Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Денес во 20 часот ќе има нова епизода или реприза? :^)
     
  2. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Денес се репризи, утре има нова епизода.
    За тоа со дневникот, беше многу глупаво, барем да изгледаше како она да го фрла затоа што е изнервирана, ама оваа го фрли намерно во вештачкиот двор.

    А величествената нешто се мсенила како што читам, глуми и во новата серија она.
     
    На MiDnIgHtLaDy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    утре ли ке има нова епизода? во колку?
     
  4. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Утре вечер во 20 часот ќе има реприза на епизодата од петокот, веднаш по неа од 21 часот ќе има нова епизода.
     
  5. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Хатиџе го заслужува ова и многу повеќе. Која е таа да и вика на Хурем "Па тебе ли ќе те праша со која да е?" aј да видам сега дали Ибрахим неа ќе ја праша дали да оди со некоја. Море треба и со повеќе да оди не со една, да осети Хатиџе какво е чуството.
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    А зар не е точно тоа што го кажа? Тој е султан и си има харем. А Ибрахим е само везир и нејзин маж така да не смее да ја изневери.
     
  7. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Многу ќе ми биде мило што Величествената Султанка Хурем ќе се спаси од Ибрахим монструмот од паша. Родената очајна султанка ХАтиџе ќе осети и на своја кожа како е да се трпи неверство од мажот што го сакаш а да не смееш да зуцнеш бидејќи таму некоја си старка ќе ти ја земе одајата или принцовите сопствените синови што си ги родила.Ах..тежок е тој живот како султанка.Треба да си јак,цврст, ПОНЕКОГАШ немилосрден,способен,храбар и пред се БУНТОВЕН. 8)
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  8. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Па Хатиџе изгледа забораваше што беше нејзинот маж пред да стане везир. Обичен роб, вратар.
    Да, така е. Султанот изневерува јавно, цел харем го знае што прави. Додека пак Ибрахим зад грбот на Султанката Хатиџе работи. И набива рогови а таа не знае.
     
    На meandyou и Hurrem-Aleksandra им се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Програма наменета за целата публика? Сигурни сте? Мислам дека треба да е втора категорија барем 16+, не заради експлицитни содржини и сл., туку заради хорор сцените. Мислам деца го гледаат ова, јас не можам да го гледам што сум 16+, не па тие под таа возрасна граница.
    И не ни знаеме кога има, кога нема Величествениот. Срамота, ова го праат само за да се накачи гледаноста на Имотот на дамата што на некој начин сме приморани да гледаме, дур ние си чекаме Величествениот пред тв екраните.
     
  10. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    ^Јас би и дала ознака 12 +

    Еј, ако е Ибрахим роб, вратар, слуга тогаш и Хурем е обична робинка и селанка од Крим, да бидеме праведни сега :) Тој си ја заслужи позицијата, не гледате дека воени стратегии му разработува на султанот и му добива битки? :) Ако се земе во предвид дека Сулејман ако не оди по паметот на мајка му тогаш оди по паметот од Хурем, а на Ибрахим далеку повеќе му работи мозокот и тоа не само за расипани нешта како што е случај со Хурем, токму затоа што бил способен султанот почнал да се плаши од тоа колку далеку тој може да стигне и затоа
    го убил, а после му било криво кога му го прочитал дневникот и видел колку уствари му бил лојален (ова од историја што сум читала, иако не треба да мешам историја тука зашто за некои имам сосема поинакво мислење отколку што имам за ликовите во серијата почнувајќи од Хурем) бтв серијата ќе биде тапа после тоа ако се земе во предвид дека овде всушност повеќе внимание им се обрнува на Ибрахим и на Хурем отколку на Сулејман за кого и е наменета серијава, мх :D
    Па и тоа со Нигар не е туку-така, после она што се случи со бебето тој сигурно има многу што да и каже на Хатиџе, но не смее, зашто може да биде погрешно сфатен, а таа е сестра на султанот.
    И мене искрено интересно ми е ова со Ибрахим и Нигар :)
     
    На bikk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Добро, што ви е страшно односно хорор тука па серијава да била 16 плус? Шпанските серии во кои има убиства и секс во секоја епизода се за целата публика во цел свет, или американските серии и филмови, а не па турскиве во кои нема ниту бакнеж а не па секс или некоја страшна сцена. Толку се случувањата наивни и лесни за гледање што со право се единствени содржини кои си ја заслужуваат категоријата - за цела публика.
    Инаку да, многу внимание му се обраќа на Ибрахим, но кога ќе видиш на турски серијата се вика Величествениот век, а не Величествениот султан како кај нас што е преведена, што значи дека го опфаќа животот во времето на султанот, а не само животот на султанот.
     
  12. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468

    Види, не се ни тие означени во цел свет за целата публика а и не би требало да бидат, но тоа е веќе друга тема. Еве јас не сметам дека е за предупредување од четврта категорија 16 +, но една назнака 12 + сигурно може да и се даде. Јас и кога бев мала немав гајле од вакви сцени ниту имав нешто против, но после сфатив дека имаш и повозрасни луѓе, па и помлади на кои им смета, а имаш и глупи деца на кои влијае. Кога веќе решиле да ставаат назнаки, нека го прават тоа како што треба.
    Околу серијата, сепак е разработен животот на султанот Сулејман, зашто и самата таа ќе заврши со крајот на неговото владеење, па ако некому му се разработува психолошки профил тоа треба да биде тој, а не Ибрахим кој
    ќе го снемало ете во 53 епизода
    или пак Хурем која не е ништо чудно и да ја тргнат во четврта сезона зашто умрела 8 години пред Сулејман, а секоја сезона разработува по 11 години од неговото владеење.
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    А не ми е пак јасно кои сцени ви сметаат што треба да се стави во 12 плус? :^) Во една обична комедија слободно се кажуваат вулгарни зборови, овде јас навистина не знам која сцена е за 12 плус? Ниту има крвови, сечење глави, за секс сцени да не правиме муабет.

    Ќе има четири сезони? :tmi: Јас мислев сега ќе си заврши.
     
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Има крвови да, има сечење вени и полна кофа крв наводно, има крваво бебе што го плескаат по телото за да оживее зошто е умрено и слично. Па на сите дома колективно гледајќи ни се згрози животот бе!
     
  15. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Мене ништо не ми смета. Ама по некои критериуми од кои најдобро се разбираат психолози и педагози така е. А што е до мене назнаките може потполно да се тргнат.
    Иначе имаше и пресечени глави и сечење грклани и крвови, ама не е само тоа.. Знаеш дека во САД за една обична комедија со Роб Шнајдер на пример забранет е влез во кино-салите за деца под 13 години?

    И да, четири сезони од серијава се планирани. Значи уште две ако оди се според планот. :)
     
  16. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    И јас мислам дека би требало серијава да е наменета барем за 12+.
    На српската програма наменета е за 16+.

    Инаку, ај оваа Изабела нека ја киднапираат веќе, досадна е.
    Убаво и рече Хурем, таа не беше дојдена за да ја види Хатиџе, туку султанот. |(

    А само денес ќе има нова епизода или секоја недела? :^)
     
  17. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Можеби треба да стават ознака 16+ ,можеби не, не знам...
    но...,зарем ако стават тоа ќе значи дека тие што имаат помалку од 16год. нема да го гледаат? еве на пр. Долина на Волците имаше ознака 16+ ,па го гледаа 12годишни деца, и што е нај.........тие најмногу ја земаа при срце серијава и сакаа да бидат како Полат и компанија и се однесуваа како него.............
    Искрено, мислам дека таква ознака нема ништо да промени................ ;)
     
  18. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Денес во колку е епизодата?? Мислам во 21.00 :^)
    И зошто денес даваат..ќе има ли секоја недела..или само денеска..???
     
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Па ако ви се грози толку од крв и од бебешку кукли што гледате .... подобро тоа да го гледам од колку шпански сапуници каде што плачат на секоја минута |(
     
    На Shpagetta му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Во 20 часот почнува :)