Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Каде можам да ја најдам 129 епизода со превод на српски или хрватски или босански, некој од тие јазици? :) Ako moze link
     
  2. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Кој би можел во тоа време да и се спротистави на најмоќната Хасеки Султанка и венчана жена на Величествениот Султан Сулејман?! -НИКОЈ а уште помалку Нурбану! Нурбану ниту имала моќ, а ниту имала памет за да го направи тоа. Сценариото за серијата е тотална катастрофа. Хурем и Нурбану никогаш не биле непријателки, Хурем никогаш не се обидела да ја убие Нурбану, Нурбану никогаш не била во борба со Хурем. Се поставува прашањето како ние би можеле да знаеме дека во тоа време навистина било така? -Ако Нурбану немала ни грам мозок и и објавила војна на Хурем Хасеки Султан, Хурем со еден збор ќе ја срамнела со земјата! Очигледно сценаристот упорно продолжува со неговата бујна фантазија
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Детаље нису битне-важно је да се забавовати ;)
    Јас сум Љак.Сељак-Сценарист Сељак...Агент серија 0000 се е точно и јасно како ноќ :P
     
  4. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    http://vbox7.com/play:9645d1a350
     
  5. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    На канал 5 вчера и минатата сабота и недела гледав дека Сулејман и е лут на Хурем и дека таа сега е кај Бајазит, ама колку што видов на реклама денес ќе се врати.
    Е сега прашањето ми е зошто Сулејман и е лут на Хурем????? :?:
     
  7. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161

    Одамна не сум ја гледала на канал5 оти се на интернет гледам најновите епизоди, но вчера како што случајно видов, мислам дека е поради тоа што таа имаше изградено тајна одаја за да ги прислушкува состаноците на диванот
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Нека не ви биде чудно доколку во некоја од следните епизоди кога ќе треба да биде прикажана смртта на Хурем, Сулејман лично да го нареди нејзиното погубување...
     
  9. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    Јас мислам дека ликот на Хурем го искривија во крајност.
    Хурем не беше до толку бескрупулозна да одема невини души како што ја одзема на првата жена на Бајазид и мајка на неговите принцови Рана Султан. Сигурна сум дека смртта на ХуриџиХан можеше да се реши и на поинаков начин а не да настрада невина жртва. Добро.. од друга страна пак, Рана Султан не постоела во историјата така да јас не знам овде кој пие кој плаќа :tmi: све е испомешано но еве ајде да гледаме како што е во серијата, да ја оставиме историјата настрана.
    Стварно не разбирам од каде наеднаш Хурем пројави љубов спрема Хуриџихан кога Хурем самата беше виновникот за смртта на нејзините родители.. А и не разбирам како можеше Хуриџихан да биде на нејзина страна после сите борби на Хатиџе и Ибрахим против Хурем.. Еве да речиме го засака Бајазид, добро.. но тоа не е довололна причина да ја предај љубовта спрема родителите.. Многу нелогичности...
    И да, Хуриџихан си заврши така неславно зошто не знаеше да ја искористи титулата и да се бори за да го добие она што го сака. Ако беше доволно паметна таа можеше да се исправи против Хурем.. и можеше да и ја одземи власта ако беше доволно паметна да изманипулира и да го намести Бајазид пред Селим за наследник, зошто ја имаше и поддршката на Султанот како негова внука, а и љубовта како венчана жена на Бајазид. Можеше без проблем да ги порази сите .. ама пак ќе речам, не е се во титулата туку во паметот.
    И пак ќе речам од друга страна Нурбану можеби ја доби поддршката на Хурем.. и ја искористи за да завладее со Селим и да му стане Хасеки.. Но Хурем беше таа која прва му го сврти грбот на Селим, а Нурбану како негова жена мора да се бори за неговите цели.. впрочем за тоа и таа беше испратена кај него, а сега на Хурем не и одговара повеќе тоа.. епа кој и е крив.

    Историски гледано во тоа време чисто се сомневам дека Хурем и Нурбану воопшто имале некаква блиска врска. А и убиството на султанка било невозможно и воошто не му поминувало на памет на некој да го стори.
    Да бидеме реални, во серијата ја преувеличија до краен степен моќта на Хурем... ја направија како таа да одзема и да дава животи а во реалноста било сосема спротивно. Хурем владеела со Харемот а во државните работи немала речиси никакво влијание. Можеби ги контролирала пашите со цел да издигне еден од нејзините синови на тронот а тоа дека застанала на страната на бајазид и го поддржувала не е спомнато никаде.
    Хурем е величана затоа што уживала во огромна љубов кај султанот и тој слепо и верувал во се што ќе му кажела и за секој што ќе го наклеветела.. а тоа дека имала огромна моќ не е вистина. Та владеела само со харемот.. а додекаНурбану и Кошем Султан раководеле со политика во државата.
    Правеле договори со другите држави, владееле отворено и со диванот.
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Ако во серијата е преувеличен ликот на Хурем, тогаш ликот на Нурбану е уште повеќе преувеличен. Таа и се спротиставува на Хурем, таа војува со Хурем, таа се замислува помоќна од Хурем. Нурбану никогаш не смеела да преземи нешто против неа. Ниту имала храброст за тоа, а ниту имала моќ. После смртта на Хурем се менуваат работите, но до тогаш Нурбану е само потчинета пред власта и моќта на Хурем. Хурем не раководела само со харемот туку и со Диванот. Затоа и изградила тајна одаја (за која Величествениот никогаш не дознал) преку која контролирала се што се случува во политиката. Не управувала активно бидејќи Величествениот бил сеуште жив но управувала преку Рустем и нивните приврзаници
     
  11. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    ^
    Ana N. Грешка си. Никаде во никои записи не е спомнато дека Хурем имала тајна одаја од каде го прислушкувала Диванот, а тоа и воопшто не е возможно. Тоа е само дел од бујната фантазија на сценаристот, се раскажува дека Хурем имала тајна одаја каде правела магии и отровни напивки кои му ги ставала на непријателите во облеките и им создавале чирови на кожата што предизвикувало бавна смрт која изгледало како да е природна но и тоа исто така е само дел од легендите.
    Хурем не се мешала во државните работи, неа не и било битно со кој војува Османлиската Империја и со кој има склучено мир, неа ја интересирало да привлечи што повеќе Паши и Бегови на нејзина страна за да можи да го искачи еден од нејзините синови на тронот и да нема никакви заговори против нив.

    Додека Нурбану раководела со дипломатската политика на државата, таа воспоставувала добар однос со кралиците и краловите на земјите со кои војувало Османлиското царство со цел да обезбеди мир и спогодба. Исто така таа склучила мир и со Венеција, долгогодишната цел која сите султани сакале да ја освојат. Се мисли дека таа била отруена некој посредниик од Џенова.
    Нурбану го оженила својот син идниот Султан Мурад за нејзина братучеда - Софија Баффо подоцна Сафие Султан која исто така била од благородничко потекло што придонело за мирот на овие две земји.
    Нурбану самата решавала со кои земји ќе биде склучен мир а со кои земји ќе војува империјата.
    Хурем ја немала таа моќ, бидејќи Султанот бил помоќен од неа и било невозможно таа да се вмеша во државните работи.. а и онака нејзината цел била едноставно да ги заштити синовите.
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Можеби сум грешка не велам не, но уште пред да започни четвртата сезона од серијата јас имав читано текст во кој пишуваше дека Хурем навистина имала тајна одаја од која го прислушкувала Диванот. Но сепак не можеме да знаеме со сигурност дали навистина било или не било така :)
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Wewika

    Wewika Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    8
    Од последните епизоди кои ги гледав морам да искоментирам нешто. Прво погубувањето на принцот Мустафа. Во серијата е тотално оскрнавена турската историја. Јас не знам Турците како си дозволуваат вакви работи. Хурем Султан и Рустем Паша не му направиле завера на Мустафа, туку само ја извадиле вистината на виделина. Султанот Сулејман никогаш не го гледал Мустафа како кандидат за престолот, затоа и цел живот бил оддалечен во некоја провинција и никогаш не бил во војна. Мустафа навистина кренал бунт, Мустафа не е убиен поради обично измислено писмо пратено до кралот на Персија, тој ги имал јаничарите на негова страна и заедно со нив кренал бунт каде сакал да го сруши Султанот. Бунтовите продолжиле и по неговата смрт, зашто луѓето и јаничарите биле свртени против Султанот сакајќи да го бувнат од власт. Хурем целиот свој живот го вртела Сулејман против Мустафа, што и довело до некаде до овие случувања, но таа не е директно вмешана во неговата смрт. Рустем паша кога го видел Мустафа како со јаничарите се упатува кон Сулејман, го известил Сулејман за ова. Значи серијата е болно смислена, прикажувајќи го еден од најголемите владетели што светот ги видел во најглупо можно издание, како си го убива синот поради едно писмо. Катастрофа. А Хурем е прикажана како вештерка. Мајките на принцовите биле сметани за светост, во нивно име се изградени многу џамии, вакво оцрнување е удар врз турските историски личности.
    Секој машки член на османското семејство можел да се буни и да го бара тронот, без разлика колку е млад, дали е син или внук на Султанот. Тоа е империја, тука не се важни семејните врски. Принцовите од најраната возраст биле испраќани во провинции и се гледале еднаш на 100 години. Не биле блиски како што се прикажани во серијата. Принцовите не смееле тонот да го повишат пред своите мајки а не да ги вреѓаат, како што Бејазид оди против Хурем. Не е ни точно дека толку го оплакувале Мустафа, тие пред се гледале прво за иднината на империјата. Бејазид бил исто бунтовник кој го предал Сулејман и работел со Перзијците сакајќи да го бувне од престолот, тој бил исто погубен. Селим како најмалку амбициозен и најмалку бунтовен е единствениот кој не одел против Сулејман затоа и тој ќе го наследи. Значи сите, сите сакале да го бувнат Сулејман од власт, кој воопшто не бил наивен Султан.
    Во серијата Султанките се прикажани како тешки глупачи што се шетаат по харемот и се навредуваат една со друга. Но во реалноста не било така. Девојките во харемот од најрана возраст биле носени, најстрого школувани и воспитувани, за да бидат достојни да бидат мајки на принцови. Само неколку од нив биле претставувани на принцовите и Султаните кои спиеле со Султанот. Зарем така било, која било убава девојка ќе му ја бутнат на Султанот и ќе остане трудна. Премногу било тешко да се стигне до Султанот, избирани биле. И не е точно дека на Султанките ги напаѓале на секој чекор. Тие биле многу заштитени и единствено со отров пробувале да ги убијат. Упаѓање во собата на сред ноќ со нож во рака, научна фантастика. Ова се дешавало меѓу робинките, тие меѓу себе се убивале, ама не и со Султанките. Многу слугинки на Султанките умирале баш поради тоа што први го пробувале јадењето и пиењето испратено за Султанките. Значи само со отров било возможно да пробаш да убиеш Султанка.Во серијата секоја обична робинка им го попречува патот на Султанките и дури ги навредува. Во реалноста за такви работи глави летале. Значи многу било строго, не е вака како што е прикажано. Серијата премногу искривува некои работи.
     
    На Ana.N, Sanjichka007, Kaylie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    130 епизода - 2 најава

    http://moevideo.net/video/37487.3b1d0cd ... 8178e3feea

    Хурем нападната од народот :o
    Ова го достигна врвот.. Кај се видело Султанка, прва венчана жена на светскиот Султан
    да шета слободно низ чаршијата па уште и народот да ја годи со камења. :tmi: :fubar:
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Wewika

    Wewika Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    8
    Хурем Султан лично ја избрала Нурбану да биде жена на Селим и таа ја направила тоа што е. Хурем и Нурбану никогаш не биле непријателки, да бидеш непријател на тогаш најмоќната жена во империјата, ќе те снемало за секунда. Нурбану немала никаква моќ ниту власт, преку Нурбану Хурем го контролирала Селим и ги прикривала неговите срамови и глупости. Значи Нурбану била пионче на Хурем. Хурем ги наместила коцките како што и одговаараат, го поставила текот на династијата како што и одговара. Целиот диван, сите паши и бегови работеле за Хурем, таа кого сакала ставала во диванот. Тоа е политика. Хурем ја водела државата, зашто пашите работеле како ќе заповедала таа. Нејзиното влијание врз Сулејман било огромно, тој со неа се советувал за државните работи. Било кој Паша или везир ќе работел против интересите на Хурем, бил погубуван. Никоја Султанка пред неа и после неа немала толкава моќ да го суредува диванот како и одговара, самиот врв на државата.
    Хурем ги поставила работите како и одговараат. Мустафа е избркан од Маниса, оддалечен е од сарајот, шутнат во некоја забутана провинција кого Султанот го заборавил. Го изгубил статусот на прв кандидат за престолот. Својот најспремен принц Мехмед го праќа во Маниса и го спрема за престолот. Мехмет умира под чудни околности, некаква чудна болест. Хурем се ослободува од Ибрахим паша кој работи во интерес на Мустафа и на негово место го поставува Рустем паша кој ќе работи за неа. Рустем потоа од корен го изменува диванот и сите важни државни лица да работат во негова и корист на Хурем. Хурем го поразила Мустафа уште пред тој да умре. Мустафа во смрт го одвеле неговите амбиции и гнев, затоа што Хурем го владеела диванот и ги спремала нејзините принцеви за престолот. Тоа е моќ. Да го натераш синот да дигне бунт против таткото. Хурем не го убила Мустафа со некоја бедна ефтина интрига како писмото, туку со мудрост и памет што не ја прави нејзе директен убиец. Принцот Бејазид дигнал и тој бунт против Сулејман затоа и е погубен. Хурем лично самата би се одрекла од син кој оди против Сулејман. Но за жал после тоа останува само пијаницата Селим како единствен кандидат. Таква будала како Селим станала Султан, благодарение на грешката на Бејазид. Да не направеше Бејазид бунт, Селим можеше само да се слика заедно со Нурбану. Среќата на Нурбану се насмевнува дури по смрта на Хурем и Сулејман, тогаш почнува Султанатот на жените и пропаста на отоманската империја. Хурем додека беше жива и покрај жив Сулејман, најголемиот светски владар ја управувала државата, а Нурбану пијаниот Селим и детенце Султан. Нурбану имала влијание врз Селим оти бил неспособен да ја води државата, па Нурбану го туркала. Откако Селим умрел под чудни околности, наводно паднал пијан и ја удрил главата, на престолот доаѓа детенце Султан па затоа Нурбану ги носи одлуките во врска со него. Значи поради судбина, смртта на Селим а не затоа што била моќна. Мехмед паша Соколовиќ ја водел државата целосно, Нурбану одлучувала работи кои дете Султан не може да ги одлучи. Нурбану ја немала таа моќ како Хурем , туку судбината така сакала, на власт да дојде дете Султан за кого е највеќе одговорна неговата мајка. Нурбану да била толку моќна и паметна немаше империјата да почне да се распаѓа баш од моментот кога почнало владеењето на жените. Што се однесува до Косем, слично како со Нурбани. Поради судбина, Султанот умира, на власт доаѓа дете Султан и таа ја води државата. Доживува срамна смрт, задавена со сопствената коса по наредба на нејзината снаа од страна на јаничарите. Ете толку била моќна кога снаата со еден збор ги свртела јаничарите против неа.
     
    На Sanjichka007 и Ana.N им се допаѓа ова.
  16. Wewika

    Wewika Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    8
    Што требаше уште да спомнам. Хурем да поживееше уште малку, до финалниот расплет на настаните, Бејазид никогаш немаше да направи бунт а пијаниот Селим можеше само да го сонува престолот.
    Она што крајно ме има изреволтирано е 130 епизода и гаѓањето на Хурем на пазарот. Или сценаристот го изгубил паметот тотално или премногу сака научна фантастика или целта и намерата му е да го оцрни ликот на Хурем. Кај се видело Султанка владетелка да се шета на пазар и да биде гаѓана ? Ни во бајките на дизни го нема ова. Жената поради која се изградени толку многу џамии ја имаат прикажано на најдолното ниво, Турциве се без памет јас не знам како дозволуваат вакви серии на нивните телевизии. Не само Хурем, сите големи Султанки на отоманската империја се сметаат за светост. Во ниедно друго кралство во светот ова го немало. Титула се наследува преку крв, кралска крв, а во османлиското царство жените дојденки имале голема титула, моќ и почит, ја воделе и државата. Не дека сум нешто голем фан на турската историја, ама од такт ме вадат вакви простачки работи. Срамота е серијава.
     
    На Sanjichka007 и Ana.N им се допаѓа ова.
  17. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Очигледно е дека сценаристот на најлош начин сака да го прикаже ликот на Хурем а на најдобар начин да го прикаже ликот на Мустафа. Како Мустафа да е безгрешен. Сулејман никогаш не се каел за тоа што го убил, а во серијата е прикажано сосема спротивното
     
    На Wewika, Kaylie и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  18. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Конечно се ослободивме и од последната сестра на Величествениот - Фатма Султан :rock:

    Кога Хурем Султан беше кај пророчицата, народот крена бунт и имаа намера да влезат во куќата и да ја убијат. Меѓутоа Хурем без да размисли за својот живот, храбро излезе и застана пред нив. Сите луѓе застанаа и направија пат за таа да помине но човекот кој што беше испратен од страна на Фатма Султан со камен сакаше да ја убие. Во тој момент пристигна Султанот на бел коњ и ја спаси неговата Султанка Хурем :D

    Потоа, Величествениот дозна дека Фатма Султан ја издала наредбата за убиство на Хурем Султан и кога Сулејман ја повика во нејзината одаја таа не одрече ништо. Величествениот и нареди веднаш да ја напушти палатата и повеќе никогаш да не се врати :party:
     
    На Kaylie и Wewika им се допаѓа ова.
  19. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Извинете ако сум аут,ама имав премногу обврски и така да не можев ништо да видам со овие поновите епизоди во Турција шо се,имав време да пратам само на Канал 5... :$
    Во Турција шо е сега снимено?Шо има ново? :!:
    Нешто Фатма читам ова она... :?:
    иииии тоа не е се!
    Каде пишува дека Разие Султан му била ќерка на Величествениот султан Сулејман-хан Законодавецот и на Махидевран Ѓулбахар Султан? :wasntme:
     
  20. Wewika

    Wewika Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    8
    Каде може да се гледа епизодата?