Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Махидевран не е меѓу оние кои ќе умрат во четвртата сезона :D
     
  2. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Изгледа дека таму не е точно напишано. Види на овој линк, тука е точно напишано :)
    http://en.wikipedia.org/wiki/Ayşe_Hafsa_Sultan

    Речиси сите ликови ќе умрат во четвртата сезона ;( Само Михримах, Селим и Махидевран ќе преживеат
    Махидевран ќе има потешка казна од смртта. Таа ќе живее долго, но цел остаток од животот ќе го помине во маки, страдања и сиромаштија (така било во историјата, но не знам дали така ќе биде и во серијата)
     
    На Petunia-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека по смртта на мајка му, Селим од почит како кон сопруга на неговиот татко редовно ќе ја помагал Махи.
     
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    и јас за тоа знам...
    Махи си уживала (во наводници),но сепак Селим од почит ја издржувал,односно и’ помагал од почит мислам кон брат му Мустафа и почит кон татко му Сулејман,дека таа нели му беше како сопруга нешто-султанка ова она на Суљо... :^)
    ете така... :)
    Малку настрана од темава...читав за Махпејкер или Косем султан.Имав гледано и филм...дали знае некоја од вас нешто + информации за неа?Така се заинтересирав... :!:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Јас мислам дека тоа повеќе за почит кон брат му Мустафа како најстар брат па ќе ја издржува мајка му иначе не уживала во раскош туку и давал онака колку да не е на улица, важно за јадење имала :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    [​IMG]
    [​IMG]

    Махпејкер/Кошем Хасеки Султан била една од најмоќните и највлијателни султанки после Хурем Хасеки Султан. Имала грчко потекло, се викала Анастасија, инаку била венчана султана на Султанот Ахмед I, мајка на султаните Мурад IV и Ибрахим I. Била една од најмоќните султанки затоа што таа управувала со царството сама, и била Валиdе султан на нејзините синови Султанот Мурад IV, и Ибрахим I. Управувала сама со царството затоа што кога нејзиниот прв син Мурад станал султан бил многу млад, а по неговата смрт тронот го наследил неговиот брат Ибрахим кој бил душевно болен и исто така не можел да управува со империјата.
    Таа го водела и диванот, ги држела советите од позади завеса.. (нели жените било забрането да седат покрај мажи, особено султанките). По смррта на нејзиниот син, султанот Ибрахим кој бил убиен поради заговор од главниот муфтија, Косем Султан го прогласила за султан нејзиниот внук Мехмед IV, кој исто така бил малолетен. И таа повторно владеела со царството. Но тука започнало ривалството помеѓу неа и мајката на нејзиниот внук, Хатиче Турхан Султан која наредила Косем Султан да биде убиена поради што планирала да го тргне од престолот нејзиниот внук.
    Како една од највлијателните и најмоќни султанки во историјата, Косем Султан имала многу неславна смрт, била задавена со јаже од страна на дворската стража.
     
    На simonna.a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Шознам...јас искрено имам некој филинг дека таа и не живеела толку лошо... ко шо у историјата таа е бранета и претставена ко тутурутка која ниедна интрига не направила, а најблиску до повредување на некого била кога ја натепала Хурем. Некако претставена ми е историски од аспект на сожалување за разлика од Хурем што во очите на многу ствара и отпор кон ликот на Хурем, па затоа ваквиве историски тврдења ми се дискутабилни.

    Само интригите на Хурем се први на тапет, дали со факти поткрепени дали како шпекулации...
    А не верувам дека таа била единствена жена која се поставила на таков начин.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Откако умре Мустафа (1553) Махи изгуби и статус и све, некогаш била султанка а после туку така стана никој и ништо како никогаш да не била дел од животот на Сулејман. Тој и така веќе одамна се откажал од неа кога дошла Хурем само за неа очи имал, и никогаш не и го заборави тоа на Махидевран што ја нападна Хурем и нели ја прогонил засекогаш. Тој ако сакал после смртта на Мустафа можел некако да ја обезбеди (како што подоцна Селим го направил тоа) ама не, Сулејман не мрднал со прст за нејзе ја оставил така да умре од глад и сиромаштија едноставно многу му било гајле што ќе се деси со неа, таа била последната за која би направил нешто.
    Е значи од 1553 Махидевран водела многу беден живот била на најниското ниво од сиромашниот живот
    едвај преживувала од ден на ден затоа што немала од никаде приходи, немала ни една паричка жената.
    е после многу години нејзините последни години од животот (таа умре во 1581) да речеме едно 3-4 години земала мал надомест како еден вид пензија кој Селим и го давал за да ја извлече од бедата.

    1581-4 = 1577 (еве да речеме од оваа година почнала да земе пензија)
    1577-1553 = 24 (год кога почна да живее во сиромаштија до год од кога почна да земе пари) поминале 24 години. Ова е една проста пресметка од прилика да видиме колку год живеела во лоши услови а тоа се 24 години во беда и мислам дека не е малку.

    И tessie биди сигурна дека Хурем не била единствената која се служела со разни трикови, биле многу
    ама ете Хурем дека им била трн на око на сите нејзе највише ја прават како ѓавол жена кога уствари
    сите жени во тоа време правеле разни малверзации иначе како ќе успееле да живеат во тој раскош и убавина во тоа огромно богатство и привилегиите кои им ги носел статусот.
    Никој ама баш никој не бил светец у тоа време, напротив кој од кого полош бил |(
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Ве читам и не можам да се доначудам :D како можете да тврдите како живеела Махидевран дали во беда или сиромаштија толку години,како да сте виделе со свои очи дека така било :lol: не е можно една долгогодишна султанка со големи приходи што примала долги години одеднаш да остане без ништо и да живее во беда! јес дека го изгубила статусот султанка со смрта на Мустафа,ама да ја прикажувате како бедува и питачи на улица не ми е ок ,секако логички е дека имала пари од текот на долго годишните примања..Не сум ни за Махи ни за Хурем ама се иритирам кога за се е во ред Хурем а Махи е нападната :D и еден добро намерен совет не нбавлегувајте толку девојки,оти додека да се емитува филмот не знаевте ни дека Хурем постои ни Сулејман никој ,сега сте опседнати 24 h со нив :lol:
     
    На Danilela и ikame им се допаѓа ова.
  10. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Да бе, и јас ве читам и не можам да ве разберам и да се доначудам :D ем не сте дочитани ем се буните еве ти ај прочитај го ова линкче па да се информираш малку
    (почни од The Lаst Concunine of the Provinces: Mahidevran Khatun до The age of the favorite 1520-1566)
    http://books.google.mk/books?id=L6-...=onepage&q=mahidevran sultan biography&f=true
    на крај ќе прочиташ дека била понесреќна од своите претходнички (значи тие што родиле принцови ама им умреле) и што се не и донело смртта на синот. Не можела да плати ќирија за куќата во која престојувала а пак нејзините слугинки што биле беа ограбени на пазарите и после со што ќе им платела Махидевран, со воздух? |( Значи можно е да остане без ништо и да живее во беда затоа што се што поседувала било одземено после смртта на Мустафа.
    Ете гледаш сега зошто тврдиме дека било така.
    И зошто си ти толку сигурна дека пред да го емитуваат филмот не знаевме за Хурем и Сулејман како да си не видела со свои очи :lol: Може има некој од нас што сакаат историја (како на пр. јас) и сакаат да дискутираат на вакви теми иако не целосно ама сепак поврзани со историски делови.
    И пред да не навредиш дека сме ‘‘опседнати со нив 24 часа‘‘ не ќе биде лошо ако прочиташ нешто па да ни го кажеш тоа :)
     
    На simonna.a, Petunia-Queen, Ana.N и 2 други им се допаѓа ова.
  11. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Не знам зошто на некој му смета кога неко се интересира за нешто, како тоа да е погрешно.
    Секој има нешто во животот што го фасцинира и сака да открива повеќе за тоа, темата е таа.. Величествениот век, историска драма според вистински настани.. нормално е да се интересираме за вистинските ликови, како живееле.. да не интересира нивниот живот и не знам зошто на некој му пречи тоа, ако му пречи слободно нека не пребарува, нека не чита и нема што да ги осудува оние кои тоа ги интересира.
    Мене лично посебно ме фасцинира тој период кога постоеле харемите, ме интересира животот на жените во нив.. затоа што пред се за тоа многу малку се знае, тоа тогаш било табу тема и не смеело да се зборува за нив, и за ништо поврзано со нив.
    Ова што го дискутираме се само претпоставки затоа што никаде не постојат точни записи како навистина живееле вистинските султанки.
    Што се однесува до Махидевран Хасеки Султан, таа инаку според многу извори била Албанска принцеза се викала Бахар, и била ќерка на Принцот Беслинеи Канукович. На султанот Сулејман му родила 2 принца и 1 принцеза, Ахмед, Разие и Мустафа од кои само Мустафа преживеал.
    По неговата смрт таа живеела во старата палата во Бурса, живеела сиромашно затоа што по смртта на Мустафа најверојатно е дека и биле одземни сите имоти.. тоа било праволо, како што се случи и по смртта на Ибрахим паша, цела негова имовина му припаѓа на царството.
    По смртта на Хурем Султан, кога на тронот дошол нејзиниот син Султан Селим II, тој испраќал сретства на Махидевран Султан и се грижел за неа до нејзината смрт. Таа била погребана во мавзолеумот на Принцот Мустафа.
    Тоа докажува дека во тогашно време жените можеле да опстанат само доколку имале Принцеви, поинаку не би живееле во таков раскош.. Тие добивале плати, исто како и пашите.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На simonna.a, cvetce93, Petunia-Queen и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Е со вакви луѓе сакам да зборам на темава со информирани а не оние што се бунат без претходно поткрепени докази и да ни префрлат еве демек све Хурем е најдобра а другите сите лоши и плукаме
    по нив како ни текне |( јас само го тврдам тоа што секаде може да се прочита истото дека Махидевран била сиромашна и живеела во беда како да е нешто срамно да сум кажала.
     
    На tessie, untouchableGirl и Petunia-Queen им се допаѓа ова.
  13. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Лично многу сум разочарана од новава Хурем, не ја личи да биде султанка, се знае кој ја имаше појавата Хасеки Хурем Султан.. Една е Мерием :lol:
     
    На tea4e, simonna.a, untouchableGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  14. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Е ова е султанка!
    Михримах султан-иста Хурем :emo:
    http://bit.ly/1c4109m
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    За сите носталгични моментално на Канал 5 ги даваат репризите ^_^
     
  16. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Мерием потпишала договор за улога во друга серија :o
     
  17. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    турска серија или германска?
     
  18. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Не знам :/
     
  19. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
  20. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    DreamAngel знаеш некои информации за таа Хурбану Султан или како и да се вика? Ме заинтересира многу, а гледам ти си прочитала помеќе книги и знаеш повеќе! :)