1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Венера во вашата натална карта

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 11 март 2012.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Планетата Венера во астрологијата се поврзува со љубовта, убавината, привлекувањето, креативноста, поврзувањето, феминистичкиот идеал, хармонијата… Всушност и самата планета името го добила по римската божица на љубовта и убавината. Знакот во кој се наоѓа Венера во нашиот хороскоп, а кој може да се прочита од сопствената наталната карта, го покажува начинот на кој примаме и даваме љубов и внимание, како формираме блиски врски и како се однесуваме во нив, како уметнички се изразуваме и кои креативни таленти ги поседуваме. Проверете го вашиот знак во кој се наоѓа Венера, а потоа прочитајте го неговото толкување.Венера, планетата на љубовта низ хороскопските знаци

    Венера во овен

    Што мисли за себе: „Авантурист сум. Ќе те освојам. Јас сум самоук и независен.“

    Доколку ја имате Венера во овен, тогаш во врските сте жестоки. Кај вас чувствата и страстите лесно се будат и вообичаено се обидувате да преземате иницијатива кога е во прашање срцето. Го освојувате другиот така што ќе му покажете колку сте решителни и самостојни. Излегувате и го добивате тоа што мислите дека го сакате. Проблемот е што, кога еднаш ќе го добиете, може да се заситите од тоа што сте го добиле. Поради тоа вашите врски можат да започнуваат возбудливо, а да завршат со монотонија и здодевност. Всушност, возбудата која ви ја создава потрагата по некого, за вас е поважна од финалниот „лов“.

    Независни сте и импулсивни, сакате да се натпреварувате и понекогаш одбирате да му се спротивставите на другиот, само затоа што тоа ви носи акција и возбуда. Понекогаш, со оваа позиција на Венера, кај вас може да се јави тенденција премногу да им се удоволува на другите. Тогаш може да одберете доминантен партнер кој ќе сака работите да ги правите на негов/нејзин начин, на сметка на вашите лични желби. Понекогаш може да бидете нечувствителни во однос на тоа какви ефекти имаат вашите дела врз најблиските.

    Венера во бик

    Што мисли за себе: „Јас сум личност на која можеш да се потпреш. Мојот идеален состанок се состои од добра храна, добро вино и многу гушкање со љубениот/а по дома.

    Доколку имате Венера во бик, тогаш во љубовните врски сте лојални и урамнотежени, особено доколку вашиот партнер знае да ги покажува своите чувства. Ориентирани сте кон сетилната страна на животот, што може да се манифестира и преку зголемена телесна тежина, бидејќи добрата храна е вашиот најдобар пријател.

    Сакате да се разгалувате себеси и оние кои ги сакате. Реагирате на убавина, па за вас е многу значаен физичкиот изглед и атрактивноста на вашиот партнер. Некогаш преголема важност им давате на материјалните работи. Сакате удобност и понекогаш знаете да бидете мрзеливи и да очекувате дека некој друг ќе ги заврши работите кои мораат да се завршат наместо вас. Топли сте во душа, имате изострен осет за естетика, шармантни и знаете да сочувствувате со другите. Она на што треба да поработите е самоконтролата, посесивноста и обидот да го одбирате полесниот пат во вашите љубовни врски.

    Венера во близнаци

    Што мисли за себе: „Јас сакам забава. Мојот идеален состанок се состои од одење во кафуле, потоа гледање филм во домашна атмосфера и дискутирање за него.“

    Доколку ја имате Венера во близнаци, поважни ви се смислата за хумор, интелектот, комуникациските способности кои ги поседува личноста што го „уловила“ вашето внимание, одошто нејзиниот физички изглед. Посакувате партнер кој ментално ќе ве стимулира, некој кој е љубопитен, кој може да го предизвика вашиот ум и со кого нема да ви биде здодевно.

    Преферирате и имате потреба од врски во кои заедно ќе учите нови нешта, ќе разговарате, ќе споделувате разни идеи и ќе посетувате различни места. Вам не ви се допаѓаат посесивни и љубоморни партнери. Шармантни сте, пријателски настроени, сакате да запознавате нови луѓе, но и да флертувате. Уживате во забавата и возбудата кои ги носи љубовта, но се плашите од обврските. Вашите чувства најдобро можете да ги изразите преку говорење, пишување или некој вид уметност.

    Венера во рак

    Што мисли за себе: „Јас сум само еден обичен човек. Животот го градам на солидна основа. Знам да те утешам и да ти пружам поддршка. Јас се грижам. Јас останувам тука. Мојот идеален состанок се состои од јадење дома и гушкање.“

    Доколку ја имате Венера во рак, вие сте тивки, срамежливи, чувствителни и романтични, а вашите чувства се силно врзани за семејството, старите пријатели, спомените и минатото. За вас многу важни се родендените, годишнините, куќните слави и нивното прославување. Во љубовните врски имате потреба од внимание, грижа, емоционална поддршка и сигурност, а во домот имате потреба од мир и хармонија.

    Се „лепите“ за оние што ги сакате, но доколку таквото однесување отиде предалеку, имате тенденција да станете посесивни. Сакате кога другите имаат потреба од вас. Чувството на несигурност и чувството дека не сте доволно сакани, кои понекогаш се јавуваат кај вас, знаете да ги потиснете со храна, особено со благи работи. Имате свој личен шарм и знаете да сочувствувате со другите. Вие имате потреба да се грижите за другите.

    Венера во лав

    Што мисли за себе: „Јас сум љубезна и забавена личност. Интересен/а сум и искусен/а. Дозволи ми да те забавувам.“

    Доколку ја имате Венера во лав, во љубовта сте спонтани, лојални, приврзани и дарежливи. Не сакате партнер кој е ситничав и скржав. Вие го барате херојот, принцот или принцезата, некој кој ќе можете да го обожавате, со кого ќе се гордеете и кој ќе ви го „помести“ тлото под нозете. Копнеете по љубов, почит и внимание од другите и ви годи кога ви ласкаат.

    Во љубовниот живот сакате драма, големи романтични гестови и необични изрази на дарежливост. Искрени сте, љубезни и сакате забава. Понекогаш очекувате премногу од луѓето и кога ќе ве разочараат, се чувствувате повредени. Совет за вас е да не го запоставите развивањето на вашите внатрешни потенцијали и да се фокусирате и преокупирате единствено со надворешниот изглед. Бидејќи сакате да сте во центарот на вниманието, внимавајте да не станете фалбаџии и премногу суетни.

    Венера во девица

    Што мисли за себе: „Јас ќе се грижам за тебе и ќе направам многу мали работи за тебе. Јас ќе ти помогнам“.

    Доколку ја имате Венера во девица, тогаш вие сте посветени и верни на оние кои ги сакате. Некако сте срамежливи кога е потребно да ги покажете вашите чувства, па наместо да му кажете некому дека ви значи на некаков романтичен начин, вие преферирате љубовта да ја покажувате така што ќе направите нешто убаво за личноста или едноставно ќе бидете тука за неа.

    Знаете да бидете критички настроени кон партнерот и да очекувате совршенство. Сакате сѐ околу вас да биде чисто и уредно. Понекогаш немате доверба во вашата привлечност и способност да привлечете љубов и бракот може да дојде со задоцнување во вашиот живот, поради стремежот да најдете совршен партнер, а совршен партнер не постои. Љубезни сте и знаете да сочувствувате со другите, па можете да бидете одлични негуватели.

    Венера во вага

    Што мисли за себе: „Јас сум само едно фино момче/девојка – некои велат дека сум премногу фин/а. Романтичен/а сум и сакам добри разговори. Ќе ти удоволувам. Единственото нешто што барам е фер игра.“

    Доколку ја имате Венера во вага, тогаш вие сте шармантни, тактични, учтиви и урамнотежени и имате силна желба да им угодувате на другите и не сакате да создавате немир. Бидејќи се трудите секогаш да се согласувате со другите, понекогаш имате тешкотија да кажете „не“, што може да биде злоупотребено од другата страна. Но, понекогаш знаете да бидете и безмилосни со другите. Со оваа позиција на Венера, вие знаете што другата личност сака да слушне и на тој начин може да манипулирате со неа.

    Хармонијата за вас е многу важна и би жртвувале многу за да ја зачувате. Во врските и бракот сакате некој со кого се наоѓате на иста фреквенција, кој ќе ве урамнотежи. Ве привлекуваат луѓе кои се префинети и чувствителни. Цените добри манири и не сакате луѓе кои се однесуваат грубо. И самите вие сте префинети и најверојатно имате талент за музика или некоја друга уметност или во најмала рака ја цените уметноста. Имате и смисла за бои. Негативната страна на ваквата позиција на Венера е тоа што ве прави неодлучни и мрзеливи.

    Венера во скорпија

    Што мисли за себе: „Чувствителен/а сум и не сум површен/а. Ќе ти бидам мошне лојален/а, засекогаш. Ќе те усреќам во кревет.“

    Доколку имате Венера во скорпија, тогаш посакувате длабока, интензивна и страсна врска. Во љубовта ништо површно нема да ве задоволи. Вие копнеете за бесмртна љубов, како онаа на Ромео и Јулија. Оние кои ја имаат оваа позиција на Венера се едни од најстрасните љубовници. Врските кои ги формирате се базираат на силни емоции и можат да бидат опишани дури и како посесивни. Може да станете многу љубоморни кога се во прашање оние кои ги сакате. Неконтролираната љубомора и посесивност можат да ги уништат врските кои најмногу ви значат.

    Поставувате големи барања за вашиот партнер. Донекаде се сомневате дури и во платонските, пријателски врски кои вашиот партнер ги има. Ако некогаш ве изневерат, способни сте да мразите со истиот интензитет со кој некогаш сте сакале. Вие може да имате една љубов за целиот свој живот. Вам ве привлекуваат луѓе кои делуваат мистериозно. Иако имате длабоки чувства, имате проблем да ги изразите. Понекогаш посветеноста кон религијата може да ви служи како „издувен вентил“ за вашите преоптоварени емоции. Совет за вас е да ја научите вредноста на самоконтролата.

    Венера во стрелец

    Што мисли за себе: „Јас сум весел/а и забавен/а. Му се радувам на животот и сакам да се смеам. Отворен/а сум за нови искуства.“

    Доколку ја имате Венера во стрелец, вие барате некој кој ќе ги прошири вашите хоризонти и ќе ја продлабочи вашата свест. Вам ве привлекува некој кој ја сака забавата, кој е весел и отворен за авантури и нови искуства. Заедно би уживале во патување, запознавање нови луѓе и откривање нови места низ светот во кои особено уживате. Луѓето од различни култури го прошируваат вашето разбирање за светот и себеси.

    Вие сакате да ги споделувате своите соништа, тежнеења и идеали со вашиот партнер. Затоа за вас многу важен е интелектуалниот однос. Не сте претерано сентиментални, па вашиот партнер понекогаш може да има чувство дека сте недоволно сериозни и романтични. Вие ја идеализирате љубовта. Не можете да останете долго во врска во која нема доволно возбуда.

    Венера во јарец

    Што мисли за себе: „Јас имам добра работа и паметно вложувам во неа. Ќе ти овозможам сигурност. Бракот и фамилијата се многу значајни за мене.“

    Доколку ја имате Венера во јарец, тогаш љубовта ја изразувате на претпазлив, резервиран и сериозен начин. Веројатно не сте демонстративни кон оние кои ги сакате. Многу се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас и копнеете по љубов и внимание, но вашите резервирани реакции ве прават да изгледате незаинтересирано.

    Површни врски воопшто не ве интересираат. Претпазливи сте и сериозни кога е љубовта во прашање и сакате длабока, вистинска, трајна љубов. Конзервативни сте и традиционални во однос на додворувањето и останувате верни на саканиот/саканата и во добро и во лошо. Може да ве привлекуваат личности кои се постари од вас, некој кој е емоционално зрел и доверлив и кој може да ви ја даде сигурноста која ви е потребна. Не сакате да бидете повредени и имате силна желба да се заштитите себеси, па ова може да ве спречи да бидете поотворени во љубовта. Негативните аспекти на Венера може да ве направат плашливи, себични, љубоморни и пресметливи. Кај вас може да се јави и голема амбиција и желба за престиж и статус.

    Венера во водолија

    Што мисли за себе: „Јас сум либерален/а. Јас не сум посесивен/а. Барам пријател во партнерот/партнерката. Јас сум единствен/а. Ајде да разговараме и да се забавуваме.“

    Доколку ја имате Венера во водолија, тогаш љубовта ја изразувате на отворен, неконвенционален начин. Вие сакате да имате многу пријатели и познаници и сакате дружење. Бидејќи го цените пријателството толку многу, поудобно се чувствувате во улогата на пријател, отколку на љубовник. Едно е сигурно, она што навистина не ви се допаѓа се врски во кои има посесивност и наметливост. Вие сакате да бидете слободни да правите што сакате, со кого сакате.

    Сакате интелектуална или спиритуална врска со партнерот и таа може да биде вашата преферирана замена за интимно или емоционално поврзување. Имате потреба од партнер кој ќе ви даде слобода и ќе ви дозволи да бидете свои. Шармантни сте, среќни и оригинални, но знаете да бидете и ладни, смирени и незаинтересирани. Потребно е да научите да бидете потопли и да имате поголемо разбирање.

    Венера во риби

    Што мисли за себе: „Ќе те сакам. Ќе те прифатам. Дури и ако остатокот од светот мисли дека тебе никој не може да те сака, јас ќе те видам онаков/а каков/а што навистина си.“

    Доколку ја имате Венера во риби, тогаш љубовта ја изразувате на кроток, романтичен, чувствителен начин. Несебично се давате себеси на оние кои ги сакате или оние кои имаат потреба од вас и вашата помош. Понекогаш „паѓате“ на сентиментални приказни и давате толку многу, што некои луѓе стануваат зависни од вас. Идеалисти сте кога е во прашање љубовта и ова некогаш може да заврши така што станувате маченик или спасител во врските. Сочувствени сте и се врзувате со другите поради нивната потреба од љубов или поради потребата да бидат „спасени“.

    Ги привлекувате и ве привлекуваат сензитивни, имагинативни личности кои имаат склоност кон музика или друг вид уметност. Посакувате да најдете некого со кого ќе развиете длабока и спиритуална врска. Ја идеализирате љубовта и имате многу убава и романтична визија за тоа каква љубовта може да биде. Понекогаш едноставно сте вљубени во љубовта. Знаете да бидете многу емотивни и кротки, но не треба да дозволите да ве искористуваат само затоа што не сакате да разочарате некого и не сакате да создадете немир. Може однадвор да изгледате како личност која мора да трпи и да пати во љубовта и дека тоа го правите по сопствена волја.
     
    На martovsko cveke, biGirl, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Мене у водолија и доста тачно ми излезе 8)
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Венера во стрелец

    Што мисли за себе: „Јас сум весел/а и забавен/а. Му се радувам на животот и сакам да се смеам. Отворен/а сум за нови искуства.“

    Доколку ја имате Венера во стрелец, вие барате некој кој ќе ги прошири вашите хоризонти и ќе ја продлабочи вашата свест. Вам ве привлекува некој кој ја сака забавата, кој е весел и отворен за авантури и нови искуства. Заедно би уживале во патување, запознавање нови луѓе и откривање нови места низ светот во кои особено уживате. Луѓето од различни култури го прошируваат вашето разбирање за светот и себеси.

    Вие сакате да ги споделувате своите соништа, тежнеења и идеали со вашиот партнер. Затоа за вас многу важен е интелектуалниот однос. Не сте претерано сентиментални, па вашиот партнер понекогаш може да има чувство дека сте недоволно сериозни и романтични. Вие ја идеализирате љубовта. Не можете да останете долго во врска во која нема доволно возбуда.





    Море море море...Од збор до збор се е вистина!
    Нема погрешение , се пронајдов комплетно.
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Венера во рак

    Што мисли за себе: „Јас сум само еден обичен човек. Животот го градам на солидна основа. Знам да те утешам и да ти пружам поддршка. Јас се грижам. Јас останувам тука. Мојот идеален состанок се состои од јадење дома и гушкање.“

    Доколку ја имате Венера во рак, вие сте тивки, срамежливи, чувствителни и романтични, а вашите чувства се силно врзани за семејството, старите пријатели, спомените и минатото. За вас многу важни се родендените, годишнините, куќните слави и нивното прославување. Во љубовните врски имате потреба од внимание, грижа, емоционална поддршка и сигурност, а во домот имате потреба од мир и хармонија.

    Се „лепите“ за оние што ги сакате, но доколку таквото однесување отиде предалеку, имате тенденција да станете посесивни. Сакате кога другите имаат потреба од вас. Чувството на несигурност и чувството дека не сте доволно сакани, кои понекогаш се јавуваат кај вас, знаете да ги потиснете со храна, особено со благи работи. Имате свој личен шарм и знаете да сочувствувате со другите. Вие имате потреба да се грижите за другите.

    исто ко за мене да го пишувале ова :)
     
  5. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Венера во близнаци

    Што мисли за себе: „Јас сакам забава. Мојот идеален состанок се состои од одење во кафуле, потоа гледање филм во домашна атмосфера и дискутирање за него.“

    Доколку ја имате Венера во близнаци, поважни ви се смислата за хумор, интелектот, комуникациските способности кои ги поседува личноста што го „уловила“ вашето внимание, одошто нејзиниот физички изглед. Посакувате партнер кој ментално ќе ве стимулира, некој кој е љубопитен, кој може да го предизвика вашиот ум и со кого нема да ви биде здодевно.

    Преферирате и имате потреба од врски во кои заедно ќе учите нови нешта, ќе разговарате, ќе споделувате разни идеи и ќе посетувате различни места. Вам не ви се допаѓаат посесивни и љубоморни партнери. Шармантни сте, пријателски настроени, сакате да запознавате нови луѓе, но и да флертувате. Уживате во забавата и возбудата кои ги носи љубовта, но се плашите од обврските. Вашите чувства најдобро можете да ги изразите преку говорење, пишување или некој вид уметност.

    Се е апсолутно точно :o :)
     
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Венера во рак

    Што мисли за себе: „Јас сум само еден обичен човек. Животот го градам на солидна основа. Знам да те утешам и да ти пружам поддршка. Јас се грижам. Јас останувам тука. Мојот идеален состанок се состои од јадење дома и гушкање.“

    Доколку ја имате Венера во рак, вие сте тивки, срамежливи, чувствителни и романтични, а вашите чувства се силно врзани за семејството, старите пријатели, спомените и минатото. За вас многу важни се родендените, годишнините, куќните слави и нивното прославување. Во љубовните врски имате потреба од внимание, грижа, емоционална поддршка и сигурност, а во домот имате потреба од мир и хармонија.

    Се „лепите“ за оние што ги сакате, но доколку таквото однесување отиде предалеку, имате тенденција да станете посесивни. Сакате кога другите имаат потреба од вас. Чувството на несигурност и чувството дека не сте доволно сакани, кои понекогаш се јавуваат кај вас, знаете да ги потиснете со храна, особено со благи работи. Имате свој личен шарм и знаете да сочувствувате со другите. Вие имате потреба да се грижите за другите.


    некако многу скромно ми делува.. :^) што знам јас не сум ваква..Тоа што е со црно НЕ Е ТОЧНО.!
    Не мислам дека сум само еден обичен човек
    Најдобриот состанок не ми се состои од јадење. |(
    Не сум тивка и срамежлива.
    Не се тешам со благо.
    Не сум до толку посесивна..
     
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    лав
    ми погоди некоиработи и навистина се пронајдов...исто така и убав совет има...
     
  8. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Какво влијание има Венера во наталната карта кај мажите? :wasntme:
     
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Хармонијата за вас е многу важна и би жртвувале многу за да ја зачувате. Во врските и бракот сакате некој со кого се наоѓате на иста фреквенција, кој ќе ве урамнотежи. Ве привлекуваат луѓе кои се префинети и чувствителни. Цените добри манири и не сакате луѓе кои се однесуваат грубо. И самите вие сте префинети и најверојатно имате талент за музика или некоја друга уметност или во најмала рака ја цените уметноста. Имате и смисла за бои. Негативната страна на ваквата позиција на Венера е тоа што ве прави неодлучни и мрзеливи.

    :D
     
  10. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Венера во рак

    Што мисли за себе: „Јас сум само еден обичен човек. Животот го градам на солидна основа. Знам да те утешам и да ти пружам поддршка. Јас се грижам. Јас останувам тука. Мојот идеален состанок се состои од јадење дома и гушкање.“

    Доколку ја имате Венера во рак, вие сте тивки, срамежливи, чувствителни и романтични, а вашите чувства се силно врзани за семејството, старите пријатели, спомените и минатото. За вас многу важни се родендените, годишнините, куќните слави и нивното прославување. Во љубовните врски имате потреба од внимание, грижа, емоционална поддршка и сигурност, а во домот имате потреба од мир и хармонија.

    Се „лепите“ за оние што ги сакате, но доколку таквото однесување отиде предалеку, имате тенденција да станете посесивни. Сакате кога другите имаат потреба од вас. Чувството на несигурност и чувството дека не сте доволно сакани, кои понекогаш се јавуваат кај вас, знаете да ги потиснете со храна, особено со благи работи. Имате свој личен шарм и знаете да сочувствувате со другите. Вие имате потреба да се грижите за другите.
    точно 100%
     
  11. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.484
    Допаѓања:
    5.834
    Пол:
    Женски
    Венера во овен

    Што мисли за себе: „Авантурист сум. Ќе те освојам. Јас сум самоук и независен.“

    Доколку ја имате Венера во овен, тогаш во врските сте жестоки. Кај вас чувствата и страстите лесно се будат и вообичаено се обидувате да преземате иницијатива кога е во прашање срцето. Го освојувате другиот така што ќе му покажете колку сте решителни и самостојни. Излегувате и го добивате тоа што мислите дека го сакате. Проблемот е што, кога еднаш ќе го добиете, може да се заситите од тоа што сте го добиле. Поради тоа вашите врски можат да започнуваат возбудливо, а да завршат со монотонија и здодевност. Всушност, возбудата која ви ја создава потрагата по некого, за вас е поважна од финалниот „лов“.

    Независни сте и импулсивни, сакате да се натпреварувате и понекогаш одбирате да му се спротивставите на другиот, само затоа што тоа ви носи акција и возбуда. Понекогаш, со оваа позиција на Венера, кај вас може да се јави тенденција премногу да им се удоволува на другите. Тогаш може да одберете доминантен партнер кој ќе сака работите да ги правите на негов/нејзин начин, на сметка на вашите лични желби. Понекогаш може да бидете нечувствителни во однос на тоа какви ефекти имаат вашите дела врз најблиските. :lol: :lol: :lol:
     
  12. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Колку е само точно (здебелениот црниот де текст :tmi: ) инаку јас воопшто не ја сакам уметноста...само тоа не е точно :)
     
  13. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Точно :$ за вага
     
  14. FromWonderland

    FromWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    38
    Ова ми е најточно "Му се радувам на животот и сакам да се смеам. Отворен/а сум за нови искуства.“
     
  15. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    .....јас сум вага со Венера во девица....
     
  16. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Венера во близнаци

    Што мисли за себе: „Јас сакам забава. Мојот идеален состанок се состои од одење во кафуле, потоа гледање филм во домашна атмосфера и дискутирање за него.“

    Доколку ја имате Венера во близнаци, поважни ви се смислата за хумор, интелектот, комуникациските способности кои ги поседува личноста што го „уловила“ вашето внимание, одошто нејзиниот физички изглед. Посакувате партнер кој ментално ќе ве стимулира, некој кој е љубопитен, кој може да го предизвика вашиот ум и со кого нема да ви биде здодевно.

    Преферирате и имате потреба од врски во кои заедно ќе учите нови нешта, ќе разговарате, ќе споделувате разни идеи и ќе посетувате различни места. Вам не ви се допаѓаат посесивни и љубоморни партнери. Шармантни сте, пријателски настроени, сакате да запознавате нови луѓе, но и да флертувате. Уживате во забавата и возбудата кои ги носи љубовта, но се плашите од обврските. Вашите чувства најдобро можете да ги изразите преку говорење, пишување или некој вид уметност.


    Неможеше да биде по точно! :o
     
  17. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Мене Венера ми се наоѓа во Бик и се е точно погодено,а има и многу добар совет што ќе гледам да го применам! :) ;) 8) :* :* :inlove: :inlove: :inlove:
     
  18. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    И така... :rock:
     
  19. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Венера во наталната карта кај мажите има потполно исто влијание како кај жените,тука полот воопшто не е битен! :) Јас така сум читала кога сум правела натални карти на еден хрватски сајт на интернет за мене,за членовите од моето семејство и за моите пријатели,па можам од лично искуство да кажам слободно дека полот нема апсолутно никаква врска со влијанието на Венера во наталната карта! :) ;) 8)
     
    На martovsko cveke му/ѝ се допаѓа ова.
  20. top-of-the-world

    top-of-the-world Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Така некако ама кај жена укажува и како се однесува таа во љубовта, каква љубовница е, додека кај маж означува каква жена би сакал за сериозни врски и за брак.
     
    На martovsko cveke му/ѝ се допаѓа ова.