1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Венеција

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од sanjalica, 9 јануари 2012.

  1. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Здраво на сите :)

    Дали некој од вас, тркнал до Венеција со овие евтиниве летови и дали може да препорача евтино сместување??

    Значи летот е буквално за ич пари, ама колку што барав сместувања на интернет, ми удрија цените во глава... |(

    Ако некој бил и не си ги оставил сите пари таму, нека сподели :)
     
  2. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    јас беф ама агенциски 10 дена лет соба со кревет за двајца доручек ручек вечера и нерограничено пијалок 1000 евра и плус туристички водич
     
  3. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Фала :)
    Ама сепак мислев на нешто пократко, како викенд 2-3 дена, летовите преку WizzAir се 5 до 15 евра во еден правец.
    Значи не ми е битно, може да биде и спиење кај некој што издава соби :D :D
     
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Бил некој досега на карневалот преку некоја агенција?
    И ако може некоја информација за таму, а и за услугите од агенцијата.
     
  5. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Сега во Март јас ќе одам-и ќе ви пишам како сум поминала.А инаку преку агенција-со авион.Не се скапи картите. :)
     
  6. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571

    Чекаме впечатоци! Убав помин :) :)
    А и смештајот ти е преку агенцијата? Некој аранжман е или?
     
  7. devoj4nce

    devoj4nce Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    http://odmorise.mk/mk/aranzhmani.aspx?hId=5977

    Еве доста евтина понуда за во Венеција...само што мислам дека не нудат комплетен аранжман со тури низ Венеција и трансфери, туку само повратен авио карта и сместување во хотел :)
    изгледа примамливо :) јас би идела, само со време сум кратка во периодов :)
     
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Sanjalica -фала.А да инаку се ми е преку агенција,и сместувањето.Патувањево го планирам од лани 2011 и се надевам дека убаво ќе си поминам. :)
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.070
    Во Венеција бев само еден ден,кога бев на одмор Италија пред 3,4 години.Воодушевува да,преполна е со туристи,и најинтересни ми беа тоа сокачињата тесни низ кои нема шанси да се изгубиш,зошто преубаво се обележани и врти сучи пак искачавме на плоштад.
    Еден ден е малку,би сакала барем на 2,3 дена да појдам како човек.
    Потоа бевме и Верона.Верона ме воодушеви,ќе кажам повеќе од Венеција.Навидум мало,ама сепак не толку,со многу приказни зад себе,со некаков топол и смирен дух :inlove: Може впечатокот за Венеција ќе ми бил подобар да не имаше толку луѓе насекаде :?: Затоа сакам да појдам уште еднаш :lol:
     
    На love.butterflies, Gordana10 и sanjalica им се допаѓа ова.
  10. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    За разлика од остатокот од Италија-мафија, Венеција ми беше најсмирувачка :lol:
    Толку е пријатна прошетката низ плоштадот и покрај пристаништето.. наоколу звуци од прекрасниот италијански јазик, убави и дотерани луѓе, муабетчии по локалните кафулиња, возење со гондола на сите страни, мовчиња, Сан Марко.. Мислам дека само треба да ти се погоди времето, а се останато има таму. Тесни улички, улични продавачи насекаде.. сигурно ќе ги забележите и многуте сувенири кои се ознака на карневалот.
    Дефинитивно разбрав зошто многумина ја избираат локацијава за меден месец. Романтично како бајка, стапица за туристи :D
     
    На buba4e89, crazylady, Kiki-Viki и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Мене искрено, Венеција не ме воодушеви толку.Според мене, во Италија има многу поубави градови и уште поубави мали и не толку експонирани места.
    Како и да е, вкус е во прашање :) А, и за ценава за авион, дефинитивно вреди да се види.
    Не ми се допадна што е се премногу збиено,тесни , мали улички, луѓе еден тон, не можеш да се разминеш.
    И таа лоша миризба од каналите :doh:
    Плус е отровно скап град, поскап од Рим,Фиренца....
    Што се однесува до сместувањето, пробајте да најдете на интернет приватни соби за кратки престои.
    Тоа е далеку поефтина варијанта од хотел.А, како што се сега во криза, многу семејства се бават со оваа дејност ;)
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.811
    Пол:
    Женски
    Ја сакам многу.И пак и пак би одела.
    Мене ми еден од најубавите градови.Колку ми е само романтичен.Има некои улички толку стари,тесни,историја испишана на ѕидовите,се дише од безвременска убавина.
    И кога ќе видиш алишта пружени на куќите,и тоа ти убаво.
    После шетање,едно кафе и пица на Сан Марко.
    Лани бевме ова време,некаде после карневалот.Немаше многу гужва,као што знае да има и преубаво си поминавме.
     
    На crazylady и sanjalica им се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Општи прашања

    Дали картата за до Венеција што е 25 евра е во 1 правец? Некако преевтино е за да би била повратна :^) Кажете мииии :wasntme: сакам да отидам пак :D
     
  14. Bluebell

    Bluebell Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    11
    Општи прашања

    Повратна е, 25 или 26 евра е. Така нешто :)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    повратна е да, само мислам дека се доплаќаше нешто ситно, не ми текнува за што.
    на едни пријатели синот беше баш пред мецес дена задоволен премногу.
    Плус патничко осигурување, доаѓа до кај 30тина евра се на се.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Општи прашања

    Само јас кога бев не видов аеродром на островот, каде слетале, во некој од поблиските места или? Зошто ние бевме сместени во Лидо ди Јесоло и со бротче патувавме до Венеција :?:
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Да де сите спијат во Лидо и јас сум спиела таму, зашто во Венеција строго е ПРЕСКАПО, до 50 евра за вечер за спиење само :tmi: Ма да во Лидо ди Јесоло се крш мотелите ама за една вечер е океј.
    Веројатно аеродромот е негде блиску Лидо...
    Еве им ја страната, види поубаво ;)
    http://www.veniceairport.it/core/index. ... id=1330991
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јас бев во Италија лани, бев и во Венеција, а сакам да одам пак сега со евтиниве летови. Многу ми недостига, прекрасно место. Евтина понуда е 25 евра за повратна карта, добро разбрав дека со патничко осигурување фаќа 30, и пак е евтино. Па би отишла на еден ден само, ах да имаше и за Рим ваква понуда, тоа е тоа...
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Бев лани овој период. Хрватска - Словенија - Италија.
    Во Италија бевме Венеција, Верона, Бурано и Мурано островите.
    Венеција беше моја желба од малечка, ми се исполни !!
    Прекрасна е. Со самото влегување мислиш во рајот си. Куќите се неверојатни, сите светли бои. Нема две исти едно до друго, како виножито. Времето е сончево, повеќето денови од годината. Зелени паркови, студени сенки, многу клупи, убава музика. Многу тезги, сите различно нудат, но маките се застапени. Големи, мали, магнети, кукли секакви !! Да неможеш да одлучиш.

    Од мене сликана, да ви доловам убавина.

    Еве ги маските. Од овде купив 5 мали, и 3 големи маски.
     

    Прикачени фајлови:

    • Venice .jpg
      Venice .jpg
      Големина на фајлот:
      253,1 KB
      Прегледи:
      312
    • Veinig.jpg
      Veinig.jpg
      Големина на фајлот:
      390,2 KB
      Прегледи:
      312
    • Daaa.jpg
      Daaa.jpg
      Големина на фајлот:
      300,4 KB
      Прегледи:
      312
    На crazylady, TrinityNeo, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Јас бев пред некој ден и не ме воодушеви нешто посебно многу. Убава е, не велам не, ама не е ништо посебно, не е онаква каква што ми ја збореле. Додуше немав баш нешто многу време, а и енергија да ја прошетам и да ја видам, плус врнеше и имаше зголемено ниво на вода, па шлапавме на плоштадот, но сепак разгледав тоа што планирав. Најмногу ми се допадна архитектурата на плоштадот и многу ми се допаднаа малите и тесни улички со мали мостови. Не ми се допаѓа тоа што има премногу, ама премногу продавници со маски. Не е тоа на секој втор чекор, туку секоја продавница има маски. Сфаќам дека Венеција е позната по маските, ама го претераа, ништо друго освен маски не видов. И јас никаде не осетив лош мирис. Во суштина не е лош, ама не е ни прекрасен град. Просечен според мене.
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC04031.JPG
      DSC04031.JPG
      Големина на фајлот:
      142,9 KB
      Прегледи:
      272
    • DSC04051.JPG
      DSC04051.JPG
      Големина на фајлот:
      426,8 KB
      Прегледи:
      270
    • DSC04061.JPG
      DSC04061.JPG
      Големина на фајлот:
      423,5 KB
      Прегледи:
      272