1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Хурем не сака да му се одмазди на султанот,стварно е заљубена во него.Ама многу ја привлекува и моќта која ќе ја има ко султанка.
    И сака да сруши се што ќе и застане на патот кон замислата.Во иднина нема да бира средства за исполнување на замислите :)
    Читав на нет дека он многу ќе ја слуша нејзе,ќе биде под нејзино влијание цел живот.
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Богами од тоа што го видов Сулејман убаво ја стави под нозе кога Хурем покажа заби .
     
  3. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Мене па многу ми се допаѓа Хурем.. мислам нејзиното однесување и глумата и се... :) Баш и прилега оваа улога... :)
    Како нема да се занесува кога го има султанот во раце( и јас би била таква да имам некој султан да ми угодува се :rofl: :rofl: )

    Само не знам што бара Шекерзад во филмот... Си ја имаше та славата во "1001 ноќ" нека не се меша сега..

    Бред Пит е друга приказна :inlove:
     
  4. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Бред Пит е во втората сезона.
    Инаку има две жени, служавки во серијава кои многу ми личат , ама изгледа едната е учителка на Хурем, другата е служавка на Махидевран. Ама секогаш ги мешам :rofl:
     
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Александра ми станува антипатична се повеќе и повеќе во секоја наредна епизода.
    Аааааааах и тој преводот, ја прави уште поглупа. :headbang:
     
  6. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Серијава станува се поинтересна и поинтересна , Нена ме остави без спиење до 4 сабајле :D Стигнав до 17 епизода и интересно и напнато е ептен :)
     
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Може некој да ми каже што е приказната меѓу Султанот и помошничката на Султана Хатиџе? Жена му била, имале дете па умрело? или само трудна останала како робинка и ...тоа за тоа останало?
     
  8. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Не му била жена ,робинка била па останала трудна и го изгубила бебето ,и толку од нивната врска било меѓутоа имал добра комуникација со нејзе уживал во нивниот разговор. :)
     
  9. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Хатиџе му е сестра на султанот, не е помошничка :^) . Рано останала вдовица, затоа е нерасположена цело време. Друга беше таа што останала бремена и што го изгубила бебето, неа смо еднаш ја покажаа и спомнаа.

    Во контекст со муабетов, не знам шо ќе биде со неа и со Ибрахим, пошо Ибрахим е нели јаничар, а на јаничарите колку што знам во времето на Сулејман им било забрането да се женат со турчинки, покасно било дозволено со закон. Затоа се кријат тие двајца. :?:
     
  10. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Сањаева праша за помошничката на Хатиџе султана :) А ако те интересира што ќе биде со Хатиџе султана ќе го ставам во споилер прочитај :)
    Ќе ја омажат за Ибрахим ,он ќе стане главен везир и ќе му признае на султанот дека е заљубен во Хатиџе и султанот ќе им организира свадба и ќе го одобри нивниот брак
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LadyEvil

    LadyEvil Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    13
    Како сестра? Нели султанот е единец, нема браќа и сестри? :^)
     
  12. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Добро, грешка, зашо јас сфатив за Хатиџе оти зборите дека била помошничка :lol:
    Само не знаев дека помошничката на Хатиџе беше истата што ја спомнуваа во харемот дека останала сама откако го изгубила детето. :^) Добро нема везе, која и да е, ние да не комплицираме :D
    Сестра му е :)
    И браќа имал, сите погинале, останал само тој како престолонаследник, спомнаа на почетокот, самиот Сулејман ги спомна. :)


    А иначе овие јас шо ги помешав дефинитивно биле различни актерки

    [​IMG]
    Оваа е Selma Ozkanli или Сузан, мајката на Џем
    [​IMG]
    А оваа што ја игра мајката на султанот се вика Nebahat Cehre

    Ко близначки се
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Има, Хатиџе му е сестра. Ама единец...демек еден син (женските не се бројат ) :)

    а тоа дека имал браќа..незнам :^) ..можда википедија знае повеќе

    Султан Сулејман I (турски: Süleyman, отомански: سليمان‎), познат уште и како Сулејман Величествениот бил десетиот султан на Отоманската империја во периодот од 1520 до 1566 година. Го наследил Селим I на тронот. Сулејман бил роден на 6 ноември 1494 година во Трабзон.

    Во време на неговото владеење, Отоманската империја станала најголема светска сила. И покрај тоа што империјата продолжила да ги шири своите територии по неговата смрт, сепак се смета дека по неговата смрт империјата започнала постепено да се распаѓа.
    [уреди]
    Воени успеси

    Сулејман I е еден од најуспешните султани на Отоманската империја. Во западните земји е познат како Величенствениот[2] а во источните како Законодавецот. На султанскиот трон се качил во 1520 година и владеел до 1566 година. Ги освоил најсветите муслимански градови Мека, Медина, Ерусалим, Дамаск и Багдад. Во август 1521 година била освоена речиси цела Србија. Во 1522 година бил заземен Родос. На 29 август 1526 година започнала Мохачката битка. Отоманците ги поразиле сојузничките христијански сили предводени од Лајош II. Победата сепак не им дала голема сигурност на Османлиите. Битката го означил крајот на Кралство Унгарија. Од 1541 година Сулејман го контролирал поголемиот дел до денешна Унгарија, како и Трансилванија, Влахија и Молдавија кои станале вазалства на султанот.

    Сулејман водел три воени кампањи против Сафавидската империја во Персија и Ирак. Во 1534 година бил заземен градот Багдад. Вториот поход (1548-1549) резултурал со заземање на Табриз и Азербејџан, провинцијата Ван и делови од денешна Грузија. Третиот поход се случил во 1555 година, кој завршил со договорот од Амасија, според кој биле признаени границите на Отоманската империја. Во текот на неговото владеење биле спроведени воени походи во Северна Африка во кој биле заземани Тунис, Алжир и Триполитанија. Во овој период, Отоманската империја станала доминантна во Средоземно Море.

    Отоманската морнарица исто така обезбедила контрола и над Црвено Море и Персискиот залив во 1554 година, кога нивните сили биле поразени од страна на Португалија. По ова следувал поразот во битката кај Аден во 1548 година. Во 1533 година, Хајредин Барбароса спровел воен поход против Хабсбуршка Шпанија.

    Во 1535 година, Светиот Римски император Карло V издвојувал значајна победа над Османлиите во Тунис, но во следната година бил склучен сојуз помеѓу Франсоа I и Сулејман I. Во 1538 година, флотата на Карло V била поразена во битката кај Превеза, со која победа се обезбедил источниот дел од Медитеранот, кој под отоманска власт останал во следните 33 години.

    Во 1541 година бил опсаднат градот Будим. Опсадата резултирала со заземање на градот Будим. По оваа победа, Османлиската империја воспоставила контрола над централна Унгарија. Битката е дел од т.н. Мала војна во Унгарија. Победата претставува една од најзначајните на Османлиите против Фердинанд I, најмногу поради тоа што градот во следните 150 години бил под нивна контрола[3].

    Една од најнеуспешните војни и битки на Сулејман I е опсадата на Виена во 1529 година. Опсадата претставува крајна точка на османлиската инвазија во Европа, бидејќи по битката бил ставен крај на османлиското проширување во Европа, иако во 1683 година имал уште еден обид за зазимање на градот.

    Во последните дваесет години бил под влијание на неговата омилена Рокселана, која успеала да стане законска жена на султанот, нешто што не можела да постигне ниту една од наложниците на изминатите два века. Започнувајќи кампања во Унгарија, Сулејман не доживеал да победи. Неговата смрт била скриена и раководењето со империјата продолжило без султанот, но во негово име, додека да дојде на престолот неговиот син од Роксолана – Селим II, со кој започнала ерата на падот на империјата.

    Роксолана -- Александра?
     
  14. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Да, Александра е таа, најверојатно така ја превеле од унгарски или којзнае. Значи султанов ќе го наследи синот на Хурем, а не овој Мустафа кој многу ме нервира, мало дигнато дете :lol:

    Дали некој знае дали оваа година ќе заврши во Турција?
     
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Според историјата,
    Хурем ќе го убеди Султанот дека Мустафа му спрема заговор и ќе го убие.
     
  16. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Ќе си го убие сопствениот син?! :o

    Оваа скрос му го испрала мозокот.
     
  17. mlover

    mlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Се планира да има 4 сезони (Султан Сулејман владеел 46год и во една сезона се прикажува 11 год од неговото владеење)... сега се снима втората сезона... така да уште 2 год ќе се снима во Турција.
     
  18. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    А што ќе се случи со неговата прва жена? Махидевран мислам дека беше?
    Маж ако некого сака, сака. Посебно е тоа изразено кај Турците.
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.309
    Допаѓања:
    101.440
    Пол:
    Женски
    За болдираново, и тоа колку си во право да знаеш. Од искуство. Инаку се надевам дека нема да ја прекинат како и Лале, и Џанан зашто стварно ќе биде одвратно.
     
    На babaDara му/ѝ се допаѓа ова.
  20. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Кога ги гледав рекламите, серијата ми личеше на тешка театарска патетика. Но, овие два-три дена имам одгледано краток дел и ми се допадна. Го гледав и трејлерот на Интернет и баш ми е океј, има шанси да продолжам да ја гледам. Штета што не ја гледав денешнава епизода. Мхм! :@ :P Не знам како серијава го претставува цело она време на Отоманската Империја, но мене на прв поглед ми изгледа доста реално.

    Еве, читам дека имало и негативни реакции од страна на турски гледачи дека турската историја ја прикажува во негативно светло. Како и да е, оние што повеќе се запознаени со оваа историска проблематика, можат да дадат поконцизно објаснување.

    http://www.youtube.com/watch?v=mcc8w1JKHlg