Мислам дека нема потреба од автомобил бидејќи и да пристигнеш во Венеција, ќе мора веднаш на почетокот да го паркираш некаде бидејќи понатаму мораш пеш. Верувам дека изнајмнувањето, бензинот и паркингот ќе те чини едно мало богатство, наспроти брзиот воз кој во правец е само 1.30е. Од Тревизо фативме автобус, има неколку компании, ќе видиш која најмногу ти одговара. Цената на повратен билет е околу 15е.
Здраво дечки.. Јас имам одено во Венеција...едноставно прекрасна е...има каде да се шета и има што да се види ... Преубаво место за прошетка и фотографирање хаха... Преубаво гиро имам јадено
Здраво. Сакам да ја посетам Венеција во декември на почеток па што мислите дали е многу ладно или убаво би било овој период да се посети?
Не знам баш дали Декември е погодно поради ветровите и брановите можеби нема да може да прошетате убаво, сега пред некоја недела цела Венеција беше потопена и кафичи и продавници имаше и телевизија прилози за тоа. За мене најубаво е Април/Мај топло но не премногу и што е најважно не мириса. Во летниот период поради високите температури испарува водата од каналите и мириса
Венеција е најубава во Мај, пријатно е за шетање, фоткање, кафенце, за се’. Има каде да се прошета и што да се види, посебна и поинаква од било каде. Вреди да се посети. Плоштадот Свети Марко ми остави посебен впечаток.
Што мислите дали вредат турите за посета на Венеција со бус ?Дали бил некој бидејќи патувањето е доста долго :/
Венеција во јануари/февруари. Искуства. Температура. Каде е добро да се сместиш да ти е на дофат најбитното?...Местре?