Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Хурем стана стара баба. |(




    Џан Атеш: Ставете милион долари пред Мерјем од едната страна и еден куп од рози и комплименти од другата страна и јас ве уверувам дека таа ќе го избере второто. Мерјем не е заинтересирана за пари или слава. Таа секогаш вели: “Јас имам само еден живот и јас не сакам да го уништам”
    :?:
     

    Прикачени фајлови:

  2. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Иначе, сигурна сум дека Мерием не го рекла тоа со лоша намера.
    Па нормално веќе и таа незнае што да прави, ја збудалеа, жената си имала проблеми, а тие се инатат „НЕ Е БОЛНА, ПАРИ САКА!“. Не ги поддржувам ни Мерием ни тимот, само сакам да кажам дека сите претераа. Па и тие ја навредуваат неа, жената стварно е болна, а тие мислат дека и е за парите -.-
    А Мете баш е убав, го личи... ♥
     
  3. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ana.N

    Немаш појма колку добро си го напишала ова!
    Немаш поим! :o Колку само се сложувам со тебе.
    Мерием навистина претера и премногу ме разочара.
    Тоа значи прегазување на сите нејзини фанови кои беа/се спремни да направат се што е во нивна моќ. Колку само жално испадна спрема нас, нас никој не може да не разбере.
    Се чувствувам толку изневерено, светот ми се сруши.
    Наеднаш исчезна и она во кое верував. Се разочарав и од личноста која што ја фаворизирав.
    И што сега ? Колку е ова фер спрема мене ?
    Јас мислам дека ништо немаше да и фали на Мерием ако доснимаше уште една сезона, како професионален актер треба да знае дека ништо не треба да и застане на патот, нејзина обврска беше да го доврши она што го започна.

    Крајно разочарана.
    Никогаш нема да го преболам тоа што заради одредени х причини останав лишена од задоволството да ја погледам приказната за мојата омилена историска личност од било кое време. Со помош на Мерием ја засакав Хурем, а сега Мерием постапи многу неодговорно. Барем да видев како Хурем Султан заспива во вечен сон а до неа лежи нејзиниот маж/султан/роб кој вечно ја сакал.

    Не знам што да кажам...

    П.с. Да се надоврзам со постовите погоре...
    Ај ве молам објаснете ми дали само тоа Мерием имала проблеми и дали само она снимала толку, дали само Мерием била окупирана со работа, а на другите лесно им било и воопшто не се жалат?
    Кога ќе прифатиш таков огромен проект треба да си професионално спремен и подготвен за да вложиш многу труд во она што го работиш. Најверојатно славата што ја доби си го направи своето...

    Едит : Еве кој ме потсети на омилениот и убиениот Ибрахим Паша. :doh:
     
    На Ana.N му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    И јас сум многу разочарана и се прашувам зошто мораше да се случи ова баш со ликот со кој бев толку многу приврзана. Низ какви се не препреки помина оваа серија и на крај се случи тоа што никој не го очекуваше. Навистина никој не очекуваше вакво нешто од Мерием бидејќи сите ја замислуваа како поинаква личност според сите нејзини интервјуа во кои јас се сеќавам дека еднаш кажа дека се чувствува величествено во облеката, фризурите, накитот кои се наменети за снимање. Во друго интервју кажа дека во четвртата сезона планира да ја смени бојата на косата бидејќи ликот на Хурем ќе биди потполно различен од другите сезони, но сега сето тоа исчезна. Значи не била таква личност како што таа се претставуваше и каква што ние ја замислувавме.
     
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Абе девојки оладете малку што се напрегнувате толку,па ништо не докажал никој како е што е до септември има време,може се да е само некој трик :D до септември не Мерием, Мерлин Монро може да се појави :lol: ве читам и се чудам сте се запнале како Мерием да е безгрешна,и да мора вас да ви служи да ви глуми додека ви одговара на вас,па сигурно жената си има свои причини да ве напушти не е незаменлива :) еден пријателски совет,никој нека не ме сваќа погрешно ;)
     
  6. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    Кога ќе ти скокнат сега :D Како и обично стандардните ликови
     
  7. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Пардон, Сара, јас не реков дека ја бранам, да не се повторувам сто пати. Лоша постапка и од двете страни, можеби тоа го кажала во момент на нервоза, ама ја претераа сите и Мерием и продуцентот, едноставно напнаа. -.- И се согласувам со твојата критика.
    Јас Мерием ја сакам така како личност добра е навистина, сигурна сум дека и таа си ја сфаќа грешката, сите сме луѓе и сите грешиме. :emo:
    Од една страна е во право, а од една не.
    Добро: Во право е дека епизодите треба да траат малку пократко, измачувачки е, не само за неа туку и за сите колеги нејзини. :!:
    Лошо: Не требало тоа да го кажи пред сите и тоа баш на доделувањето на награди, испаднала премногу дрска и предизвикала одбивност кај обожавателите, можела насамо да разговара со тимот, не требало ни така да постапи и да му ја летне без никаква најава дека ќе си оди. Подобро ќе било да кажела „Не сакам повеќе“ одколку вака. ;) :angel:
    Јас би сакала (а кој не би сакал?!) Да се врати Мерием и се’ да си продолжи по старо.
    Се чудам само како најгледаната серија стаса до овде, до распаѓање. |(
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Добар е Мете, класичен тип на убавина има, може да помине за историски лик, но зошто баш Селим?
    Како што знам Селим бил плав, а овој и да го исфарбаат не знам како ќе го личи... а може и да му стои со оглед на тоа што има понежни црти (или како што викам јас женска убавина).

    Ај времето ќе покаже...

    А за актеркава (Вахиде), верувам дека е добра и искусна (инаку сигурно не би ја ставиле пред ваков предизвик да заменува толку влијателен актер кој побудил толку симпатии) и верувам дека со тек на време негативните реакции ќе се стишаат. И им го поздравувам потегот што ја смениле. Никој не е незаменлив и не е Господ. Уметноста е само 5% талент а 95% труд и верувам дека со голем труд ќе се вклопи таму каде што треба да се вклопи.

    Искрено мене дрсково понашање на Мерием ми наликува на она на некои наши гастербајтери кои кога ќе си дојдат дома се лупаат во гради за тоа колку вредат и поставуваат невозможни услови креваат нос, се праат хитни и битни, а таму во туѓина предат како мачиња и не смеат да писнат и кога им викаат дека не вредат ни пет пари викаат „да, така е и бетер е“.

    А за епизодите, не е само Величенствениот, од сите серии епизодите си траат подолго бидејќи се даваат еднаш неделно. А госпожата да ми извини не е единствена која работи шест дена во неделата по цел ден и не и` е толку напорно. Не и` се мали хонорарите, некој цел работен век со тоа темпо не заработува толку. А камо да беа само хонорарите. А подароците? А рекламите кои да не беше серијава немаше да сонува да ги снима? А тоа што се цел ден на All Inclusive третман на работно место? Си ја дигнала вредноста, знаете како оние „вујче од Америка“ стереотипи. Или како самиот лик Хурем кога за Изабела рече дека била „неверник“. :lol: E тоа е ова, по нашки речено „нашло па зашло“.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Meli20

    Meli20 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    a kako se vika novata hurem (vistinsko ime)???
     
  10. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    ^ Vahide Gördüm
     
  11. Meli20

    Meli20 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    ova serija e navistina dobra koja e povrzana od istorijata da mozebi e loso sto gi menuvat likovite toa sto zamina meriem dojde druga jas mislam deka mozele poubava da najdat hurem vsusnost ova ne odgovara mnogu kazete dali e taka :(
     
  12. Meli20

    Meli20 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
  13. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Па личи на Мерием малку..добро мене не ми личи до толку многу но има црти на Мерием,а и бојата на гласот му е слична... :?:
    А и до септември има време можат различни маркетиншки трикови да направат...Овој актер вака овој така...можеби и Мерием ќе се врати,а можеби не...но што е тука е
    А како се вика актерот шо ќе го глуми Бајазит,оној во претходните постови актерот? :!:
    хмммм... :^)
     
  14. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Дај Боже да испадне како што викате вие... сите ќе ве частам што сакате... :D
    Но, работава не ми личи на тоа, мене на сериозно ми личи.
    Но, ајде.. кој знае навистина :?:
     
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
  16. Meli20

    Meli20 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    da vo pravo sii ne se premnogu isti glasot im je skoro slicen i kosata ;)
     
  17. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.218
    Допаѓања:
    13.068
    Пол:
    Женски
  19. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Ах Хурем со каква грдотија те замениле..Ццц..Според мене ич не си личат немаат никакви допирни точки..Оваа новата е стара,пегава и грда нема ништо со Мерјем...Мизерија!После ова никој нема да гледа Величествениот сигурна сум..

    [​IMG]
     
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Мене во гласот минимално ме потсетува на Мерием, инаку повеќе на гласот со Михримах ми одговараат. Оваа има помилозвучен глас некако, понежен и поженствен.

    Ниту во ликот не ми личи на Мерием, имало случаи каде што фанови/луѓе повеќе личат на ѕвездите од оваа што личи на Мерием. :)