Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски

    Погрешно сме се разбрале. :)
    Јас не прашав во смисла што е тоа куга, туку ме интересираше што ќе биде со Рустем паша и каква стапица Шахубан сега подготвува.
    Затоа прашав што е сега ова ?! Но, не за кугата туку за постапката на Лутфи Паша.
    :)

    Инаку ја видов сега и втората најава за 98 епизода...
    Да не знае некој дали на некоја од страниве е излезена со превод?
    Не ми се чека.
     
  2. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Каша попара ^ Другата те сфати погрешно, а ане.белла не ти објаснуваше тебе, само кажа дека куга е српски, чума македонски збор, што не е лошо сите да го знаат.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
  4. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Канал 5 и се е можно. Претпоставував дека ќе се случи ова уште кога најавија две нови серии. Барем нека не си играат мајтап со гледачите. Каша попара направија со сериите. А серијата Величествениот која е на највисоко ниво, Канал 5 ја уништија со нивната непрофесионалност. Како што ќе им текни така прават
     
  5. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Прва земја сме што сме само десетина епизода поназад од Турција и кога и да е, требаше да се случи ова.
     
  6. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Мене искрено многу ми е гајле и така одамна престанав да ја гледам серијата на тој глуп канал
    долго време си ја гледам серијата на нет со босански превод и ништо не ми фали супер ми е вака
    ах тој златен нет :* да не беше тој сеа ќе се изнервирав заради оваа информација погоре. |(
     
  7. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Јас го гледам Величествениот и на Канал 5 и на интернет ама ми е криво што Канал 5 ја уништија серијата со нивната непрофесионалност
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Не бе овие Канал 5 тераат мајтап со нас.Веќе ми се смачи од нивната непрофесионалност.Ја даваме,па не ја даваме.Ќе почнам серијава на нет да ја гледам од овие.Даваат "Работ на ножот" и "Украдени Сништа " несихноризирани ама за оваа серија не им текна бе и не им текна.Оваа Беличанец неможам да ја слушам како урла.
    Во врска со смрта на Ибрахим (доцнам,знам :$) бев и запрепастена и изненадена.Запрепастена бев од начинот на кој умре.Мислам освен што се умислуваше дека е султан исто така направи и добри работи за Султанот.Дефинитивно ова не беше соодветниот начин да го погуби.Колку само ми дојде жал кога го видов како се мачи ;(

    Хурем тим не ве предавам не :rofl:
     
  9. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
  10. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Сега ја видов најавата за 99 епизода. Михримах ќе се венча со Рустем :puke: Шахубан не успеа со нејзиниот план. Само едно не сватив, нели викаа дека Рустем имал лепра !? :?: Во најавата се појавува како ништо да не му е :o
    Инаку, значи Канал 5 -.- Си играат со нас, прават како што ќе им дојде |(
     
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/video/video.php?v=10151598712410042 најавата за 99...Михримах би требало да се радува дека ќе се венчава-но со околностите не е можно.Да беше ова со Јахја венчавката-не да плачи,ќе скока од радост...е са то ее...Рустем и Михримах не се баш најнај пар ама ајде са не ќе сменам нешто ако се противам :^)
    Иначе тој шо го нацртал ова значи немам зборови :clap:
     

    Прикачени фајлови:

    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Искрено мене не ми е криво што Михримах ќе се мажи за Рустем.
    Е сега пред да ме карате ќе ви кажам зошто:
    Михримах е Султанка - ќерка на Султан Сулејман и Хурем Султан. Таа е резултат на овие двајца луѓе
    кои се ем многу моќни ем многу интелегентни за среќа на Михримах се метна целата на нив, има земено по малку од паметот на двајцата. За мене од сите Султанки Михримах е најпаметната, ни Хурем ни Шах не можат да се споредат со неа и по памет и по моќ. Она како расте се попаметна е и поопасна
    (мислам дека во серијата има 14 години) Она ќе се мажи за Рустем за да и помогне на својата мајка.
    Да од почеток се противеше не сакаше ни да слушне за тоа ама тоа е затоа што мислеше дека има иднина со Бали беј кој никогаш нема да ја погледне како жена и она кога го сфати тоа донесе одлука и мислам дека паметно постапи. Нема она цел живот да се замара со бегот па кога веќе нема да се мажи од љубов барем ќе се мажи од корист со цел да си ги заштити и мајката и браќата. Таа е пожртвувана ќерка и сестра што мене ме прави да и се восхитувам на нејзината личност.
    Она ќе му биде жена на Рустем ама само на збор тие никогаш нема да бидат маж и жена во целосна смисла на зборот. Нели кај Муслиманите мажите го имаат тоа право да се разведат од жените повторувајќи ги три пати зборовите ’’Те разведувам’’ ама кај Султанките нивните мажи (Везирите) го немаат тоа право а и плус која будала би сакал да се разведе од Султанка? Поготово не Рустем кој умира по Михримах и би требало да биде задоволен само со тоа што ќе и биде официјален сопруг боље ќе му биде да не се надева на повише. А и Михримах нема да се замара со него туку ќе си го живее животот како што сака. Таа повеќе ќе биде со Сулејман него со Рустем и што може да прави пашата ништо, може само да си ќути и да трпи ;)
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    И јас на почетокот не можев да ја прифатам помислата за брак помеѓу Михримах и Рустем. Но, полека полека почнав да гледам од позитивната страна и дека од тоа зависи иднината на Хурем и Принцовите. И јас имав прочитано дека во историјата Михримах и Рустем не биле вистински маж и жена но изгледа дека во серијата нема да биди така. Конечно на сценаристот му текна една добра идеја со што ќе ја подобори содржината на серијата. Баш ме радува тоа што Михримах конечно ќе свати дека таа ја донела вистинската одлука за брак со Рустем и ќе свати дека не само нејзината мајка туку и таа самата ќе биде уште посилна и помоќна. Таа ќе биде оган од кој сите ќе се плашат. Ќе свати дека Рустем вистински ја сака а не како Бали Бег кој трча по венецијански жени. Верувале или не, Михримах и Рустем ќе имаат една ќерка. Можеби тие навистина ќе имаат среќен брак. Јас лично би сакала да се случи тоа бидејќи Михримах заслужи да биди среќна
     
  14. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Таа жена што ќе одбере да патува со татко и постојано него да седи дома со мажот и
    мене не ми асоцира на среќен брак но стварно би сакала да биде среќна со Рустем.
    Рустем можеби не е цвеќе за мирисање ама што се однесува за Михримах мислам дека стварно
    многу му значи, дека ја сака и би направил се за неа. Барем мене така ми изгледа пашата многу
    заљубен во неа.
     
  15. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Можеби така било во историјата но како што напишав и погоре изгледа дека во серијата Михримах ќе биде среќна со Рустем :)
     
  16. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Се надевам :worried: Покрај Хурем, Михримах ми е омилена од женските ликови.
     
  17. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    точно така,браво i...ja,конечно ја упрајвме работава :D
     
    На i...ja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Некој пиша погоре, Михримах моментално има 17 години.. тогаш се омажила за Рустем Паша кој инаку имал 39 години. Имале две деца, еден син и ќерка.. Инаку Михримах Султан цел свој живот го поминала патувајќи на походи со Султанот.. била исклучително интелегентна и моќна Султанка, што после смртта на мајка и татко и таја преку нејзиниот брат Султан Селим II раководела со Диванот, т.е. со светот. Таа била Валиде Султан на нејзиниот брат, и во тоа време била одговорна за сите политички пактови и договори кои ги склучила Османлиската империја со државите против кои војувала поради нејзината моќ да ги придобива странските дипломати. Очигледно дека Михримах не е прикажана во вистинско светло во серијата, неа животот не и се вртел околу љубовта.. таа била доста зрела за своите години и најважно пред се и била моќта и политиката, таа и самата знаела дека бракот со Рустем Паша бил голема предност пред се за неа и за династијата. Таа како и сите други принцези во династијата знаела дека е невозможен брак од љубов, и дека се е само политика. Серијата е сепак ИНСПИРИРАНА од историјата, така да не постои вистина за љубовта на Михримах, во историјата никаде не пиши дека таа била заљубена во некој бег. Бидејки пред се, нејзината титула на Султанка, ќерка на Султан не и дозволувала да има никаков контакт со пашите и беговите и воопшто со мажи од Сарајот и надвор, тоа би го рушело нејзиното достоинсто и достоинството на династијата. Сепак мислам дека имало многу строги правила на кои Султанките а пред се Принцезите морале да се придржуваат.
     
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.466
    Пол:
    Женски
    Серијава почнав да ја гледам надевајќи се дека ке видам нешто од историјата, и нешто поинакво од латино америчките и турските серии, ама ја изгуби смислата. Повеќе се прикажуваат интригите и сплетките во харемот отколку походите и политиката... Хурем ми беше и ми остана најодбивна, од проста причина што откако се појави само грди стапици прави, и наместо да си ги гледа децата она само се шуља по ходниците и дворовите , договара замки со паши, слуги, везири. Сите играат валкано, ама она не бира средства и мирна незнае да седи, мора да провоцира, да мести , да се наметнува.. Преку е со таа наивност која ја глуми пред Сулејман, демек се е она жртвата, а она сама всушност сценира се... Уште од почетокот јасно беше дека е султанка над султанките која роди 4 принца, ја имаше и љубовта на Сулејман, ама сите одоколу и пречат, само војува со некој. Сака сите да ги нема и нејзините деца да се единствени а она да владее со светот? И се гледа дека има такви амбиции, во неколку сцени кога Зумбуљ и збореше вие ќе владеете со светот, она се прчеше со убав и горд осмех, такада толку од нејзината наивност и од она дека Ибрахим е полош од неа. Султанка, а трча натаму-наваму, договара средби со сите, пушта аги да плашат и убиваат, девојките од харемот не ги рачунам- како предмети ги убиваат... А Сулејман?? Многу праведен, за оној пашата згреши, Ибрахим зошто се надминувал во фалењето го скина иако Ибрахим без мислење ќе го дадеше својот живот за него, Хурем го врти како мало дете... Не сакам да ги гледам епизодите кои следат, по она што ве прочитав, за смртта на Мустафа, грозно и жално, само местенки и интриги, наместо заслуга за тронот...Тапа.
     
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав најавата за 99 епизода.
    Колку моќна епизода ќе биде тоа!
    Рустем е поставен како четврти везир во диванот.
    Мехмед треба да биде испратен во провинција и тоа токму во Маниса.
    Но, за жал до заминувањето на Мустафа ќе се почека уште малку.

    Каков убиствен поглед упати Мустафа кога го виде Рустем како влегува кај султанот... :rock: и покрај тоа што сите мислеа дека е умрен.
    98 со превод ? :worried: