1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    Мене Мerve Boluğur на сликава како Нурбану СУлтан ми е многу убава! :inlove:

    [​IMG]

    Е ова се двете вистински Султанки:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    И да се потсетиме на најубавиот принц :inlove: :

    [​IMG]

    А да и уште нешто сакав да прокоментирам! На страната од серијава каде што се актерите, место да ги тргнат Нигар Калфа и уште некои безвезни, нив ги оставиле... |( Сега треба да ги стават поглавниве улоги како Нурбану, Мурбану, оној-овој! :wasntme:
     
  2. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Дадоа слики и видеа од старите актери и од новите, но од Румејша не. Што се случи со неа па што нема ништо ? :^)
     
  3. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    Па јас колку што читав актерката си отишла и бараат нова, па очигледно затоа! :)
     
  4. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    И јас како што знам претходната актерка која ја глумеше Румејша ја напушти серијата и дека на нејзино место ќе дојде нова. До сега за сите нови актери кои се приклучија во новата сезона имаше слики и видеа а баш е чудно тоа што за неа ништо немаше. Гледам повеќе значење и даваат на новата миленичка на Принцот Мустафа (мислам дека се викаше Михриниса) отколку на Румејша
     
    На Petunia-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    Вечерва во Турција ја емитуваат 104 епизода, така? :?:
     
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.276
    Пол:
    Женски
    Да вечерва ја даваат,на Стар тв мислам :) ајде за брзо ќе си ја видиме убаво со превод на султанова дружба :lol: :lol:
     
    На Petunia-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Кога Вахиде се појави во 103 епизода изгледаше толку ужасно што не сакав ни да помислам да ја гледам серијата понатаму. Но прочитав неколку коментари дека актерката навистина добро глуми и дека ќе може да го долови ликот на Хурем без разлика на нејзиниот изглед. Но тоа не ме убеди да продолжам да ја гледам серијата затоа што не можев да замислам друга актерка на местото на Мерием.
    Пред неколку дена беа објавени и слики и видеа на кои јасно се гледаше дека се погрижиле за изгледот на Вахиде а и нејзината глума не ми изгледаше лошо. Затоа решив да ја гледам 104 епизода за да ја видам во улога на Хурем. И сега можам да кажам дека Вахиде дефинитивно не го доловува ликот на Хурем. Нејзиниот став, нејзиното движење, нејзиниот начин на зборување - едноставно не можев да ја видам Хурем во неа. Не барам да биди како Мерием но Вахиде ми изгледаше како да глуми со сила. Како да не ја изразува нејзината глума вистински. Како да сака да покажи нешто но не може.
    Се чувствував како да гледам друга серија. Едноставно го нема тој сјај како порано
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dulcela

    dulcela Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    134
    Кога ќе ја даваат на нет со превод? :)
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.799
    Пол:
    Женски
    Eпа сигурно ни Хурем самата го немала истиот сјај како порано. Имала пет деца во младоста, тепана, труена, да не почнам за стресовите секое утро дали ќе ги отвори очите, во свој дом да се браниш за сопствен живот, правење интриги, леење крв, стравување дека таа крв може да биде од синовите или нејзина. Била многу високо, но тоа не значи дека животот не и` го наплаќал данокот за тоа. Па Брижит Бардо би ја огрделе и остареле сите овие работи. :D Мене баш ми е пологично Хурем да не ја гледам форевр јанг енд бјутифл. И затоа искрено мислам дека нејзината смрт не била убиство. Толку ја имало истрошено животот...aрно и до 40ка што догурала.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Стареењето и подмладувањето на актерите не е никаков проблем за фризерите и шминкерите. Ете на пример кога Халит започнал со снимање на серијата имал 40 години а ликот на Сулејман имаше 26 години. Тогаш зошто наместо Халит не ставија некој помлад актер па потоа да го заменат? Или зошто сега кога и Махидевран треба да биде постара не ја заменат со некоја друга актерка? И да не набројувам други ликови. И плус, во третата сезона јасно се гледаше промената на Хурем. Навистина изгледаше постаро.
    Без разлика дали се работи за Хурем или не, замената на актер или актерка има бурни реакции кај публиката. Колку глупо ќе беше на пример Ибрахим да го заменеа со некој стар дедо. Не може да се коментира само за Хурем кога и за другите ликови поминувале годините
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.799
    Пол:
    Женски
    Мерием ми има тркалезно, буцкасто, баш бејби фејс. И луѓе трудна е не се ни продуцентот ни мајка му на продуцентот криви. И да можеше, потешко дека ќе ја остареа повеќе отколку што го направија во третата сезона. А мислам дека таа најбрзо остарела од сите, без разлика на годините баш поради животот кој го имала.
     
  12. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Во најголемата крајност, за мене би било 92314945200036584120145654 пати подобро да ја гледам Мерием со несоодветна возраст (а не може да се коментира, професионалцiте си ја имаат работата, колку толку ќе се постигнеше) отколку воопшто да не ја гледам Мерием.
    Да беше проблемот во компатибилноста на возраста на актерот и на ликот, се ќе беше добро тогаш. :D
    Ама, проблемот е многу позезнат.

    А и не знам што се мешам јас, веќе не ме тангира серијава, воопшто.
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss.Bass

    Miss.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    206
    Ја има веке со превод некаде 104 епизода?
     
  14. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    104 епизода ја има со текстуален превод на македонски
    http://muhtesemyuzyiltranslations.blogs ... 04_18.html
    А видеото со хрватски превод би требало да излези најдоцна до утре :)
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.799
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно подобар избор ќе беше таа од Девојката која ја сакав. Ист тип на убавина имаат и ќе моеше некоја паралела да се праи. Но, што е тука е. И оваа е супер глумица, а и во Солзите на мојата ќерка глуми трај/прај-со-насмевка-на-лице улога. Така што ако примени нешто од тоа и тука, би можела да ја долови таа Хурем која што се верувало дека постои, а не хистерично пиштало. Но, веќе не може да биде убава, млада и насмеана особено не по смртта на нејзината најголема надеж - Мехмет.

    А за усилената глума, па сигурно којзнае каков притисок и` вршат да наликува на некој друг. Да ја остават да го долови ликов на свој начин, можеби би била и многу поуспешна.
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dulcela

    dulcela Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    134
  17. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Ќе ја мењаат ли хурем? Нема ли веќе да ја глуми Мерием?
     
  18. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Мерием ја напушти серијата бидејќи е бремена а на нејзино место дојде новата "Хурем" - Вахиде Перчин.

    А дали знаете дека во еден филм на ТИМС продукција (снимен во 2006 година), Вахиде (Хурем) глуми мајка на Халит (Сулејман) :|
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Ја изгледав 104 епизода и навистина е тоа што го кажа некој претходно за новата глумица. Едноставно го нема тој жар, воопшто не се вклопува во улогата. Онаа што ќе ја глуми Нурбану убава е, само многу грда форма на предните два заба има. Се убаво, ама кога ќе отвори уста се погледот таму бега и цела слика се расипува. Принцовите сите до еден прекрасни, ама Селим ми е :inlove:
     
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.276
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е до толку лоша Вахиде,како за почеток е добра ја имааат средено,и не е точно дека не ја доловува улогата убаво.Вистина е навикнати бевме на Мерием,стварно преубава беше имаше некој жар во неа,ама па сега ке си го гледам филмот за историската Хурем не за Мерием или Вахиде,која и да ја глуми ,важно ми е да го видам пренесениот дел од историјата ,колку и да е точен и делумичен :)
     
    На simonna.a и tessie им се допаѓа ова.