Да не може човек крајот да ми го најде, од една страна ги напаѓам поповите за да наредниот пат ги бранам, тоа ти е како не смееш да ми го тепаш братчето, мое си е, само јас смеам да си го тепам.
1. Едно е да го образуваш детето во својата вера (тоа е примарна задача на секој родител христијанин), да го насочуваш, да му го покажуваш патот по кој што сакаш да се движи, да го поучуваш согласно вредностите на Светото Писмо, а друго е присилно да му наметнеш „вера“. 2. И да му наметнеш (како што е крштевањето), тоа е само површинско формално наметнување. Ти и да сакаш не можеш да му вметнеш вера во срцето. Тоа е лична одлука и секој човек мора индивидуално да ја донесе во животот. И Хитлер и Сталин биле крстени како бебиња, па тоа воопшто не им го тангирало нивниот понатамошен нехристијански живот. 1. Во Библијата има само 2-3 такви примери и никаде не е експлицитно кажано дека е крштевано бебе или мало дете. Претпоставката дека морало да има бебиња или мали деца во теологијата се нарекува догма од молк и ако на таков начин се толкува Светото Писмо тоа е отворена врата за многу ереси. Ние треба да го правиме она што Бог ни го кажал (а ни кажал доволно), а не она што не ни го кажал, а ние претпоставуваме дека се случило. 2. Дури и да имало некое бебе во тие неколку примери каде што пишува дека се крстил „целиот нивен дом“, тоа не мора да значи дека буквално целиот нивен дом заедно со бебињата биле крстени. Разгледај ја на пример следнава случка. Во Библијата пишува дека сите жители на градот Содом, стари и млади, ДО ПОСЛЕДНИОТ ЖИТЕЛ, ја опркужиле куќата на Лот со цел да ги силуваат гостите на Лот (кои биле ангели преправени во луѓе). „Уште не беа легнале, да одморат, кога жителите на градот, Содомците, млади и стари, целиот народ до последниот човек, ја опкружија куќата. Го викнаа Лота и му рекоа: „Каде се луѓето, кои дојдоа ноќеска кај тебе? Изведи ни ги, за да ги познаеме?”“ (Битие 19:4-5, Библијата) Дали тоа знаи дека и бебињата дошле да ги силуваат гостите на Лот? Се разира дека не. Дали Библијата има потреба да нагласи дека бебињата не дошле? Се разбира дека не, бидејќи се подразбира дека бебињата не можат да силуваат луѓе Епа истото е и со крштевањето на бебињата. Дали апостолите имаат потреба да нагласат дека се крштевал целиот дом на Корнелиј освен бебињата? Се разбира дека не, бидејќи се подразбира дека бебињата не можат да поверуваат во Исус. Тоа е кристално јасно наведено во Библијата, особено со примерот на етиопјанецот: "Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?” А Филип рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш" Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Божји Син.” (Дела на апостолите 8:36-37, Библијата) Тука многу јасно го гледаме условот кој треба да го исполнува некој човек за да биде крстен. А тоа е искрената вера во Исус Христос. Што мислите, дали апостол Филип ќе го крстел етиопјанецот ако тој рекол дека не верува? Дали едно бебенце верува или може да верува дека Исус Христос е Божји Син? Дали едно бебенце знае колку букви има во името Исус?
Се разбира кога ке дојде денот да се оженам во црква обавезно ке се венчаме!!!! Православен сум верувам во бог, и си ја сакам и почитувам верата и црквата. И мислам дека секој верник православен треба да го обави овој чин не дека е некакво наметнвање чиста глупост, со самото тоа покажуваш дека си на еден начин венчан пред господ во божји храм.
Верата не се стекнува од мали нозе и не е морално, секој жив човек му се случува де се префрли на друга вера, а школото и верата ти не ги мешај, ако било така низ некаде во светот ќе правеа така
Јас сметам дека венчавањето во црква е повеќе како популистичка метода,општествена ,и мислам дека многу од паровите се венчаваат во црква ради реда,како под и фолд дека така треба,дека тоа е во општеството прифатено и да не кажам морално,а не дека они навистина веруваат во верските идеологии.
Исто. Ниту пак би ги крштевал моите деца. Кога ќе дојдат на свест, нека бидат и веруваат во што сакаат. А за тоа што мисли општеството? Што сака. Иако гледам дека е наметнато и форсирано целото тоа со црква и крштевки и што не. Особено е форсирано од мајки стрини дедовци и баби што ти солат памет. Као демек ако јас неќам во црква, не е исправно/правилно? Тие бабештини чувај си ги за себе фала.
Не знам колку е соодветна темава, но сепак да прашам. @Orthophill (или доколку некој друг е запознаен ) имаш ли информација дали е возможно крштевање во Св. Наум Охрид, дали е истото изводливо за викенд, колку унапред треба да се закаже...
Колку што знам таму се извршуваат крштевања и венчавања. Ама која е процедурата не знам. Најдобро да си прашате таму или: Митрополија Дебарско-кичевска 046/266-805 Црква "свети безсребреници Кузман и Дамјан" - с. Пештани 046/285-221
Тоа е наметнато и измислено од црквата. Јас сепак би сакала моето дете да си го крстам, но венчавка во црква не сакам.
Па тоа и ми е поантата дека тоа е глупост иначе испаѓа скоро цела Југославија смрделе, тои не се крштевале во социјализмот.
Ејј и тука има тетки и дотки шо паметуват ногу ауу, ако, ако, така не е интересно! Инаку мама и тат не се венчани во црква од Х причини. Кога сум се родила од Х причини и јас не сум била крстена одма, и 2 години сум живеела без никаква вера и глупости и еве мама и сите ми викат јас сум била најчистото бебе, значи бабини деветини се тоа дека некрстено дете на куче мирисало! Или сите имале проблеми со синуси После по 2 години кога баба и тетките вршеле притисок на мама и тато, тие морале да ме стават во вера. Дека мама и тато се крстени, па морало и јас и брат ми да сме биле, па ајде, не личело така. И еве сега јас веќе неколку години не припаѓам на никоја вера, бидејќи тоа е мојот избор, тоа е мое размислување, чим моите ме одобруваат, нема шо јас од други да слушам бабини деветини. А јас кога ќе ми дојде време за венчање, нема да се венчам во црква дека тоа е само наметнување од постарите демек “Господ ќе ме казнел ако идам против неговова воља“ и давање пара на поповите. А и самите попови се такви леви фаци шо они најпрво ги прекршуват 10-те Божји закони (не зборам за сите!!) и после ќе шират религија, демек прави вака, прави така, ако не сапт у пеколо! Ама ај, не е тема на муабет сега, така ми дојде да си нашишам. Исто и дете нејќам да крстевам. После 18 само нека си одбере дали сака да припаѓа на некоја ралигија или не. Според мене ова ми е најдобро.
Крштевањето е света тајна. Нема нешто поубаво од тој свет чин за едно новороденче, дете, па и неговите родители. "Преку трикратно целосно потопување во водата во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, се очистува од сите гревови, станува мртов за гревот и грешниот живот, повторно се раѓа во духовен, свет живот и добива обновување на образот Божји во себе, кој бил унакажан од гревот." "Ако е дете, се очистува од прародителскиот грев; ако е пак возрасен, се очистува и од личните гревови." Европскиот суд посегна по најсветото на христијаните – Ќе биде забрането крштевањето на бебињата? Spoiler http://globus2.com/2016/01/24/evrop...e-ke-bide-zabraneto-krshtevaneto-na-bebinata/
И да забрани не треба да се плашиме и да си го реметиме мирот. Никој не може да ни забрани, да дојде дома кај нас попот и да ни ги крсти децата. Ако така правеле во социјализмот, така ќе правиме, (да не даде Господ,) и во времето на дехристијанизирана Европа.
Наметнување. Моите родители се христијани и нормално ме крстиле како мала. Сега кога почнав да размислувам со своја глава, ја сфаќам религијата како една бариера меќу луѓето која попречува љубов, наводно залагајќи се за љубов. Не сакам да се сложите со мене, но да разберете дека детето НЕ е ваша сопственост туку е ЛИЧНОСТ која подоцна ќе има свои гледишта, ставови и мислења. Ако веќе сакате да поседувате живо суштество на кое што ќе му ги наметнувате вашите желби и гледишта, земете папагал. Тој знае да повторува зборови и ќе ве прави горди.
Vodenoto krstevanje znaci da se krstis vo bozjiot duh Toa covek koga ke razbere I saka da zivee za bog Go potvrduva sam I toa e simbol deka vo vodata umira Stariot covek A se raga nov Decata toa ne mozat da go odlucat i samiot Isus ne e krsten dodeka e bebe neli? Znaci ne se zabranuva krstevanjeto ,nego da se krstis koga navistina znaes za Bog i veruvas vo nego ,tuka nikoj ne se buni za protiv krstevanje ,no treba da se svati deka malo dete koe sto tuku doslo na svet da se krsti a i samoto neznae sto se slucuva ,ova za mene e smesno .
Ке ви кажам еден приемр со крштевањето: керката крстена , оди во црква, литургии, а мајката не. Мајката се разболела тешко долго време боледувала, од болница ја отпуштиле, дека веке немаат лек за неа, нема што да сторат повеке. Едноставно ја чекале да умре што се вели. Керката силно ја молела мајкта да и исполни желба, барем да се крсти и причести пред да го напушти овој свет. Мајката за љубов на керката се согласила на тој чин. И чудо Божјо, полека почнала да оздравува додека потполно не станала на нозе како порано. Прекрасно Божјо чудо.