Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. ice.woman

    ice.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    46
    Значи, како ме нервира Величенствената. Како само може да биде тоолку неправедна.
    Махидевран кога сакаше да ја отруе Хурем, таа молеше да не ја испрата во другиот сарај. Кога ја претепа Хурем пак Махидевран во право е таа е жртвата. :devil:
    А сега Хурем кога го прави истото, за се е таа крива. Малку нешто да се случи, Хурем тоа го направи. Кога ја избркаа во другиот сарај Величенстената ни со прст не мрдна. Од што толку ја мрази дури ќе наредат да ја убијат. :devil:
    Исто така и Ибрахим ги направи повеќето од сплетките. А Сулејман ништо не гледа. И дури Валиде пак ќе моли да не го убијат. Не ми е јасно зошто само Хурем никој не ја сака. Зошто само нејзе не ја штити никој освен Сулјеман? :^)
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  2. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Значи ако не била Хурем, тогаш испаѓа дека Лео сам се отрул.
    Затоа што таа дрско им се постави уште тогаш. Со Ибрахим не знам дали се сеќавате кој прв почна да се задева. А на Величествената не и е до Махидевран, нејзе и е до традицијата. Плус таа не ја чепкаше долго време, во нормални односи беа, Хурем почна да ја провоцира.
    А зошто Махидевран кога правеше слични (за видлива нијанса поблаги) работи за да го задржи Сулејман беше злобна? :?:
    И ме интересира дали Величествената и Ибрахим треба да седат со скрстени раце и да чекаат оваа да ги прегази? :)
    Сега во што е Хурем подобра од нив?
    Јас мислам дека може да биде само обратно. Понатаму не знам како ќе биде ама од ова досега какви и да се барем си ги контролираат постапките, а Хурем покажа дека не знае за граници со тоа со Ѓулнихал и со тоа со чумата
    вистина идејата беше на Нигар калфа, ама таа не планираше навистина тоа да го неправи, само ја залажуваше, а Хурем со полно срце се нафати на таква психопатска работа. Па кога веќе те убиваат нели е боље да те отрујат инстантно него ли да те измачуваат со опака болест? :) Јасно е дека Хурем не смееше да ја отруе ама зборуваме за тоа чии методи се посурови
     
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сара, немам јас што да влагам во улога на султанка со деца, без деца, мислам дај олади. :^)

    Кажувам само како што ја гледам серијата, од моја гледна точка, а не навлагам во улогите и не ставам на нивно место. Не можам да ја бранам Хурем, кога влезе со намера све да прегази, ништо да не гледа пред себе, само за да стане султанка. Па далеку од тоа дека сакам да бидам ко неа, и преку лешеви да стигнам до таа засакана цел. И Ибрахим е таков, само на него ќе му дојде крајот во секој случај, кога не знае да се смири понесен од функцијата ќе се мавне во ѕид.
    А за тоа дека ќе праат свадба со Сули, па фала богу, ги пројде сите риби што му фатија око, и на крај откако веќе господинот долен веќе нема да му се дигне, ќе се скраси кај Хурем, како највеча љубов на свету. Ако тоа ви е љубов - опростите на различните гледишта кон `љубовта. :rofl:
     
  4. spiderboy5

    spiderboy5 Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    19
    Ќе видите околу 46та епизода кој каков е, и ќе видите дека се што прави Хурем, И ЌЕ ПРАВИ е нула во споредба со тоа што ќе го прават Величенствената и Махидевран.
    Инаку, вие да сте биле на нејзино место нема да правите такви работи за вашите деца да дојдат на власт? Еве на пр. таткото на Сулејман- Султан Селим Хан си ги убил сите свои браќа за да дојде на власт, потоа имал дете со робинка и додека Сулејман како принц бил во Маниса на служба таткому му пратил отруена облека за да го убие со цел да додје синот кој си го сакал на валст. Епа Хурем, можеби ќе биде заслужна за смртта на Мустафа и на Ибрахим, но своите деца нема да си ги убива. Саканиот принц Мустафа ќе и се заканува на Хурем кога ќе порасне за животот на останатите браќа и дури планирал тој закон на дедо му Селим Хан да го примени, да ги убие сите браќа за да дојде на власт, епа која мајка тоа би го дозволила? Е тогаш Хурем ќе си ги одбрани децата!!(ова го напишав за тие што коментираат дека Хурем била убиец и безмилосрдна)
    ПС- Во тоа време владеела теоријата ИЛИ УБИЈ ИЛИ ЌЕ БИДЕШ УБИЕН!
    И пошто гледам дека глобално машки-женски сме се опседнале со серијава ќе ви ја постирам песната која Сулејман ја напишал 4 години по Смртта на Хурем во која се гледа дека премногу ја сакал и после нејзината смрт.
    ''Вашата тага и болка, мојата душа ја прават слаба сношти
    Погледнете ги моите солзи, ги исполниа и небото и земјата
    потполно сум јаден и непокретен
    болувам без трпение
    со овој од, како чемпрес тагувам за саканата
    сега сум како Бор-земјата со гранките ја фаќам
    Како да ја искажам оваа болна љубов? Не е можно да се објасни... зборови
    Ох, докторот балзам да ми даде, болувам за љубовта, за тебе... што можам да направам
    самиот паднав во тој проблем... што можам да направам
    Ох, безмилосна љубена, како Мохиби во своите раце стојам
    Тагувам од изгревање до заоѓање на сонцето... се до судниот ден''

    Поздрав! :)
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  5. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    ^ Јас не ја мешам серијава со историја зашто и онака врска си нема :) За Хурем султан како историскa личност веќе сум напишала дека имам поинакво мислење отколку за оваа тука. Сега пишувам како ги гледам ликовите во серијава зашто темата и е за серијата. А тука таа не е ништо подобра од останатите па да е за бранење како што смета мнозинството овде. :)
     
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Јас да бев Сулејман сите една по една ќе ги затруднев :lol: :lol: :lol:
     
  7. ice.woman

    ice.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    46
    И сите после да се испоубијат меѓу себе!!! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски


    Хахахаха ќе си правев ќефови важно :D
     
  9. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    ^ :D :D Па и така прави само не толку буквално,инаку тој си беше и со Садика и со Изабела сега кој сака нека е 8)
     
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    И со Ѓулнихал :lol: :lol:
     
  11. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Секако мораше некој да умре, кој и да е од нив двајца. Хурем не му рече на Лео да го изеде локумот, тој сам си го зеде бидејки ја сакаше Хурем и поважно му беше таа да живее. :)
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    ^А зар неможеа некако да избегаат, да се спасат? Нели Ибрахим излезе и ги остави сами во соба. Со тој памет Хурем што го има би било реално да се спаси и да избега, а не вака.
     
  13. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    484
    зарем да си ги остави децата и да побегне со човекот што го сакала во детските денови :^) никогаш не би го направила тоа па и да се работи за богатство и власт :)
     
  14. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Јас не мислам дека мораше, напишав и назад веќе. А и султанот попрво Ибрахим ќе го казнеше зашто го излажа дека Лео заминал. :)
     
  15. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Е ај и ја да дадам мој коментар за епизодата у петокот, Значи вака:
    Алал нека и е на Хурем браво :rock: Пред се мило ми е што Изабелиштето нема повеќе да го видам затоа се радувам највеќе па добро истотака и случката на балконот на Сулејман со Хурем :* :l:
    али кога и кажал “А што ако јас сакам да заврши“ (демек љубовта помеѓу него и Хурем) е тоа ми беше scary scene moment и уште оној доле костурот сматра ли само сматра демек: “Ќе видиш сега ти Хурем, ти дојде крајот“ ами...не беше така [​IMG] oчигледно ова со загушувањево сака само да залаже некого (нас публиката а и Хурем)
    Ова беше мачо-шоу момент нешто ко: “Само јас ќе ти кажам кога ќе умреш и само од мене зависи што ќе биде со тебе“ Изгледа премногу тестостерон го удрило у главата...
    а за Валиде многу ми беше мило што го слушна тоа DIE BITCH ]:) :devil:
     
  16. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Не викам таа да побегне со Лео. Туку тој да побегне, а таа да си се врати во сарајот. Да изведат нешто како и секогаш. Ама не беше така.
     
  17. storm3

    storm3 Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    На HurremSultan му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Ууууу колку е убав актерот на сликава, а во серијата ич не ми е убав. :worried:
     
  19. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Да, стварно. Ама од кај да знаеме, можеби па добро глуми. :D
     
  20. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    PRINC BAYAZIT (Cagatay Ulusoy) :x уно мас
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    :tmi:

    Иначе да Хурем е храбра, издржлива, способна, интересна. Но зошто сте се запнале со случајот на Лео, ајде де тогаш можеби беше приморана да го направи тоа бидејќи беше и бремена. Но што кога и го изгоре лицето на ,, најдобрата ,, другарка Марија ? Обидот за убиство на принцезата ?
    Значи сепак ја има храброста да убие човек, што не ми ја вбројува баш меѓу добрите.
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.