епа кога знаете и велите дека за пари што уште не би измислиле, епа ало, зашо уште и верувате во тие измислотии,едно викате,друго праете....Кажав- попот е исто вработеник, и секој вработен треба да зима пари, а за да има од кај да зима пари ги има овие работи низ црквите, нем да ги мешате сос библијата, тоа ти е овака - или библија или поп. така си е
Ако беше во ред да градиш семејство без благослов од Господ ,така ќе живееја сите.Разбирам се бркаат некои трендови и помодарства , се повеќе луѓе живеат невенчани во било каков верски објект или се задоволуваат само со граѓански брак , читам некои пишуваат дека не се венчани а си ги крстиле децата во моите години ова го слушам прв пат , знам во црквата каде што одам јас и во другите околни , се дури живееш во невенчана заедница немаш право да крстиш дете , ниту па имаш право да учествуваш во некои црковно погребални опела јас си сакам благослов Божји и за мене и за моите потомства , и ќе кажам ич не сум за тоа да се живее брачен живот без согласност од црквата .... не сум до толку старомодна, ама знам дека исто е грев да општиш сексулано со некого пред брак или само во врска , колку и да се лажеме денес тоа е реткост , сите сме сексуално активни пред брак , тоа е друга приказна , ама барем кога се решаваш да твориш семејство и иднина со некого ,тоа нека биде по сите прописи и заповеди .
А што ти е чудно дека некои не се венчани а децата им се крстени? Сметаш дека тие се блудници и не се разбираат од верата па не би требало да си ги крстат децата? Јас сум крстена, значи утре ако умрам мора попот да ме опее (нели освен ако станува збор за самоубиство) иако живеам со мм само во граѓански брак, никаде не налагаат црковните канони да бидеш венчан во црква за да те опејува поп. Децата сите ми се крстени затоа што јас така сакам а никаде во црковните канони не налагаат јас да бидам венчана во црква со мм за да ми бидаат крстени децата.
Во времето на нашите родители имало многу малку венчавки во црква, а сепак доволно крштевања - како тогаш не важеле истите правила? Дополнително, мм се крстеше пред некоја година месец дена пред да правиме свадба, на свои 30+ години, апсолутно никој не спомна дека треба и свекрва ми и свекор ми да се венчаат за тоа да се оствари. Ако тие не се крстени што тогаш? Пред десетина години имаше и масовни крштевки на возрасни во Охридско езеро (и на други места верувам), и и тогаш никој не беше вратен ради тоа што неговите родители се само во граѓански брак. Сега одеднаш излегоа некои нови правила на игра. Што ако католик или муслиман или хиндуист случајно реши да премине во православие? Ќе се бара и неговите родители тоа да го направат? А нивните родители?
Значи вака погоре објаснав дека сме 21 век и се стремиме кон помодерни работи кои за жал и на некој начин не прават блудници , сите добро знаеме дека сексуално општење пред брак е ГРЕВ , ама ретко кој се придржува до тоа. А што се однесува до венчавки и крштевки имам пример , една моја другарка не беше крстена потекнува од атеистичко семејство и мораше да се крсти пред брак , исто дома имам една малечка книга со 10 те Божји заповеди и во таа книга пишува дека не треба да се задоволиме и живееме во невенчана заедница , односно без благослов Божји или само со потпис на матичар, пишува дека дури некрстените луѓе немаат право да се мешаат во црковни работи ( во погребални опела на пример ). А постот под тебе е апсурден со таа компарација ако некој католик или муслиман се крсти па да мора да го крсти после цело семејство ( ама секој со своето мислење ) @darcy Споредбата ти е апсурдна , значи не ме свати добро , јас кажав дека за да ти бидат крстени децата треба да си и ти самиот венчан таму каде што треба! а не реков никаде дека ако некој муслиман или католик премине во православие треба да си ги покрсти сите предци , има РАЗЛИКА тука и читај меѓу редови, не те натерав да се сложиш со моето мислење , крај краева секој со своето , прави си и мислиси како ти одговара, за моите тврдења има разни подкрепи како народски така и црковни.. поззз
@Rama не кажа ништо ново со примерот од другарка ти, основно канонско правило е да си крстен/а за да се венчаш во црква. Во предходниот твој пост уште тврдеше дека ако не си венчан/а во црква не смее поп да те опејува, што е ем нонсенс, ем дезинформација. Ти се чудеше како некои не се венчани во црква а замисли си ги крстеле децата, тој дел барав ако сакаш да го појасниш, за што всушност се чудиш. Што да читаме меѓу редови или бидете јасни и директни, нема пореба од мистерии и читање меѓу редови.
Се е за пари, единствено што знам е само дека тие што не биле крстени смрделе. Ма да толку луѓе не се крстениво социјализмот за време на СФРЈ па не смрдат,
@Rama не знам што апсурдно кажав? Реков дека мм е крстен а неговите родители не се венчани во црква. Тој тоа сега го стори на поголема возраст, а јас и брат ми исто сме крстени, уште како мали, иако и моите родители се само во граѓански брак, и тогаш никој ништо не им рекол. Ако за да крстам дете морам да сум венчана во црква (сум), зошто за нив тоа не важело? Дополнително, моја пријателка роди и расте дете невенчана, а во црква не и направија проблем и направи крштевка. Зар тоа не е малку нелогично? Единствено што сакам да кажам е дека нашата црква баш нема некои стриктни правила до кои се придржува - ниту за крштевки, ниту за венчавки (познавам луѓе венчани во црква среде божиќните пости на пример), или ако има правила, тие доволно често се кршат за да не претставуваат некоие правило, барем во очите на пошироката јавност. За погреби и опејувања не би ни да навлегувам - апсолутно попот ниту прашува ниту му е гајле дали починатиот е крстен, венчан или било што, главно е да се плати тарифата.
Значи правила има, но има и православна икономија. Па така некогаш се крштеваат и деца на луѓе кои не биле венчани (особено во бивша Југославија) за да не останат децата некрстени (никој не знае кога некој ќе умре, а за некрстените според учењето на Црквата, место во рајот нема, а не можат и да учествуваат во било која друга света тајна или црковен чин). Слично е и со венчавањето во пости. Подобро е некои да бидат венчани, па макар правеле свадба и во пости, отколку да останат невенчани, ако се инсистира да се прави свадба а венчавката се остави за понатаму. Во денови кога се јаде риба, со дозвола од локалниот владика може да се изврши венчавка. Ако одиме според правилата како што претходно напиша и @Rama ретко кој ќе имаше право да биде венчан. Зашто за да биде некој венчан не треба да подлежи на епитимија (црковна казна), а на пример епитимијата за вонбрачниот блуд е од 7-14 години од последното правење на гревот. Според правилата на Црквата деца можат да се крштеваат ако и само ако нивните родители се Христијани, ама не само на збор, туку ако живеат светотаински христијански живот (венчани се, го примаат свештеникот во својот дом да им крсти вода, барем во Велигденскиот пост, во неделите и празниците кога се во можност редовно одат на богослужби, ги постат постите, се кајат за гревовите и се воздржуваат според силите од правење на нови, се исповедаат редовно и ако имаат дозвола од духовникот редовно се причестуваат). Тоа што се бара родителите да бидат само венчани е големо попуштање. Возрасна личност, која е ментално здрава, не е битно ни дали родителите и` се крстени, ни дали е во граѓански брак итн, битно е дали таа личност верува во Троединиот Бог и Го прифаќа Христа за свој Спасител. Ако верува, тогаш може да се крсти. Тука спаѓаат и возрасните деца, кои знаат што прават.
Jas veruvam vo Boga , vernik sum so toa sto gi pocituvam 10- te Bozji Zapovedi. Site lugje sme gresni no moe mislenje e deka so verbata vi Boga nie sme moralni. Jas sum krstena , i sum venceana vo crkva. Imam dete i isto ke bide krsteno i vospituvano hristijanski. Mnogu e bitno covek da ne ja izgubi verata.
Би требало да биде право на избор дали ќе се венчаш во црква или не, тоља што родителите ве крстиле не значи деа ве обврзува да бидете верник туку тоа е право на ваш личен избор. Што се однесува до христијанската религија верата е право на слободен избор а не терање со сила да веруваш во нешто за што не си убедена. Според мене добро би било лигето да се вратат кон верата во бога и да почнат црквата да ја перципираат како божји храм а не да ја гледаме низ призмата на односот на свештенството. Точно е денес дека и верата стана бизнис и дека не крстени парови се венчаат и никој воопшто не ги прашува дали се крстени или не. Според мене оној што верува во бога е многу по смирен, многу подобар човек и има многу подобар однос кон лугето. Никогаш не влегувајте во божјиот храм доколку тоа не го почувствувате искрено и со цело свое срце, но кога веќе ќе влезете во храмот отворете го срцето и почувствувајте ја милоста божја со сиот нејзин сјај.
Апсолутно не се сложувам....или пак има премногу квази-верници! Се што е поврзано со верата треба да е ствар на личен избор. Мразам наметнување зашто "така требало". Јас и маж ми не сме верници, значи не сме венчани ви црква, но ете пробаа да ни се наметнат постарите (не родителите), но брзо се повлекоа за среќа. За крштевка на детето не ни станува збор. Кога ќе наполни 18 години сама нека решава што сака да прави.
Наметнување. Некои луѓе не знаат каде да се запишат средно на 15 години, а не на една година или било кога се врши тој обред.
Венчавањето во црква може да биде притисок од роднините, но не е баш наметнување, затоа што и двајцата партнери се доволно зрели за самостојно да си одлучат дали ќе се венчаат во црква или само на матично. Освен ако родителите не им ја плаќаат свадбата па со тоа да ги уценуваат дека мора и во црква Додека крштевањето е дефинитивно наметнувањето затоа што бебето е беспомошно и несвесно за тој чин и нема услови да се спротистави на родителите кои му ја наметнуваат верата. Затоа мислам дека најправилно е како што правеле Исус и апостолите т.е. да се крштеваат само возрасни на своја лична вера и одлука.
Значи тебе како мал не те крстиле за да не ти ја нарушат твојата лична одлука и вера? Епа тогаш претпоставувам од истата причина не те праќале во школо дури не станеш возрасен и не бидеш во состојба сам да носиш одлуки дали ти тоа го сакаш или не, не ти се обраќале на мајчин јазик зошто можеби утре ќе сметаш дека кинескиот повеќе ти „лежи“, не се молеле во твое име кога си бил мал и немоќен затоа што којзнае, можеби ќе станеш атеист понатаму па молитвата ќе им ја земеш за зло, не ти ставиле име затоа што кога ќе пораснеш сам ќе одбереш кој си, што си, и како ќе се викаш? По оваа логика, ти денес немаше да бидеш Евангелос, туку ќе беше Могли. Како и сите други човечки вредности, така се гради и верата, од мали нозе, постепено, а крштевката е првиот чекор. И да, и во апостолско време христијаните се крштевале со „целиот нивен дом“, а во секој дом има и деца, нели?
Ќе си помисли некој со поповите соработуваш . За венчавка во екстремни случаи (како на пример во странство ), мислам дека не мора да има кумови (сведоци) и останати светијони. Исто така тие во зависност од Православната Црква каде што се врши венчавката, можат да бидат и од другите цркви (римокатолици, копти, ерменци, сиријци и евентуално англиканци). За крштевка кумот мора да биде православен.