И јас со бмх се качував ама душата ми знае,потполно те разбирам што сакаш да кажеш,но за све се има љубов,некој за спорт некој за дрога. Во све има разлика.Подобро плати малку поскапо отколку кинески точак да ти се скрши виљушка на дупка. И залепи гумата или остави го на кеј јас ќе ја направам,ама со фантомка да не ме познаеш
Финално ми се овие 2 и не те прашувам веќе само спореди ми меѓу овие 2та http://velosiped.mk/index.php/shop-store/zenski/capriolo-passion-lady-17-19-detail http://www.mastersport.com.mk/index...osiped-capriolo-diavolo-600-fs-26-18ht-detail CAPRIOLO DIAVOLO 600 FS. Исти цени се околу 12000 ама тоа со кочниците не знам како да разликувам во опис, ај ако не ти пречи види и препорачај ми.
Е добро дее педалото ке падни ке се намести шотреба..Ке го остам не се секирај ти само залепија да се повозам оти скапав лежење дома
Тие 12km што ги поминуваш, јас ги правам со трчање 3 километри лесно, па 4 шпринтој на 50 метри и после трчам 13 километри со временска норма 5 мин. на километар.
Кај што ти пишува во спецификации на точакот, Имаш за кочници brake-mehanic,hidroulik a на овие два се обични без диск со пакни и се подобри каде каде од mehanik brake. Diavoloto дефинитивно имаш амортизер напред,за големината на рам се води 17ка а све мислам дека ги има и 19ка рам отиди во мастер или модус пробај од нет не нарачувај Има поубав изглед capriolo diavolo + амортизер напред имаш.
За развој на велосипедскиот туризам и љубителите на планинарскиот велосипедизам, како дел од проектот „Велосипедски парк Водно“, неодамна започна уредувањето на нова планинска велосипедска патека на Водно. Новата планинска велосипедска патека со вкупна должина од 3.432 метри ќе се протега од полициската станица па до Средно Водно. Таа е со променлива широчина (најмногу до 3 метри) и, што е важно, ќе биде посебна патека наменета исклучиво за велосипедистите, односно целосно одвоена од патеките на Водно што се наменети за пешаци и планинари. Ова доаѓа како одговор на потребата за зголемување на безбедноста на сите посетители на Водно, преку физичко одвојување на велосипедистите од пешаците и планинарите.
Се изненадив кога видов дека ваква тема постои овде Иначе конкретно возам секој ден, гледам под 20км да не сум, а во викент знајме да затераме и тродупло. Претежно возам угорничави места, и секако плани ски местенца. Дефинитивно еден од подобрите начини за рекреативно размрдување на телото, ем запознаваш многу нови места
Не знаев кај да ја сместам објавава, па тука ќе ја ставам --------------------------------------------------------------------------------------- Општина Аеродром по повод Светскиот ден на велосипедoт објави оглас во кој ги повикува граѓаните да аплицираат за субвенции за велосипеди, а јавниот повик почна од вчера, 2 јуни, и ќе трае до 1 јули 2021 година. Повикот ќе се реализира по принципот прв дојден прв услужен, а едно лице може да поднесе едно барање за добивање надоместок за еден велосипед. Секој полнолетен жител на општина Аеродром што купил велосипед во тековната 2021 година, најдоцна до денот на траење на јавниот повик, заклучно со 1 јули, може да достави барање за поврат на средствата во износ од 50 % од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари со вклучен персонален данок на доход, велат од општината.
Почнувам овие денови со трчање, дали за почеток може да не одам брзо туку да возам велосипед? Прво да почнам со велосипедизам па после со трчање може ли така?
Здраво, сакам да му купам на сопругот подарок точак. Е сега не се разбирам ич во точаци само знам дека сакам да е лесен и да не е поскап од 300еур. Што би ми препорачале? Точакот би го користел за низ град. Фала однапред