам дека Селим го правел тоа од почит кон татко му или кон брат му.. како и да е.
    По наредба на Хурем не е возможно.
    Хасеки Хурем Султан не дочекала да го види синот на престолот.
    Таа умрела пред Селим да дојде на власт.
    Но, барем умрела спокојно дека некое од нејзините деца ќе биде идниот султан и освојувач.
    Навистина е штета што не дочекала да биде Валиде (Величествена) Султана.
    Во таа жена се криела огромна желба и амбициозност. Штета што немала доволно време да ја искаже својата вистинска големина. Хурем можела да даде многу, многу повеќе. Верувам... ако Хурем не умрела ќе реализирала многу поголеми достигнувања од веќе големите работи кои ги направила - станала омилена помеѓу илјадници жени, се венчала со султанот, ја крекршила традицијата, и останала во харемот со Сулејман додека секоја друга Султанка која имала принц заминувала со него во провинција, и не се знаело дали некогаш повторно ќе се врати.. :) Освен во случај нејзиното дете да стане султан.
     
  6. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Според мене јас не мислам дека Хурем умрела баш задоволна.
    Вистина е дека и Селим е нејзино дете сепак мајка му е и нормално е да си го сака синот ама таа не се
    борела за него да дојде на власт туку за Мехмед. Се што правела Хурем било за Мехмед да дојде на местото на Сулејман еден ден. Во серијата тоа многу убаво е покажано дека Хурем сака да се ослободи од Мустафа за да дојде на престолот нејзиниот син Мехмед а не синот на Махидевран.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Не е свесна Хурем колкаво задоволство ми прави кога ќе стави круна. :mm:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda, HurremSultan и nati44 им се допаѓа ова.
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Продолжение за круните на Хурем.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Најдов уште многу, но ај да не напнувам. :)
     
    На tessie и HurremSultan им се допаѓа ова.
  9. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    ^ И јас сакам да ги носам тие круни... :P Хаха многу се убави :D :rofl:
     
  10. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    За серијава да се долови во вистинското светло, мора и Махидевран да ја има, а нема врска тоа што нејзиното султанисување/владеење поминало. :)
    Сепак Махидевран Султан е многу важна личност во целата приказна за животот на султанот.
    Таа е жената која секогаш овозможува Хурем да победи. Да не постоеше Махидевран, можеби Хурем немаше да има толку успеси. :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  11. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    :rofl: :rofl:
    [​IMG]

    П.С
    [​IMG]

    Прекрасна е

    :angel: :inlove:
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како од толку убави глумици ја нашле оваа пегавата Хатиџе???Искрено грда е како пес Махидевран е поубава од неа..Овде малку е подсредена иначе во Аси да ти се згади каква е..Според мене нема г од глумење и е голем намќор нема никаква привлечност.Погрдо створење немам видено..Од цела серија најубави жени ми се Хурем и мајката на султанот..Не можев да поверувам кога прочитав дека жената има 70 години :x Преубава е :) Иначе од децата на Хурем најсладок ми е најмалиот Џихангир и многу ми е жал за него ;( А на една сцена кога Сулејман се враќаше од поход и сите деца ги бакна само него не и тој се скри зад Фирузе тогаш ми падна толку многу жал само што не се расплакав,душичка како тој да е крив што е грбав :( :( А детево што го глуми Џихангир не е Хасан од Ддевојката која ја сакав???

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  13. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    toj e ;( dusa mala :hug:
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ella89

    Ella89 Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    6
    Во серијата најубави се Хурем и Махидевран. Во серијата Хурем а поубава од неа ама во реалноста Махидевран била поубава. Останала запаметена како најубавата жена во османската империја. Имала прекрасна таласна црна коса и зелени очи. Ама немала доволно моќ како султанка затоа што секогаш била во сенката на Хурем. Хурем била позната и нарекувана убавина над сите убавини. Нејзината моќ била толку многу голема што таа владеела со светот и била првата жена која во тие времиња водела државни работи. Нејзината моќ била толку голема што го направила неможното го убила големиот везир и принцот наследник. За Хурем се напишани многу книги, песни, композиции, нацртани се слики, портрети, изградени се џамии. Додека Сулејман во младоста бил многу образуван и се однесувал како вистински принц сличувал на италијанските принцови но во староста многу се здебелил. За Хурем се зборувало дека му направила магија затоа што иако робинка успеала да се омажи за најголемиот владетел на светот. Султанките иначе сите биле образувани и сите ја сакале поезијата. Харемот бил огромно место и бил како град во градот. Ова се некои работи што ги имам прочитано можеби ги знаете но сакав да ги споделам. Исто така многу настани од серијата се точни а има и измислени. Во реалноста Хурем неколку пати пробала да го отруе Мустафа но султанот никако не верувал во ова. Исто така позната била омразата која ја имале Ибрахим и Хурем како и тоа дека Ибрахим бил најомразената личност меѓу пашите и беговите. Поради тоа на Хурем и имат помогнато во неговото убиство и убиството на Мустафа бидејќи Ибрахим бил негов заштитник
     
  15. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Обратно е. Хурем била поубава во реалноста, велеле дека била најубава жена во харемот, но не само тоа, била и многу паметна и најобразувана од сите жени, поради сето тоа султанот ја сакал и и ги исполнувал сите желби :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ella89

    Ella89 Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    6
    Како и да е никогаш нема да дознаеме. Никакви слики не постојат од нив. Но за облеката се знае дека султанките носеле кафтани кои некогаш биле и позлатувани. Султанките секоја година добивале најскапа свила и имале повеќе од 1000 парчиња облека во годината но во серијата се прикажувани по неколку пати во истите фустани а тоа не се кафтани ко прво. Иначе за накитот мислам дека уште го има во топкапи палатата само овие од серијата дали носат сличен на тој или и тоа го измислиле? Ме интересира кој знае да одговори.
    Вака биле облекувани

    Во серијата безличните фустанчиња никако не одговараат на големината на положбата која ја имале султанките.
     

    Прикачени фајлови:

    • hurrem_sultan.jpg
      hurrem_sultan.jpg
      Големина на фајлот:
      216,3 KB
      Прегледи:
      320
    • 11.jpg
      11.jpg
      Големина на фајлот:
      298,1 KB
      Прегледи:
      320
  17. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353

    После серијава мене особено почна да ме интересира тоа како живееле девојките во харемот, каков бил тој живот позади четири ѕида, како од ден на ден правеле секакви работи за да стигнат до одаите на султанот. Тоа на некој начин многу ме фасцинира, и животот на султановите жени.. кои живееле со страв не знаејки дали наредниот ден ке бидат живи или мртви. Правејки разни интриги само да го задржат статусот, да добијат што повеќе моќ.
    Од гледна точка на вистината јас не мислам дека Хурем е прикажана баш онаква каква што е во серијата, таја била исклучиво интелегентна, паметна, образована жена.. А пред сето тоа многу убава, за тоа сведочи самото тоа што султанот после неа не погледнувал друга жена, дури успеал да ја заборави и Ѓулбахар-Махидевран која исто така важела за жена која поседувала многу редка убавина, и тој бил заљубен во неа уште кога бил принц.
    Хурем и Махидевран всушност биле многу различни.... Махидевран живеела со фактот дека е робинка, и дека тоа што прва му родила принц мислела дека тоа ке ја штити и дека султанот вечно ке и биде наклонет... таа немала големи амбиции за разлика од Хурем, чија цел била незамислива за една обична робинка.... да владее со светот..
    Несомнено е дека и двете биле исклучително убави жени... затоа што само најубавите успевале да станат омилени жени, а држејки се до тоа дека тогаш имало само природна убавина...
    Жените не биле слаби и витки, биле полнички и имале облини...
    Инаку во харемот на султанот девојките ги носеле многу мали, од 5-7 години... тие не ни биле свесни каде се наоѓаат и дека еден ден ке служат само за задоволување на сексуалните потреби на султанот...
    ги обучувале да пеат, танцуваат, да пишуваат поезија... и сите задолжително го примале исламот одкако ке ги внеселе во палатата и им биле променувани имињата за во случај живи роднини да ги побараат. Ги учеле 10 години, оние кои биле надарени и многу убави ги учеле и на еротски вештини..
    Тие биле поделени на рангови
    Султанот можел да има 4 омилени љубовници, жени... нарекувани Кадин, доколку му роделе принц нив ги преместувале во посебни одаи, добивале многу злато,накит и облека.. уживале во многу предности..
    но само една од нив можела да стани Хасеки (омилена над омилените) доколку нејзиниот син бил претендент за престолот, и да стани идна Валиде (мајка на султанот, господарка на харемот)
    Потоа биле наложниците со ранг Икбал, тие биле во неограничен број... робинки кои барем еднаш спиеле со султанот...
    после нив биле Гозде, или конкубините кои немале никакви привилегии..

    Што се однесува до облеката кажав во друг пост дека тогаш не се носеле фустани туку шалвари и кавтани, изработувани од најубавите свили кои биле позлатувани...
    Султанките биле многу грациозни, сакале да носат многу накит и да се покажуваат пред другите...
    И пак ке кажам дека во серијата некако како да ми се премалку накитени султанките, харемот ми е многу тмурен.. мрачен.... многу малку е прикажан животот на конкубините, во харемот постојано се правеле забави... играле, пееле, пиеле.. не се вртело се околу интригите..
    И како што неколку пати се прикажани обиди за убиства на султанките, тоа било речиси невозможно..
    затоа што одаите на султанките биле тешко да се пронајдат како и одајата на султанот,
    биле со тајни премини во посебни делови од палатата... и до нив не можел да стигни никој освен оние кои му служеле... Поради тоа било невозможно конкубините да го видат султанот затоа што тој врвел преку тајни премини, само оние кои оделе на средба или кои му служеле имале можност да бидат како навистина изгледа. Некои од нив остарувале и не го имале видено ни лицето на султанот...
    Инаку што се однесува до него, султаните во тоа време биле дебели брадести мажи :D не биле воопшто привлечни... Султанот Сулејман после 50 година имал над 100 кила.. :D
    Но прибидејки во харемот не смееле да влегуваат други мажи (освен кастрирани), за жените не постоела друга љубов освен тој, самиот султан... се сомневам дека тоа било од љубов, повеќе од моќ..
    затоа што во тие четири ѕидови тоа било единствената цел која требала да се достигне, за да се преживее. На некој начин е и навистина жално за тие жени... што цел живот го поминувале очекувајки да поминат по златниот пат..

    Ај за сега толку, оти ако земам да раскажувам ке биде како приказните за 1001 ноќ...
    навистина многу сум љупопитна за животот во османлискиот харем и сеуште истражувам кога ке имам време..
    за секоја новост што ке наидам, ке пишам. :)
     
    На sweet-star, Ella89, aaleksaandraa и 3 други им се допаѓа ова.
  18. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    не заебавај :o со штикли? :^) абе ајде ххахахах :rofl:
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ella89

    Ella89 Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    6
    Секако дека не. Баш сакав да напоменам да ги игнорирате штиклите ама мислев нема потреба оти ќе сфатите. Но не си сфатила. Штиклите се само додаток и манекенките кои ја презентираат облеката само ги вклопиле во самата комбинација. Хах
     
  20. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    па мислам дека си згрешила штом не си напоменала, некако кога го прочитав тоа смеа ме фати. како и да е, сфатив сега. Хах