Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Мустафа нели имаше уште едно дете ? :?:
     
  2. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    Да, ама умре од сипаници! :wasntme:

    Инаку се избинувам во мојот претходен пост имам пишано Хурбану место Нурбану! :$
     
  3. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    [​IMG]
    [​IMG]

    Родена како Сесилија Вениер-Бафо, таа била ќерка на венецијанецот Николо Вениер господар на островот Парос.. , и внука на познатиот Доџ Себастиано Вениер. Таа била грабната од страна на османлиите кога тие го освоиле островот каде што таа живеела и била родена.
    На 12 години била одведена во харемот на Принцот Селим како поклон.
    Таму таа го добила името Афифе Нурбану, името Нурбану во превод би зналечо „голема љубов“, и го дал самиот Принц Селим кој се заљубил во неа штом ја видел и одлучил таа да биде мајката на неговите принцови.
    Нурбану Султан била позната по својата убавина и интелегенција што претставувала голема конкуренција на Хасеки Хурем Султан која во тој период имала голема моќ и влијание поради што соработувала заедно со Големиот везир - Дамат Рустем Паша.
    Нурбану Султан станала омилена конкубина на Принцот Селим, имале три ќерки и еден син Мурад III кој го наследил Селим II после неговата смрт.
    Кога Селим го наследил тронот тој бил познат по својата незаинтересираност во водењето на империјата, и поради тоа поголемата власт припаднала на Хасеки Нурбану Султан, таа била прогласена за раководител на харемот, и соработувала заедно со Главниот везир Мехмед Паша Соколович кој бил познат во историјата како еден од најмоќните и највлијателни везири.
    Таа имала многу влијателен соперник во харемот, тоа била Михримах Султан која за време на владеењето на Султанот Селим II била Валиде султана. Сепак таа немала голема моќ бидејки Рустем Паша умрел 5 години пред доаѓањето на Селим на власт. Така да цела моќ во харемот и државата му припаднала на Хасеки Нурбану Султан.
    Овој период кога жените владееле со државата, бил познат како „Султанат на жените“, го започнала Хасеки Хурем Султан, а Нурбану Султан била една од нејзините наследнички.
    За време на владеењето на Султанот Селим, кој бил познат како „пијаницата“, Нурбану Султан ги водела државните работи меѓу кои таа склучила и бројни договори за мир со венецијанците.
    По смртта на Султанот Селим, таа станала Валиде Султан на нејзиниот син Султан Мурад III.
    Умрела на 58 години и била погребана во мавзолеумот на Султанот Селим II.
     
    На Petunia-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Да, тоа беше од Фатма, ама сега мислам дека има уште една ќерка од таму некоја си робинка Ајше :?:
     
  5. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Мехмед Паша Соколовиќ бил Голем везир на Османлиската империја во периодот од 1565 до 1579 година.

    Мехмед бил роден во Соколовичи во близина на денешно Рудо од српски родители. Тој потекнувал од скромно овчарско семејство а неговото презиме било добиено според местото на неговото раѓање. Неговото родено име било Бајица а неговиот татко се викал Димитрије. Тој имал двајца браќа и една сестра, како и најмалку еден чичко. Во 1516 година по османлиската експедиција за зимање на деца како дел од девширме бил соберен и идниот визер.
    Тој го прифатил името Мехмед и најпрвин престојувал во Едрене а подоцна во Константинопол каде го добил своето образование во Топкапи сарај. Во март 1535 година Мехмед бил испратен во Багдад заедно со Искендер Челебија. По егзекуцијата на Искендер тој се вратил во престолнината. Зборувал турски, српско-хрватски, персиски, арапски, италијански и латински.
    Мехмед учествувал во Мохачката битка во 1526 година и во опсадата на Виена. Во 1546 година на Хајредин Барбароса загинал, а Мехмед бил назначен за негов наследник. Со таа улога бил во поморската експедиција во денешна Либија. За време на неговата петгодишна кариера на оваа позиција, Мехмед паша значително ја подобрил османлиската флота.
    Во 1551 година станал берлејбеј на Румелија со седиште во Софија. Во јуни 1565 година е назначен од султан Сулејман I (1520-1566) за голем везир, а при управувањето на неговиот син Селим II (1566-1574) власта во целина била управувана од него бидејќи султанот не се грижел за ова. Се оженил со Есмихан султан, ќерка на султанот Селим II.
    Селим II починал на 12 декември 1574 година а неговиот син станал султан Мурат III (1574-1595), кој исто така не пројавил интерес за државните дела, но за разлика од својот татко тој немал таква доверба кон Соколовиќ, чие влијание и власт започнале да слабеат, иако ја задржил функцијата на голем везир.
    На 11 октомври 1579 година во Цариград големиот везир бил нападнат од дервиш и убиен.

    Ме интересираше, па малку побарав низ интернет :$
     

    Прикачени фајлови:

    На Petunia-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    па баш интересно...јас пак си зедов да ја читам книгата од Колин Фалконер-Султановиот харем..историска белетристика за харемот на Сулејман... :)
    Иначе султанат на жените е период од 130 години од историјата на Отоманската Империја кога жените во харемот имале голема улога во креирањето на политиката на земјата. Овој период започнал во времето на Сулејман Величествениот кога се оженил со Хасеки Хурем султан или позната како Рокселана. Други жени кои имале голема улога во управувањето на империјата биле Нурбану султан-сопруга на Селим II и мајка на Мурат III(која ќе ја видиме во четвртата сезона од серијата Величествениот век), Косем султан или некаде позната како Махпејкер султан,како сопруга на Ахмед I и мајка на Мурат IV и Ибрахим I, и Турхан Хатиџе султан како сопруга на Ибрахим I и мајка на Мехмед IV.:^)
    [​IMG]
     
    На Petunia-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    Мислам дека ќерката живее :D
     
  8. Meli20

    Meli20 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    здраво позз до сите ја сакам да ве прашам дали знае некој на интернет Величествениот век мозе да се гледа на интернет на македонски јазик
     
  9. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Не сакам да те разочарам ама мислам дека може да ја гледаш само со босански превод
    а содржината на епизодата можеш да ја прочиташ на македонски, имаше една страна
    ама не ми текнува сега на неа како и беше линкот може некоја феминка ќе ја сподели пак
    или пак можеш да одиш неколку страници назад и ќе ја најдеш сигурно.

    таа е истата страница каде што се спојлерите за 4-та сезона
     
    На Meli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elence192

    elence192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Оваа серија и сите други турски серии може да ги гледате на Natabanu.com таму ги има со убав превод , а посебно Султан Сулејман ја ставаат одма штом ќе излезе на турските телевизии. Јас одсекогаш ја гледам на таа страна , најдобра е !!!!!! :)
     
  11. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Сето ова ќе се случува во 4-та сезона? :o :o
    Не сум баш во тек... :?:
    А која е Фатма Султан? Од каде испадна сестра на Суљо? :^)
     
  12. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Мислам дека Фатма не постоела во историјата, ама режисерот за да ја докрајчи серијата, сакал малку да ја смени историјата :emo:
     
    На tea4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    немам слушнато за Фатма султан....иначе сето ова ќе биде во последната сезона односно четвртата сезона.. ;)
     
    На tea4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    ^ Фатма Султан постоела и му била полусестра на Сулејман
    Еве ги сите деца на Селим I само Хатиџе,Бејхан и Шах се од Величествената (Ајше Хафса султан)
    Suleiman I
    Şehzade Orhan
    Şehzade Musa
    Şehzade Korkut
    Hatice Sultan
    Beyhan Sultan
    Şah Sultan
    Fatma Sultan
     
    На tea4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    истражив на википедија и само на турски имаше и барав превод и дознав дека Фатма Султан
    била родена во Трабзон 1500 година.Таа била дете на Ајше Хафса Султан и Селим Први,значи сестра на Сулејман.(така пиши овде https://tr.wikipedia.org/wiki/Fatma_Sultan(I.Selim'in_Kızı) ама пиши дека информацијата е непроверена,па истражив кај нејзиниот сопруг,таму пиши само дека Фатма султан-ќерката на Селим Први е негова сопруга).Омажена за Кара Ахмед Паша.Таа му беше непријател на Хурем по повод смртта на Мустафа.Таа сакаше нејзиниот сопруг да биде голем везир.Тој бил удавен од наредба на Хурем и Фатма Султан почина 1570 година во Истанбул.
    Иначе вака изгледала Шах султан
    [​IMG]
    Ако најдете нешто за Фатма султан би било интересно да знаеме која била таа... :!:
     
    На tea4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Да те поправам, ова е слика на Ајше Хафса Султан, мајката на Султан Сулејман.

    Што се однесува до Фатма Султан, во историјата се познати две султанки по име Фатма кои живееле во тој период. Едната е ќерка на Султанот Селим II (познат како „пијаницата“ иначе синот на Сулејман) и Нурбану Султан, а другата Фатма Султан била жена на Принцот Бејазид која му родила 5 деца, тие сите заедно биле погубени по наредба на Сулејман.
    Е сега, Фатма Султан (ќерката на Селим II) била родена 1548, а другата Фатма Султан (жената на Бејазид) била родена 1530.
    Инаку Ајше Хафса Султан немала ќерка по име Фатма, ги имала само Хатиџе, Шах, Бејхан и Сулејман.
    Можно е таа да е ќерка на другата жена на Султанот Селим I (таткото на Сулејман) која инаку се викала исто Ајше.. за неа се мисли дека е вистинската мајка на Сулејман која умрела по неговото раѓање а Ајше Хафса Султан како главна жена на Султанот Селим I го прифатила како свој син.
    Ова информација не е баш точно проверена.
     
    На untouchableGirl и tea4e им се допаѓа ова.
  17. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    https://tr.wikipedia.org/wiki/I._Selim

    После текстот за Селим I, во делот за Eşleri пишува дека Ајше му е сопруга а понатаму му ги пишува децата..Меѓу нив е и Фатма Султан :?:
     
  18. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Луѓе значи не знам како да ви објаснам, не ги верувајте информациите од Виикипедија..
    еве пример, влези во биографијата на Ayse Hafsa Sultan на турски.. пишува дека имала 4 деца..
    а влези во биографијата на англиски ги има 8 .. |(

    Во историјата постои друга жена на Селим I, по име Ајше.. за неа се знае дека му родила ќерка по име Фатма Султан.. не е оваа Ајше Хафса која била крмска принцеза, инаку за таа Ајше се мисли дека му е вистинска мајка и на Сулејман.. пишува во многу книги на историчари.. не во балетристики во кој си пишат шо ке му текни, меѓу кој спаѓа и серијава..
    Ако гледаме така, постојат многу работи кои во серијата се изоставени, на пример има многу записи дека првата жена на Сулејман се викала Фулане Хатун и таа му родила еден принц по име Махмуд.. кој умрел млад. После неа била Махидевран му родила три деца, Разие, Ахмед и Мустафа...
    а веќе потоа Ѓулфем му го родила принцот Мурад во 1521.. во иста година тој починал а потоа Хурем Султан го родила Мехмед.
    Така да не се потпирајте многу на Википедија, таму секој пишува како што нему му одговара.. и што се однесува до серијава, веќе сфативме дека многу ликови и случки се уфрлени по имагинација на сценариото а според историјата. ;)
     
    На untouchableGirl и Hurrem-Aleksandra им се допаѓа ова.
  19. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Затоа и го ставив знакчето „ :?: “, не бев сигурна..
     
  20. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски