Ај да пукнам јас нешто после неколку години пауза повторно активен на велосипед,направив две убави возења до С.Кучково -Скопско да ја отворам сезоната спортски.По кеј возам ама тоа кога имам помалку слободно време. Велосипедот исто си го користам почесто и за на работа или кај имам потреба на пократка релација. Нареден предизвик ми е Водно до крстот горе
Еве ме и мене,цело средно школо возев на кеј,потоа со години си продолжив на кеј,ама кога почнав со работа прекинав. Годинава се обидувам да се вратам во форма и досега неостварена желба ми е планински велоспиедизам т.е редовно возење до средно Водно па со тек на време и до врв. Разгледувам велосипеди и ми треба совет од каде е најпристапно по цена да купам а да е и квалитетно. Досега видов само на Велосипеди.мк и избрав
Овој е добар задоволен сум од маркава за таа цена се топ,еве неколку страни одбери си. www.bikemarket.mk/ http://www.pro-sport.com.mk/ http://www.mastersport.com.mk/index.php/велосипеди http://modusbike.com.mk/ Најубаво на лице место да отидеш да видиш.
Зоки а меѓу VIPER XC 29 HYDRAULIC И VIPER REBEL FS HYDRAULIC? Ако си во тек со новитетите. Што е hydraulic-подобра амортизација? Совет.
Viper Rebel fs на овој мислиш нели Јас од овие два овој би го земал и не е мислам голема разликата во цена ,а како што кажа сакаш по планини да возиш,ако одиш по земјен пат имаш амортизер позади што е голема предност. Хидраулик е кочниците му се на хидрулик нема сајла него системот е сл како кочници од кола Има едни со диск на сајла тие не би ти ги препорачал може да се истепаш некаде ако не си навикната.(така ми збореа искусни велосипедисти)
Да на тој REBEL мислам 23300 со попуст е. И сега загледав челичен модел од него поефтин 12000 со попуст. http://velosiped.mk/index.php/shop-store/zenski/viper-rebel-fs-steel-detail Уште за ова ми треба мислење како поискусен велосипедист.
Тој ти е со механички кочници како што кажав искусни ми имаат кажувано ако не си навикнат можеш да се истепаш,од опрема поседува послаба не сум искусен и јас учам од искусните.До колку пари од прилика бараш велосипед? За почеток не ти е потребен поскап јас така мислам. Ако имаш повеќе кеш тоа е друго.Еве подобро овој 11.900
Некој да не знае добар мајстор за точак? И некоја информација за вградување нови брзини? Црна? Колку е исплатливо и возможно?
Кој град ако е Ск модус бајк Лептокарија или Ѓорче на пазарче има еден во зградата кај точаци што продаваат работи исто добро.За цена незнам колку би чинело. возможно е зошто да не е.
Да за Скопје се работи, заборавив да потенцирам. После години конечно повторно се качив на точак како транспортно средство и ич не се разбирам за вакви работи Фала на одговорот во секој случај.
Ух ама е добар. Ај да подразгледам карактеристики. Имам и за поскап ама ќе отидам многу во минус и си помислив па до 12000 е попристапно за мене лично. Благодарам за советите. Се '' замараме '' дека ни е желба за хоби планински велосипедизам а при тоа да си го зачуваме здравјето и безбедноста. А со од 5000 не вреди за нас страствените велоспиедисти за по планини да се замараме.