Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    97 епизода трае цели 2 саати :o ко последна епизода од сезоната да е а знам дека не е,ќе се вкочанам пред компијутер :lol:
    еве едно видео што ме остави без зборови денес,не знаев дека и до таму е дојдена работава. стварно незнам дали да плачам или да се смеам,гревота за овие млади девојки,кои изгледаат паметно плус сите кажаа факултетлии се,а уствари изгледаат многу глупаво,стварно незнам со кој памет излегуваат на ТВ плус во емисија на Драган Вучиќ :!:
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... yhLC6kggYs
     
  2. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    Каде може да ја видам епизодата во која умира Ибрахим паша?
    Одвратен лик,баш сакам да го видам тој дел во кој Хуремка се радува кога ке кажат дека Ибрахим умрел...
     
  3. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Може ли накратко да ми раскажете што се случуваше во изминативе епизоди зошто не бев во тек, не можев да ги гледам.
     
  4. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Не се радуваше Хуремка. Се изненади.
     
  5. seagirl

    seagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    27
    Не разбирам само една работа, како е можно Сулејман да сака неговата ќерка, миленичка да ја омежи за паша кој е веќе оженет. Рустем е оженет со Нигер, така да таа би му била втора жена, дури и да се разведе од Нигер. Султанката Михримах сепак би била мажена за некој што бил женет. Не ми е логично, нели е таа милениччка на султанот, а и за тоа време да се случувало така, да ја женат со оженет човек нз баш :x
     
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    И мене тоа ми е чудно.
    Инаку, кога ќе подразмислам и не знам баш дали султанот знае дека Рустем е женет со Нигар.
    Можеби знае, но не сум сигруна.
    Свадбата на Нигар беше иницијатива на Шахубан Султанија и Хатиџе.
    Тие сакаа да можат да го контролираат најверниот поданик на Хурем. :)
    А кога веќе Нигар си го покажа вистинското лице отиде се у пм....

    Мене оваа ми е најдобра, јас тука секогаш ги гледам.
    Сега ја чекам 98.
    http://www.femina.mk/out/?id=522c8958f4 ... ogspot.com

    Едит :
    Само не знам што е ова што Лутфи паша во 98 му кажува на султанот демек и Рустем се разболел од куга... :^)
     
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Лелееееееее конечно во Ибрахимов да си оди! Мн сум среќна зошто умрееее! :rofl: :rofl: :rock:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    А јас колку шо знам сулатнот лично ги гледал убиствата..мислам лично го гледал убиството на Ибрахим и Мустафа,а оти овде во серијава е поинаку?
    Или јас грешно прочитав или во серијата правилно е?! :?:
     
  9. seagirl

    seagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    27
    Знае султанот дека е женет со Нигер, тој брак не е во тајност. Хатиџе, и Ибрахим го организираа ( уште пред да знаат дека детето им е живо, мислам на Нигер и Ибро ) за да можат да го тргнат Рустем од Хурем, праќајќи го во провинцијата Теке а со него и Нигер. Убаво се сеќавам на тие епизоди.
    А инаку КУГА е таа заразната болест од која сите таму умираат ( епидемија ) и Ајз паша што умре. Позз феминки :hai:
     
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    тоа КУГА по нашки е ЧУМА :!:
     
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    Не се радуваше Хуремка. Се изненади.[/quote]

    не само она,и јас се изненадив :o .но,пашата претера,сепак султанот го сакаше како брат,како животен сопатник,и баш му се гледаше тага во очите кога прочита како го омаловажува пашата.тој го заштити и од самиот себе,но убаво му рече пашата:ме доближивте до смртта.
    најмногу ме трогна кога султанот размислуваше на балконот ,кога се присети на моментот како сака Iбрахим да умре и кога го назначи за голем везир.
    секоја му чест,јас не би издржала на негово место ни толку со таков како Iбрахим :emo: .
    а хатиџе ја разбирам,маж и е ,татко на нејзините деца,но и таа нека се присети што и стори тој.и најлесно и е да ја обвини хурем,која според мене во случајот е чиста.го познаваше вистинското лице на пашата,и ако не го откриеше тоа,богами можеше и султан да е прогласи после походот со Iталија.сакаше да го преземе местото на султанот и да ја води империјата,беше надмен и дволичен.подеднакво им наштети и на султанот и на хатиџе :x
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Сулејман не го уби Ибрахим затоа што се ’’плашел од конкуренцијата’’ Сулејман го уби Ибрахим
    затоа што не му беше лојален колку што тој сакаше да му биде и колку што Пашата му се правел дека беше.(барем тоа е случајот во серијата) Во историјата може да е за друго работата...
    Сулејман е длабоко повреден и се чуствува изневерен од страна на Ибрахим. Сулејман многу добро го сфаќам затоа што знам како е да се биде изневерен од пријател кој го сакаш не како пријател туку како брат/сестра. После смртта на Ибрахим тој ќе осеќа празнина голема затоа што сепак Ибрахим за него бил многу важна личност нема да биде скроз рамнодушен иако 24/7 ќе се преправа дека смртта на Ибрахим ништо не му значи. Е сега таа празнина ја пополнува со Хурем, после Ибрахим за него Хурем е единсвената која може да го заземе неговото место на некој начин. Таа му е единствениот вистински пријател која секогаш му мисли само добро и тој го знае тоа и така некако успева барем малку да си го смири срцето од предавството и болката што му ги зададе Ибро.
     
  13. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се налути Суљо оваа реченица:Don't mess up with me brо :emo: како да одговора на фаците шо ги прави
     
    На blagica1991, RiRii, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Во серијава многу работи се изменети и тотално испревртени, а тоа е она што постојано ме нервира и иритира. Некои работи навистина се зафркнати со самото тоа што сценаристот си ја прави серијава по негово, а не запазува некои историски моменти. Еве на пример, сите добро знаеме дека Хурем е главната причина за смртта на Ибрахим и за сите останати главни промени.
    Нормално, во серијава Хурем сакаат да ја покажат во многу поинакво светло и навистина разбирливо ми е до некаде. :)
    Но, сепак цврсто ќе стојам зад моето мислење дека Хурем во серијава е многу многу изменета од вистинската историска Хурем Султан. Мислам дека актеркава многу добро си ја врши својата работа и извонредно глуми. Но, работата не е до актерката затоа што таа само импровизира она што ќе и се каже.

    Единствената но воедно и доста голема маана која ја пронаоѓам во серијава е тоа што сценаристот не успеа да навлезе длабоко во тајните на харемот и интригите кои жените ги прават. Ниту пак на добар начин ја претстави Хурем која треба да биде многу интелигентна, жена со дипломатски способности и занесна убавина.
    Сите работи се прикажуваат толку површно и немаат некаква тежина.
    Серијава би требало да биде многу подраматична, загадочна и реална - затоа што вака немам баш чувство дека се што се прикажува било вистина. Во секој случај, тимот треба да успее да го внесе гледачот целосно во тоа време и ниту еднаш да не се посомнева и да ја забележи површноста на начинот на кој некои работи се прикажуваат. :)
     
  15. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    A на кој дијалект е тоа? :angel:
    Иначе
    Ибрахим не требаше онака да го убијат, ептен беше мачно за гледање, барем одма да го убиеа не онака со давење. :doh:
     
  16. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    нашки мислев на Македонски јазик,не на некој дијалект :D по назад Sara123 пиша вака
    и еве го одговорот што го доби
    ја гледаат серијава со хрватски превод,и таму нели се спомнува болеста КУГА,е јас само сакав да објаснам дека куга на "нашки" или Македонски е чума ;)
     
  17. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    [​IMG]

    Дамат Рустем Паша и Михримах Султан... навистина многу моќно. Искрено онака ми одговараат, Рустем го има оној моќен страшен изглед.. изгледа достојно за една нежна принцеза, да ја брани и заштитува од секакво зло, му доликува.
    Искрено повеќе ми одговара со Рустем него со Бали, Бали ми е како некој женкар - папучар. Ма да и не е достоен еден бег за една принцеза.
    Само мое мислење :)
     
    На LudaDevojka и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    „Не со харемот, со светот ќе владеам“ и „Сулејман ќе стане мој роб“ не се слични на горнава изјава?
     
  19. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Тоа му е целта, сака од погледот да му се тресеш а од зборот да не знаеш кај да се скриеш ;) :D
     
  20. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Ајаз Паша умре по наредба на Шах која што му подметна девојка која е болна од чума за Ајаз Паша да се зарази и да испадни дека тој умрел од епидемијата. Шах тоа го направи со намера за Лутфи Паша да биде поставен на местото Главен Везир. Тоа се случи во истата епизода во која се врати Хурем од Едрене. Пред смртта на Ајаз Паша, од чума умре и Мустафа Паша. А наводната болест за која се зборува дека е болен Рустем не е чума (или куга на хрватски) туку тоа е грешка во преводот бидејќи се работи за лепра. Лутфи Паша му го соопшти тоа на Сулејман со цел да се спречи венчавката. Сето тоа беше план на Шах која доби писмо од Махидевран дека мора да направат нешто за да се спречи тој брак. Но за жал, планот не им успеа бидејќи Хурем му предложи на Сулејман да го испрати лекарот за лично да го прегледа Рустем. Лекарот беше да го прегледа и во косата на Рустем најде вошка која докажува дека Рустем е здрав бидејќи вошките бегале од болните од лепра. Таа вошка е подметната од Оливија (слугинка на Рустем) се со цел да се докажи дека тој е здрав. И потоа кога Рустем се упати кон Престолнината, на сред пат се соочува со нова смртоносна стапица направена од Шах при што кочијата во која тој патува експлодира
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.