1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.203
    Пол:
    Женски
    Пак јас со историја, не мора да ме читате.

    Османлискиот владетел, според дотогашната традиција би можел да се венчава единствено со странски благороднички, со цел зацврстување на сојузи, но препорачливо било воопшто да не се жени за да остане посветен на државните работи без брачно-семејниот живот да се испреплетува во неговите должности.

    Затоа постоел харемот со робинки кои требало да раѓаат принцови, потенцијални наследници на династијата. Робинките не биле муслиманки по потекло, се работело за девојчиња грабнати од христијански семејства. Интересен е податокот дека трговците од Џенова, на пазарите во О.Империја ги одбирале и откупувале најубавите девојки, и потоа за поголеми пари ги препродавале во царскиот сарај. Таму девојките поминувале низ неколкугодишен образовен процес за совршено да се вклопат во дворскиот систем.

    Султанот можел да спие со некоја робинка колку сака, се до моментот кога ќе се откриело дека е бремена. Доколку родела ќерка, таа можела по желба на султанот да остане негова наложница, но штом родела син, нејзината врска со султанот престанувала и таа требало да се посвети на улогата на мајка која ќе го воспитува можниот наследник на империјата. Имено, кога принцот (шехзаде) ќе дојдел на одредена возраст, бил испраќан да раководи со некој административен регион, а мајка му имала задача да го придружува, да го насочува и да води ред во неговото домаќинство. Султанот Сулејман ги занемарил правилата поради Хурем, која му родила 5 машки деца покрај ќерките а по смртта на неговата мајка (Валиде Хафса-султан), Хурем му станала и законска сопруга која останала покрај него до крајот на нејзиниот живот иако синовите им биле надвор од престолнината.

    Махидевран била мајка на најстариот преживеан син на Сулејман, Мустафа. Пред него, Сулејман имал два сина од други хатуни и тие не го преживеале детството. Според некои извори, Сулејман продолжил да биде интимен со Махидевран откако го родила Мустафа, што би значело дека и пред Хурем бил инклиниран да ги прекршува правилата.
    Со Махидевран можеби имал две ќерки пред да се роди принцот.
    По Хурем, наводно престанал да спие со други жени од харемот, кои биле 17 на број.

    Појавата на Хурем го означила почетокот на т.н. Султанат на жените, кога во харемските сенки бил одбиран и одредуван наредниот султан и од каде што се влијаело врз политиките во империјата.
     
    Последна измена: 16 декември 2021
    На Amellie13, cresa-jagoda, Miiaa98 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    И мене Топкапи ми има оставено ептен голем впечаток, еве дел од таму, харемот:
    HAREM0.jpg
    HAREM1.jpg
    HAREM2.jpg
    apart.jpg
    Која члeнка праша дали таму живееле, да ова се остатоци од нивните престојувалишта.
    Серијата порано ја гледав, еве сега прочитав дека пак ја давале, добра прилика да се потсетам на неа. Инаку за Косем Султан има книга за неа:
    цр.png
     
    На cresa-jagoda, ane.bella и mssuniquee им се допаѓа ова.
  3. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    1.595
    Ова гледам си пишала дека е дел од историјата. Но, во серијата султанот Сулејман ми е прикажан како праведен и дека не би убил дете свое. Што ќе биде со Мустафа синот на Махидевран и со децата на Хурем, кој ќе биде фаворит за престолот, нели они меѓу себе ќе се испотепаат?
     
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.219
    Допаѓања:
    11.044
    Пол:
    Женски
    Кажи ми како се става во спојлер па ќе ти кажам затоа што ќе ме истепаат вака..
     
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.897
    Допаѓања:
    45.900
    Пол:
    Женски
    CDA3ED41-DF52-4016-AB15-F22875892B18.jpeg
     
  6. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    1.595
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Оди на 6тото правоаголниче кај смајлито, сликите и видеото, значи веднаш тоа до видеото пишува вметни кликни и има спојлер и пишувај меѓу. Ај пробај, ако не бива избриши и пиши кај ќе заглавеш?
     
  7. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    1.595
    Ти објаснила @Feminka22 веќе, фала и јас не можев да сликнам
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.219
    Допаѓања:
    11.044
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20211216_131932_com.huawei.browser.jpg
    Сега каде? Немам ни опција за смајли да ставам јас.
     
  9. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    1.595
  10. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    6.479
    Ги има и тие што го немаат гледано. Основно правило е да не се пишува шо ќе се деси,ама тоа е..
    Очигледно нема правила ни модератори овде да реагираат.
     
  11. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.523
    Допаѓања:
    1.656
    Пол:
    Женски
    Фаворит ќе е Бајазит. Ама брат му Селим ќе го убие Бајазит и неговите деца. А инаку Мустафа е убиен по барање на Сулејман.
     
  12. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    1.595
    Зошто?
     
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.219
    Допаѓања:
    11.044
    Пол:
    Женски
     
    На cresa-jagoda и Amelia им се допаѓа ова.
  14. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    1.595
    Мехмет беше сега бебето, што го роди првото дете, така ли?
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Да
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    1.595
    Кога ќе се појави Афифе Хатун (Сабина Ајрула)? Што улога имаше таа?
     
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Рано е, покасно. Даје ја менуваше мене ми беше океј лик.
     
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.189
    Допаѓања:
    47.581
    Пол:
    Женски
    Во серијава Хурем и Сулејман имаат само 5 деца, на гугл прочитав дека имале и уште еден син Абдула ако не грешам, ќерки други не се спомнати, каде го има тој податок?
    Баш е безвезе што направиле доста промени на историјата во филмов.
     
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.203
    Пол:
    Женски
    Западните историски серии се подобри, ова има многу елементи на сапуница со премногу епизоди. Но има простор за импровизирање зашто некои работи секако не се сигурни, жените биле табу-тема и османлиските извори слабо се осврнувале на нив. Пред да се појави Хурем и да привлече внимание, не ги интересирало ни кои биле мајки на султаните. Така и за мајката на Сулејман не се знае дали била Ајше или Хафса, благородничка или робинка. Денес се претпоставува дека Хафса му била вистинска мајка или маќеа која се грижела за него, но не се сигурни која била и од каде.

    Ниту семејното потекло на Хурем, нејзиното име и презиме не е 100% утврдено. Странците во Топкапи начуле Александра Лисовска, а во Украина жената на султанот е наречена Анастасија т.е. Настја. Дури и тоа дека била ќерка на православен свештеник не е утврдено, не постои никаков валиден запис, документ, нејзино кажување, ништо, се е фолклор и прераскажување. Единствено може да се заклучи дека тоа навистина и била родната земја, поради нејзиното инсистирање пријателски да се допишува со полскиот крал кој владеел со таа територија тогаш нарекувана Рутенија.

    Принцот Абдула починал многу мал, според некои извори тој е второто дете, а според други третото, родено по Михримах. Јас имам сретнато дека Хурем покрај Михримах родила барем уште едно девојче, но можно е да умрело мало. Секако било женско и не регистрирале што му се случило.

    Мене повеќе ми пречат грешки како тоа што кралот Лајош Јагелонски (Лудвиг II од Унгарија) треба да има 16-17 години, а актерот во серијата е средовечен маж и воопшто не е спомнато зошто се однесува непромислено, тој имал несреќен животен пат како за крал. Додека бил предвремено родено бебе, мајка му починала пo породување, а него едвај го спасиле. Неговиот татко Владислав, уште жив монарх, го крунисал 2-годишното дете за крал бидејќи се плашел дека доколку тој ненадејно умре, син му ќе остане без престол поради лешинарите и интригите. Кога тој навистина умрел, Лајош останал 10-годишно дете крал манипулиран од дворјаните и запоставен од неговите роднини - Хабсбурзите, кои се чини едвај чекале пропаст на Унгарија. Лајош морал да го заложува кралскиот накит за да се издржува во сопствениот дворец, што сигурно се одразило на неговото здраво расудување на таа возраст и успеал на свои 15-тина години да го испровоцира моќниот султан Сулејман со што си пресудил себе пред се, државата Унгарија секако била пуштена низ вода
    како што Лајош се удавил во водата.
    Морав во спојлер зашто мислам дека е содржано во серијата.
     
    Последна измена: 17 декември 2021
    На ane.bella, anastasijaki и Idedemja им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.817
    Допаѓања:
    54.026
    Пол:
    Женски
    Обожавам да читам историја, па така и серијава ми е многу интересна. И тука она што го пишувате ми е многу интересно. Секако има додавано и одземано некои елементи за да биде попривлечна како серија, но повторно е претежно она што се случувало.
    Најдов податок дека Хурем имала само 15 години кога била донесена во сарајот како робинка. Едно е најсигурно, дека имала црвена коса и делела од сите со тоа. Во тоа време мислам таквите жени ги сметале за лоши и дека можат да маѓепсуваат, па затоа и султанот бил маѓепсан.
    Но, Ибрахим и Хатиџе никогаш не се сакале во реалноста(?). Ова најверојатно им е додадено за да има малку драма.
     
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.