Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Нема врска тоа што Хурем го родила Мехмет како нивно прво заедничко дете па затоа Султанот
    него го сакал највеќе. Затоа што освен Мустафа тој го убил и Бајазид, а Бајазид го родила Хурем
    а не Махидевран. Значи Принцовите немаат никаква врска со своите Мајки. Како се поставиле пред
    него така тој ги сакал.
    Еднаш кога Мехмед и Сулејман разговараа,Мехмет му кажа како Мустафа еден ден ќе биде
    соодветна замена за Сулејман (како Султан) а овој само направи една фаца како да не сака тој да биде негов наследник и му кажа дека на Престолот не мора да биде првиот Принц - Султан, туку најпаметниот Принц ќе биде тој што ќе го замени. Со еден збор му кажа: Сине слободно имаш дозвола да се бориш за твоето право да дојдеш после мене на власт.
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    ^ Да? Ја цело време мислев дека Селим го убил Б.
     
  3. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Селим си има свој удел во убиството на Бајазид, ама самиот Бајазид не ги почитувал Сулејман и Хурем
    идел контра со нив, бил тврдоглав (барем гледаме и во серија) и на Сулејман толку му фалеше го виде
    со исти очи со кои го гледал Мустафа и го скинал а не само него туку и неговите принцови
    (мислам дека Бајазид имал 4 принцови) истото го направил и со децата на Мустафа.
    (за секој случај, за после кога ќе пораснат да не се бунтуваат против него за убиството на нивните татковци и да не се обидат да дојдат на власт)
    Сулејман бил многу Суров и ладнокрвен кон свои одредени Принцови а некои па многу ги сакал
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Да и јас имам читнато дека Бајазид бил многу дрзок...Едноставно кога Сулејман ќе се налути неговиот сурат покажува како Не се расправај со мене-ќе ти се одмили животот
     
  5. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Исто така никогаш и никаде не пишува дека не бил отруен.. Во тоа време која е големата разлика меѓу болен и отруен? Таму се тровеле меѓу себе без престан. Што го видовме веќе неколку пати и во серијата, значи нема доказ дека Мехмет не е отруен, според мене бил отруен :bow:
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    За тие финеси што не се ни историски сосема познати, може само да си претпоставуваме :) но една работа што ми станува се` појасна е дека човечкиот живот не вредел ни петпари. Две-три, ќе убијат некого. Детето не слуша? На бесилка, ајдее. :D
     
    На simonna.a и Sara123 им се допаѓа ова.
  7. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Мене дури некогаш ептен криво ми паѓа тоа што секаде пишува дека Хурем е виновна за смртта на Мустафа, а за Махидевран ништо не се кажува :D Навистина ми паѓа криво.

    И сега не дека таа не замешала прсти во неговата смрт, ама па таа што и да направи ако султанот не одлучи нема бесилка.
    Криво ми е и тоа што не можам сега да си направам дури и една претпоставка дека Махидевран е виновна за смртта на Мехмет, одма ќе те нападнам како демек нема докази ( што е многу логично решение, затоа што друг одговор и нема )
    И Махидевран си ги имала гревовите. Пред неа биле уште две жени султанки и нивните деца се разболеле.
    Како да не, сите наследници се разболеле.

    И друго нешто, не ми е јасно зошто во серијава Махидевран не и се поклонува на Хурем ?
    Кога принцезата Изабела беше во палатата ќе и се поклонеше на Хурем и Хурем на неа.
     
    На Ana.N и tessie им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Оној кој многу постигнал секогаш боде очи, без разлика дали тоа го направил на повеќе или помалку суров начин. Мене би ме зачудило доколку не ја обвинуваат Хурем за одредени работи.
    Ја си претпоставувам дека и Махидевран има врска со смртта на Мехмет, а Хурем дефинитивно има врска со смртта на Мустафа, тоа веќе е јасно, преку помошта на Рустем нели ... злобни биле жениве, без исклучоци, факт, мислам животот покрај такви жени е како доброволно да се заробуваш во емотивна гасна комора, освен ако не си како нив.

    Мада тие постојани соништа на султанот, како Мустафа седи на тронот гледајќи го со омраза и ги убива сите останати говори многу за потсвесно личните причини на султанот. Колку и да сакал да биде праведен, се чувствува таа доза на антипатија и потсвесна омраза кон Мустафа. Штом му дал на Мехмет до знаење дека има право да се бори за тронот затоа што не победува најстариот туку најпаметниот, зошто тогаш не ја сонувал смртта на Мустафа со толкав страв. Во последно време, дали смената на сценаристот си го направи своето, ликот на Сулејман го направија олош, подол лицемер од кој дури и Хурем (доколку би имало некогаш повод за тоа) би требало да се плаши.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Ликот на Сулејман е многу променет не е истиот како порано. Мислам нормално времињата се менуваат а зошто не и луѓето, ама па некако и мене не ми се допаѓа оваа негова промена.
    Да му се плукнам у паметот на тој ’’паметниот’’ сценарист ааааааааааааааа преку глава ми е веќе од него па ми го уништи еден од омилените личности во серијата :@ Леле само ако ми го расипе и Мехмет готово ја ќе се откажам од серијата Збогум Адиос засекогаш. Да не ни се ни осмели да ми го пипне Принцот мој најмил (што се тиче понашај и дела) Хурем одамна ми ја направи за никаде |( Абе ало таа жена била многу интелегентна а види како ја направиле во серијава да се служи со ефтини трикови :puke: Понекад и мене Хурем ми доаѓа преку глава со некои нејзини неинтелегентни потези. А видете ја Шах, вистински достоен противник според мене Хурем би требало да биде како неа паметна а не ваква како што е сега.
    Очигледно е дека турците ја мразат оваа Султанка и ја покажуваат во такво светло ццц :swear:
     
  10. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    ^ Па нормално дека не ја сакаат една христијанска робинка управувала со нивниот Султан :)
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    а добро, заврши серијава на канал 5?? може некој да ми даде линк за онлајн да ја гледам, не ги гледав последните епизоди :(
     
  12. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Само да видите какви глупости изнакажа сценаристот во последното негово интервју |( (не памтам точно каде го прочитав, инаку ќе ви го пуштев)
    Кога му го поставија прашањето "Дали често внесувате своја фантазија во серијата" тој одговара "Да, без фантазија оваа серија не би била возможна"
    И јас мислам дека серијата не би била возможна без фантазија, ама овој ја претера и тоа премногу. Сценаристот е тотално забеган. Тој се наоѓа на една раскрсница и не знае по кој пат да тргни. Јас едно не можам да сватам - Како продукцијата дозволила Јилмаз Шахин да биде сценаристот на Величествениот. Оваа трета сезона многу поинаку ја чувствувам од претходните две. Ги гледам епизодите од првата и втората сезона и навистина ми недостигаат тие епизоди и некој од ликовите - на пример, Величествената.
    Третата сезона едноставно го нема тој сјај што го имаше во претходните две сезони.
    Што е прикажано во третата сезона? - 12 непотребни епизоди поминати со Фирузе? Труењето на Сулејман? Смртта на Ибрахим? Епизодите во кои Шах работи против Хурем? Протерувањето на Хурем? 50 атентати направени врз Хурем? Сето тоа ми е толку мрачно. Кога гледам се наоѓам како тунел во кој нема светло. Во што ли се претвори серијата Величествениот која беше под водство на Мерал Окај?
     
  13. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Глуп сценарист :puke: :puke: :puke:

    Ја поубава и поквалитетна содржина ќе и напишев на серијава него тој со неговото идиотско фантазирање и ете до кај ја доведе :x

    Мерал Окај го гледаш ли ова? ГО ГЛЕДАШ ЛИ!!!!!!!!!!!!!!!!!?
     
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Gledav do 91 epizoda, edvaj cekav da izleze nova za da gledam.
    Ama mnoooogu pocnaa da go tupat, se' edno te isto, mi se zdosadi I se otkazav.
    I ne mozev vekje da se nerviram so glupata Hatidze, pa uste I Shah sultan falese, taa kapak bese. |(
     
  15. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Лелеееее...Абе овие ненормални биле...Во Турција веќе се бара замена за Хурем...Новата, потенцијална Хурем би можело да биде оваа :x

    http://www.f5haber.com/magazin/yeni-hurrem-kim-olacak-iste-1-numali-aday-haberi-2363/
     

    Прикачени фајлови:

  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Швалерката на стариот од Девојката која ја сакав? :D Ха, ха...може и ќе го замени темпераментот на Мејрем...
     
  17. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Останав без коментар... :swear:
     
  18. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува ако ја сменат јас нема да гледам Величествениот :@ :@ :@ :@ :@
     
  19. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    ПРЕТЕРИЗАМ!!!
    Е само Хурем ако ми ја чепнат нема да гледам повеќе па аман веќе кај ги расипаа сите ликови па уште да ги сменат :@ |(
    -.-
     
  20. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Бујрум нека ја сменат Мерием ама гледачи веќе нема да имаат ;)
     
    На kate-pp и babyblond им се допаѓа ова.