Форумџика на годината

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Hе се работи за одмазда кон царштината, туку Александра најверојатно си има закачено комплекс од она што и се случило па затоа онака се однесува. Или вие неа за нормална да не ја сметате после се што направи а и допрва што ќе прави... :^) Инаку што и се виновни тие во сарајот што Татарите и го убиле семејството? Таа не го ни мрази Сулејман, цел живот си останале заедно.
    Не е поентата на серијата да се прикаже неправдата, туку едноставно е пренесен животот на војсководецот, неговите подвизи и освојувања, дворските игри, па и амбицијата на Хурем која далеку ќе ја дотера.
    Што се однесува до Ибрахим, не му е брат на султанот, туку е јаничар, уште во првата епизода покажаа сцена каде тој се присеќаше како со сила го оттргнуваат од мајка му (затоа и го викаат Парганли, од Парга е донесен). Но, тој не е гневен на Турците заради тоа и не го мрази Сулејман, баш напротив, јаничарите уште од деца биле воспитувани да бидат крајно приврзани за султанот дури и да го положат животот за него. Не гледате колку му е лојален, од она досега, тој покажа дека само добро му мисли. Јас не гледам никаква лутина да покажува кон него, освен тоа, да не бил Сулејман, овој немало ни да стигне толку далеку, до позиција везир. Е сега, колку што ја знам историјата за Парганлиецов ако ве интересира, на крај
    Хурем го наместила некако и успеала да го убеди Сулејман дека овој планира да го предаде, ама тоа после многу години се случило

    И уште за робинките во харемот... Султанот не спиел постојано со сите робинки, да беше така тој којзнае колку деца ќе оставеше зад себе :D Ретко се случувало некоја робинка да му падне во око на султанот и тоа во посебни прилики, инаку тие биле тука првенствено за да слугуваат. Е, добро сега, зависело и од карактерот на самиот султан, демек, колку бил по разврат :^) Конкретно за Сулејман е познато дека откако стапил во легитимен брак со Хурем и бил многу верен. Не знам сега во серијава како ќе биде :) .
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.405
    Допаѓања:
    250.391
    Aма не ги сметам ни Османлиите за нормални.
    Еве и Махидеерван што се не прави за Султанот, Величествената, исто.
    Таков е начинот на живот во харемот.
    Не спие со сите Султанот, ама девојките првенствено се затоа таму, за Султанот кога ќе посака да има секс со некоја од нив.
    Хурем сака да се одмазди, се и одзедоа, единствено и остана да дојде до Султанот, а ако е мирна и добра, сигурно дека нема да успее.
    За Ибрахим, спомнав дека ми е сомнителен, знам дека тие деца се воспитувани во духот на Османлиите, ама и самиот тој на почеток не знаеше кој е всушност.
    А Хурем не го сака Султанот, таа повеќе ја сака моќта како негова жена.

    Се согласувам, во серијата сакаат да го прикажат животот на Султанот, како војсководец, така како и маж и татко, состојбата во Сарајот и амбициите на Хурем, пред се предизвикани од одмаздата.
     
  3. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Никој таму не е позитивен лик, ама на Хурем и се видно истенчени нервите, се гледа.
    Прво го проколнуваше Истанбул и султанот, после едвај дочека да стане муслиманка. Додека тие ја викаа Александра, таа инсистираше на Хурем. Жени лежеле во зандани за да не се потурчат, оваа лежеше зашто сакаше да се потурчи :lol: .
    Секојдневни испади колку сакаш. :D
    За тоа со Ѓулнихар, веќе реков, премногу брутално, можеше и со друг метод да се послужи...
    Тоа што го кажува за одмаздата го гледам како некој изговор да се оправда пред самата себе, а всушност има амбиција да владее. Ако и била намерата да си ја зачува главата, може да си ја затвори устата и да си живее онака, а ако толку ги мразела Османлиите немало на драга волја да раѓа престолонаследници. Инаку околу наследникот
    Селим, нејзин син, бил еден од најлошите султани во историјата на Отоманската империја. Потполно бил незаинтересиран за водење на државата, па во негово време народот низ империјата почнал да претрпува зулуми какви што немал видено дотогаш.

    Инаку заборавив нешто друго да напишам, последниве две епизоди некако не ми се допаднаа поради тоа со гатачката. :^) Прво си помислив, добро, бе, Хурем толку ли била проста? Некоја жена во чудна облека ќе и пишува молитви... Ама тоа денеска што и ја погоди бременоста беше очајна сцена, далеку од реалност... А и раните на Ѓулнихар кои мистериозно зацелуваат |(
    И се плашам во иднина серијава да не изгуби од квалитет. Колку што знам, Бред Пит го викнале да настапува со цел повторно да ја подигнат гледаноста... :^)
     
  4. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Си пази човекот. :rofl:
     
    На loly89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    5.901
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека Хурем повеќе ја сакала моќта отколку султанот.
    И ја оправдувам за тоа што го прави:
    Ако сакала да се одмазди на татарите (или да биде султанка/величествена ), единствен начин за да го направи тоа било преку султанот. А другите девојки од харемот претставувале опасност за неа.
    Па и Ѓулнихал спаѓа тука, мислам султанот ја викна 2-пати кај него, нормално е Хурем да била исплашена дека ќе ја изгубела положбата на омилена девојка (што ги загрозува нејзините амбиции за да биде Султанка). И Хурем нашла начин да се ослободи од неа, ја унакажа, но не ја уби. (Унакажана на султанот немало ни да му текне да ја викне)
     
  6. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    667
    Пол:
    Женски
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Според историјата Хурем и Султанот остануваат заедно дури и се погребани во иста џамија во Истанбул.
     
  8. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Oваа е таа Шехерезад, така?

    [​IMG]

    И зошто носи препарирани чавки на главата?

    Не, не, почнав сериозно да се двоумам што ќе стане од серијава во иднина...
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    :rofl: :rofl: :rofl: Ах, ме умре од смеење со чавкава!
    Ама побогу, стварно има некоја птица на главата :o !
     
  10. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Нема птица на главата бе дај не зезајте :D Само декорација и се пердувиве малце смешна али сигурно била ИН у тоа време :lol:
     
  11. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Девојки, јас серијава почнав да ја гледам на utickibosnjaci.com , па после продолжив со гледање на movtex.com. Стигнав до 25 епизода и сега веќе не ми ги отвара епизодиве на сајтов!
    Пробав и на natabanu.com , ама не отвара ни таму!Таман кога ми стана интересно....
    Ајде ве молам, кажете каде гледате?
     
  12. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Мене сосема ми е сфатливо одесувањето на Хурем како и сите останати сплетки кои се прават низ харемов од причина што сите сакале малку моќ.Се знаело дека тој што ја има моќта прави што сака,затоа постојано се трујат меѓусебе :D

    Жал ми е за Хатиџе и Ибрахим :(
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hе бре, чавкава прелетала да и го испие мозокот, ама се заеба празно е унутра :D
    се шалам не знам озбилно :D
    ваљда зашто носење шапка само со пердуви е too mainstream за нејзе!
     
  14. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    второто дете на хурем машко или женско??? какво ке биде?
     
  15. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Хурем почна да ме нервира со нејзиното инаетње и мисли дека во се ќе успее по секоја цена!
    Е баш ми беше мило кога отиде да му каже на султанот дека е бремена по втор пат и овој ама ја откачи по кратка постапка :D ако и е ]:) ,а и Ибрахим не ја сака ама и он ме нервира по малку , Хурем што убаво му кажа кога излезе од кај султанот во истата сцена ,дека ќе оди да и честита на Хатиџе султан за свршувачката и кога го праша дали он и честитал . :D Е му го т*ри. 8)
    Махидевран ми станува помила од Хурем. :D
     
  16. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Султанот стварно ке умре? :^) Или погрешни вести добиле..?
     
  17. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    стварно и мене тоа ме интересира овој ќе умре?
     
  18. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Нема да умре, а второто дете на Хурем ќе биде женско :)
     
    На Special.Someone му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Колку се израдува Ибрахим кога му кажа султанот дека ќе го пушти повторно во Парга. Греотка. :(
    Жално е тоа што ги грабале од родителите и ги потурчувале.Ибрахим бил поголем и затоа памти се.А и султанов е праведен човек..Како му се извини на Ибрахим...

    Инаку мене Махидевран ми е многу помила и поубава од Хурем.
    Што ќе му е онаа змија,нека си биде повторно со Махидевран. :D
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Мене ептен ми се допаѓа ликот на Александра и воопшто не ми смета нејзиното инаетење и арогантно однесување, ќерка на христијански свештеник, живела во слобода и според христијански обичаи за да ја заробат во ваков затвор меѓу хиени, нормално е да се бори и гази се пред себе. Епа нека потепа се пред себе, гази жено, гази!!!!

    GO GIRL! :rock:

    Од неа не ми се допадна тоа што го набеди синот на претходната жена, многу низок удар а и одмаздата спрема другарка и.

    Инаку првата жена ми е страшно одвратна. :puke:

    Што се однесува до убавина горе доле девојките во хармемот се убави но не се нешто екстра, од сите ми се издвојува мајката на Величенствениот, Александра бидејќи е вистина специфична и Хатиче Султан. Друго горе доле чист просек.

    Мразам хареми и ропство, но серијава ја загледав бидејќи е вистина различна од сите досега.
     
    На thelittle17, Smilly, baguf4e и 2 други им се допаѓа ова.