Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Jaс мислам дека сепак не е така. Кога зборуваше со Михримах и рече дека сака цел харем да е нејзин, да биде главна таму. Не е само љубовта!
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски

    Не знам дали Хурем отру некого ама се сеќавам дека на една и го изгоре лицето :!: лошо
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски

    Сака или таа или децата нејзини да ја наследат власта, а Мустафа да умре ... :^)
     
  4. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Мене ме интересира што мисли Султанот во врска со Ибрахим и Нигер?На чија страна ќе биде?
    Зошто така даваат само загатки па после да си погодува кој како сака.Треба да кажат што се случило со принцезата и слични сцени каде не даваат до крај што било туку така отприлика па кој како сака нека сфати.
     
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Тоа со Ибрахим и Нигер не го негирам, арно ама ако не заборавате, Нигер се договори и со Хурем за да се отарасаат од принцезата така што она потрчкото од Скопје кога зема марамче за да ја пренесе чумата на принцезата, колку што знам Хурем се изнасмеа на планот и се согласи. :)
    А тоа со локумот, Ибрахим им го остави локумот, а далеку од тоа дека му го тутна на Лео во уста па го отрул Ибрахим. :)
    Останаа сами Хурем и Лео, и погодете што се деси. :clap:
    Така да, нека не го окривува морковот Ибрахим за тоа, кога самата Хурем му пресуди на Лео.

    Така да, единствените сурови моменти во серијава ги направи Хурем со нејзините постапки, и се што е поврзано со неа. И далеку од тоа, дека она е душичка, и само е заљубена во Сули. Или пак дека најверната другарка и беше Гулнихал, таа без око да и трепне ја унакази, па после и се извинуваше. |( Поважно и е дека некој ќе ја спомне како султанка и мајка на три наследници (Михирмах тука ко да не постои а и е месечинката плава), отколку онаа што го сакаше Сули безрезервно.
    Доказ за тоа е вчерашниот говор што и го труеше на ќерка и. Од љубов де! :wasntme:
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски



    ЛилБебјби за ова имаш 10ка од мене :*
     
    На bikk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    484
    феминки јас и порано напишав во оваа серија се е преувеличено и ваква како што ја гледаме не можеш да најдеш позитивен лик но така ја осмислиле да биде интересна :lol: е сега кој на кого му е симпатичен тоа секој за себе си мисли дека е најисправно :) инаку секој има право да си коментира како што мисли :)
     
    На Hurrem-Aleksandra и TheaEsposito им се допаѓа ова.
  8. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Јас тоа сакав да го кажам, дека во сарајот не е никој цвеќе за мирисање. Сите во сарајот прават сплетки, интриги, убиства има многу, лаги, предавства а сите ја земале во сарајот Хурем како единствената злобна а сите други се фини членови на праведната династија на кои Хурем им го нарушува мирот и спокојот.
    По нивните постапки се гледа дека сите се изопачени и злобни.
    Јас немав намера да се расправам со некого и се извинувам ако звучев нападно не ми беше тоа намерата. Сакав само да објаснам некои работи за серијата, а секој има право на свое мислење и немам намера никого да напаѓам, на темава споделуваме мислења и ги коментираме настаните и ликовите од серијата за која е и наменета темава. Поздрав :hai:
     
  9. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Е стварно многу сме занесени по серијата :D Еве вака сега. Значи и јас си ја сакам Хурем, ама не ја оправдувам секоја нејзина постапка. На пример за Ѓулнихал веќе одамна кажав дека не ја оправдувам. Не требаше така да и направи, а таа сепак и остана верна до крај! И за Изабела можеше мирна да си седи, зошто сепак мислам дека бргу ќе му поминеше тоа на Сулејман, сепак Хурем вистински ја сака. Како и да е, што и да планирала Хурем, не се случи тоа. Се случи тоа Ибрахим што го нарача, така да и тука е Хурем невина. Лео исто така не го уби Хурем. Сетете се малку или пак погледните на нет, Хурем го држеше локумот во рака и плачеше. И тогаш Лео кажа ти живеј, јас ќе умрам, секогаш те сакав, бла бла- и потоа го зеде локумот во свои раце и го изеде!!!
    Ама кога се работи за Махидевран, Ибрахим и величествената потполно ја подржувам Хуремка. Пошто реално, свашта и направија одкако дојде во харемот и од почеток не ја сакаат. Сега ајде и да ги разберам, ама зошто на почеток не ја сакаа??? Величествената управува со харемот, и не треба на ничија страна да е ниту пак да боцка некого, туку треба да ги смирува и решава работите. Демек не му се меша на Сулејман, а цело време Махидевран ја штити! Ако султанот не ја сака веќе Махидевран, величествената треба да го прифати тоа и да молчи!!! Кога Махидевран го загуби бебето ја претепа Хурем, а оваа со прст не мрдна ниту пак се бранеше. И после уште Махидевран ја лажеше величествената дека Хурем за бебето и зборувала па затоа ја тепала. Потоа се обиде да ја отруе Хурем, но и покрај тоа не беше протерана. А кога Ајше беше убиена, без доказ ја протераа Хурем, а Ибрахим ја врати со превара. И рече дека тој е заслужен за тоа, а всушност се докажа дека Хурем не е виновна! Да ве потсетам и дека Ѓулнихал настрада заради Ѓулшах(која е од истата екипа, и мислеше да ја убие Хурем)! А за величествената допрва ќе си видите. Оние што гледале на нет веќе знаат.
    Коњот на Хурем е убиен, Нилуфер ќе умре поради нив, ќе испратат кочија по Хурем која ќе биде нападната, лицето на Хурем ќе биде целото изгорено, среќа што само тоа ќе е, бидејќи намерата ќе им е да ја убијат. И уште го лаже султанот! Јазикот на една робинка ќе биде исечен поради нивните интриги, и уште колку робинки ќе настрадаат поради истите...Да, никој во харемот не е цвеќе за мирисање, точно, ама Хурем кога сака да тргне некого, само него сака да го тргне и готово. А овие света тројца што ги спомнав прават и невини луѓе да страдаат поради нив!Ќе видите само каков хаос ќе предизвикаат во харемот и какви сплетки ќе праваат за на крај да ја обвинат Хурем
    За намерите на Хурем, освен љубовта на султанот се сложувам дека сака и моќ да има, власт. Но мое мислење е дека ако не беа толку сурови на почеток со неа, дека ни таа немаше сега да биде ваква и вака да размислува. Мислам дека сега положбата и не и е толку важна колку што и е важно величествената и овие другите да и се поклонуваат. Не за друго, туку за да им врати за понижувањето. Не е убаво на децата да им го зборува она што им го зборува. И тука се сложувам. Ама не е убаво ни Махидевран да не му дава на Мустафа да си игра со браќата.
     
    На Shpagetta, Hurrem-Aleksandra, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Вечер или утревечер ќе има нова епизода ? :)
     
  11. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Ни вечер, ни утревечер. Новата епизода ќе е во понеделник.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. s.t.a.r.s.h.i.n.e

    s.t.a.r.s.h.i.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    28
    Може линк од серијата со српски превод??
     
  13. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    И јас би сакала. 8)
     
  14. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    2.582
    Феминки еве ви линк со српски превод...уживајте :)

    http://www.natabanu.com/serija/velicans ... ljece.html
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    484
    нешто не ми отвара линкот ? како е кај другите што пробаа да отворат ? :*
     
  16. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    ;)
    Blagodaram MolikaMk
     
    На molikaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bikk

    bikk Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2012
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    и тоа на најдобрата другарка а да не збориме за другите Што мозхе да им стори...
     
  18. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Поставувам прашање до сите оние кои мислат дека Хурем не треба да се однесува со став,така цврство и грубо за оние кои заслужуваат. Значи вака- :)
    Еве замисли си. Султанка си.Заљубена во еден маж,воедно и во султанот на светот.
    И сега тој ќе те изневери со најдобрата другарка.Дали би ја убила,дали би и го изгорела лицето или би ја оставила жива и би и простила.И после да и се доверуваш како на најдобра другарка ?? Океј може вие така ќе направите. ;) Тргнете го она на страна дека немала друг излез,дека таа не сакала ја присилиле.Па ја видовте како се замислуваше после? И се заарни. ;) Не давајте одговор од типот би си замина и би го оставила Султанот.Нека одговорот соодвестува на тоа време и на тие услови. :D
    Баш ме интересира.. 8)
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.750
    Допаѓања:
    116.777
    Пол:
    Женски
    леле леле ама се развил муабет за Хурем овде. Ајде малку полека женски серија е, а и времето било такво- убиј или ќе бидеш убиен. А и Сулејман не бил толку кроток како што го прикажале гарант, ниту па таа Величенствената. Тка да може да си дрдориме до 101 и назад ама тоа време си носело такви работи и точка. А и денеска не е ништо подобро само што сега не ги труеме швалерките на мажите, или девојките кои ни ги земаат дечковците.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Како прво тоа на нив им е традиција, султанот да нема жена ами да има цел харем. Во другите муслимаснки земји обичен маж имал по неколку жени, а не пак султанот. Само Хурем е изгледа доволно паметна за да остане единствена.
     
    На meandyou, FemmeFatale, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.