1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Велосипедизам

Дискусија во 'Спорт' започната од elicka81, 20 јули 2011.

  1. elicka81

    elicka81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Велосипедите се пронајдоци на 19тиот век и од тогаш па наваму служат како превозни средства на милиони луѓе. Освен како превозни средства се употребуваат за спортување. Велосипедот, во споредба со моторните возила, не ја загадува околината, значително е полесен за паркирање, добар е за вежби за телото, има поголем простор за маневрирање и.т.н

    Колку вие возите велосипед? Дали за вас спаѓа во превозни средства, или пак повеќе го користите за спортување и релаксирање? Освен за нозете, за кој друг дел од телото е добро возењето велосипед?
     
  2. WiseGuy

    WiseGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    99
    Секако дека најмногу на удар се нозете меѓутоа возење велосипед е вежба за целото тело. Користиш во процесот и раце и грб а и стомачни мускули. Велосипедизам е една од најпрепорачуваните кардио васкуларни вежби. Дава најмал стрес на зглобовите а ги актвира големите мускулни групи и ради тоа е прилично кардио активна. Во тој поглед е многу попрепорачлива од трчање, за луѓе со поголема килажа!

    Ако се мислиш дали да почнеш, не се мисли, ако возиш секој ден по 40 минути јас гарантирам дека ќе видиш ефект веќе за месец дена.
     
  3. elicka81

    elicka81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Благодарам WiseGuy од денес поцнувам на возам
     
  4. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Само со редовна употреба може да има успех
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Секоја чест на тие што активно се занимаваат со велосипедизмот, зборувам за тие што го спортуваат и возат долги релации активно.
    Здраво е бе да се занимава со било каков спорт, па замислете какви тела имаат велосипедистиве.
    [​IMG]
    Kaj нас има луѓе што се занимаваат со ова, ама немаме ние доволно услови, ми се чини не е доволно безбедно, да имавме повеќе велосипедски патеки можда ќе почнев сериозно да се занимавам со велосипедизмот. :fubar:
    Туку знаете некој македонски представник што се занимава со ова?
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Имаш Кеј ! = 20 патеки :D
    и тоа можеш да бираш

    утрински часови
    - освен мене ке ги гледаш и полуголите старци со стомаци што праваат баљум баљум баљум

    12-15 часот
    - ONLY CRAZY PEOPLE GO AT THIS HOUR

    и вечерни часови
    - голема гужва бидејки сите возат точаци и џогираат
    - али ако сакаш да манијачиш во твој случај мажјаци онда околу 7 саат :tmi:
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    понекогаш возам на кеј
     
  8. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Јас не се занимавам активно со велосипедизмот, за жал. А сакам да знам како би било, скоро секој ден на тренинзи и такви работи. Возам велосипед кога ги гледам другариве, па од кејф околу населбава и јас. Интересно ми е многу, чувството е преубаво.
    Инаку имам неколку другари кои многу активно се занимаваат со овој спорт, одат по натпревари .. и не дека ги фалам, ама навистина се многу добри. Некои се најдобри во своја категорија, а некои почетници со не толку добри резултати, но сите се трудат максимално.
    Навистина им се восхитувам ... секојдневни тренинзи на кратки и долги патеки, на асфалт или во планина, некои држат и посебни режими на исхрана. Таа издржливост и сила која ја имаат, а и пасијата кон возењето, тоа е нешто невозможно.
    Плус на се` ова, како што кажа некој погоре, телата стварно им се прекрасни. :rofl:
    Алал да им е на сите кои посериозно се занимаваат со спортов. :bow:
     
  9. ding.dong

    ding.dong Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пусти велосипедизам... Константна окупација, изминативе 9 години.. Од кои, 2 како активен велосипедист :) .. Тренинзи, трки, и се останато.. Корисно, како и за организмот, така и за слабеење :D. Во велосипедизмот, наоѓам се.. И кејф, и начин да одржам кондиција, и адреналински напливи... А богами, на моменти, и начин да си ја истурам нервозата :D. Супер е, како секојдневна навика. Во денот, барем 10-15
    километри, барем во зима, на лето по 30-40 низ град и уште толку по тури. Планини, долги релации.. Знам дека 99% од вас овде го гледате возењето како рекреација, ама јас отидов на наредно ниво :D, и не зажалив. Корисно е, забавно е, пробајте :D .
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Велосипед најчесто возам во пролет и лето покрај кеј. Некогаш точакот го употребувам и како превозно средство. А многу убаво се чувтствувам кога возам точак. Можам многу долго да возам, а да не се заморам. Обожавам велосипедизам!
     
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    E многу си го љубам точкот! :)
    Да речам, женски е (ја нема таа хоризонтална шипка), напред е со корпа, назад има багаж, нема брзини, кочи наназад (знаете), рачките се како на пони само многу помодерни!

    Летото одев на работа со него, во слободно време си се возам (дури и на 01.01.2012 :$).. заштедувам време а во меѓувреме ги активирам мускулите.

    Абе точакот е здравје!

    Ми фали за во Скопје, иако ме фаќа страв низ џунглата да се возам :tmi:

    п.с. Не знам што е срамота (некои така мислат) да се вози точак. Несфатливо ми е тоа. Што само ролерите се ин? Сеедно, мене ми е гајле :)
     
  12. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    јас активно се занимавам со велоситедизам,но моментално велосипедот ми е расипан
    по радовишки речено раскантен :rofl: :lol:
     
  13. Maxymous

    Maxymous Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    70
    Обожавам... секој викенд нормално кога е топло возам по 15 км
     
  14. Bellatrix

    Bellatrix Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    26
    Обожавам! Возам велосипед најмалку 3 пати во неделата и покрај што е забавно е и одлично за одржување кондиција и трошење калории :)
     
  15. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Редовно возам со точакот. Возам колку што можам повеќе за да се здобијам со поголема кондиција. Најмногу возам во лето. Најубаво ми е со точакот да се возам, на ролери не се осеќам многу сигурна :$
     
  16. Dragon.Custom-Skopje

    Dragon.Custom-Skopje Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    За сите љубители на велосипедот нова фирма кај нас Dragon Custom со услуги префарбување, модифицирање и украсување на велосипеди, нешто што до сега го немало кај нас видете инфо на https://www.facebook.com/pages/Dragon-Custom/362658100458368
     

    Прикачени фајлови:

  17. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Септември не бев баш многу активна со точакот, немав време заради училиштето. Таман ќе се решев во сабота или недела да возам, времето ќе се расипеше :D Минатата сабота и недела возев, саботата помалку, неделата повеќе. Треба да се искористи времето максимално дури е сончево, после зимата ќе си седи точакот во визба :(
     
  18. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Обожавам велосипедизам!Постојано возамм! :inlove: :inlove:
     
  19. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Весосипед возам редовно :) многу е практичен а и со него се соборуваат многу калории летото возев по 3-4 км на ден :D :D :D :D
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Си возам рекреативно низ маало, чат пат идам и до стаза ама немам толку кондиција да одам до стаза, да возам таму па да се враќам после по угорнициве. А вака низ населба ми е супер, обично возам касно навечер, тогаш нема коли, тивко ми е и многу пријатно, ладничко... Дефинитивно има големи ефекти во зацврстувањето на нозете и задникот, а и грбот е исправен што е уште една придобивка.