Од Вениш не бев нешто посебно задоволна, но еве сега купив пак, специјален за флеки, и за темни и за бели алишта. Дали го користите и колку сте задоволни од него? Дали смее да се фаќа со голи раце? Дали е безбеден за перење долна облека?
ВЕНИШ - детергент за флеки вениш имам многу пати користени за бели и течен и прашкаст по тврдокорните дамки не излегуваат они што се пресни излегуваат А неможам да направам некоја разлика помегу вениш и ариел ..
ВЕНИШ - детергент за флеки Оној новиот дуел прашок што го рекламираат дали има некој користено кажете ми оти сум за купување прашок за бели позз и фала однапред dan i noc така се вика...
ВЕНИШ - детергент за флеки Дефинитивно не го бива, ни прашкастиот ни течниот Вениш, има далеку подобри детергенти за флеки. Барем кај нас. Јас лично не сум задоволна од него, ниедна флека не ми извадил. За долна облека не знам... не сум имала некои флеки на долната облека кои не можат да се извадат со обично перење, па да мора да ставам вакво средство. Дали смее да се фаќа со голи раце, зошто да не, сигурно ќе ги миеш после тоа. Не е толку јак.
ВЕНИШ - детергент за флеки Јас го користам и задоволна сум, ми испрал повеќе тешки флеки. Со раце не го фаќам - веднаш ми реагира на кожата онака чудно, не можам да објаснам, малтене ко киселина. Обично ако исфлекам нешто, ставам малку од Венишот директно на флеката, оставам малку да изреагира и дури потоа ја киснам облеката во вода односно ја фрлам во машината за перење (во завистност од тоа дали перам на рака или не). Е сега се мислев за една друга работа, што првеле нашите мајки без Вениш? Демек се шетале со флеки и нашата облека како бебиња а се исфлекала ја фрлале или како? Значи преку глава ми е од маркетиншки трикови на апсолутно као демек најпотребни додатоци на додатоците за додатоците. Чекам уште да измислат некое друго средство за да делува побрзо Венишот па да переме со прашок за перење, Вениш, новото средство безименко плус кога ќе додадеш омекнувач и банкротот ти тропа на врата. Море на поток да не истераш сите со сапун за перење! Смотана сум и јас што го купувам - ама ок, не го користам често и навистина едно големо паковање ми издржува доста, скоро година дена, затоа што навистина го користам во извонредни ситуации.
ВЕНИШ - детергент за флеки Значи Пирамитке, ти не купуваш Вениш во Македонија. А бе си знам јас дека кај нас носат глупости што врска немаат со оригиналот... но како и да е, имаш право дека нашите баби и мајки не знаеле за Вениш, па што? Пак биле чисти
ВЕНИШ - детергент за флеки Нивната тајна на белите алишта е во пераќниот сапун кој го правеле од свинска маст и ставале сода бикарбона. Е тоа чудо вади и тврдокорни флеки. Вениш ми е добар да ако веднаш се стави на флеката, одстои малку па после во машина. Го имам и го користам во исклучителни ситуации и не сум нешто посебно воодушевена (поголем избелувач од Ариел нема и бојата ја вади од алиштата ако си упорен со него ). Денес има јаки детергенти за кои не ти треба Вениш.
ВЕНИШ - детергент за флеки Еј па има разлика оригинал - неоригинал? Искрено поим немам, гледам и тетка ми е задоволна ама и таа не го користи често. Ама нема врска бре тоа! Вениш, Мениш, ти викам јас некој маркетиншки трик, порано мајка ми на вриење ги ставала сите пешкири и крпи па што, биле чисти со обична вода.
ВЕНИШ - детергент за флеки Bо главно сум задоволна,сите флеки до сега ми ги има извадено,освен од фарба не! Jас го факам со рака,не знаев дека не се факал со рака Hе го додавам сега во секое перење,само кога имам флеки,некои на секое го ставаат,мене безврска ми е така E сега имаат еден нов Bаниш како спреј е,џоа за чистење теписи,со истиов пробав на душек да исчистам дамка од кармин,и не ја исчисти,пробав и на тепих ама не чисти,така да овај ми е утка
Значи вака - сите убави детергенти се многу поквалитетни на запад, кај нас го праќаат фалшот! Јас вчера го ставив новиот Вениш (со рака, немав гајле, не знаев поинаку како да го истријам? ) и денеска гледам не е ништо излезена. Се работи за флека од масло за јадење, а на Венишот пишува дека вади дури и моторно масло!!! Изгледа џабе фрлив 250ден.
Спојлер Ако е од масло за јадење пробај со обичен сјај за садови.Намачкај ја флеката обилно протриј ја и остави ја нека делува преку ноќ.Утредента вообичаената постапка за перење.Мене ова секогаш ми делува ,зашто и јас се борам со флеките поради мојата трапавост.
Луничка, тоа е и мој начин. Сјајот секогаш ме спасувал. Ама оваа е засушена, постара флека и сјајот не ми помогна.
Јас сум ептен задоволна, сите до сега флеки, па дури и многу постари, ми ги има извадено Вениш-от. Ставам директно на флеката, оставам да делува 10 минути, потоа го тријам местото убаво под вода и да се оплакне Вениш-от, па потоа ја ставам облеката во машина за перење. Баш пред некое време ископав од шифоњер 2 стари џемперчиња кои имаа некои жолти флеки, но Венишот ги среди и ги направи како нови Кога немам во моментот Вениш, сјај за садови никогаш не ми извадил флека...само бебешки талк ми вади мрсни флеки.
Благословен да е. На бели панталони ми капна кечап. Во тој момент моето срце се распарчи и ми надојдоа солзи на очите. Си отидов дома и кога ги соблеков панталоните заборавив да ги ставам во топла вода и виниш и така со дамка стоеја цели 4 дена. Значи дамката си се исуши. После 4 дена мене ми текна дека треба да ги исперам. Винишот ја извади дамката како ништо. Дури мислам и дека панталоние ми побелеа за 2 нијанси. Blessed you are, Amen.
Не е толку ефикасен колку што го рекламираат. Демек вадел се и сешто ,а мене една најобична флека од вино не можеше да ми ја извади ,а се испра со некојси анонимус прашок . И друго - тој Вениш за килими што е ,ексик да се парите што сум ги дала по него ,ни чисти ни пусти! Сите можни дамки што ги имаше на килимот пред чистењето останаа и потоа. Ич не сум задоволна ,ама ич!
И јас не сум задоволна ама баш ич од Венишот. Многу напумпана реклама за ништо.Никакви флеки не ми вади.Јас употребувам едно средство од Тинекс во форма на спреј ,ја прскам дамката,па ја тријам.Потоа нема ништо.
Кај нас добро се покажал. Знам еднаш една светла дуксерка ја извалкав со црна темперна, и потоа со вода уште повеќе ја зашлакав, па мајка ми прсна на флеката, ја остави дуксерката така цела ноќ, и следниот ден, кога ја испери, како нова беше.