Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185


    НА СИТЕ ШТО СТЕ ФАНОВИ НА ХУРЕМ ИМ СЕ ПРИКЛУЧУВАМ :lol: БИДЕЈКИ ИМАТ ЦРВЕНКАСТА КОСА КАКО КЕРКАМИ И ПРАВА ЖЕНА Е УБАВА ГОЛЕМА ТАМАН ЗА ЦАРИЦА Т.Е. СУЛТАНКА !(штета што вистинската не била толку висока и убава )
     
  2. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    484
    незнаеш која е позлобна :devil: мајката или керката.Mахидевран како да е од нивна крв |( .Зумбуљ Ага не е праведен со Ѓул Ага :^)
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Ејјј а демек Хурем не е злобна хахаха абе сите се вештерки што ви е вас :devil:
     
  4. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Ај ве молам линк од денешнава епизода или барем кажете која беше по ред да ја побарам :$
     
  5. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Овие прави bitches испаднаа.Ццц...Ај Махидерван ама другиве што коплекси имаат од Хурем мислиш,абре неа да ја изнервираат им е мерак па мерак :devil: Неее,свашта.А па и Махидерван не и смета Султанот да спие со 100 робинки само Хурем да не е...Дури и ја брани принцезава и тие другите две предходно што беа.Абре... :|
     
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Изабела денес тотално ме изнервирала,А за Хатиџе муабет да не правиме. :@ :@
    Хатиџе,сирота `родена` султанка со султанска крв.Цц,ццц.. :swear:
    Епа Лошо и мисли на Хурем `обичната` и лошо и ќе и се врати.Не е важно дали си обичен или од династијата на Сулејман..важно е да знаеш да се избориш да си го гледаш и чуваш своето,и да не им бидеш роб како мирно кученце таму..Е ваква насмевка ќе имам кога Ибрахим ќе почне да `забушава` --
    :rofl: :rofl: :D Е тогаш да ја видиме `важната` Султанка Хатиџе :devil:
     
  7. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Не била убава?? Баш напротив, вистинската Хурем била права убавица, и во историјата е забележана така.. Ја викале уште и огнена црвенокоса. Не знам од каде ти е ова, дека не била убава..
    А оваа не е нешто посебно, како прасенце е, крупна и гломазна скоро колку султанот, не знам што гледате толку женствено кај неа. За понашањето не ни коментирам. -.-

    Веќе реков дека не ме интересираат анализи на ликови од оваа серија, и онака сите се без врска и недефинирани (читај кој од кого..), веќе не им ги ни регистрирам гафовите и воопшто не ме интересира со кого ќе спиел султанот во наредна епизода -.- пре им обрнувам внимание на историските настани (како ова сега со овој проповедникот, шарлатан, што ли е, што се појави сега од Персија :) ), само тие елементи ме одржуваат да ја гледам серијава, но пак една работа не можам а да не забележам. Како е можно Хурем да излезе по не знам кој пат жртвата со светот против неа и да се жали како никој не ја сакал, како сите се здружиле за да ја уништат, со онаа тажна 'срцепарателна' музика во позадина која нели кај нас треба да предизвика сожалување (ма немој молим те :D ), а претходно ладнокрвно и подметнува змии на Изабела (нели, од пуста добрина, зашто змијата била греота да ја убијат, Хурем змија жали - човек не жали :D ) а Ибрахим ене болен в постела паѓа ради нејзиното континуирано труење. Па уште му вели 'да се смириме', која иронија, дури тој продолжува да го држи отровниот дневник во рацете.
    И после таа била добра. Иако никој не е како што треба тука, мене посимпатични ми се Величествената и Махидевран. Величествената барем не труе луѓе на секое. А Хурем излезе параноик, како Величествената специјално само заради неа да ја донесе Изабела тука :) И Нигар калфа ја обвини без причина дека била со нив. А и за силикончето ми падна жал, па не и е Изабела крива што Сулејман ја држи тука со сила.
    И ајде доста беше, нема повеќе исцрпни анализи за ваква серија, постои опасност од затупувување :)

    Туку вие што гледавте, Хурем ќе го роди Џихангир, или ќе го изостават од серијава? :)
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.694
    Допаѓања:
    22.949
    Пол:
    Женски
    Мислев дека Хурем е барем малку потактична и поинтелигентна...ова што го прави на принцезата е истата грешка што Махидевран ја направи со неа на почетокот...
     
  9. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Оф лелеее.. Хатиџе била лоша, била подла, ова, она.
    Така само викате затоа што не ја покажаа на почетокот како остра личност. Хурем маж и и го труе од една страна, а од друга и се умилкува и улизува. |( Зар не е свесна она дека и на детето може нешто да му се случи поради тефтерот!? Сигурно Ибрахим нема да не си го допре синот. А пак на Изабела, змии и праќа. Труе, убива, се руши пред себе. И пак е добра.
    За разлика од неа Хатиџе не прави ништо лошо и нема наштетено на никој до сега. Почна малце да се дига, нормално, ама не е злобна.
     
  10. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Да голема грешка ѝ е ова со змијата, но историјата вели дека немало принцеза Изабела во животот на Сулејман и дека Хурем не само што била преубава била и премногу интелигентна со што и го освоила и задржала султанот само за себе, односно после неа тој ниедна не погледнал.

    Наводно во серијава некои ликови се измислени, така читам по постовите од членките кои се подобро упатени во отоманската историја, што значи сепак Хурем биле убава и итра личност во реалноста.

    А погоре прочитав коментар за Величенствената колку била воздржана и неправела вакви глупости како Хурем, а од каде ние знаеме што таа правела кога била во иста ситуација како Хурем и Махидевран, колку што јас знам тој дел од нејзиниот живот воопшто не е прикажан во серијата, а чисто сумјам дека таа седела и вртела палци и не се служела со интриги како што се служи и сега. Сите во харемот се интригаши дури и принцезата стана една од нив, како ѝ кажа на Хурем: таква игра се игра овде така ќе играм и јас, нормално никој не е будала да биде само роб зад тие дебели бедеми.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Океј навистина си ја сакам Хурем најмногу,но на моменти како на пр. кога влезе кај Величествениот кога беше со Напумпаната уста или кога убедува дека некој нешто направил менувам канал или ставам на mute.Сепак требале да се држат за фактите од историјата,а да не си прават хистерии.А во серијата на дотичната Хатиџе и даваат голема важност и значење,а таа воопшто не била толку важна во историјата.
     
  12. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Ааа многу ми се убави тука сите. Иначе видете ја Величенствената која фраерка е, аууу. :lol:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Која е таа на последната слика со Хурем? (и на првата со Махидевран?) И кој е оној со црвената маица?

    И ако може некој на кратко што направила Хатиџе...каква змија, што,како?
     
  14. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Tоа се водители на шоуто.
    Иначе Хатиџе ништо не направи. Хурем и вметна змија на принцезата Изабела.
     
  15. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Ама што правела во реалноста. Па во реалноста и Хурем не се глупирала како оваа сега. Муабетот е за серијата и за ликовите таму, зашто голем дел од она што го гледаме блага врска си нема со вистинските Сулејман, Хурем и останатите. Иначе нормално дека сите биле сурови во палатата, а како ќе опстоеле таму?
    Само под суровост не се подразбира и благоретардирано понашање какво што гледаме во серијата.


    И оваа Хурем стварно глупава испадна вчера. Пред сите ја прашува Изабела дали го добила подарокот. Демек утре силикончето ако се отруе сите да знаат дека Хурем е виновна. :D
    Претпоставувам дека и султанот би седел со скрстени раце кога би и се случило такво нешто на неговата нова пријателка :wasntme:
    Глупости.

    И ќе се повторам, тие што сте понапред со гледање, Хурем ќе го роди уште тоа едно дете Чихангир, или не? :)
     
  16. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    да, ке роди уште едно
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Аајде нека почне веќе :D
     
  18. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    едно само не ми е јасно.. како е можно кога шета низ чаршијата никој да не го препознае :?: кога е тој нивниот султан :^)
     
  19. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Мореее, Зумбуљче-шваљерчеее. Ќе ја смува оваа малава скопјанка... Ај се гледаме после рекламите...
     
  20. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Оваа Величественава демек многу ја почитува традицијата,а Изабела ја прима да доаѓа во харемот (а тоа е против традицијата).Ама ќе и дојде времето на Хурем,едвај чекам да им ги видам фацките кога Сулејман ќе им каже дека ќе се венча со Хурем.