1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Па ако гледаме реално, ништо од ова што го имат прикажано за Хурем не е вистина, зошто никој ниту бил ниту видел што правела таа, ниту пак постојат некои записи кои сведочат за делата на Хурем и нејзините сплетки во харемот, зошто во тоа време било забрането да се зборува и пишува за харемите, и се што се случувало во нив.. И самото име "harem - haram" значи грев, и се поврзано со нив било непознато.А најмалку за Султанките.
    Сум гледала документарци и ниту еден историчар не пронашол никакви записи за тоа што се случувало во харемите.

    Сериите за Хурем и Кошем се тотална измислица на сценаристите, и филувани онака како што им одговара нив.. со цел да создадат некоја слика за нив. А можеби тие во реалноста, немале направено ни пола од она што е прикажано во серијата, едноставно не е возможно во реалниот живот да се случуваат такви бесмислици како што се прикажани во сериите.
    И зошто да не би направиле серија за Нурбану, па ако гледаме реално што достигнала Хурем повеќе од Нурбану?
    Хурем единствено била првата венчана жена на Султан и таа била причината за смртта на Ибрахим и Мустафа, само тие заговори што ги направила (и тоа нема никаков доказ дека биле заговори од нејзина страна, сепак се работи за претпоставки) зошто ако гледаме реално, Сулејман бил најмоќниот Султан во историјата на царството и не било баш едноставно да го наговори некој да си ги убие синот и најдобриот пријател.. Сепак мислам дека тој бил Султан кој бил болен за власт и во сите гледал конкуренција,
    и освен тоа Хурем друго не постигнала апсолутно ништо..
    А Нурбану, и покрај тоа што и таа станала венчана жена на Султанот, владеела сама со диванот, направила заговор да го убијат нејзиниот зет и воедно голем везир Мехмед Паша Соколович кој имал поголема моќ од Султанот со цел таа да ја добие сета моќ и од друга страна била Валиде Султан и на нејзиниот маж Султан Селим, и на нејзиниот син Султан Мурад.
    И таа го склучила мирот помеѓу Венецијанците и Турците кои меѓусебно војувале со децении.
    Не баш значајни достигнувања? :?: Па не би рекла... Нурбану била пвоеќе вмешана во политиката и земјите со кои Царството војувало и склучувало мирови, додека Хурем повеќе ја интересирал харемот и кој син ќе дојди на власт.
     
  2. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    А која е оваа Кошем Султан?Чија ќерка била? :)
     
    На Mahidevranfan му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Махпејкер/Кошем Хасеки Султан била една од најмоќните и највлијателни султанки после Хурем Хасеки Султан. Имала грчко потекло, се викала Анастасија, инаку била венчана султана на Султанот Ахмед I, мајка на султаните Мурад IV и Ибрахим I. Била една од најмоќните султанки затоа што таа управувала со царството сама, и била Валиdе султан на нејзините синови Султанот Мурад IV, и Ибрахим I. Управувала сама со царството затоа што кога нејзиниот прв син Мурад станал султан бил многу млад, а по неговата смрт тронот го наследил неговиот брат Ибрахим кој бил душевно болен и исто така не можел да управува со империјата.
    Таа го водела и диванот, ги држела советите од позади завеса.. (нели жените било забрането да седат покрај мажи, особено султанките). По смррта на нејзиниот син, султанот Ибрахим кој бил убиен поради заговор од главниот муфтија, Косем Султан го прогласила за султан нејзиниот внук Мехмед IV, кој исто така бил малолетен. И таа повторно владеела со царството. Но тука започнало ривалството помеѓу неа и мајката на нејзиниот внук, Хатиче Турхан Султан која наредила Косем Султан да биде убиена поради што планирала да го тргне од престолот нејзиниот внук.
    Како една од највлијателните и најмоќни султанки во историјата, Косем Султан имала многу неславна смрт, била задавена со јаже од страна на дворската стража.

    -Една феминка го имаше поставено ова поназад :)
     
  4. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Се согласувам со тоа дека никој не може да знае што точно се случувало во харемот и дека сето тоа е измислено од страна на сценаристите но моето мислење се однесуваше на работите кои се знаат за Нурбану. Тоа значи дека Нурбану немала конкуренција од Хурем која доколку би била жива би била Величествена. Потоа следува тоа што немала конкуренција од друга Султанка со Принц, немала конкуренција од некој Паши кои работеле против неа итн да не набројувам за да не се повторуваат моите мислења.

    А па Нурбану да не не ја интересираше кој ќе го наследи Престолот после Сулејман? Затоа се трудеше да го убие Бајазит. Тоа секој го интересирало. И Хурем и Нурбану. И Селим да имал некоја друга миленичка т.е. Султанка со Принц, и тоа како ќе ја интересираше Нурбану кој ќе седне на Престолот после него. Или па доколку Селим имаше повеќе жени, и тоа како Нурбану ќе ја интересираше харемот и што се случува во него.

    Е затоа не направија серија за Нурбану па ниту ќе направат некогаш. Затоа што нема ништо интересно со што би ги привлекле гледачите. Тоа дека раководела со Диванот и што донесувала одлуки за државата, тоа помалку ги интересира гледачите. Затоа сценаристите во Величествениот повеќе се насочуваа на случките во харемот а не дека Хурем немала влијание врз политиката. И претходно имав кажано дека таа преку својата тајна одаја знаела за се што се случува во државата па дури и самиот Сулејман се консултирал за некои работи со неа (тајната одаја за која Сулејман знаел и кој никогаш не наредил да се сруши како што е прикажано во серијата). Нурбану ако склучила договор со Венеција тоа не е ништо важно бидејќи важно е каква тактика ќе се води на походите за да се прошири османлиската империја. И Нурбану знаела да го направи тоа? Се разбира дека не. Ако знаела да го прави тоа империјата немало да стои во едно место што било случај со владеењето на Селим и Мурат.
     
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.732
    Пол:
    Женски
    Тооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооо ве керо мучо
    сени севјорум како и да велите таму вие од ТИМС продакшн ако ме читате :D .....Кошем султана-КОНЕЧНО! :party: :party: :party: :party:
    Уште повеќе ќе ме израдуваат господата од ТИМС продукција ако Махпејкер султана ја глуми Мерјем Узерли
    Ете така :dance: :whew: :party: :dance:
     
    На bubac, Ana.N и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
  7. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Не ми се верува да ја стават истата глумица главен лик на двете серии
     
  8. cansuuuu

    cansuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    111
    Колку што прочитав и најдов податоци,Beren Saat ја глуми Ќосем.... :inlove: :inlove: :inlove:
    Леле готово,ако е вистина почнувам да ја гледам серијава :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На Mahidevranfan му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    А во кој период владеела Кошем султан?Пред или по Хурем?
     
  10. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Претпоставувам дека оваа актерка може сосема добро да се снајде во секоја зададена улога бидејќи професионално си ја врши својата работа но Мерием има нешто во себе што никоја друга актерка го нема. Посебна е и тоа ја издвојува од сите останати. Со нејзиното специфично однесување знае да влезе во срцето на секој човек и секој човек да ја засака. Затоа доколку се случи Берен да ја глуми таа улога ќе ми биде жал што Мерием нема да биде Косем Султан но доколку е вистина дека продукцијата прво и предложила на Мерием за таа улога а Мерием не прифатила или едноставно не можеле да постигнат заеднички договор, тогаш подобро улогата да и биде доделена на Берен отколку на некоја актерка на која не и прилега таа улога. Сепак за да бидеме сигурни ќе треба да почекаме додека не излезе уште некоја видео најава или промо фотографии за серијата

    После Хурем :)
     
    На cresa-jagoda, Mahidevranfan и Kaylie им се допаѓа ова.
  11. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Ми заврши омилената серија :( . Ова со Косем султана малку ме утеши ама па кој ќе чека до септември 2015? Многу е далеку.
     
  12. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    А што е поентава што сите наредни султанки го носат прстенот од Хурем? :^)
     
    На Ana.N му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss.Bass

    Miss.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    206
    Морковот се напрај султан, аман!
    дислајк
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Султанатот на жените кој го започнала кралицата Хурем мора да се пренесува од колено на колено па затоа се пренесува и прстенот како знак за моќта на Султанката која го носи ;)
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
  16. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    3.168
    Пол:
    Женски
    Изгледана цела серија :( Ќе ми фали многу . Искрено оваа ми беше посбена серија што сум ја гледала историска баш каква што сакам :) Се надевам ќе има и други вакви серии :)
     
  17. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Следната историска серија ќе биде Косем Султан која ќе започне во Септември 2015 година :rock:
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  18. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.732
    Пол:
    Женски
    Има историска серија која моментално се дава на ХРТ1-Владеење(Reign) за владеењето на кралицата на шкотите Марта Стјуарт.Прејака е серијата,а глумците едноставно да те остават вака :o
    Ако ги сакаш историските серии,ти ја препорачувам и оваа...
    Иначе јас сум огромен обожавател на историските серии,а завршувањето на Величествениот...жал ми е искрено,инаку јас пак ќе ја гледам се додека не заврши и на канал 5 телевизија...
    А Кошем Султана со нетрпение ја чекам!Многу ме интересира за неа,за таа моќна султанка од грчко потекло,Махпејкер Кошем Султан... :wasntme:
    Ако сакаш историски серии,гледај ја оваа што ти ја препорачав ;) иако не се раскажува баш за некој султан/султанка од Османлиското владеење,но ако сакаш историски гледај ја :$
     
  19. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    3.168
    Пол:
    Женски
    Фала ти !! :)))
     
  20. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Најдов некои информации на интернет според кои се шпекулира дека Кошем Султан можно е да ја глуми актерката Merve Bolugur.
    Таја неодамна по завршувањето на улогата како Нурбану Султан, ја промени бојата на косата во златеста црвена како што и била природната боја на Кошем Султан, а разгласи и на некои портали дека сонува да ја глуми најпознатата Султанка на сите времиња.
    Баш ќе ми биде мило ако ја глуми Кошем.. одлично ќе и стои улогата. А и личат по малце со оваа младата Кошем. :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Kaylie и Mahidevranfan им се допаѓа ова.