Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Во 94 епизода Михримах и рече на Хурем дека таа ќе биди секогаш покрај неа и дека секогаш ќе ја поддржува. Поради тоа мислам дека Михримах ќе биде таа која ќе и помогни на Хурем за Хурем да се врати назад во Топкапи палатата :)
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Што се занесуваат овие многу од екипата “Величествениот“? :fubar:
    Мислам во ред ги разбирам до некоја мера, едноставно егото им е повредено на целиот турски народ
    што Султанот нивен најјак од сите што ги имале бил како да кажам... чергиче на една украинска робинка.
    Што многу го прават тука Сулејман мачо-мен кога не бил таков? Демек тој што сакал правел со Хурем, како, кога и ако тој сакал |( ... Ма ајде таму прикажете го Сулејман у реално светло т.е ПАПУЧАР
    Сестрите не го воделе него, туку Хурем. Што сакала Хурем тоа и го правел овој, и јадел од рака
    а во серијата го направиле поготово во сегашнава сезона како да Хурем му е важна личност ама ако му текне може слободно да се реши и од нејзе :puke: ма ајде таму нека крши глава тој проклет сценарист!
    Требало раката да му отпадне у тој момент кога во сценариото напишал за првпат “Фирузе“ :puke:
    А оваа Кансу Дере со кого легнала за да биде и она во серијата? штом она ќе стапне у некој филм
    автоматски филмот станува срање! Хатиџе ја гледам во Аси и си викам добра е оваа Дефне, ама ја гледам ли во Величествениот сакам телевизорот да го искршам. А кога ја гледав онаа Ејшан па сега и како Фирузе си викам у себе: Дајте некој таму у серијал убијте ја обесете ја!
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Ако ги имаш гледано последните епизоди од Езел сигурно имаш уживано. :?:
    Сакав да ти кажам мило ми е што се врати на темава, се исплашив да не си замина од форумов :!: :)
     
    На Hurrem-Aleksandra и MaggieTatum им се допаѓа ова.
  4. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Е за жал ги неам гледано и незнам како заврши :(
    Мило ми е што сум пак со вас девојки и обожавам кога дискутирам со вас на темава
    таман работа ја да си заминам од мојата најомилена тема за дискусија, работата е што бев зафатена
    и немав баш време за нет ама еве ме тука сум, и со задоволство ќе продолжам да плукам по Фирузе
    и по сите други што ме нервираат од серијата :D
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    aa сега појасно ми е :D инаку знаев за тоа како умре ама не гледав на почетокот, па чудно ми стана кога ја видов со Хурем :D
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  6. seagirl

    seagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    27
    Ја забегаа серијава, цело време едните па исти настани се вратат, Хурем е прогонета па се враќа, па сакаат да ја убијат - па не успеваат. Ми беше многу интересена ама 93 и 94 ги гледав онака :drunk:
     
  7. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    :geek: баш би сакала да одам да го посетам еден ден Топкапи сарајот...
    Сепак Хурем во каква и да замка ја стават,какви и да и сптеки прават,какви и зборови да и кажуваат..таа што се вели со нејзината брза мисла веднаш ќе се спаси од било каква и да ситуација се наоѓа...
    Што е најбрзо на светот?-мислата...Во серијата најбрза е мислата на Хурем,одма дејствува кога ќе и направат замка..веднаш смислува план како да успее...колку повеќе пречки и прават толку таа се искачува на врвот од нејзината моќ...Така јас мислам :)
     
    На Ana.N и hrcace им се допаѓа ова.
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Секогаш ми било мерак Хурем да ја гледам со убави а посебно со големи круни и префинет скапоцен накит.
    Сите и ги обожавам. :inlove:
    [​IMG]
    И мене ме нервира тоа што во серијава султанот го прават многу имун на влијанието на Хурем.
    Тоа воопшто не ми се допаѓа и се сложувам со Александра дека тоа воопшто не е фер.
    Султанот Сулејман бил раководен од Хурем. Правел се што таа сакала. И кога е серијава веќе историска и гледам дека се обидуваат да запазат некои историски моменти... тогаш нека не ги менуваат работите како што им одговара. :)
    [​IMG]
    Џабе му било на Сулејман што бил султанот кога пред Хурем бил само обичен роб кој ги исполнувал сите нејзини желби.

    Знам дека Хурем повторно ќе се врати.. вака или онака... но греота е за нејзината одаја... Кој ли сега ќе се всели таму !?
    А сега и параноичната сестра на султанот ќе се омажи... На Шахубан гледам и одговара, веќе си нашла нова жртва т.е. сојузник наводно.
     
    На Ana.N му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Шах тоа и го сакаше - да го сруши владеењето на Хурем во харемот. А бидејќи Хурем сега се наоѓа во Едрене, таа го постигна тоа што го сакаше. Еве една слика од 95 епизода со која се докажува дека Шах веќе ја превзела одајата на Хурем :devil: Е колку сакам од некоја страна Сумбуљ Ага да најави дека нејзиното височество Хасеки Хурем Султан доаѓа со нејзината Величествена круна и така сите да ги заслепи кои се радуваат на тоа што таа не е во Топкапи палатата (колку си фантазирам :D )
     

    Прикачени фајлови:

  10. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    За режисерот немам зборови :x
    Ајде не ми се допаѓа историјата и ке ја сменам :devil:
    Значи ова не е обична турска серија да ги прикаже настаните како тој што сака треба да ги прикаже настаните како што навистина се случиле без разлика дали тоа му се допаѓа или не :!:
    Не му се допаѓало тоа што Хурем раководела со Султанот па затоа не го ни прикажал она што навистина се случило ако Хурем остане во Едрене јас ке престанам да ја гледам серијава :(
    Нема да се чудам и ако ја умре Хурем во наредните епизоди и ако Шах управува со харемот :swear:
     
    На Hurrem-Aleksandra и Ana.N им се допаѓа ова.
  11. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Кој е во можност нека ја прочита книгата Султановиот харем. Вистината е во книгата, а не во серијава. Во серијава е се наопаку! :)
     
    На okcenzi, hermosa и simonna.a им се допаѓа ова.
  12. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    режисерот е како...чудо од режисерот-“промени“ историја како шо му текнало
    :swear:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    ^^
    На почетокот, пред да почне епизодата, убаво си пишува дека НАСТАНИТЕ И ЛИКОВИТЕ СЕ ИНСПИРИРАНИ ОД ИСТОРИЈАТА. А не дека серијата е стрикно правена по историјата па да се критикува дека си ја менувале историјата, целата приказна е инспирирана од историјата, не ги следи точно сите настани и ликови. :)
     
  14. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Не е ни во книгата вистината и таму е се менувано :!: :)
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.407
    Пол:
    Женски
    А со кого ќе се мажи Хатиџе?

    А гледам се разви дискусија за веродостојноста на серијата/книгите за овој период.
    Е ова е една од причините поради која никогаш не сум ја сакала историјата.
    Нуди многу малку вистина, а останатото е додадено од победниците, како ним им одговара.

    100% сигурни за тоа како било и што било тогаш би биле само доколку влеземе во некоја временска машина (како таа во „Квантен скок“).
     
  16. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    ^ Ако сакаш да ја дознаеш вистината можеш,само треба да бидеш постојан и да знаеш да склопуваш сложувалки составени од милион делчиња.

    Барем Сулејман живеел во среден век,колку толку има вистинити податоци.Читајте си литература од ИСТОРИЧАРИ,а не од обични писатели кои што само сакаат да ги раскажат интригите во харемот.
     
    На Nefertitii му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
  18. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555

    Книгата е од историчар напишана. Мене исто на почетокот чудно ми беше, ама во книгата испадна се како што сум учела и јас на времето по историја. Серијава е навистина КАТАСТРОФА. Во тоа време како прво никој не се осудувал да убие робинка, а камоли Хасеки Хурем.
     
  19. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Морав да се вклучам, Колин Фалконер не е историчар, туку пред да стане писател бил новинар за повеќе списанија (според биографијата претходно работел и како таксист и како музичар, ама тоа нема врска со темата, важно човекот не е историчар). „Султановиот харем“ како книга е бестселер и има врска со историските случувања исто колку и турската серија.
     
    На Sara123 и hrcace им се допаѓа ова.
  20. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    E добро сега ова не е документарец, ама овај режисеров стварно бил забеган. |(
    Таман една страчка заминува, другата доаѓа. :lol:
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.