Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
  2. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Дали знаеш зошто !? :worried:
     
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Ејј толку ја чекав епизодата и нема да се имитува..аман .... :devil: :devil:
     
  4. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Мислам дека поради некој фудбалски натпревар кој се емитувал на друга турска програма и поради тоа не сакале да го изгубат високиот рејтинг на гледаност на 100 епизода
    Кога се емитувала некоја од претходните епизоди од Величествениот, а исто така се емитувал и фудбалски натпревар во истиот термин со серијата, за прв пат Величествениот не бил на прво место по рејтинг на гледаност и затоа причината е јасна зошто не ја емитуваа 100 епизода
     
    На Mahidevranfan му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Само што дознав дека поради психички проблеми, Хурем била итно испратена на лекување во болницата во Германија. Искрено не знам дали овие информации се точни затоа што јас пренесувам само тоа што прочитав на нет
     
  6. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.407
    Допаѓања:
    8.451
    Пол:
    Женски
    Фемини Султанот го гледав на нет и ги изгледав сите епизоди 99 имаше. Да незнаете кога ке стават нови?
     
  7. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Па мора да умрат кога серијата е за нивниот живот! :!:
     
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Колку е точно ова и мене не ми е баш јасно...
    Ако е така, се надевам дека не е нешто многу сериозно и дека Мерием ќе продолжи со снимањето.
    Инаку, голема е веројатноста ова да не е точно. :)

    Ќе можеш да ми дадеш линк од страната на која пишува ?
     
  9. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Информацијата е официјално потврдена и сега можеме да бидеме сигурни дека сето тоа е точно.
    Јас вчера тоа го прочитав на турска веб страна и текстот си го преведив на google translate.
    Денес гледам дека на повеќето македонски веб страни се пишува за таа информација
    http://tvpaket.com.mk/serii/2435-2013-05-24-12-25-26
    http://www.komunikacija.mk/poradi-psihi ... estveniot/
    http://denesen.mk/web/2013/05/24/zapre- ... -problemi/
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Офф топик денес ја запознав Сабина Ајрула, Афифе Хатун што ја игра :D
    Татко ми се знаел со неа, во Веро центар шетаме со татко ми, и оооп застанува да се поздрави со некоја, кога гледам Афифе Хатун :D
    Камерата и додава килограми, во живо е многу поубава :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Абе не за друго за Хурем криво некако ми е...жално што Хурем не го постигнала својот врв како што сакала со Мехмед да биди султан,а султан после Сулејман ќе биди Селим,кој колку шо знам е познат под името Селим Пијаницата :^)
     
  12. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека тоа беше фудбалскиот натпревар за купот на Турција со Фенербахче мислам дека беше :!:
     
  13. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Вака сега реално, и ние да бидеме во некоја странска држава да го научиме тој јазик од почеток да живееме во Хотел со години и да снимаме филмски проект каде нашето присуство е строго задолжително а излегуваш малку на воздух медиумите како будали по тебе трчаат да им дадеш интервју |(
    Па добро е што не полудела девојката туку е само во фаза на депресија и замор
    стварно има челични нерви браво :clap:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    И јас го мислам истото.
    При толкав стрес и напорна работи во непозната земја, се очекува блага депресија.
    Нормално е сето тоа, Мерием не е навикната на нивната култура и начин на живот.
    Во туѓа земја е и се и изгледа поинаку.
    Добро што не е нешто сериозно, туку се работи за замор и депресија. :)
    Ќе се продолжи со снимањето. ;)
     
    На Ana.N и Hurrem-Aleksandra им се допаѓа ова.
  15. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Mеријем и пред серијата била во депресија, самата го спомнува тоа во многу интервјуа. Tокму поканата за кастинг за хурем ја вратила назад во нормала. а барањата на целиот проект на серијалот секого би го исфрлиле од колосек, снимаат по цел ден, хурем има најмногу сцени и реплики....
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Е сега екипата нека си мисли, Без Мерием значи и другите актери кои што треба да снимаат сцени
    со неа ќе бидат истотака без работа (Ова највише важи за Зумбуљ и Фахрије за Сулејман и не толку)
    ама па им направи услуга и на актериве што ги глумат овие ликови и тие можат малку да земат воздух :D Ја сакам серијата ама па и тие многу ги малтретираат актерите па кај се можело по цел ден да се работи само |( ете го гледаме сега резултатот - паѓаат во депресија :x
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Па морало некако да и` се удрат од глава сите гадости кои ги имала направено. Како и на останатите што им се случило.
    Најмногу поради неправедно обвинување на Мустафа, кого султанот го уби без никаква вина, a претходно буквално го замрзе детето само затоа што е наследник на тронот.
    Додуша, правилата биле такви какви што биле, но правдата секогаш била иста. Kрвта отсекогаш носела крв.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Мустафа не е сигурен наследник на тронот. Туку е само еден од престолонаследниците.
    Буквално нема никава врска тоа што прв се родил.
    Тој не е единствениот наследник на тронот. Секогаш имало борба помеѓу наследниците.
    Сулејман не бил првиот принц, па седнал на тронот.
    Хурем не го замразила затоа што бил прв принц како што пишуваш ти, туку затоа што Мустафа навистина имал предиспозиции и голема подршка да седне на тронот. Само што поентата е во тоа што секаде се прикажува како Хурем го мразела Мустафа, а тоа дека Махидевран нешто правела... како се да се избришало и не останала ниту една трага. Мустафа бил најопасниот ривал на Мехмет.
    Мустафа бил интелигентен и Хурем мислела дека тој ќе успее да дојде на тронот. :)
    Се сложувам со тоа што го напиша, крвта со крв се плаќа.
    А што мислиш, кој е виновен за смртта на Мехмет ? Па секако дека Махидевран. :D
    Мехмет умрел. А подоцна и Хурем вратила со Мустафа.
    Јас мислам дека ако некој од нив двајцата (Мехмет или Мустафа) седнел на тронот ќе биле многу поинаку. А поготово, Мехмет затоа што татко му лично изјавил дека ја има неговата подршка и дека е најскладно да дојде до тронот. А многу е жално што во тоа време немало друго решение. Убиј додека не те убиле, затоа што само така ќе можеш да опстоиш. Сурово и гадно. Ама тоа е тоа.
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Сакав да пишам, но не бев сигурна дали информацијава е точна. Но штом потврди, да си кажам моја претпоставка.
    Не зборам дека е единствен, туку прв до тронот и најлегитимен до моментот на смртта.
    Туку што ми беше зборот, можеби баш поради овој факт погоре, Сулејман го фаворизирал Мехмет пред Мустафа. Можеби во него се гледал себеси и потсвесно сакал да се избори тој за тронот. За ова сметам дека голем придонес имал и фактот што бил прв син на жената која најмногу ја сакал и која му родила најмногу наследници (у тоа време едново идело со другото повеќе отколку денес :D ). Но, факт е дека му посакал смрт на едното свое дете, па му се вратило со најмилите - Мехмет и Џихангир ... тоа е.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bikk

    bikk Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2012
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8

    абее што измислувате никаде не пишува дека Махидеевран е виновна за смртта на Мехмет тој умрел од болестт,никој не знае како било во тоа време али има книги и според тоа е направен филмот,И за Мустафа пишува дека тој ги сакал неговите брака и никогаш не им наштетил но после смртта на Мехмед,Хурем знаела дека Мустафа ке биде наследник затоа без вина ке го наместат..тоа е тоа