1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Венеција

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од sanjalica, 9 јануари 2012.

  1. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    60-80 евра вон сезона :)
     
  2. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Венеција е прекрасна! Врнеше дожд кога јас бев во посета,но тоа не ме спречи да ја истажувам и да уживам ! Градот е магичен,а јас само би рекла дека кога и да имам наредна шанса,би отишла пак! Што поскоро-тоа подобро :)
     
  3. tiph24

    tiph24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    177
    Го обожавам градов.Искрено,градов го засакав по една книга хаха.
    Една другарка беше на поминување таму и така си имам дома магнетче и маска :D
    Многу сакам да го посетам градов а и други места некои повозможни сега значи тука блиску Европа,зашто имам одено само во околниве земји,а мајка ми има идено во Австрија и Франција а тато има мноогу шетано,и кога ќе му речам на тато да ме носи,ми вели,имаш време :(
    Сега ќе одам на натпревар по англиски јазик,и дајбоже,ако влезам во првите 100 мислам дека е,ќе не носат на полуфинале или финале незнам како точно,ама во Италија.Па држете ми среќа хаха :)
     
  4. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Вчера се вратив од Италија. :)
    Ја посетив Венеција и навистина сум воодушевена од градов.Прекрасен е!
    Премногу ми се допаднаа сета таа архитектура,тесните улички,плоштадот Сан Марко,возењето со гондола....едноставно градов е рај. :inlove:
    Целиот град е како лавиринт каде лесно може да се загубиш. :inlove: Не знаеш каде ќе излезеш кога ќе влезеш во некоја тесна уличка.Најтесната е 80 см.

    Ианку,бев преку агенција и имавме водич која ни раскажа и ни покажа многу/
    Во врска со цените,рестораните што беа поблиску до морето беа поскапи но тие по внатре поевтини.
    Времето беше повеќе од одлично,ептен ни се погоди онака сончево.Имаше премногу туристи,ни кажа водичката дека годишно имало околу 250 милиони.Исто така имаше многу маски. :D

    Од мене,10-ка за Венеција. :)
     
    На bertold, Someonespecial и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Во Венеција ни беше првото патување со мм :) Бевме пред 2 години, само што ги пуштија нискобуџетните летови. Хотелот се викаше Canal , плаќавме по 30еур од ноќ по лице за ноќевање со појадок. Прекрасна е Венеција! А и не ми се виде мн скапа. Најдовме едно прекрасно местенце за кафе одма позади Сан Марко, а кафе беше 3еур1 најдовме пицерија каде што фамилијарна пица најскапа беше 12 еур... Ресторанчиња со самопослужување каде што можеше да се најде оброк од 3-10еур. И бутик „Се по 10 еур“ па и одличен шопинг истеравме :) Уште 100 пати би одела :)
     
    На crazylady и TrinityNeo им се допаѓа ова.
  6. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    за едно лице е од 5 до7 евра. :)
    Јас толку платив. :)
     
  7. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.640
    Пол:
    Женски
    Венеција ли?
    Најубавиот град од тие шо ги посетив во Италија!
    Значи воодушевена сум од гондолите,каналите,мостот на воздишките,Дуждевата палата...
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На Hipica и kjukli им се допаѓа ова.
  8. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Една од ретките сум која е воодушевена од Венеција.
    Точно, нема незнам што, ама има некој шмек кој или ќе те освои од старт или воопшто.
    Самиот концепт, тесните сокаци во кои (следен пат здравје)сакам да се изгубам, каналите, мостчињата, цвеќиња на сите страни, незнам !!!!
    Си реков нареден пат одам со дечко, со смештај таму во самото место, да видам колку е магично кога се стемнува.
    Инаку, не се возев со гондола, ама беше 80€ ако не сум грешка.
    Венеција ми е местенце (посебно) за заљубени.
     
    На rainbowec и molikaMk им се допаѓа ова.
  9. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    Откако бев на екскурзија во средно во Италија, и ја посетив Венеција, просто се вљубив.
    Некако маѓепсува..толку е убава..сите местенца..поглед околу себе..да се свртиш, насекаде убавини!
    Особено на зајдисонце и навечер..како вчера да бев ми се сеќавањата. За мене е на топ листа на најубави градови. А и пред 1 недела се преселив во МК, живеев 5,5години токму Во Венеција. :l::)
     
    На LaraSolare и kjukli им се допаѓа ова.
  10. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Тоа да не било во зима?:^)
    100 евра е бре лујџе освен ако се решиш да се ценкаш па и така нема шанси да ти даде за 7 евра...до 30-40 евра ако стигнеш топ е...ова од искуство ;)
     
    На awl и Hipica им се допаѓа ова.
  11. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Јас во рана пролет сум бил три пати. Среќа ми се нема погодено кога плоштадот им се поплавува. Иначе многу туристи има и треба да се внимава да не ви украдат нешто.
    Има многу места што има да се посетат. Но има маана, многу смрдат каналите.
     
  12. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Неостварена желба ми е некогаш да ја посетам :inlove::inlove:

    download.jpg
     
    Последна измена: 6 февруари 2016
  13. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Не е нешто којзнае што па за да ти биде желба. Од некои работи непријатно ќе се изненадиш. Јас сум бил 3 пати.
     
  14. 8petre8

    8petre8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2015
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Венеција вреди да се посети.Општо сите градби,зградички,мостови,продавници,плоштадчиња си имаат некоја посебна мистичност.Летово здравје пак планирам. Само ако може да сподели некој мислење искуство за Лидо ди јесоло.
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. HellAngel

    HellAngel Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2016
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Машки
    Да,поготово внатрешноста на Св.Марко.Никогаш не сум влегол во таков објект.Жал ми е што не отидов до гробот на Апостолот.Здравје нареден пат.
     
    На 8petre8 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    21.270
    Ако само што започнуваш да ја истражуваш Европа, не би го ставила градот Венеција меѓу првите места за посетување бидејќи има далеку поимпресивни градови. Но, дефинитивно нема друг град како Венеција и мора да се посети.

    Јас бев во првата недела од април и времето беше одлично, ниту топло, ниту студено. Бев сместена во хотел Пиеаве во Местре кој чинеше 144 евра за двајца за 3 вечери со појадок, што значи по 24 евра од вечер. Одлично! На врв на се, се наоѓаше на само 5 минути пеш од железничката станица и воедно, местото каде што те остава автобусот од аеродромот. Возови за (стариот дел на) Венеција има постојано и чини 1,30 евра (ако добро памтам) во правец.

    Во текот на тие 3 вечери (или 4 дена) се изнашетав. Најпрво, првиот ден (пристигнавме попладне) уживавме во прошетка низ Местре, местенце кое не треба да се заобиколи, поготово доколку престојувате таму. Слатки мали улички со убава италијанска архитектура, ресторанчиња и кафулиња, цркви и кули. Многу убаво местенце.
    Вториот ден од утро до вечер бевме во Венеција. Излегуваш од железничката станица и шок! Прекрасна венецијанска стара архитектура, гранд каналот, десетици гондоли, илјадници туристи. Првата глетка никогаш нема да ја заборавам. Се губиш низ тесните улички со шарени рустикални згради со тераси преполни со цвеќиња и простран веш. Константно налетуваш на мали канали со слатки мостчиња. Повремено изглегуваш на ширинки, некој вид на мини плоштади. Венеција е... уличка, уличка, канал, мост, уличка, плоштад... уличка, уличка, канал, мост, црква... Повремено сосема случајно излегуваш на гранд каналот и уживаш во поголемиот простор. Насекаде ресторани, скриени кафулиња кај каналите, преполни сувенирници, слаткарници со џелато. Можеби клише, но сепак најмногу ми се допадна плоштадот Марко. Огромен простор иако преполн со туристи (и гулаби), сепак доволно голем за да не ја почувствуваш гужвата како загушувачка. Ми се допадна и базиликата и кулата спроти базиликата и Доџ палатата, но најмногу ми остави впечаток саат-кулата со лавот. Се сеќавам, седев на еден од дрвените пристаништа опколена со гондоли и глисери и гледав во водата и во островот со црква спроти мене во далечината. Никогаш нема да го заборавам тоа. Времето застана, животот беше убав.
    Третиот ден го посветивме на Верона. Се наоѓа на 130-ина (заборавив колку точно беше) километри од Венција и со повратна карта за 22 евра со воз се стига за саат и 20 минути. Иако Венеција е премногу уникатен град, Верона повеќе ми се допадна. Баш токму така замислував дека изгледа еден град во Италија. Се осеќа вистинската италијанска атмосфера. Се погоди ден недела, ден кога речиси секоја влезница чини 1 евро. Ја посетивме куќата на Јулија, интересно искуство. Уживавме на плоштадот Ебре и се искачивме (сите 368 скалила!) на кулата Ламберти, место од каде што се гледаше цел град. Милина! Многу ми се допаднаа сите тие улички помеѓу плоштадот Ербе и плоштадот Бра. Мермерна крупна калдрма, насекаде бутици (претежно од типот на Гучи и Брбери), кафулиња, ресторани. Се осетив како да сум дошла на одмор и уживам во вечерната прошетка, а не како да сум на еднодневна посета. Плоштадот Бра беше прекрасен. Ситна калдрма, Арената монументална ти го одзима целото внимание. Зградите спроти Арената, огромни и прекрасни. Фонтаната со малото паркче, перфектно за кратка пауза. Сите тие ресторани наредени од еден крај до друг. Верона е мало, но преубаво италијанско градче.
    Четвртиот ден, повторно прошетавме малку низ Венеција, но тука на почетокот, во близина на железничката станица, бидејќи од тука ни тргаше автобусот за кон аеродром. Се на се, одлично патување. Да имав уште само еден ден, ќе го посетев и градот Падова бидејќи е многу блиску до Местре.

    За тие што планираат да го посетат градот Венеција, ги советувам да престојуваат во Местре, се наоѓаат многу ефтини хотели. Доколку имате неколку дена на располагање и сте сместени во Местре, не го игнорирајте ова место, убаво е за посета, ако ништо друго барем за една ноќна искулирана прошетка. Доколку имате неколку дена на располагање, тркнете до Падова или Верона, сепак Венеција и не е толку голем град за да му посветиш 3-4 дена. А веќе кога сте тука.... зошто да не посетите и друг град. Низ Венеција се наоѓа доста ефтина храна, нека не ве обесхрабруваат оние кои седнале во кафулињата на плоштадот Марко каде што секако и едно кафе е прескапо. Се наоѓа парче пица за 2 евра, разни сендвичи за 3-4 евра, панини за 3-4 евра, цели пици за 7-8 евра. Но, гледајте тоа да не биде во зоните каде што има најмногу туристи. Едно нешто што ви го препорачува што морате да го пробате се tramezzino сендвичите! Најубавите ги пробав во Местре, во едно кафуле/слаткарница на плоштадот Ферето. Тие чинат (на повеќето места каде што ги најдов) по само евро ипол и се ПРЕВКУСНИ. Исполнети со пршута, моцарела, печурки, туна, итн, само 2 до 3 ви се доволни за да се најадете. Исто така, покрај џелато, седнете на еден краток одмор во некое рендом кафуленце во некоја уличка во Венеција и освежете се со аперол шприц. Сепак, тој е нивен коктел!


    Уживајте во истражувањето и изгубете со во првото сокаче што ќе го видите!
     
    На friendy, PurpleMind, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Убави чуства буди. Ја посетив еднаш од екскурзија, би ја посетила пак. Убаво место за вљубени и возење со гондола. 
     
  18. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Женски
    како се цените за сместувањето во венеција? што мора да се посети ? искуства ...
     
  19. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Женски


    ПРЕКРАСЕН ДЕТАЛЕН ОПИС :*
    мислиш ли дека има потреба да се изнајмува кола или ефтино е и со автобус ?
     
  20. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Женски

    како стигнавте од аеродормот тревизо до хотелот ?