Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Хурем како ненормална се смееше денес :D Еј, а надвор епидемија оваа се забавува. :^)
    Ако нека ја начека Величествената и партали ќе ја направи :rofl: Ќе ја начека или..?
    Оној Зумбуљ кодош-злобна лезбејка од ага не можам да го гледам повеќе. И секогаш Ѓул ја нае..ува, на овој ништо не го спопаѓа.
    А добро од каде знаат овие дека Бали-бег не се заразил со чума, па го испраќаат уште во Будим, и таму нека им ја пренесе заразата демек. :^) Изабелкава готово призна дека се заљуби. И како кога се исповедаше во црквата рече дека гревот бил бакнежот, па зарем не легнаа тие тогаш кога му се соблече..? Што мајка беше таа сцена ако не легнале?
    За Нигар од една страна ми е жал, од друга самата си се постави така, па уште му се поклонува, го поздравува, не би требало ни да го погледне повеќе после тоа како и се испонаша. Ама едвај чекам таа да се врати во форма, обично е баш искулирана, само сега од емоции омекна малце ехх :angel:
    А со Ибрахим ќе биде уште нешто, тој се подзаљуби или како ќе биде? :)
    Оваа Ѓулшах откако ја уби таа девојката Хасибе и откако ја искасапи Ѓулнихал уште слободно си се шета низ сарајот. Барем потсмирена е сега :D
    Вторава сезона е појака :) Ама сепак на прво место уште ми е бунтот на јаничарите, ова со епидемијата ми е на второ место. :)
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски


    И сама знаеш дека Ибрахим мене ме чека... да си бидиме реални... ни Нигер ни Хатиџе ЈАС хахаха :l: :l: :l:
     
    На E...V...I...L и perlaa им се допаѓа ова.
  3. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Што судбина ќе имаше Хатиџе, само смрт и несреќа ја прати. Прво мажот и умрел, потоа вереникот и се разболе не знам дали умре тој Челеби. Па бебето го изгуби, па другото и умре. Ептен несреќа ја прати :x
    Јас за малку ќе заплачев, ме погоди сцената со Армин многу некако тажно беше. Не мораше баш вака да испадне во серијата. Не знам како успеав вака да навлезам во серијава :D Кога го викна Ибрахим на Ѓул Ага се потресив, мислев ќе го убијат. Ептен се соживеав со серијава и со ликовите.
    Не знам зошто Зумбуљ ага ја мрази Нигер калфа ич не ми е јасно што му стана. Порано тим беа.
    И да, султанот многу и попушта на Хурем :!: Се гледа дека ја сака. Ама па од друга страна со секоја жена оди. Толку слаб на жени да бидеш ? :fubar:
    И како сите успеваат да се заљубат во султанот аман ? Со што ги привлекува ? И во серијата и во реалноста бил грдотија. :)
     
  4. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    484
    Ибрахим ѓубре :puke: Допрва доаѓаат неговите гадости :puke: Нигер калфа љубовта ја занесе што не значи дека требаше да спие со ѓаволот :devil: Ѓул ага гревче што му прави Зумбуљот :envy: Оваа епизода беше тажна згасна една голема љубов ;( Хурем е приказна сама за себе (светот на една страна таа на друга )Принцезата е веќе патетична не се трпи :puke:
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Самите Турци многу лошо си го прикажуваат султанот (мислам на тој што го створил сценариото за филмов и останатите од екипата), па тој во историјата после Хурем не погледнал друга, а тука кај додаваат ликови па и покажуваат дека спиел со нив, чист пример беше Садика, која можеби постоела-можеби не, ама сигурно дека не знаеме ништо во врска со тоа, и дури и да било така не морало да се вметне во сценариото, а не па да се прикажува во историска серија. Не за џабе Турците се бунеле против прикажување на серијава, и стварно не знам кај му бил паметот на режисерот. Друга работа, Ибрахим бил многу добар човек колку што знам јас, во серијава го прикажуваат и него во негативно светло. Ја изневери Хатиџе со слугинка, не знам јас за такво нешто од историјата?! :^) Ццц. Најголемите луѓе на Отоманската империја во тоа време се прикажани првенствено како женкари, а потоа како се друго. Серијата како серија ми се свиѓа, си ја гледам секој ден, ама она што е као „базирана врз историски настани“ ме нервира, а голем дел од серијава се измислици, а не вистини! :fubar:
    За Армин и Бали Беј ептен ми е жал, кутрата таа, кутриот па и тој...оф леле. Стварно греота :( ми се насолзија очите. Во секоја серија го има истото наравоучение - „Секогаш добрите страдаат“...
     
    На HurremSultan му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Еј стварно... Го спомна Ибрахим па ми текна да прашам. Знае ли некој дали Хурем и Ибрахим и во историјата вистински толку се мразеле???? М? :wasntme:
     
  7. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Истото беше и тука. :( Значи целосно се соживеав.. :?:
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски


    Вие за малку јас се изнаплачив ;( ;( ;(
     
  9. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Властта, моќта, парите...
    Ама во историјата пишува дека и покрај тоа шо бил грдичок имал некој шарм што ги заведувал сите жени.
     
  10. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Има некој шарм глумецот, и мене прво во Шехерезад не ми се свиѓаше, ама отпосле кога го слушнав на турски кога зборува, се познава некој шарм.
     
  11. FemmeFatale

    FemmeFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски

    Серијата да , е базирана врз историски настани.. Основата на серијата е Отоманската империја и владеењето на Султан Сулејман,некои работи се измислени , само за да серијата биде поинтересна, и како би можеле режисерите да знаат до детали што се случувало во тоа време??
    И да за Ибрахим, тој и во тогашно време прво бил добар , потоа си го открил вистинското лице, еве веќе и во серијата почна да се занесува, везир бил тој..Ако не било така зошто тогаш Сулејман му ја пресекол главата ?
     
  12. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Мене сепак ептен ми дојде претерано ова со принцезата Изабела. Еднаш му се соблече за да легне со него само за да го ослободи Фредерик ама тој ете ја одби. После како демек се заљубила. Хмм, ептен некако нереално. Една принцеза од католичкиот свет тешко дека вака ќе постапува. Си се занесле малку во серијава ама како и да е. Мислам дека последните две сезони ќе бидат најдобрите, пошто слушнав дека 4 сезони вкупно има серијава.
     
  13. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    мене она изабелиште мн ме нервира :lol: коа зборува како ја тресе главата бог да чува :puke:
     
    На Shpagetta, Hurrem-Aleksandra и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  14. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Не да е нереално ова со Изабела..живи измислици.. :^)
    Ама и Султанов незнам што сака да постигне..хм..Нели Хурем ја сакаше??Нели таа беше неговото сонце,неговата среќа,неговата единствена љубов..а сега...... :@
    Како може толку лесно друга да му падне во очи....
    Да,и јас знам дека серијава ќе има 4 сезони.Дали некој знае да ми каже по колку епизоди има секоја?? :)
    Благодарам однапред !
     
  15. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Ја стварно не знам што гледаат во Ибрахим тие што велат дека е многу убав???
    Мене Ибрахим ми е многу грд а и со ова понашањево негово одвратен ми е!!!
    И за султанот не мислам дека е убав ниту нешто посебно али од облеката се гледа дека има
    добро обликувано тело и може да се каже дека е згоден али неговиот најсилен адут е шармот!
    Да, е тоа е она што тој го поседува и ги излудува жените и ги прави да го посакуваат
    (Ова важи за серијата) А како што видов и прочитав Сулејман (од историјата) во младоста бил многу убав човек но потоа со годините станал зависник од храната и се здебелил со голема килажа лицето му се изобличило и веќе не останала ни трага од неговата убавина.
    [​IMG]
    Ни Махидевран, Ѓулнихал, Садика ниту пак Изабела не му се важни на Султанот
    тие се само за добар помин и ништо повеќе, а додека пак Хурем каква и да е тој си ја сакал :l:
    Колку го сакала Хурем (му роди 5 деца и не дозволувала никој да ја засени пред Сулејман дури и со отров се служела против Ѓулнихал И Изабела) толку и Сулејман ја сакал ( се оженил со неа и попуштал во многу работи дури
    и синот и најверниот пријател си ги убил за неа
    )
    Тие двајца вистински се сакале како во историјата така и во серијата :l: не велат за џабе луѓето
    само еднаш вистински се сака во животот...
     
  16. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    И мене ми е многу грд Пашата..Ми личи на морничав подлец кој сака на некој да наштети..Му удрила славата и парите во глава..и со текот на времето се полош и по антипатичен станува! :o
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    ^ Мене пак најубав ми е во серијава, после Лео. :)
    Сега зборувам за надворешниот изглед, а за тоа со славата и парите е друга работа.
     
  18. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Сулејман само сака да ја направи љубоморна Хурем, зошто на него тоа му се допаѓа кога ја гледа како "пати" ради него. Не дека ја сака или му се свиѓа Изабела..
     
    На loveBlair и Shpagetta им се допаѓа ова.
  19. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    За Хурем имам читано дека била многу весела, како цел харем звонел од нејзината смеа, као демек она ја правела атмосверата, била многу убава и со својата убавина ги засенувала сите...а во серијата за жал не ја покажуваат како таква. Цело време е замислена, натажена, намуртена крои планови и интриги како да си се заштити и доведе во подбра позиција...се е тоа во ред сигурно дека во тоа време го имало сето тоа ама требало малку да ја направат понасмеана по ведра каква што всушност и била.

    А за Ибрахим нормално дека нема да ви биде убав поради карактерот. Џабе колку сака да е некој убав ако е лош, злобен, покварен ќе ви се одмили неговата убавина. Така е и со Ибрахим на почетокот кога вешто ја криеше и не ја изразуваше толку неговата подмолност на сите ни беше убав и симпатичен, но како си ги покажува гадостите се поодвратен и поодвратен станува.
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Во целост се согласувам со тебе!
    Мислам дека на секого му се допаѓа тоа, личноста што ја сака да биде љубоморна со тоа покажува дека се грижи за него/неа и дека го/ја сака. Би било чудно ако не е љубоморна тогаш значи дека не го сака Хурем и дека и е битно само да биде негова омилена султанка а она покажа дека не и е само до богатсвото туку и до него и како сега тоа на него да не му се свиѓа? Тој ако сакал ќе и ја отсечел главата што и помогна на Изабела да побегне но не, на него му е дури мило што гледа до колку е се подготвена да стори за него такво нешто - што значи и тој си ја сака :l:
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.