Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ја имав најубавата насмевка на целиот свет кога Махидевран полуде здиве едноставно пукна да не речам цркна од љубомора кога го виде Сулејман како ја бакнува Хурем.. :inlove: :D и после се. :D
    Величествената е толку очајна во споредба со Хурем идната величествена султанка.Валиде самата си призна дека Хурем секогаш ги исполнувала нејзините цели и секогаш победувала,од сите се спасила, па сега и таа се исплаши малце, од истрајноста на Хурем. :lol:
    Единствената во харемот која може да стои до султанот на светот со исправена глава гордо,да му се обраќа со ТИ,и да вика нашата љубов нема да заврши,само ако умрам може да се прекине додека тој ја дави(всушност размислува за наредниот потег дали да ја пушти или да ја бакне..) :) Таа може да биде само Хурем.
    ВЕ МОЛАМ КАЖЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧИ СО ПРИНЦЕЗАТА,КАКО ТАКА ОДЕДНАШ ЈА СНЕМА???не го разбрав тоа..
     
    На Hurrem-Aleksandra, HurremSultan, Alesii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. virginia

    virginia Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Хурем најјака :rofl: значи стварно алал да и е :clap:
     
    На Hurrem-Aleksandra, HurremSultan и Sara123 им се допаѓа ова.
  3. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    484
    мислам дека Xурем и го поштеди животот на принцезата со тоа што и дозволи да побегне од харемот и како што му рече Сулејман на Пашата Ибрахим таа заминала во некој манастир да се моли да и се простат гревовите бидејки беше " развратничка" :D инаку Xурем совршено глуми баш ја погодиле , фаците што ги прави ме засмејуваат :lol:
     
  4. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Ја испратиле во манастир во Трст со венецијански брод 'да ги очистела гревовите' рече, мислам дека развратничка е тежок збор за неа па баш Сулејман да го користи. Ако е така најверојатно ќе си се врати дома таа. Сега дали Хурем ја испрати или дали Сулејман има замешано прсти во тоа без ничие знаење.. Инаку како ги изнесле неа и слугинката од таму без војската да ги забележи.. кој знае :) Само јасно дека е жива сто посто, затоа Сулејман и прости на Хурем;)
     
  5. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    484
    тоа развратничка е мое мислење бидејки за таква лигавешка како неа немам друг збор во мојот речник :puke:
     
    На Hurrem-Aleksandra и Alesii им се допаѓа ова.
  6. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    сулејман не знаеше ништо за настанов со принцезата затоа беше така гневен кога се увери дека е хурем виновна но сепак немаше срце да ја убие бидејки ја сака.а отпосле разбра се и како заминала и каде се наога,само и мене ми е криво шо не дадоа како успеале гул ага и нигер калфа да ги изнесат принцезата и телото на слугинката од харемот.
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Принцезата само беше лигава и шмизла, ама тоа e повеќе до актерката, а ликот не беше така лош според мене. :)
    Мислам дека Сулејман дозна од трет извор дека ја однесле со брод, затоа онака сигурно кажуваше каде е таа сега, на Хурем не би и верувал само на збор. Hема шанси да е изнесена од палатата а ниту еден стражар да не забележи. Плус приметив дека некако слаби му беа реакциите, како да се зафркаваше со нив дури ги испитуваше, како да сакаше да им ја види способноста. И ќе си сносеше Хурем некакви последици да беше мртва принцезата, зашто, што сакате кажете, ама Сулејман се подзаљуби малку во неа. Сигурно не колку во Хурем, но сепак имаше тука нешто. Мислам дека со ова делумно покажуваат како е Сулејман најпаметен и најпрониклив и што знам јас.

    Иначе Хурем претерува што им ја полни главата децата уште од мали со онакви глупости. Махидевран колку-толку пред Мустафа не зборуваше такви работи, барем не сега дури е уште мал.

    Туку мене дури сега ми текна.. оваа Изабела ми личи на Чави од Барса.
     
  8. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    И јас не сватив каде ја однесоа принцезата..Најинтересно ми беше кога Сулејман го назначи Бали-беј за главен на главната одаја.Уфф фацата на Ибрахим.... ]:) ]:)
     
    На MiDnIgHtLaDy и HurremSultan им се допаѓа ова.
  9. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    :D :D Моментот кога Хурем во лице и се смееше на величенствената, која беше со Махидевран и антипатичната Даје :D Ххахаха Хурем You Are Unstoppable :rock: :rock:
    Ибрахим секој ден се повеќе и повеќе губиш од довербата на Султанот.
    А на величенствената треба да и е срам во следната епизода тоа што ќе го направи. Зарем таа да се занимава со вакви работи ? Се гледа дека не знаат од инает веќе што да направат.
     
    На Hurrem-Aleksandra и Sara123 им се допаѓа ова.
  10. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Ај некој во кратки црти да ми објасни што се случи вчера...
     
  11. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Има репризи во сабота и недела во 15.30, а реприза на петочната епизода има во понеделник во 16 часот.
     
  12. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Па кога гледа Величествената дека е загрозена, ќе прави така. Сигурно нема да седи со скрстени раце, кога гледа лудана што све не им збори на децана, колку е удрена на Михримах како може све така да и кажува, па после малоно ќе распрашува наоколу: Вистина ли е дека мама се отарасила од Изабела и сите со :^) face ќе бидат. :rofl:
    Така да, сите тоа што го прават не го оправдувам, ама како што знае Хурем да провоцира, овие ќе и враќаат со сета моќ што ја имаат, арно ама другиве не се способни да убиваат како неа, за тоа Хурем се има оспособено. :)
     
  13. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Хурем и Сулејман :inlove: Многу беше јак моментот кога ја баци така неочекувано. Е тоа е права љубов.
     
  14. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Знам знам дека од петочната епизода има реприза во понеделник... хаха ама во школо сум :(
     
  15. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Кој не е способен да убива ? Хурем кого го убила до сега ?
    По наредба на Ибрахим паша, се отру слугинката на Изабела, Ибрахим го отру Лео.
    Махидевран прати отров на софрата на Султанот сакајќи да ја отруе Хурем која беше пред породување, не размислувајќи дека и Султанот може да се отруе. И неродениот принц.
    Величенствената може да глуми дама ама со овие постапки покажува дека не е. Ја критикува Хурем дека прави лоши работи а таа на истото ниво ќе се спушти. Сите зборат за лошите работи на Хурем, а убиствата на Ибрахим паша, на Ѓулшах и Махидевран, па и ова во следната епизода на величенствената никој во сарајот не ги брои. Епа срамота. Значи не се тие ништо повеќе од Хурем и нивните умови се расипани.
     
    На Shpagetta, Hurrem-Aleksandra и Sara123 им се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.090
    Пол:
    Женски
    Дечки еден добронамерен совет..не навлегувајте толку во филмов :D и јас го гледам и ми е убав ама вие ептен сте навлезени ,да можете ке се испоубиете една со една со вашите мислења и коментари :lol: :P хахаха
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  17. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    ти го оправдуваш убивањето на едно невино суштество како коњот? Браво :clap:

    Хурем се отарасува од тие што ја повредиле, а додека Величествената ладнокрвно убива нешто што е сосема невино.
     
    На Hurrem-Aleksandra и HurremSultan им се допаѓа ова.
  18. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Хаха добро кажано, но што ќе правиш... тоа е :D
     
  19. FemmeFatale

    FemmeFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Хурем е единствената што нема задни намери со Султанот и единствена нејзина цел е целосната љубов на Сулејман..Другите во харемот се само од корист :D Go Hurrem :rock:
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  20. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Ајдее, оваа Хурем си изгради култ на личноста овде.
    И девојки, стварно многу се внесувате, и мене ми се симпатични некои ликови, ама колку и да НЕ се полоши од Хурем, пак не ги бранам до толку. :)
    У форумска војна се вдадовте за султанката ваша :rofl: