Јас ја планирам Венеција почеток на јуни. Имам гледано понуди за со авион и се солидни цените, повеќе се исплати со авион отколку со автобус, разликата е 50е, а одамна сакам да ја посетам, мислам дека нема да се разочарам.
Еве и јас да напишам нешто за Венеција. Моето искуство е од три одења, и сите ми беа на некој начин на про-патување, еднаш за Љубљана, а два пати за Берлин. Специјално за Венеција не сум бил. Инаку, преспивам во хотели најдени на booking.com. Еве ќе ви напишам нешто за авионските карти, за хотелите и за Венеција. 1. За летовите со Wizz Air авионска карта имате online на http://wizzair.com/. Цените се релативно евтини, и се движат од околу 15 еур при рано букирање, а обично се од 30 - 70 еур, при букирање пред недела дена пред патувањето во зависност од конкретниот лет. Ова е цена за еден правец. Значи, нема фиксна една и постојана цена, туку има различни цени. И нема попуст за повратна карта, бидејќи се работи за евтина компанија. Моментално летовите од Скопје се во среда и недела. Се слетува на аеродромот Тревисо, кој е околу 20 км од Венеција. Има организиран автобуски превоз до Местре и Венеција, чини 7 еур, еден правец, и трае околу 45 минути. Инаку, Венеција има два аеродроми, вака народски кажано: Тревисо и Марко Поло. Аеродормот Марко Поло е околу 9 км. од Венеција, и автобскиот превоз чини 5 еур, и трае околу 20 минути. Wizzair лета на Тревисо аеродромот, а на пример Easyjet лета на Марко Поло. Ова за оние кои би сакале да ја користат Венеција како трансфер за други летови во Европа. 2. Јас сум спиел во три различни хотели во Местре. Местре, е копнениот дел од Венеција, или барем вака јас го интерпретирам Може да спиете во Местре, а да се шетате во Венеција. Хотелите во Местре се поевтини отколку во Венеција. Барајте на booking.com еднаш хотели под локација Местре и втор пат под локација Венеција, и тогаш споредете. И цените на хотелите варираат од понудата и побарувачката и од сезоната. Сум спиел во три хотели во Местре: Регит, Делфино, Виена. Сите три ви ги препорачувам, со напомена дека хотел Виена, (која иронија ) го држат Кинези и персоналот е кинески и можно е да се осеќа мирис на кинеска храна, бидејќи има, нели, гости и од Кина. Ова е моето искуство за хотел Виена. Цените беа следни за една ноќ: хотел Делфино 30 еур, еднокреветна соба, со доручек, хотел Регит исто беше 30 еур, а хотел Виена 36 еур. Моментално, хотелите Делфино и Регит имаат повисоки цени. Тоа е најевтиното нешто што сум го нашол за Местре, а сепак да биде пристојно. Од Местре има градски автобуски превоз до Пјацале Рома во Венеција (цената за еден правец е 1,30 еур при купена карта во трафика, а ако ја купите картата во автобусот е 2,50 еур - и ова ми е од искуство ), превозот трае околу 10 минути и се патува по еден пат-мост, чинам се викаше Понте Либерта. Видете на Google maps 3. Е сега кога веќе стигнавме во Венеција, конечно нешто и за неа Сепак е посебен град, стар, има историја, култура, музеи, цркви, многу вода, мостови, тесни улички и канали, градски превоз со бродови, гулаби на Сан Марко плоштадот и чувство на романтика поради водата, бродовите, гондолите... Има многу туристи и оние главните места како што се мостот Риалто и плоштадот Сан Марко, се многу посетени. Јас одев еднаш со градски бродски превоз од Пјацале Рома до Сан Марко, а еднаш пешки се шетав и одев од Пјацале Рома, па Риалто, па Сан Марко. Ако одите пешки, можете повеќе да видите и разгледате. А возењето со брод е убаво како доживување. Има многу бутици, убава гардероба, има и скапа и евтина, посебно за девојките има многу голем избор од квалитетна модерна облека, ташни и разбира се, чевли На некои улички видов Црнци што продаваат на црно ....упс женски ташни и патнички торби. Не прашав, ни колку чинат, ни дали се оригинал. Моето омилено место е Сан Марко, оти има многу туристи, гулаби, црква и три-четири убави, ама многу скапи ресторани. Се мислев едно кафе да пијам во Кафе Флориан, ама кога ги видов цените се предомислив: еспресо 6,50 еур, капучино 11,50 еур. Па, пред да седнете, не само тука, туку и во било кој ресторан во Европа, погледнете ги цените, обично има надвор пред влезот на ресторанот јавно поставен ценовник. Се разбира, Венеција има многу музеи кои вредат да се посетат, има концерти со класична музика, има карневал, има многу ликовни изложби...итн. кои јас не сум ги лично видел и разгледал, па не можам да споделам мое искуство. Поздрав и убаво да си поминете
Венеција, а и било кое друго место, ќе те освои само доколку си полн со енергија и си доволно одморен за да можеш да разгледуваш. Многу очекував од Венеција и првиот поглед кон неа можам да го опишам како доста мистичен. Денот беше магловит и додека и се приближувавме можев да гледам само делчиња од неа. И ме освоија долгите врвови на некои катедрали, насликаното и позлатеното на Св. Марко, ме освоија гондолиерите... Иии толку. Дали дека денот беше мрачен или дека јас бев изморена, но едвај се шетав по уличките. Плус бев прегладнета, купив сендвич од некои 8 евра и гулабите ми го изедоа од рака. Толку се преплашив од нив што сеуште носам трауми. Спојлер Не сум цмиздра, не се плашам од инсекти, ниту глувчиња, но ова беа за мене премногу насилни гулаби. Не, не уживав доволно! Ми сметаше што имаше премногу гужва и неможеше да се набљудува архитектурата мирно и внимателно. Ми пречеше фактот што росеше и имаше толку магла што не ни можевме да се возиме со гондола. Придобивка од ова место - неколку спомени и една кожна преубава чанта!
Венеција, град кој не те остава рамнодушен и по првата посета.Град кој плени со самиот шарм и убавина, не ти дава да го напуштиш се дури не го дознааеш во секоја смисла на зборот.Апсолутно прекрасен и неодолив, а секогаш полн со туристи дојдени од сите страни.Секоја уличка и мовче се приказна за себе.Италијанската пица и гондолите кои се дел од душата на Венеција се нешто што мора да се искуси во тој магичен град. При мојата посета се беше поплавено. Плоштадот,кафичите,продавниците...Баш се.Интересно и необично доживување(заради плима и осека) кое вреди да се почувствува е она кога цел плоштад е под вода и поминуваш низ плоштадот и се чуствуваш како во некој поинаков град.Град каков нема никаде во светот. Ах...А пицата, крцкава и топла штотоку извадена од фурна.Тазе и оригинална правена од италијанските тамошни мајстори по вистински рецепт...е таа е можеби најубавото нешто од цел град. Вреди да се посетат и дуждевата палата,гондолите, и венецијанскиот карневал.Тие се тие симболи на градот.За жал, го немам посетено венецијанскиот карневал, но верувам вреди да се види и почувствува тој италијански дух предизвикан од самиот град. Се на се волшебен град кој навистина треба да се види и доживее во вистинско светло!
Во Венеција сум била летото 2005. Иако бев многу мала, точно до детаљ на се се сеќавам. Од тоа патување(сум била повеќе пати во Италија) Венеција и Верона најмногу ми се допаѓаат. Толку романтичен град е што со зборови неможеш да го опишеш! До центарот се возиш со гондола, па шеташ по сите тие мостови, јадеш пица или паста, уфф...многу е убаво! Се сеќавам тогаш јадев пица и на секој залак на татко ми му викав:мммм, многу е убава пицата и на крај глава го здоболе.
Во Венеција сум била два пати. Еднаш во зима и еднаш во лето. Првиот пат бев зимава во Јануари а после бев летово во Август.Во јануари имаше магла,а и преладно беше.Сега пак летово беше претопло и имаше многу туристи.Не можеш на улица да се разминеш,а не па да застанеш и да се сликаш Ама сепак ја прошетавме цела Венеција и беше прекрасно.Венеција е град кој веднаш ќе те освои и едноставно ќе сакате повторно и повторно да одите,како јас сега Сега сакам да ја видам и навечер...можам да замислам колку е убава тогаш.
Мене Венеција не ми остави многу голем впечаток, можеби времето не се погоди или јас лично не се пронајдов во тој град не знам што беше, но не би одела повторно. Многу гужва во било кој период од годината, скапо ужас за сместување и ресторан, а нема нешто посебно за гледање како Рим на пример. Ама индивидуално е тоа, може ќе ја засакаш, а може и како мене нема повторно да сакаш да одиш.
Женски има ли понуди за еден ден, одење и враќање до венеција? Како тура за разгледување само..? И ако има од прилика колку пари е?
Јас до сега не сум сретнала ваква понуда, а и ми изгледа малку тешка за реализација. Патот е долг за одење, разгледување и враќање. Сите понуди досега биле најмалку по 3 дена.
Тури за разгледување има само ако си во некој близок град, па да отидеш на еден ден во Венеција. Од тука нема никаква логика, а ниту лет.
Преубаво место..Архитектурата речиси совршена,плоштадот заслепувачки...Кога бев беше преполно со туристи,немаше место каде да се завртиш,ама си сакам гужви,а градот си е специфичен па затоа и посетуван. Што убаво е чувството кога ќе заталкаш по некоја тесна уличка,па ќе излезеш некаде во внатрешноста,па случајно ќе најдеш некој музеј на виолини од Вивалди,па некој бунар во кој се фрлаат парички за среќа.А пак да не зборувам за возењето со гондола,тоа беше врвот.Го надбљудуваш целото место,додека зборуваш на италијански со оној кој ја управува гондолата(незнам како се вика ).Едноставно прекрасно. Италија е прекрасна земја за посетување,а Венеција ќе си ја носам во срцето уште долго време.
сум била на екскурзија во Венеција и општо цела Италија..Венеција и Трст ми оставија посебен впечаток.. Венеција е некако волшебна..преубава..возење со брод..па со гондола..тоа плоштадот..а пак уличките..тие мали сокачиња ти се чинат толку исти ..не можеш да ги разликуваш и на прв поглед чиниш дека ќе се изгубиш..не знам ..ама кога би имала можност би отишла без мислење пак.. за да ја видам таа недопрена убавина..рај за очи.. Спојлер I love Venice <3
Околу 100-120 евра, плус минус нели, зависи како ќе се исценкаш , со тоа што нели оваа цена ја делиш на 2ца-3ца зависи колку луѓе собира гондолата. Прекрасен град , архитектура која ќе ве воодушеви. Не заборавајте да јадате пица , па макар и на парче , исто и кафето да им го пробате. Имав една купа слики ама неможам да ги најдам да ви прикачам, ако ми излезат пред очи обавезно ќе ставам. Јас бев пред 4 години , ама ми остави прекрасен впечаток, воопшто и не ја осетив смрдевата која велат дека била неподнослива, а беше ептен жешко.
^ 5 души собира,повеќе не.Туку ние се исценкавме за секој по 15 евра,така да ако планираш да одиш,гледај да не ти наплатат по 120 евра,кога може и помалку
Не се исплатува да појдеш до Венеција на помалку од 5 дена. Ние бевме 7 дена во 2013, зашто од тука ме убедија дека и 7 ми се премногу (првичниот план беше 10 дена Венеција, 4 дена Милано). Има баш многу што да се види и прошета. Имавме купено карта за влез во сите музеи, и успеавме да ги прошетаме најпознатите за 5 дена (заедно со Мурано и Бурано). Ден и пол шетавме низ градот, ама само шетавме, пиевме кафе и јадевме по улици, и пола ден поминавме во Еврејскиот кварт. Убав град е навистина, особено што нема сообраќај