Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Discussion in 'Серии и емисии' started by t.w.e.e.t.y, Dec 15, 2011.

  1. Barbica

    Barbica Популарен член

    Joined:
    Jun 22, 2010
    Messages:
    1,309
    Likes Received:
    489
    А 131 епизода е крај на сезоната или?
     
  2. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Joined:
    Dec 7, 2013
    Messages:
    1,536
    Likes Received:
    11,710
    Јас како што знам 137 епизода е крај на серијата е сеа колку е тоа точно незнам :?:
     
  3. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2012
    Messages:
    426
    Likes Received:
    344
    131 епизода не е крај на сезоната бидејќи оваа (четврта) сезона е последна. Крајот на серијата се очекува да биде или кон крајот на месец Мај или почетокот на месец Јуни. Сеуште не се знае која епизода ќе биде последна но изгледа дека од 140 епизоди нема да има повеќе
     
  4. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Joined:
    Aug 23, 2013
    Messages:
    1,778
    Likes Received:
    2,091
    На интернет порталите посветени на серијата кружи вест дека серијата уствари ќе има 140 епизоди и е предвидено да заврши на 11 Јуни 2014. Колку е оваа вест точна сеуште не се знае.
    Како што беше кажано, Султанот умира во 137 епизода.. а останатите три епизоди кои продукцијата реши да ги продолжи ќе бидат посветени на владеењето на Султан Селим и војната помеѓу Нурбану Султан и Михримах Султан..
    Епизодите во кои тие две ќе војуваат ќе не потсетат на борбата помеѓу Хатиџе и Хурем Султан, се очекува дека во една од тие епизоди Михримах умира, исто така и Селим додека пијан се слизнува во хамамот.
    Набрзо Нурбану успева да ги отстрани сите свои непријатели и станува првата робинка во историјата која ја добила титулата Валиде Султан или Мајка Султанија на еден од синовите, нејзиниот најстар син Мурад доаѓа на престолот како наследник на Селим и Нурбану владее со империјата бидејќи нејзиниот син како и татко му не покажува интерес за државните работи туку се предава на развратниот живот и пијанчењето.
     
    Kaylie likes this.
  5. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2012
    Messages:
    426
    Likes Received:
    344
    Мерием и Лара :l:
     

    Attached Files:

    simonna.a, feminium, Kaylie and 3 others like this.
  6. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Joined:
    Oct 11, 2013
    Messages:
    500
    Likes Received:
    1,402
    http://instagram.com/meryemuzerli-eве и го профилот на Мерием на Инстаграм. Јас ја следам и многу интересни слики става. Имаше ставено и слика со мајка и и татко и, ама очигледно ја избришала. :)
     
  7. seagirl

    seagirl Истакнат член

    Joined:
    May 3, 2011
    Messages:
    102
    Likes Received:
    29
    Феминки 131 еп, преведена цела, ја имате??
     
  8. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Joined:
    Oct 7, 2013
    Messages:
    1,013
    Likes Received:
    2,270
    Gender:
    Female
  9. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Joined:
    Oct 24, 2011
    Messages:
    346
    Likes Received:
    161
    Кога 132 преведена? :(
     
  10. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Joined:
    Oct 7, 2013
    Messages:
    1,013
    Likes Received:
    2,270
    Gender:
    Female
    Уште не е излезена 132, а за превод крајот на оваа или почетокот на наредната недела :)
     
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    4,474
    Likes Received:
    34,081
    Gender:
    Female
    Јас сум малце збунета..оти онаа на Бајазид Дафне ја викате,нели Фатма му се викаше жената на Бајазид? :^)
     
  12. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Joined:
    Aug 23, 2013
    Messages:
    1,778
    Likes Received:
    2,091
    132 епизода - 2 најава


    http://moevideo.net/video/90217.9aadcbb ... 91bbc2bbb6


    Интересно како во серијата ја величаат големата љубов на Хурем и Сулејман, нели и така се вика самата серија „Величествениот век - Големата длабока љубов“. Ја земав да ја читам Султановиот харем на Колин Фалконер и можам да кажам дека серијата е всушност до некаде и нејзина помека адаптација само што во книгата се зборува сосема спротивното.. Хурем е претставена како најсвирепата и бескрупулозна жена во историјата која ги имала најнечистите мисли како свои цели до патот до успехот.
    Книгата многу ме замисли.. и кога ќе погледнеме реално и со очи кои гледаат низ призмата на 16 век сето тоа станува навистина возможно. Патот до титулата Хасеки Султан бил исполнет со многу крвопролевање, измами, лаги, сплетки и мрачни тајни. Се зборува за тоа дека успеала да стигне до султановите одаи со помош на бројни уцени и закани, дека го приврзала Султанот за себе раѓајќи му Принц кој не бил негова крв туку на некој си Капи-Ага.. и лозата после Сулејман не била Османска крв туку Династијата на Османлиите била продолжена од семето на некој Ага.
    Навистина жените во тоа време биле спремни на се, особено кога единствен избор им била или смртта или моќта.. И навистина е чудно како една сосема обчна робинка во харемот да постигне да ја промени традицијата засекогаш.. Еден светски Султан да се заљуби до тој степен да се ожени со неа и да ја фрли во сенка неговата дотогашна хасеки султана Ѓулбахар (како што е претставена во книгата), да го убие својот најдобар пријател а потоа и сопствениот првороден син.
    Ви препорачувам доколку имате малку слободно време да ја прочитате книгата и да ја осознаете која била вистинската Хурем.. сосема различна од она што е прикажано во серијата.
    Јас немам зборови само ќе кажам дека сум шокирана :x
     
  13. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Joined:
    Dec 20, 2012
    Messages:
    171
    Likes Received:
    165
    Gender:
    Female
    А ти пак од каде си толку сигурна дека книгата е напишана Вистински и точно како што било?
    Всушност јас сум запрепастена од ова што го читам!!!!!
    Точната вистина како се одвивале настаните никој не ја знае! А за тоа како Сулејман се вљубил толку многу воопшто не ми е чудно, всушност ако се сеќаваш наназад во минатото скоро сите војни почнувале поради Жените! А за Ибрахим Паша .... значи се претерува , бил најдобар пријател на султанот, бил добар бил ваков бил таков, веќе аман! Ако беше толку добар и чесен зошто цело време го величеше принцот Мустафа за престолот, занемаруваќи ги останатите принцеви на Хурем Султана. Го направија светец, а всушност му го видовме вистинското лице!
    А за Хурем овие турците претеруваат, не можат да прифатат дека една христијанка ги променила највашните правила во харемот и владеењето на султаните.
    Според мене таа е жена за восхит!
     
  14. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2012
    Messages:
    426
    Likes Received:
    344
    Не знам како може во книга која е од видот на белетристика (измислена приказна) да биде напишана историјата за вистинската Хурем Султан? Сите кои ја имаат читано книгата, или планираат да ја читаат нека знаат дека секој збор напишан во неа е измислен и целата приказна е лажна
     
    Sanjichka007 and 123abc like this.
  15. 123abc

    123abc Нов член

    Joined:
    Apr 15, 2014
    Messages:
    1
    Likes Received:
    1
    Колин Фалконер e писател на романи роден 1953 султановиот харем е само еден од низата романи кои се пишувани на оваа тема писателот не може да знае каква личност била Хурем

    http://en.wikipedia.org/wiki/Colin_Falc ... 8writer%29
     
    Sanjichka007 likes this.
  16. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Joined:
    Aug 23, 2013
    Messages:
    1,778
    Likes Received:
    2,091
    Не се изразив добро не сакав да кажам дека се што во книгата пишува е точно туку дека воопшто не би било чудно ако тоа било вистина затоа што сепак се работи за време и место каде што било многу тешко да се преживее од ден за ден а камоли да се добие некаква моќ.
    Значи да гледаме реално во тој период жените немале никаква вредност, не ги сметале за човечки суштетства туку само како објекти за сексуално задоволување. Харемите постоеле за таа цел, за жените да го задоволат Султанот и да му родат наследници.. ништо повеќе.
    Тие немале право на свое мислење, на исполнување на нивните потреби, немале апсолутно никакво право.. Им било забрането на зборуваат со Султанот на теми поврзани со држваните работи, неговата приватност.. Нивна задача била да молчат и да ги исполнуваат зададените наредби.
    Хурем била единствената која ги поместила границите на правата на една конкубина со тоа што таа сама го диктирала животот на Султанот, а таа дозвола ја добила поради неизмерната љубов на Сулејман спрема неа која била застрашувачка.
    Сулејман е познат во историјата како единствениот најправеден и најмудар султан а еден таков никогаш не би си дозволил неговиот живот и животот на неговото семејство да биде раководен од страна на една робинка.
    Она што таа го поседувала и го користела да допри до него е навистина зачудувачко, и како што реков..
    За една робинка која нема апсолутно никакви права да стигне до титулата венчана жена и да има такво влијание врз умот на еден султан треба да изоди не така лесен и чист пат..
    Нема зошто да ве чуди, тоа е борба за опстанок и ако се сака да се успее ќе треба да си спремен да ги направиш најголемите злостори и гревови кои еден човек може да ги замисли.
    Патот до моќта е многу крвав а тоа и самиот автор го согледува и го прераскажува.. Добро можеби во некои делови и отишол во крајност но да гледаме реално сите опции се возможни.
     
  17. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2012
    Messages:
    426
    Likes Received:
    344
    Не може опцијата Мехмет да е син на некој ага а не на Сулејман да е возможна (ова е исто со една измислица дека Мустафа е син на Ибрахим). А тоа дека Хурем била првата жена која ги поместила границите на една конкубина е само доказ колку била паметна и моќна. Таа го постигнала дури и невозможното. Не било лесно да се влезе во срцето на Величествениот, да се родат толку деца, да се стане Хасеки, да се склопи брак со Султан, да се стане најмоќна жена во Империјата. Хурем се што ќе наумела тоа и го постигнувала. Нејзината победа над непријателите е само еден доказ за тоа. Таа сигурно имала претежок живот и затоа кога умрела не била многу стара. Животот ја исцрпил од толку многу борба
     
    Sanjichka007 likes this.
  18. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Joined:
    Aug 23, 2013
    Messages:
    1,778
    Likes Received:
    2,091
    Не го реков тоа со сигурност, тоа никој не можи да го потврди секако.. А особено во тоа време и да би се случило такво нешто никој не би дознал, не постоеле днк тестови.. и постоела многу подруга позадина на тие работи. Затворени во свет од четири ѕида и немале многу опции за преживување,
    така да на жените единствена цел им било да родат машко дете а тоа не било секогаш возможно..

    Во харемот постоело правило, девојката која еднаш ќе поминела ноќ со султанот била негова миленица или Ѓозде.. добивала злато,накит, се што и било потребно.. Доколку ја повикал уште еднаш или уште неколку пати таа станувала Икбал, а ако му родела дете и тоа принц таа веќе ја добивала титулата Кадин
    Султанот смеел да има само четири Кадуни т.е. 4 сопруги.. Ако во меѓу време тој спиел со некоја робинка и таа затруднела тогаш таа морала да абортира бидејќи веќе имал 4 жени предодредени да бидат мајќи на наследниците на тронот, не секоја обична робинка можела да биде Кадуна.
    Нив ги одбирала Мајката Султанија, тие требале да бидат исклучително паметни и добро воспитани зошто нели тие ќе произведат иден Султан. Доколку некоја од нив ја изгубела титулата Кадин тогаш местото се пополнувало со друга избраничка од Мајката Султанија.
    Една робинка можела да помине и само една ноќ со султанот и потоа никогаш да не биде повикана повторно, доколку во рок од една година Султанот не ја повика таа била протерувана од харемот и оставана на милост и немилост. Е сега размислете подобро која била опцијата да остани во харемот.. А тоа е секако да затрудни и да роди дете, во спротивно таа се рачуна како „потрошена роба“ и не му служи веќе на султанот.
    Во серијата тоа не е прикажано така, но така било во реалноста.
    Сулејман имал 3 Кадуни - Фулане, Ѓулфем и Махидевран. Од сите тие Махидевран биле последната негова најголема љубов, тој со неа го имал и првиот негов наследник. Но поради притисокот од неговата Мајка Валиде Султан дека еден султан треба да има повеќе машки наследници во случај некој од нив да умре и тронот да нема наследник, Сулејман морал да одбери уште една негова Кадуна која ќе му роди принц, бидејќи Махидевран не успеала.
    Откако Хурем му родила 4 принцови таа му станала негова Хасеки или прва жена фрлајќи ги останатите 3 Кадуни во сенка.

    Сум сретнала и во некои книги дека Махидевран сите деца кои ги родила биле женски, и во страв да не го изгуби Султанот и неговата љубов таа една од своите ќерки при раѓањето ја заменила со некое машко дете кое се родило во исто време..

    Само зборуваме за една веројатност која воопшто не би требало да биде чудна, прво поаѓајќи од фактот дека не сите аги во харемот биле кастрирани.. а тоа биле белците.. Се правеле многу интриги, уцени, закани, како инаку би опстанала една толкава империја.
    Не сите жени биле смели и итри, но ете една се појавила.. а баш таа немала што да изгуби..
    или смрт или слава. :)
     
  19. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Joined:
    Aug 23, 2013
    Messages:
    1,778
    Likes Received:
    2,091
    Смртта на Хурем Султан

    ;(

    https://www.youtube.com/watch?v=KnUw-Jiirj0

    Јас Хурем.
    Секогаш сум одземала од другите..
    Сум сакала и сум мразела..
    Таа која градела и рушела..
    Таа која давала живот и го одземала..
    Јас сум таа која поминала низ оган и мраз..
    Јас сум таа која разгорува, и таа која гасни..
    Јас сум душата на сите жени на светот.
    Целото мое битие е сокриено во мојата љубов..
    Јас сум Хурем.
    Смртта го изговара моето име.
    Јас се вртам и гледам зад мене..
    Таму се наоѓа само љубовта која ја пронајдов како смисла на мојот живот.


    Навистина ќе биде многу тажно претставена нејзината смрт, барем умрела достојно во својот кревет како Султанка. Некои историчари велат дека таа умрела во сон.
    Колку би било убаво оваа сцена да ја одиграше Мерием додека се присетуваше на нејзиниот изминат живот. Како дошла во харемот како руска робинка Александра, како станала миленица на султанот, како ги родила своите принцеви.. како постепено се издигнала до Хасеки Султана.
    Но за жал нема.
    Вака Хурем Султан во серијата не го доби својот вистински величенствен крај, за жал. :(
     
    Kaylie likes this.
  20. bubac

    bubac Популарен член

    Joined:
    Sep 19, 2013
    Messages:
    884
    Likes Received:
    1,867
    Gender:
    Female
    Кога мачката ја нема, глувците оро играат!
    Еве ја ,,моќната,, нурбану, се тресе како ливче, пред дрвото Хурем :lol: - чисто метафорички.
    Ме нервира што изиграва главна во Династијата, во која таа е само една ситна риба, а кога ќе се спомне Хурем, целата се тресе, солзички и навираат на очичките ....
    Глупава!



    Бај д веј,
    веќе ја гледам 132, преведена, http://vbox7.com/play:b9173b82de
    Повелеле!
     

    Attached Files: