Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Бидејки порано ја следев серијава, најпрво од историски аспект а потоа и приказната ја засакав некако, но се оваа Фирузе и Шах веќе не ја следам само ве читам вас тука, сакам да го напишам моето мислење за приказнава
    Мислам дека ова не е така љубовна приказна меѓу хурем и сулејман, Хурем е девојка донесена во харемот, различна од останатите по тоа што не го сакала својот живот, всушност на 14/17(нз точно колку беа) години е отставена сама на светот и за тоа сака да се одмазди,па и по цена на својот живот.
    нејзиниот живот со султанот не е љубов туку одмазда која ја остварила самата а и преку децата, таа на смртната постела го казнила сулејман со тоа што му ја кажала вистината, дека го лажела, а и целата империја ја урнала со синот пијаница
    Ја победила махидевран со тоа што била весела-и убава но не поубава од махидевран, но пед се со тоа што не се плашела да умре немала што да изгуби.
    Махидевран воопшто не била толку присутна во животот на хурем таа била пратена во маниса уште кога ја претепала т.е. првите епизоди а на ова ниво веќе до дека е стаана серијава хурем била позната и како рокселана, живеела во собата на сулејман,а не се тепала со хатиџе за една соба..имала многу поголемо влијание на сулејман од ова тој со неа разговарал а не и читал поезија како што е овде на секоја втора сцена..
    Е сега за филмот т.е. серијата
    Мислам дека добро ја почнаа имаше малку глупости, но и добро сработен историски флим, но откако умре режисерката филмов стана ср*ње, па историски животот на хурем на бил воопшто ваков, ајде да го манеме тоа серија е ова, па не е интресно, она што го правеше хурем го прави и фирузе и претходната принцеза и кој ли уште не..
    Шах мислам дека е добро што ја ставија но требаше да биде присутна уште од почетокот па дури ни на погребот на валиде не ја дадоја мн е глупо вака
    Хатиџе требало да ја направат малце попаметна или да не ја вплеткуваат во игри, мн е глупа за тоа-мислам како лик, делува вљубено занесено а не реалистички
    Друга работа е што ибрахим бре го направија вечен незнам како конечно го убиваат во 80тите едно чудо пати се обидоа да го убијат и никако да го убијат досадно стана тоа веќе
    Нигар како лик ми е ок на почетокот но сега го утнале патот една калфа ни случајно немала толку слобода бре
    Како јаготка на шлагот Ердоган овој премиерот па и е во право во харемот никој не се облекува по француска мода.., македонски народни приказни повеќе го доловуваат султанот, османлиите и империјата отколку овие во секој поглед( гардароба, оденување, првила..)
    И за крај сметам дека многу подобра ќе била серијава ако со махидвран се завршеше уште со првата сезона сега веќе требаше да биде влијанието на хурем врз величествениот мноогу поизразено како и хурем како росалена- жената која ја води империјата, а не да се кара и да убива робинки
    Ете така ова е едно мое “концизно“ мислање за серијва и приказнава :tmi: :D
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Мое мислење по прашањето дали Хурем можела да го сака Сулејман...
    Секој човек има потреба да биде сакан, но и да сака.
    Хурем ако не го засакала султанот, барем малку, кого останало да сака?
    Евнусите можда?
    Тие таму неизлезени од 4 ѕида, чекале со децении во надеж дека ќе го видат султанот и златниот пат. Зошто би можела да не го сака? И` подарил семејство, моќ за која една робинка може само да сонува, заштита против која ниту една сила во империјата не можела, зборови кои секој би сакал да ги слушне, кршење на традицијата и моногамност по неа (зборам историски, нели наводно тој после Хурем не бил со друга)...e сега за безусловноста на таа љубов...па и не знам баш...а и по мене постои само во приказните. Доколку некој е лош со тебе и љубовта кон него почнува да умира.

    Кој е толку глупав да мрази и сака да се освети некому кој цел свет пред нозе му го ставил. Да не праиме муабет дека Хурем била далеку од глупава... и не верувам дека сакала да се разурне империјата. Не ми прави смисла...зошто инаку цел живот би го подготвувала Мехмет за тронот (некој кој би бил идеален за престолот). Сакала да владее, сакала децата да ги остави да владеат, нејзе и на нејзините деца да им се поклонуваат тие кои ја понижувале.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Еве ви сликички од некои ликови :inlove:
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
  4. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Ако Хурем во историјата не го сакала Сулејман сигурна сум дека барем не го мразела човекот.
    Не можам со докази да кажам дека го сакала а не можам да кажам дека и не го сакала за жал тоа
    некој не го знае ама истотака не верувам дека би го мразела човекот што и го стави светот пред нозе.
    Хурем од историјата била далеку попаметна од оваа Хурем од серијата, а Сулејман бил многу поголем папучар одколку што е во серијата. Влијанието на Хурем врз него било до максимум.
    За тоа зборат неговите дела: и направил повеќе од едно дете на Хурем иако законски тоа не било дозволено, ја оженил како негова законска сопруга иако тоа било невообичаено за еден Султан, Хурем наместо во своја посебна одаја спиеше во неговата соба нешто што не е дозволено, Хурем не отишла со ниту еден Принц во областа која тој управувал, туку продолжила да остане покрај Сулејман,
    Сулејман не бил со друга жена додека бил со Хурем ниту па после нејзината смрт и тоа 8 години во абстинирање го поминал додека тагувал за неа се до неговата смрт.

    Ја да бев сигурно не би можела да мразам ваков човек што толку ме сака а најверојатно и Хурем не го мразела, мислам не е возможно да го мрази
     
  5. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со Теси и со Александра. :)
    Мене па многу ме импресионира самата Хурем, нејзината личност, борбеност и уникатност како појава.
    За жал серијава не може да ја понуди вистинската Хурем или пак да ја долови во вистинското светло. Делата на Хурем се неописливи, нејзината убавина била заслепувачка, интелигенцијата и била навистина на многу високо ниво - а не како во серијава да се занимава со труење на робинки и ниски расправии со Махидевран, Хатиџе и останати малоумници. :worried:
    Мислам дека и импресионираност е навистина мал збор за вистинската Хурем, онаа која владеела, онаа која успеала да направи пресврт во историјата на султаните. Хурем Хасеки Султан оставила голема трага во историјата. Нејзиното постоење ми е толку енигматично. Замислете.. јак карактер, борбеност, елеганција, префинетност, убавина, интелигенција, харизма - сето тоа на едно место. :)
    Хурем е поим за успех. Личност која знае што прави, се стреми кон врвот без притоа да ја заборави вистината. :)

    Искрено, премногу ми е жал што нејзиниот авторитет и нејзиното очигледно влијание врз султанот не се прикажани толку добро во серијава. Серијава ја гледам поради Хурем.. а тој лик е тотално утнат.. па така да навистина немам што повеќе да кажам.. :(
     
    На Golden му/ѝ се допаѓа ова.
  6. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Ух видов дека моето мислење доби доста реакции-Дали хурем го сакала или не неможе да дискутираме: Јас мислам дека не- и го зел најмилото, семејството, животот, љубовта, иако не тој лично но сепак тој и го срушил животот
    Како што пишав за тоа нема да дискутираме, тоа ниту вие ниту јас не може да го докажиме
    Битно се сложуваме дека хурем не е доловена во серијата истакната- и јас ја сакам хурем со нејзиниот карактер кои навистина го имала и како шо рекла сара
    хурем ни од далеку не се занимавала со ниски караници
    Како и хурем и други работи не се добро доловени и така ја упропастуваат серијата од епизода во епизода
    Сакам да го видам влијанието на хурем, нејзината моќ, а не вакви ниски караници... баш имав поголеми очекувања од серијава-ме разочара
    Ете така затоа и го пишав моето “кратко“ мислење :P :D
     
  7. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Кога беше првата сезона гледав(од почетокот) после не бидејќи ми се здосади!
    Мене ме ми се допаѓа серијава(сепак мое мислење) :?:
     
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Девојки, навистина нема потреба од овие објаснувања.
    Јас само сакав да го искажам мојот став во врска со величествената (не со титула) Хурем. :)
    Темава што ја започна Феминуим е навистина интересна за многумина. :)
    Но, не мора секој да се сложи. Јас најмалку што сакав да постигнам е да се контрам со некого. Тоа го занемарив.
    Секој има право на мислење,не !? :)

    И да дополнам дека и мене серијава од ден на ден се повеќе ме разочарува..
    Зборот ми беше.. кога некоја си Фирозе или пак Фатма.. некоја си Ѓулфем или некоја си Махидевран можат така да се однесуваат со Хурем.. навистина не знам до каде ќе отиде серијава..
    Таа Ѓулфем што се занесува таму, дејствува против најмоќната султанка во династијата - тоа било сосема невозможно на толку директен начин. Па ни ценетите Хатиџе и Шах немаат никакво право да ја понижуваат Хурем, затоа што тоа е исто како на султанот да му се спротиставуваат. Вака ако гледаме по значење за државата и династијата општо, Хурем има поголемо значење од нив двете заедно во пакет. :)
     
  9. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    значи хурем БИЛА ПОУБАВА од ѓулбахар тоа е веќе докажано, затоа и султанот се и се заљубил во неа :hai:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Има одредени моменти кога ликот на Хурем многу ме нервира. Тоа не значи дека ја мразам од женските ликови она ми е најомилена и многу ја сакам, а тоа не значи дека сум слепа кога ќе направи некои глупости за кои сметам дека едноставно не и доликуваат на Хурем Хасеки Султан (од историјата)
    Ама ајде пак некако и прогледувам низ прсти затоа што едноставно сака да преживее.
    А не би било лошо сценаристот да и го направи ликот малку поинтелегентен што се однесува до интригите
    а за итрина има ама би можела Хурем многу повеќе од сега. А што се однесува за ликот на Сулејман... :?:
    очигледно е дека Турците не сакаат да го прикажат како поголем папучар (како и што стварно било) туку ете тек тук му вметнуваат некои глупачки со кои сакаат да го направат како женкар, нешто како мачо тип демек ја сакал Хурем ама не управувала со него во потполност и ако сакал тој можел без проблем да биде со други жени и кога тој сака ќе и се врати на Хурем |( очигледно турците се срамат од оваа негова страна како роб на Хурем - епа жалам турци ама таков си бил Султанот ваш вие ако сакате можете да го направите како сакате во серијата ама тоа не го менува фактот дека бил ПАПУЧАР што се тиче негов личен живот, едноставно една робинка Хурем го замотала околу нејзиниот прст Султанот ваш ;)
    А за него како Управител на Отоманската Династија е за тоа но комент :rock: Сулејман бил нај јакиот Султан од сите нивни Султани е за тоа браво :!: Што го бивало сега го бивало ама не бил толку добар како во серијата и Сулејман си имал своја негативна страна и бил многу страшен.
     
    На ang246 и Sara123 им се допаѓа ова.
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно е така.
    Зборот на Хурем му се вовлекувал длабоко во порите и тој не бил имун на нејзиното очигледно целосно влијание врз него. Хурем успеала да постигне многу, мнгоу, многу повеќе отколку што е прикажано во припростава серија. Ниту има некој авторитет, ниту некој ја почитува како што треба..
    Онаа Фирозе се перчи дека во четврток султанот бил со неа.. Па уште и вика ти изгуби.. јас победив !? :o Како прво и најосново, Фирозе со статус на робинка-миленичка не смее да и се обраќа на Хурем на тој начин а не пак да се спротиставува во име на минливата `љубов` од султанот. Според правилата треба да и се поклони и не смее да и го заврти грбот додека се повлекува. Ниту Хурем `имала слободно` време за да по сто пати ги докрајчува миленичките.. ниту пак Фирозе имала право да влегува во одаите на Михримах или Хурем кога ќе и се посака. Ако Хурем посакала, некоја од миленичките во истата секунда ќе се збогувала со животот.
    Искрено, не верувам ни дека Хатиџе била толку глупава и се занимавала со интригите во харемот. Таа имала посебен живот, била слободна жена и сигурна сум дека не била волку `природно наивна` :emo:
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    баш ми е мило за Елена и Мустафа ама онаа Махидевран и Фатма вишее не ги можам шо се праи некоја се прчи со стомакот.. :@
    иначе убаво и направи Хурем на Фирузе.. :clap:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    еве некои сликички од хурем и ѓулбахар :)
    [​IMG][​IMG][​IMG]тука е најубава[​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG]
    :whew:
     
  14. pancake

    pancake Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    27
    Омилен лик ми е Хурем, ако таа ги почитуваше правилата, ако не ја ставаше својата цел пред другите никогаш немаше да стигни до тоа да биди султанка туку ќе си останеше робинка. Па така е и општо во животот. :?: Хатиџе ме нервира уште од почетoкот некако како изгубена со сарајот ми е. :)
     
    На A.Fenty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    За Махидевран сфаќам ама онаа гоблинката она е веќе у облаци
    за неа готова е работата - Султанка е :lol: :rofl: :rofl:
    судбината е и иста како на непотребната и одвратната Ѓулфем :devil:
    е така е кога сакаш да и го палиш лицето на мојата Султанка ;)
     
  16. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Јас со вас го имам сосема спротивното мислење..Можеби во историјата било така, но јас ја мразам Хурем :@ Ни верувам дека Хатиџе била ваква како што е прикажана во серијата..Јас Сулјеман си го викам Папучар..едноставно неможам да го смислам.. :@ Во серијата има толку измени..незнам зошто ама третава сезона ми е најубава :) Инаку Махидевран живеела најдолго од сите (81 година), живеела во маки, но барем видела како Хурем и нејзините деца ги нема :lol:
    Откако Хурем, Мустафа, Мехмет...умреле тој жалел за нив..па дури му недостасувала и Махидевран, чудно но и интересно :wasntme:
    Махидевран - Мојот најомилен лик во серијата. Уште од првиот момент кога ја видов ја засакав. Таа се труди да постигне нешто кое другите секогаш и го одземаат. Тоа ме привлекува кај нејзе. Нејзиниот живот беше добар се додека не се појави Хурем. Може да се каже дека таа ако не беше можеби од ова ништо немаше да се случи. И покрај нејзините грешки, јас сепак ја сакам.

    Мустафа - Мустафа е принц кој според мене најмногу заслужува да биде на тронот. Тој во очите на Величенствениот му е најомиениот принц, кој најмногу од останатите го сака. Кога Махидевран беше тажна и тој беше тежен, кога мајка му беше среќна и тој беше среќен. Се направи за да ја усреќи Махидевран. Но сепак се што му се случи тој ги сака децата на Хурем.

    Ибрахим - Најголемиот паша, човекот со кој Сулејман се споделува. Кај него ми се допадна тоа што свири на виолина. Мислам дека не заслужи да умре. Најголемата грешка му е тоа што Хатиџе ја изневери. Исто така ми се допаѓа тоа што на секој начин и помага на Махидверан.

    Хурем - За нејзе имам многу за кажување..Кај нејзе ме нервира тоа што мора секаде да се пикне, во секоја работа да се замеша, токму затоа и сите околу нејзе ги повредува. Мора да биде „прва“ во се. Во серијата е премногу злобна. Според мене таа е лицемерна, пред Сулејман невина, а зад неговиот грб лоша..Таквите луѓе нејмногу ме нервираат. Затоа и јас мразам. Многу ми оди на нарвии :@

    Сулејман - Единствена грешка му е тоа што ја отфрли Махидевран од неговото срце, и тоа што премногу и верува на Хурем Мислам дека Ибрахим не заслужи да биде убиен по негова наредба.

    Хатиџе - Најнежниот лик во серијата. Мислам дека таа најмногу заслужи да биде среќна. Таа секогаш се труди во харемот се да биде во најдобар ред.

    Михримах - Хурем уште од мала и зборуваше за нејзините планови за Махидевран, Ибрахим, Величенствената..токму затоа и ги нив ги мрази исто како нејзината мајка. Итра е..
    Еве ги моите размислувања :)
    Можеби повеќето не се согласувате со мене, но серијава секој си ја гледа од различен агол :/
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  17. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    eve nesh sho najdov na net :)
     

    Прикачени фајлови:

  18. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ако веќе почнувате.. ајде и јас да дадам став за султанките.

    Ѓулфем Хатун - Сосема непотребна бивша султанка, без никакво влијание брз настаните што се случуваат.
    Хатиџе Султан - Ако ја гледаме онаа Хатиџе во серијава, моето мислење за неа е многу лошо. Принцеза која не знае да ги цени добрините во животот, жена со која лесно можеш да манипулираш. Претерано наивна. Сценаристот ја направил како многу лесна жртва. А не верувам дека во историјата било така. :)
    Шах Султан - Цврста жена со мозок. Јак карактер и одмерено однесување. Права султанка. Има став и никогаш не ги потценува делата на Хурем, туку директно возвраќа со исти удари. Жал ми е што на крајот нејзината огромна желба да ја уништи Хурем ќе го најави нејзиниот крај. ;)
    Махидевран Султан - Премногу лесна и неборбена. Ја прифаќа судбината, наместо да сфати дека треба повеќе да се бори за себе. Хурем лесно ја уништи, па од тука заклучувам дека Махидеран ни статусот на прва омилена и главна султанка не знаеше да го искористи, ниту пак со убавината да ги затвори очите на султанот за другите жени. Не можете да кажете дека Махидевран не е виновна за нејзината судбина.. туку Хурем. Таа самата е единствениот виновник. Постапките на почетокот беа сосема утнати без некој убав план за постигнување на целта. А за жал или за среќа се си има своја цена.
    Хурем Хасеки Султан - Во серијава, утнат лик. Мерием Узерли не е Хурем. Хурем не била иницијатор на толку ниски бунтувања. Ако сценаристот отровите, расправиите со робинките и сл. ги сведе на минимум тогаш ликот на Хурем би бил совршен. Кај неа ми се допаѓа се. Сценаристот би требало повеќе да се потруди околу создавањето не нејзиниот лик. Хурем имала авторитет, а не како во серијава секој втор да ја удира и да и се дере. Во серијава се занимава со многу глупости. Јас ја сакам Хурем, онаа насмеаната која сите ги заслепувала со својата убавина, онаа Хурем која постапувала интелигентно и со разум, онаа Хурем со драматично однесување. Често сакам да ја пронајдам Хурем во Мерием Узерли.. само не секогаш тоа ми успева. :)

    Еве ја втората најава за 90 епизода.
    http://www.femina.mk/out/?id=522c8958f4 ... ogspot.com
    Значи готово.. ја расипаа серијава тотално. :)
    Само се прашувам кој уште не се обидел да ја убие Хурем !? :?:
    Настана пресврт, Фахрие или Диана се заколна дека ќе и служи на Хурем. Еден од агите на противниците сакаше да ја убие Хурем.
    Без коментар.
     
  19. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Јас не се сложувам само со овој дел што е болдираното иначе целиот останат текст ти е во ред,
    мислам тоа е твое мислење и омилен лик ти е Махидевран што е сосема ок.
    Ајде Сулејман да жалел за овие тројца има смисла. Два од нив му се синови а едната му била
    животна сопатничка ама за Махидевран тоа не ти е точно.
    Сулејман пред да дојде Хурем, Махидевран многу ја сакал и се, си имал убави мигови со неа и имале добра врска ама не била “вистинската“ неговата сакана, неговата вистинска љубов била Хурем и тој факт никој не може да го смени. Нели Махидевран ги надживеала и Сулејман и Хурем, ако на Сулејман му недостигала Махидевран тој проблем можел многу брзо да го реши, едноставно можел после смртта на Хурем да си ја земе назад Махидевран - многу проста работа зар не? Ама сите знаеме што бидна со Сулејман после смртта на Хурем :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Moschino

    Moschino Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    17

    Што кога видела дека ги нема Хурем и нејзините деца,кога после синот на Хурем на престолот дошол внук и.Инаку Мустафа според некои податоци во историјата не бил најсаканиот принц на султанот.Султанот и покрај тоа што според правилата на Мустафа требало да му даде да управува со престолнината во Маниса,тој нејзе ја дал на управување на Мехмет,подоцна кога Мехмет умрел на Селим...

    А инаку Хурем да не се пикаше никаде немаше да стигне и ништо немаше да постигне.И она сигурно мора да си има некои тактики во харем полн со непријатели. ;)