Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Веќе воопшто не ми се коментира на темава.
    Ни за слики, ни за актерите, ни за епизодите, ни за случувањата.
    Се чудам самата на себе, како стигнав до ова ниво.
    Се започна со тоа што почнав психопатски да го фаворизирам ликот на Хурем и да бидам длабоко опседната со самата улога на Хурем Султан... а како завршив ? Воопшто не ме интересираат случувањата во серијава, затоа што ја нема Хурем, онаа вистинската. И ај сеа... да не почнам по 95147520124554104141421 пат да замарам со тоа како ми е проклето криво што Мерием замина...
    Во мене се створи огромен револт кон сето тоа што се случи.
    И сеуште сметам дека ние фановите не го заслуживме тоа.

    Серијава полека но сигурно се претвара во најголемото ср*ње.
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Мerve Вoluğur во улогата на Нурбану Султан
    [​IMG]
    Вахиде ќе ја нашминкале лепотица ќе ја направат да нема разочарување од фановите...браво бе како ви текна? :lol:
    http://muhtesemyuzyiltranslations.blogspot.com/2013/07/4_21.html
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    ^^И да ја нашминкаат од неа глумица не бидува.
     
  4. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Но, сигурно дека и новата глумица не е ставена од што незнае да глуми. Сепак, „Величествениот“ е серија во која треба да бидат најдобрите глумци, Вахиде да не глумела добро, немала да биде во серијата. Мерием си заминала без да каже ниту збор, и не им оставила друга опција на сценаристите. Глупаво ќе беше ако во последната епизода, од третата сезона Хурем умреше. Потоа, во следната сезона којзнае во која година ќе се одвиваа настаните..Мислам дека ќе издржиме да гледаме 28 епизоди без Мерием :wasntme: ( Ова важи за тие што ќе продолжат да ја догледаат и четврата сезона :) )
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Долго ме немаше на темава.Би сакала да искоментирам.Мерјем како и да е претера.Доколку е вистина дека ќе снима нова серија од септември а,притоа глумеше демек е во депресија и се правеше жртва,тотално разаочарувачки и подло од нејзина страна кон фановите.Јас па дури ја жалев и очајно ја очекував да не изненади со нејзината појава.Иако беше незаменлива и совршена за Хурем,сепак не е единствена која може да ја толкува улогата на Хурем.Сепак би и дала шанса на Вахиде.Неможеме да судиме додека не видиме како глуми.Сигурно ќе падне рејтингот на серијата и нема да биде како порано но,ништо не можеме.Засега ова е мојот став за Мерјем додека не се обелодени точната вистина. :|
    Искрено чекам да ја видам новата сезона и Вахиде како ја толкува нејзината улога.Иако тврдев дека нема да гледам повеќе од 100 епизода сепак ќе ја гледам 104 епизода.Доколку ми се допадне глумата на Вахиде ќе продолжам со гледање.Сепак во 4 сезона не чекаат многу пресврти и секако конечниот крај :)
     
  6. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Женски ќе ја даваат серијава во скоро време на канал 5 или на било која наша телевизија,или толку беше?
     
  7. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Од Канал 5 велат дека ќе почнат од септември :)
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  8. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
  9. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Ич не сакам Шеќер ага да си замине. ;(
    Ќе ми недостигаат неговите расправии со Зумбуљ. ;(
     
    На sweet-star, simonna.a и Ana.N им се допаѓа ова.
  10. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Ова видео е монтирано со сцени од претходните епизоди додека сцената со давењето на Мустафа е најава за третата сезона. Плус, четвртата сезона не почнува на 12 Септември туку на 11 :)
     
    На simonna.a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Последните неколку недели постојано се пишуваше за напуштањето на Мерием од серијата. На почетокот се пишуваше дека таа го направила тоа поради преголемиот замор од напорното снимање на епизодите, потоа дека била бремена од нејзиниот вереник, па дека не го добила потребниот хонорар но сепак излезе на виделина вистинската причина поради која Мерием го напушти Величествениот.
    Пред Мерием да си замине од Турција дознала дека нејзиниот вереник со кого таа требаше да се омажи, ја изневерил. Мерием доживеала голем шок и збунета се качила на првиот авион за Германија. Кога пристигнала таму го исклучила нејзиниот мобилен телефон и одлучила да ја прекине комуникацијата со сите нејзини пријатели и колеги бидејќи била во голема депресија и не сакала да има контакт со никого. Мерием била во толку многу лоша психичка состојба поради што била итно пренесена во психијатриската болница во Германија каде што била долго време на лекување. Продуцентот на серијата Тимур се обидел да контактира со неа но не успеал. Потоа, некој близок од нејзиното семејство решил да му прати мејл на Тимур дека Мерием нема да се врати назад во Турција. Вереникот на Мерием побарал таа да му прости но безуспешно бидејќи Мерием сакала само да се опорави и да заборави на неговото неверство.
    Дали Мерием навистина побарала повисок хонорар за да се врати назад на снимање или тоа беше само клевета на Тимур со цел да ја оцрни нејзината кариера, останува непознато.
     
    На Golden и untouchableGirl им се допаѓа ова.
  12. PashaTeam

    PashaTeam Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    За глумата на Филиз целосно сум согласна со Вас, мене ме фасцинира; но би сакала да Ве исправам - колку што јас знам, Филиз има дипломирано во класата на проф. Ељеса Касо... Но, се разбира, тоа не значи дека и проф. Милчин не и бил ментор, само што тоа не го имам заследено, па ме занима од каде оваа информација?
    А за крвта - не мислам ништо лошо со ова, но девојката е по род Турчинка, исто како и госпоѓа Ајрула Тозија. ;) Како што нпр. Мерјем и Селма се 1/2 Германки и 1/2 Турчинки.
    Во врска со глумците во 4. сезона - мислам дека е се уште многу рано да зборуваме које ке биде и које не; едно е сигурно, Мерјем не се враќа; но за останатите мислам дека нема да знаеме дури не почне снимањето. Факт е дека на сериава крваво и требаат пред се добри глумци, пошто во оваа сезона 90% од старата екипа е нема повеќе, а луѓе тешко прифаќаат промени, и пошто 3. сезона сценаристички им беше поприлично слаба... Треба многу работи да се променат и испланираат, барем јас така мислам, за да се врати на квалитетот што го имаше во време на Мерал Окај и за да се ѕадржи публиката..
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Во едно списание или весник не се сеќавам точно шо беше имаше овие информации за тоа дека проф.Милчин и’ беше професор,ментор ...Да се согласувам со тоа дека 1/2 се Турчинки и 1/2 Македонки 8) (Филиз и Сабина)
    Јас само онака си го кажав моето мислење...поточно напишав ;)
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Таа причата со изневерувањето на Џан беше пред сто години. Не знам што ја спајаат со заминувањево на Мерием, ццц...

    И не, не ми се верува дека не барала хонорар личност која на профилот во секоја прилика наоѓа за сходно да збори како глумците не заработувале како што ние сме замислувале. Секој втор збор и` е пари... |(
     
  15. Meli20

    Meli20 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    sekoj covek ima nesto sto saka i mrzi mozebi ti se dopagala serijava deka istrorska no jas mislam deka ti imas problem so aktrerite ne serijata
     
  16. Meli20

    Meli20 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
  17. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Jas ne mislam traka.

    Ааа веќе прикажувале епизоди со таа новата? Уствари старата :D Епа не знаев, ја откажав серијата.

    А за робинките Теси, не ме разбра воопшто, јас знам дека оплодувањето кај Османлиите отсекогаш се вршело исклучително преку полен, како ви оди умот на секс и некои такви други примитивни и грешни начини преку кои се добиваат обични деца, јаз'к да ви е.

    Илинден е, да ги троламе малце :!:
     
    На untouchableGirl и tessie им се допаѓа ова.
  18. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    На Ana.N му/ѝ се допаѓа ова.
  19. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    На You Tube барав нешто документарец за Сулејман
    Најдов еден поделен на 7 дела-ќе го погледнам овие дена
    http://www.youtube.com/watch?v=x3IYqgkrrJ0
    кај шо е она Published on 22 Oct 2012 под оној малиот текст има Show more таму се останатите продолженија од документарецот...ако сакате погледнете ;)
     
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ова сум го гледала одамна, многу е интересно.
    Знам, се што е на било кој начин поврзано со Хурем, јас сум изманијачила.
    Сакам пак да го гледа, ама не можам бре, не можам.
    Многу емоции ќе ми се соберат.

    Туку, што бидна со серијава, се снима ли, не се снима... ќе ја даваат ли кај нас некогаш уопште...
    Не дека ми дошло до глумата на Вахиде и воопшто до серијава. Прашувам ко демек едвај чекам да ја видам таа никаква глумица која самата си се осуди на пропаст. Ама ај, кажете ми како да го почитувам нејзиното присуство во серијата која истата ја засакав само поради глумицата која Вахиде ја замени ? :^)
    Ова веќе нема ни С од смисла.
    Првата слика која ми се појавува за Хурем е токму онаа црвенокоса со специфични фаци, поглед кој исфрла искри, подзината уста, подигната веѓа, крената глава, иронично смеење и она како демек наивно, слатко и милозвучно ќе го провлече гласчето - Суулејман!

    П.с. - Се осеќам многу носталгично кога читам мое мислење во темава. :D