Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ми фали и Хурем и Ѓул ага да ме расположат со нивните бисери :D ,сега ми текна на Хурем со алвата кога ја делеше и кога се смееше од срце хахаха,луда е(во позитивна смисла) :lol:
     
    На Maxymous му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Абе како можете да верувате на жолтата штампа па поготово на Свет?
     
  3. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Не ми иде денот без “Величенствениот Султан Сулејман“
    Што досадни беа овие со лига на шампионите ту бре, човек не може една серија да си гледа на раат!
    А зошто па ја даваат онаа Ѓулу е таа серија е ептен глупа комплет со главната улога! Ма ајде таму тргнете ја таа глупава селанка и нека ни дадат да си видиме добра серија а не ко таа проста работа имотот на дамата и животот на селаните е што ме интересира за нејзиниот имот а воопшто за нејзе??? Нека ја исклучат скроз тотал и да ја отфрлат од канал 5
     
    На Tashaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски


    Со нетрпение се чека четврток ахааахах :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Хахахах да. Што да правиме.. ќе чекаме. :| :rofl:
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    ^ Ќе си почекаме до 19:45 :lol: :lol:
     
  7. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Ајде феминки денес ќе си го гледаме султанот :D
     
  8. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    6.034
    Пол:
    Женски
    Jaс султанот нема да го гледам :P
    Јас ќе си го манијачам Бали Беј :inlove:
     
  9. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Конечно дојде тој ЛЕГЕНДАРЕН четврток.Како цела вечност да поминала ми се чини.. како

    888111119841210000145525447273628891535372 години да беа овие 2 дена.. :o
    Ете денеска со задоволство ќе гледам без никој да ме вознемирува. :) А поготово денешнава епизода ќе биде бурна...па така да обавезно ќе гледам.Луѓе,не се зафркавајте во 21.00 сите пред телевизорот.Хурем почнува.. :D :D
     
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.710
    Допаѓања:
    6.652
    А вечерва кога ќе го има султанов, во 19 и 45 или во 21 часот? :^)
    Инаку, јас баш не сум во тек со настаните може некој накратко да ми раскаже што се случуваше во последниве неколку епизоди, онака главните настани. И некој ако гледа на нет и е понапред со серијата, да ни каже што ќе се случува во блиска иднина, да ни ја задоволи љубопитноста на сите. 8)
     
  11. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413

    Ај иди малку поназад од претходните страници и ќе прочиташ од коментарите што се десило а во спојлерите (некои и не се) исто така можеш да прочиташ што ќе се деси :)
    All the best ^_^
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Oh yeaaah! Вечер ќе ја гледаме Хурем! :rock: :rock: :rock: :D
     
  13. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Ибрахим е тежок убиец. Даје има толку антипатична и одвратна фаца тоа е неописливо.
    Ќе може ли некој да ми каже дали Султанот ќе дознае дека мајка му го уби коњот ?
    Што убаво ја гледав серијава секој ден, сега ќе морам на брзина да ги изгледам епизодите оти нема да бидам во земјава повеќе. Единствената серија што многу ја засакав ќе не можам да ја догледам, изгледа нема ни да ги гледам неснимените епизоди.
    Како и да е, од она што го знам од историјата знам како ќе заврши и дека Хурем ќе ги победи сите во сарајот важниот паша Ибрахим, па принцот Мустафа, па ќе биде поценета дури од величенствената. Убаво, убаво. Секако не би требало важните настани да ги менуваат во серијата, можат да ги преувеличат и да додаваат но не можат целосно да ги сменат.
     
  14. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Величествената веќе не се поднесува. И Даје !
    Жал ми е за Нилуфер :( Можеби можеше да се спаси, на пример, ако и кажеше на Хурем што планира да направи.
    Мислам дека султанот веќе се сомнева во Валиде, затоа му рече на Малкочоглу да го најде убиецот кој и да е.
    Ме интересира што ќе биде сега? Дали сите ќе дознаат дека величествената го уби коњот или ќе ја убијат Нилуфер? :?:
     
  15. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Да, и јас мислам дека Сулејман е скоро сигурен дека е величествената. Ама исто така во себе знае дека сите и секогаш ке ја штитат па и да е крива, па затоа му кажа така на Малкочоглу, ама џабе.
    Инаку нема да се расчуе кој го нарачал убиството на коњот, ќе ја убијат Нилуфер, многу жално ;(
    И јас мислам дека требаше да и каже Нилуфер на Хурем што ја принудуваат, ама па тогаш оваа ќе збеснеше :D Во секој случај, од една страна ми е жално што им прават на робинките,
    ќе видите и понатаму. Ќе има многу злобни ама и многу невини!
    Во секој случај смрт ги чека. Ако не извршат она што им се наложува им се закануваат со убиство, а кога ќе го извршат, пак умираат бидејќи се казнети. :(
     
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Еден човечки живот испаѓа дека е помалку вреден од животот на коњот |(
     
    На ceca-1, howdoyoudo и Sara123 им се допаѓа ова.
  17. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Што ќе направи Султанот кога ќе се врати од поход..мислам дали нешто ќе превземе за коњот на Хурем ??? Што ќе и рече на Валиде ??
     
  18. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Хурем-Најпрво единствена цел и беше да се одмазди. Но, секогаш постои но и се заљуби во Султанот. Секако дека преовладуваат чувствата но битна и е и моќта. А секако знае дека ќе поседува моќ доколку е со Султанот. Друг начин не постои. Затоа е спремна на се само за да го задржи Султанот. причината зошто не сака да спие со други можеби лежи во ( чувството на страв ) да не и биде одземен а со тоа и таа и нејзините деца ќе останат во сенка. Малку ако бидеме реални дека сите ќе постапуваме на ист начин. ( Најпрво како жени ). Ние жените сме сплеткарки. А за да се добие тоа што се сака, посебно некаде каде што се знае единствениот пат до ВРВОТ секако дека ќе постапуваме на ист начин.
    Махидевран-Иако Величествената многу и помага и направи се за да остане во постелата на Султанот видовме дека со сила убавина не бидува. Сега иако има можност да гради, да прави добри дела, да носи скапи фустани и накит сепак единствено се теши со љубовта на нејзиниот син и вербата дека ќе се појави некоја која ќе го освои срцето на Султанот, само да не биде Хурем. И треба да се оправда за самотијата и несреќата која ја чувствува. Хурем и го зема Султанот од постела и тој повеќе не ја погледна. Се смени традицијата и Четвртокот повеќе не постои.
    Хатиџе- На почетокот ја сожалував и едвај чекав да се случи љубовта со Ибрахим. Но сега единствено мислење за нејзе кое го имам е дека е една разгалена, нестабилна жена, која се швркнува веднаш штом коцките нема да и се наредат во животот. Наместо да застане исправено пред секој проблем таа паѓа во депресија, веднаш мисли на самоубиство и го реализира секако. Секако дека сочуствувам со нејзиниот проблем не е ни малку лесно да се изгуби дете ( зборувам како мајка ) но не значи дека уништувањето на себеси и на другите околу себе е решение на проблемот. Својата несреќа секогаш ја рефлектира на другите ( со кои што може ) на пример Хурем и веројатно тоа го доживува како душевна храна.
    Султанот- сите позитивни карактеристики за еден маж. Гледам дека многу го окривуваат зашто спие со други жени и дека поради тоа не ја сака доволно Хурем, сметам дека не е точно. Единствено зарем Владетелот на една толкава империја ќе се задоволи единствено со постелата на Хурем? Малку нелогично?!
    Посебно ме пленува неговата почит кон мајката, изградениот однос спрема децата и кога им го покажува на патотна сите до каде можат да одат. Цврсто го држи престолот, најпрво достоинствено, а кога понекогаш ,,замижува,, тоа не е затоа што работите не му се јасни, туку затоа што некогаш дозволува да види до каде можат да одат и според тоа ја прави елиминацијата.
    Валиде Се што прави прави затоа што ја чувствува опасноста од Хурем. Пред да се појави Хурем видовме и уште гледаме колку Махидевран и е покорна и се согласува со секое нејзино мислење, а додека Хурем и се спротивставува и јасно и покажува колку е моќна со помошта на Султанот.
    Ибрахим Способен маж, но наместо да ги искористи благодетите на Султанот, неговата алчност и желбата за ВРВОТ наместо да го однесе до него, ќе го спушти до дното. Секој треба да си го познава местото и да знае до каде треба и секако многу битно до каде може да оди. Желбата е едно а можноста сосема друго. По однос на изневерувањето, можеби и треба да го оправдаме. Знае дека Нигер-калфа е заљубена во него а навистина повеќе не можеше да се бори со испадите на Хатиџе. Не помогнаа ниту разговорите, ништо.
    ПРОДОЛЖУВА...
     
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Леле Даје! :puke:
    Намќоресто, напрчено суштество со стап во рака. Не ја поднесувам кога шпарта наоколу со пролив фацата и тропа со стапон, ко зомби некое. Аууу антипатикус невиден ми е. `Сега извинете, ме чека нејзиното височество` И она глушецон по нејзе си замина, кој и кажа на неа жити се. :D
    Јас сум 100% сигурна дека Сули знае дека неговата мами го сторила тоа, и Хурем секако знае, арно ама се сили пред сите, а пред Сули нема гз да ја набеди мајка му. :D
    Вчера беше една од ретките епизоди кога застанав на страната на Хурем. Запишете таму ајде, да не ме судите на воен суд друг пат. :)
     
    На Sara123, Hurrem-Aleksandra, HurremSultan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. howdoyoudo

    howdoyoudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Да знаеш Даје како ќе и помогне на Хурем во иднина, да не речам ќе и го спаси животот :)