Вендоксин капки

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Calla, 1 февруари 2013.

  1. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    1.512
    Дали некој ги има користено за испукани капилари или попуштени вени?
    Ќе сака ли некој да сподели искуство, која е возраста за употреба, резултати или несакани последици...?
    Имам едно мало проблемче со капиларчиња што сакам да ги елиминирам до лето како и студени нозе..
    Има реклами, ама за нив по интернетов нишо не најдов..
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Вендоксин капките претставуваат природен препарат добиен со алкохолна екстракција на активните состојки од голем број на лековити билки.Вендоксин капките се користат за одржување на физиолошкиот проток на крвта низ венските садови на долните екстремитети како и за постигнување на оптимален проток на крв низ вените и капиларите

    Според мене што сум слушала па и не биле баш многу ефикасни но незнам пробај земи !
     
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ги пијат баба ми и татко ми. Баба ми имаше удар и понекогаш, така да кажам, и се фаќаше устата и не можеше баш јасно да зборува. Ги зема капкиве и општо се чувствува подобро, посвежо, повесело. Потоа, ги зема и татко ми, и после некои си три недели употреба е задоволен. Не му се мати главата, како што вели тој :) Е сега конкретно за испукани капилари и попуштени вени не знам дали ќе ти помогнат, ама за ладните нозе би требало да ти помогнат, бидејќи ја олеснуваат и ја подобруваат циркулацијата :) Земи и пробај, па ќе видиш ти самата дали ќе ти помогнат :)
     
  4. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Тетка ми има еден полош облик на реума и откако почна да ги зема овие капки само убави зборови кажува за нив. Тоа почна да се гледа и на неа, почна да оди по малку и без штеки, а исто така една нејзина пријателка ги пие и за висок крвен притисок и исто и нејзе многу и помогнаа, ама конкретно за капилари не знам веројатно се добри за се.
     
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    13.300
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ги пиеше за проширени вени. Двете потколеници му се стварно во лоша состојба, многу пати зборел и да се оперира, ама никако да дојде до тоа. Иначе ги фалеше капките, помалку го болеле нозете, не му беа вените толку отечени. Сега пие Венокс (слична работа, на билна основа, поефтини се) ама помалку ефикасни, треба поголемо количество да испиеш од нив за да има ист ефект како Вендоксинот. Кога ќе видиш, парите се тие. :)
    Како и да е, капките се добри за циркулација, конечен одговор. ;)
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Kоја е цената на вендоксинот? :)
     
  7. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    1050 денари за едно мало шишенце. Тоа релативно брзо се троши и нема никакво подобрување или улога од едно, две или три шишенца. Дури и тие самите признаваат дека дејството може да се очекува со редовна употреба повеќе месеци или години.

    Ама не знам колку има оправдување да се даваат вакви пари за неколку растенија кои можеби по неколку месеци ќе имаат некое минимално дејство или пак воопшто ќе немаат.

    Најголемата причина за популарноста на овие капки е маркетингот, буквално преплавени сме од рекламата за Вендоксин и тоа не е било каква реклама, туку реклама со сведочење за нивната ефективност. Сите знаеме дека маркетингот, особено ваквиот со сведочења е преполн со лаги.

    Никој не знае дали и колку делуваат, а овие им ја набиле цената како да е еликсир на животот.

    Кога се работи за попуштени вени има многу поефективни масти врз база на хепарин кои навистина даваат брзо олеснување на симптомите, ама сепак за долготрајно решение на проблемот треба да се бара други проблеми во рамките на кардиоваскуларниот систем и срцето.
     
    На protonce, StefChef, angelina1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.327
    И плус на рекламата кажуваат дека после 15 години осеќале подобрување :D
    Мислам :|
    Има и многу други добри препарати на природна база,овие се едни од најскапите ги продава рекламата многу јасно.Инаку како и за секој друг природен препарат потребно е време,од една доза ништо.
     
    На expert му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    1.512
    Во меѓувреме, дознав дека вендоксин капките не биле се уште доволно истражени, испитани...
    ова го има кажано докторка и баш и не ги препорачува... :/
    тоогаш, треба да се бара друго чаре :)
     
  10. kami

    kami Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    мајка ми прво пиеше вендоксин капки, а сега најде слични, но и уште подобри од тие се викаат венокс и ги има во билната аптека херба стојанови а и значително се поефтини 200 ден се. Мајка ми има многу големи подобрувања со проширени вени, а исто и баба ми ги користи и таа исто веќе нема проблеми со главата како што вели дека и била матна.
     
  11. dunjucka

    dunjucka Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    8
    Kami и јас слушнав за тие кај Стојанови што биле 200 денари и се мислам да си земам,колку време ги пие мајка ти, и дали и помогнаа во однос на болката на нозете мене многу ме болат во ова топло време.
     
  12. dunjucka

    dunjucka Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    8
    Kami и јас слушнав за тие кај Стојанови што биле 200 денари и се мислам да си земам,колку време ги пие мајка ти, и дали и помогнаа во однос на болката на нозете мене многу ме болат во ова топло време.
     
  13. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    49
    мајка ми ги гористи и е задоволна од нив има и едни од 200 денари но тие не се ефикасни како овие вендоксин оргиналните
     
  14. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Баш вчера видов еден извештај за тоа кои се најголеми огласувачи на нашите телевизии. На прво место е Владата, на второ е Проктер и Гембл, на трето е Оне, четврто Кока Кола, а на високото 5 место е Алтернатива Медика произведувачот на овие капки со учество од над 2% од сите реклами, што е огромна бројка.
    http://a1on.mk/wordpress/archives/184448

    Јас и на претходната страна се произјаснив за моето мислење, ама ова е доказ дека буквално сме преплавени со овие реклами, и тоа е причина за луѓето да ги купуваат овие капки за кои нема доказ дека навистина делуваат, а се ПРЕСКАПИ.

    Ете дури и на нивната страница имаат демек некои истражувања, ама тие се само за нештетност и подносливост, никаде немаат поставено истражување дали навистина капките делуваат за тоа што го тврдат на рекламата.

    Видете подолу на страницата, кај испитувања, нема за ефективност или делотворност:
    http://www.vendoksinkapi.com/makedonija/

    А и у осталом тие никаде не тврдат дека капките лечат се, туку забележете употребуваат некои зборови како, „помагаат кај“, „поволно делуваат кај“, а тврдењата ги основаат на традиционална употреба на тие растенија за тие индикации.

    Сега гледам имаат нова реклама со македонски случаи и уште поголеми тврдења. Од каде да знаеме дека навистина е така кај луѓето кои се појавуваат во рекламата. На пример има еден покажува дека можел да трча по скалите, а од каде да знаеме дека порано не можел исто да трча или дека болеста што ја имал не му се излечила со нешто друго?
     
  15. kami

    kami Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0

    Па мајка ми ги пие Венокс капките некаде околу 8 -9 месеци, а претходно пиеше вендоксин и има подобрувања не осеќа болка и ги чувствува нозете многу полесно зашто таа има проблем со проширени вени.
     
  16. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    You're my kind of girl a sceptic.
    Делува затоа што е плацебо,а луѓето преплаќаат за глупости.
     
    На expert му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dunjucka

    dunjucka Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    8
    само да ви кажам дека ова не е психолошки проблем па да делува како плацебо,се работи за вистинска голема болка која ја имам секој ден,па вие ако имате искуство споделете, ако не не ни треба совети од стручњаци и аналитичари на реклами .
     
  18. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    @dunjicka

    А тебе ти помогнаа? Затоа што пред еден месец имаш поставено прашање дали имаат видено подобрување за и ти да почнеш да ги користиш?
    Јас или некој мој близок немаме користено, ама јас лично од аптека, му купувам на еден постар комшија. Ги пијат еве повеќе од година дена со жена му и немаат видено подобрување. Кутриот, ми е жал, зема само минимална пензија и половината во месецот ги даваат за овие скапи капки.

    Значи се работи за постар човек, мислам има околу 70 години, има деменција, не е многу добар со памтењето, а жена му има проблеми со срцето и со вените на нозете и е само минимално подвижна. Мајка ми и јас често одиме за да им помагаме и вака немаме забележано промени. Исто таа се уште е неподвижна, а тој уште има проблеми со памтењето.

    Тоа е што се однесува до некое искуство, ама најважно е и дека без разлика на искуството, и самите производители не ветуваат ништо затоа што знаат дека вакви капки немаат такви ефекти врз организмот.
     
  19. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Абе луѓето во се веруваат,никогаш не проверуваат.
    Мислат дека искуството е многу поважно од факти.
    Искуството може да се наплати :)
     
  20. dunjucka

    dunjucka Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    8
    exspert јас уште не сум ги купила а мислев затоа е и форумов за да се сподели искуство нели,а не ги купив од причина што се скапи и не се стигнува, ама ако ми кажат барем пет особи на форумов дека лично ги користеле и дека имаат ефект во намалување на болката на нозете макар и на краток период да ти кажам би одвоила 1050 ден да ги купам,зашто ти кажав болката е голема не се издржува .
    Инаку ако сакаш да им помогнеш на старите баба и дедо до тебе Гинко Билоба ги има во зегин и сите аптеки(важно е да содржи Гинко не е битно името гинкомакс,билобил се разликуваат по концентрација на Гинко Билоба во нив),не се скапи по 10 ден таблета доволно е една а може и две (со јадење) бидејќи ситуацијата е како што кажуваш е критична, се многу добри за циркулација,циркулација на крвта до мозокот(помнење),депресија .....итн.Се надевам дека помогнав