1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    137 епизода - преведена

    http://videomega.tv/?ref=OYDMKUYOZb

    Морам да го издвојам делот каде што Бејазид и рецитира стихови на Дефне :inlove:
    https://www.youtube.com/watch?v=qYJdnZSMY0I


    „О моја Дефне. Мое богатство, мое тело.. тело за кое само ти си лекот.
    Моја насмеана султанке. Моја грациозна лепотице. Мој слевеј, мој жолт цвету.
    Твоите очи како стрели го рануваат моето срце.
    Мојата душа пати и се распаѓа на илјада парчиња поради тебе.
    Еј несреќо. Сигурно срцето на оваа убавица е заѕидано од мермер.
    Таа не штеди ни една солза за мене.. го оплакува својот сакан.
    Таа има камено срце. Нејзниот гнев и понатаму се зголемува.
    Што можеш да направиш ако за нејзиниот бакнеж си спремен да го дадеш и животот?
    Ако треба ќе умрам и ќе воскреснам само за да ја бакнам.
    Еј моја Господарке!..
    Не мисли дека твојот сакан ја крие неговата љубов од тебе,
    таа е јасна како ден.. како солзите во твоите очи.“


    И така уште само 2 епизоди до самиот крај, ќе ми недостига серијата премногу, ќе ми недостига и коментирањето на оваа тема..
    Дефинитивно Величенствениот е серија која ми го зароби вниманието од почетокот до крајот.
    Јас сум голем љубител на историјата и сакам да читам за неа, а особено овој период на Османлиското царство ми беше малку непознат, а начинот на кој што е претставен во серијата максимално ме заинтересира што почнав да истражувам повеќе.
    Дефинитивно после оваа серија, Хурем Султан засекогаш ќе ја паметам како најинтригантната, и најмоќната жена во историјата воопшто. Споредувајќи ја со останатите кралици кои ја обележале историјата ширум светот, приказната за Хурем Султан како од робинка станала владетелка секогаш ќе ме наежува. Тоа е само доказ дека жените владеат со светот.
    Да се вратам на епизодата, навистина премногу тажна. Се изнаплачив за Бајазид, особено делот кога и рецитираше поезија на Дефне Султан ;( Ме потсети на Сулејман кога и пееше на Хурем..
    Не ја оправдувам неговата постапка бидејќи не е достојна за еден принц, но поаѓајќи од фактот дека Бајазид бил син на Хурем Султан.. нормално дека бил храбар и се борел за она што сакал да го постигне исто како и неговата мајка.. само во овој случај, среќата едноставно не била на негова страна.
    Во следната епизода кога ќе биде конечната смрт на Бајазид ќе има многу плачки, штом го изнажалив Мустафа што не ми беше баш некој омилен лик, Бајазид ќе го изнажал уште повеќе :doh:
    Конечно во оваа епизода ја видовме Михримах како вистинска Величествена. Одлуката што го погуби Рустем паша докажа која е вистина таа.
    Тоа е тоа луѓе. Едвај ги чекам последните две епизоди иако ќе ми биди многу тешко без сите ликови, ама се надевам дека продукцијата Тимс нема да застани тука и ќе не почести со уште една серија за Османлиската империја која и покрај тоа што била раководена од најмоќните Султани и најдобрите Везири, во сенката на тронот всушност стоеле жените.. Моќните Султанки кои владееле со светот.
    Се надевам дека ќе има серии и за останатите две најмоќни султанки, Нурбану и Кошем. Ќе ги гледам со мерак. :inlove:

    И по некое сликче како што е редот :D

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    (Есмахан Султан и Принцот Мурад децата на Селим и Нурбану)
    [​IMG]
     
    На Ana.N и Kaylie им се допаѓа ова.
  2. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.710
    Пол:
    Женски
    На Ana.N му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Браво за Михримах, без да и трепне око му удри шлаканица на Селим :geek:
     

    Прикачени фајлови:

    • Screenshot_2.png
      Screenshot_2.png
      Големина на фајлот:
      956 KB
      Прегледи:
      208
    На Ana.N му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Збогум на Величествениот век ;(

    http://www.youtube.com/watch?v=qAwb_uIyuSE

    Тешко е да се разбере зошто оние кои што навистина требаше да живеат, си заминаа, а останаа оние кои што ни најмалку не заслужуваат да останат на овој свет.

    Нурбану – жената која направи многу, многу поодвратни работи од Хурем. За разлика од Хурем која цело време се бореше за својата љубов кон Сулејман и со цел да ги заштити своите деца, Нурбану не чуствува ниту тронка љубов кон Селим, а ниту грижа за своите деца. И кога Хурем ќе направеше нешто на што беше приморана, сепак чуствуваше грижа на совест. Во очите на Нурбану се гледа само желба за власт и ништо друго. Врв на сето тоа е ова што ќе му го направи на синот на Бајазит и Дефне. Без ниту малку грев дава наредба да се убие тоа невино дете. Ете зошто Нурбану била најомразената жена во целата османлиска империја. Жена која немала ниту срце, ниту душа. Правела се без око да и трепне.

    Селим – човек кој не заслужува ништо, а најмалку Престолот. Човекот кој што од кога станал владетел ниту еднаш не отишол на поход и седел во палатата и само пиел и се забавувал. Кога смртта и него ќе го земе, неговиот син оди по неговите стапки а неговата мајка ако знаела да управува како што треба со државата, државата немало да оди надолу туку ќе се искачувала нагоре. Доказ дека ниту Селим, ниту Мурат, ниту Нурбану не знаеле како да управуваат со османлиската империја и дека поради нив се заминало во пропаст.

    Михримах – Хурем на квадрат. Вистинска Величествена Султанка. Уште од почетокот знаеше дека Селим не заслужува ниту да оди во Маниса, ниту да биде следниот престолонаследник. Секогаш го штитеше Бајазит, но кој можеше да го заштити од неправдата која цело време само тој ја трпеше.

    И на Ѓулфем и пукна филмот. Сигурно Сулејман ќе нареди веднаш да ја задават после ова. И така и на неа ќе и дојде крајот.
     
    На Mahidevranfan и simonna.a им се допаѓа ова.
  5. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
  6. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.710
    Пол:
    Женски
    140 ќе биди последната епизода или 139?
     
  7. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    139 :)
     
  8. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.710
    Пол:
    Женски
    Шо збораш бре? :sweat:
    Три серии шо гледам во животот и едната сега ќе ми заврши ;(
    епа добро...од историските серии ми останува само Reign....
     
  9. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Од кога си замина Мерјем серијата не е тоа што беше! |( :angel:
     
  10. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.710
    Пол:
    Женски
    Мерјеееееем :inlove:
    Сакам Мерјем да беше ко Арнолд Шварценегер
    I'll be back...
     
  11. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам,дали знаете некоја страна,или линк од серијава ама со англиски превод и да биде од почеток од прва епизода?
     
  12. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.710
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Овој лепотанот е принцот Мурат,а оваа до него е Сафије Султан?
    иначе ме освои овој готово хахаххаха :inlove:
    [​IMG]
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
  14. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    На simonna.a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.710
    Пол:
    Женски
    Е сега морам да признаам
    најавата е врв ми се чини!
    Не само што ме наежи,така малце и расплачи... ;(
    Имаше серијата маани и триста чуда,но сепак јас до крај си ја гледам...
    VEDA :bow:
     
  16. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    [​IMG]

    Новата Величенствена, е баш ја личи :bow:
    Баш би било убаво да направат серија и за Султанатот на Нурбану штом веќе се во план да прават и за Кошем Султан кога веќе почнале со сериите за најмоќните султанки.

    Инаку Сафие Султан не ми се допадна изборот на актерка, инаку за тие што не знаат Сафие Султан (Софиа Бафо), била роднина на Нурбану, според презимето кое го имале двете изгледа дека биле во многу блиска роднинска врска. Таа исто така го следела примерот на Нурбану, и се искачила на местото Валиде Султан.. но немала некоја значајна моќ.

    [​IMG]

    Според мене требало да изберат темнокоса актерка, зошто Венецијанките се обично со темни коси и светол тен.
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.710
    Пол:
    Женски
    во потполна согласност сум со тебе ;)
     
  18. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    ОФИЦИЈАЛНО - Од Септември 2015 година, продукцијата на Величествениот започнува со снимање на серија за Косем Султан :party: :party: :party:

    http://www.youtube.com/watch?v=WNEyFGsEv9k

    Знам дека пред некое време веб порталите пишуваа за ова, но јас искрено не верував дека тоа ќе се реализира. Сега кога прочитав на фејсбук дека после завршувањето на последната епизода од Величествениот била објавена првата најава, веќе е официјално потврдено. И за сето ова да биде совршено, Косем Султан треба да ја глуми Мерием Узерли :D :D :D
     
    На simonna.a, cresa-jagoda и Mahidevranfan им се допаѓа ова.
  19. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988

    :party: :party: :party:
    После Величенствениот век, јас тотално се опседнав со историјата на Османлиското царство поточно Харемите и Султанките кои владееле. Баш бев тажна што завршува Сулејман ама кога го видов ова ее на среќата ми нема крај. Со полна пареа и во еден здив ќе ја изгледам и оваа серија, едвај чекам :clap:
    Искрено.. најавата не ме остави без здив, некако ова девојчево ми го нема баш изгледот за најмоќната султанка во истријата - Кошем Султан, но сепак убедена сум дека ќе биде добра серија.. и да даде Господ Мерием да ја глуми :D
    И пак ќе речам, не требаше да ја прескокнат Нурбану, ајде од кога ќе заврши серијава за Кошем.. нека направат една и за Нурбану :clap:
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Намерно ја прескокнаа затоа што во нејзиниот живот нема ништо интересно :D