Никаде, буквално никаде од првата до последната страница од Светото Писмо не пишува дека со крштевањето верникот се чисти од првородениот грев. Ова небиблиско учење и измислено со векови подоцна со цел да ги заплашуваат родителите дека ако бебињата не ги крстат, дека ќе горат во пеколот. Класична емотивна манипулација врз населението кое не ја познавало Библијата. На сличен начин ги лажеле дека ако не купат „индулгенции“ (прошталници) од папата, дека душите на починатите баби дедовци ќе се измачуваат илјадници години во чистилиштето. Исто така со крштевањето не се „прима“ верата. Верата не е капсула што треба да се прими. Или веруваш или не веруваш. Не може на спиење некој да те боцне со инекција и утре ти несвесно да станеш верник Исто е и со бебето. Бебето не знае ни од колку букви се состои името Исус, а не па да верува во Него. Во Библијата има 20тина примери на крштевање и сите, буквално сите до еден се доволно возрасни луѓе и се крштевале на сопствена воља ОТКАКО поверувале. Значи прво поверувале, а потоа со крштевањето јавно ја исповедале својата вера. Еве ти еден од тие 20 примери: „А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?” А Филип рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш.” Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Божји Син.” И заповеда да застане колата, и двајцата - Филип и Етиопјанецот - слегоа во водата. И го крсти.“ (Дела 8:36-38, Библијата) Кој предуслов за крштевање го забележувате овде што го кажува апостолот Филип? „Ако веруваш од сè срце тогаш можеш да се крстиш“. Од овде јасно се гледа дека главниот предуслов за да се изврши библиско крштевање е човекот да верува во Исус Христос. Доколку етиопјанецот би рекол „не верувам“ или „поима немам кој е тој Исус, прв пат слушам за него“... секако дека апостол Филип немаше да го крсти. Исто е и со бебињата. Тие поима немаат ни кој е Исус, ни што поучувал, ни што направил и согласно не можат да веруваат во него.
Однадвор гледано, етикетата што ја „добива“ детето не носи ништо ново. Велам однадвор, затоа што, ако како православна христијанка почнам да зборувам што значи Светото Крштение како Света Тајна, тоа нема да ве интересира, се повикувате на други моменти. Етикетата не го одбележува новороденото како црвена пара. Не се работи за ништо што подразбира негативен предзнак. Ете, детето не е свесно, но Крштението не само што не му прави ништо лошо на детето, туку го става под заштита на Светиот Дух Господ. Кој родител не би сакал неговото дете да ја има таа благодат? Како можеш да индоктринираш бебе? Новородено? Тоа е невозможно. Зашто е бебе. Кога ќе поодрасне човекот, или ќе созрее, тешко дека можеш оттогаш да почнеш да му зборуваш за религија, го воведуваш во нов свет. Секако дека не е невозможно тогаш да се пробуди верата, но е сосем бесмислено, не можеш да го лишиш детето кое расне покрај тебе од сознанијата за верата. Човекот е пред се духовно битие, кое трага по смислата на животот и демонстрира жив интерес кој што ти како родител мора да го задоволиш односно да му покажеш начини на кои што тоа дете духовно ќе се храни. Тука доаѓа верата, па и религијата.
@EvAngelos леле фала ти многу што ме просветли со ова што го напиша кое за волја на вистината, не го ни прочитав. Секој православен знае што е крштевката, а за протестантите мене не ме интересира.
Не те просветлувам тебе. Ти уште пред неколку месеци одлучи да ја затвориш недочитаната Библија и слепо да веруваш на православието. Уште до евангелијата не стигна со читањето, а се префрли на пишувања на некои луѓе од 7-9век кои пишувале дијаметрално спротивно на Исус и апостолите. Јас пишувам информативно за оние кои немаат слепа вера и се интересираат што велат Исус и Неговите свети апостоли на оваа тема. Јас пишувам за луѓето кои не ги интересира што вели протестантизмот или православието или католицизмот, туку ги интересира што вели Исус Христос, што велат светите апостоли т.е. што вели Библијата. За моја голема радост има такви луѓе и затоа пишувам. Месецов запознав двесетина луѓе такви луѓе кои не се ограничени од својата вродена деноминација, туку одлучиле да се интересираат и да научат што Исус поучувал за верата.
За твоја голема радост викаш... не знам дали свесно им ги затвораш очите на другите и знаеш дека тоа е лага или и самиот несевесно идеш по некој лажен пат лажејќи ги и другите. Нека им помогне Бог да дојдат до вистината како што ми помогна мене, само толку можам да кажам.
Да за моја голема радост викам. Јас свесно и силно сум убеден дека вистината за верата е во Исус Христос, во Божјото Слово - Библијата. Тоа не е лажен пат како што ти велиш, туку тоа е вистината за христијаните. Затворање очи и заведување е кога се тресат глупости во името на Исус без да се наведе каде точно во Библијата Исус или апостолите го кажале тоа (како посочениот пример со крштевањето). Ти си убедена дека си дошла до вистината буквално на ист начин како што и муслиманот кој прочитал некоја исламска книгичка верува дека дошол до вистината (во Исламот) или како што будистот верува дека дошол до вистината откако прочитал некоја книгичка за Буда итн. Да си се родела во Саудиска Арабија од родители муслимани сега ќе велеше: му благодарам на Алах што дојдов до вистината
Ох туго,тугоо Секој требало да се крсти кога ќе биде возрасен и ќе поверува лично,еве да речеме на 20,30 или 40 год...а дотогаш живејте си како атеисти,блудници,или еден ден бидете муслимани па другиот ден бидете си католици,пу пу не важи Значи убаво кажува библијата т.е Исус,на крајот кога им се покажува на апостолите вели ви давам свет дух,одете и крштевајте ги сите народи во мое име,значи да,не нагласува да се почне тоа со бебиња,ама бебето е нов почеток,нов човечки живот,и како се што се учи и прима уште од најмала возраст т.е бебе,зошто тоа и да не важи за верата? За крштевањето?
Не велам дека треба да постои некоја стриктно определена возрасна граница за крштевање, ама логично би било барем да се почека додека личноста која се покрстува не е доволно возрасна за да тоа биде нејзина свесна одлука. На пример, некој слушал за христијанството од своите родители, ја прочитал Библијата, го проучил православието, вистински и од срце поверувал, и одлучил дека е време својата вера да ја круниса со крштевање. И во овој случај, родителите и средината ќе имаат влијание врз одлуката, несомнено, ама барем таа одлука ќе ја донесе некој свесен, по сопствена волја, и истата ќе има вистинско значење за него. Наспроти ова, за бебе од неколку месеци, крштевањето е целосно бесмислен чин - тоа ниту го сфаќа, ниту го разбира, ниту одлучува за тоа. Spoiler: офтопик прашање Ме интересира, бидејќи на чинот на крштевањето на што помала возраст му се придава претерано големо значење - дали децата кои, ете, починале при раѓање, и со самото тоа, не успеале да бидат крстени, можеби одат во пеколот? Дали навистина вакви размислувања се мотаат во главите на некои христијани?
Инаку темата не е дали ќе ги крстиме децата или не. Темата е дали сметаме дека е наметнување. И да, крштевањето баш потсетува на хорор филм. Ако не можеш да признаеш дека сите бебиња плачат и вриштат на крштевка - подобро не коментирај. Сите сме свесни дека е така Инаку христијанството Е секта. Само што е толку масовно што веќе никој не го спомнува како секта.
Еве моите деца се некрстени и мислам веќе се изјаснив дека сметаме дека кога ќе бидат доволно свесни за тој чин, и доброволно изразат желба, ќе будат крстат. Секако тие растат во духот на христијанството, само сметаме дека треба и самите да се свесни за чинот и што тој претставува. Јас се согласувам со @EvAngelos и верувам на ист начин. Што се однесува до твоето прашање, не верувам дека бебињата и мали деца ќе одат во пеколот ако се некрстени. Не се сеуште свесни за гревот. Можеби некои православни тврдења тоа го учат, не знам. Додуша и некои протестантски деноминации, како методистите мислам, исто така ги кршеваат како бебиња, ама не од страв дека ќе одат во пеколот, туку ги "посветуваат" на Господа. Чисто една мисла да нафрлам е дека ниту самото крштевање не е гаранција за небото. Кога Исус беше распнат, од една страна беше распнат еден со историја на разбојник (очигледно некрстен нели), па Исус му се обрати велејќи дека уште денес ќе оди во небо. Не му е кажал: еј, ти поверува во мене во последниот момент, оди крсти се, па ќе влезеш во рајот. Самата Библија зборува дека оној момент кога поверуваш, потоа следува крштевањето. Ама, сепак, верувам дека Бог не оди по шаблони, не е формално ориентиран, му е битно срцето и односот со него.
Најсмешно е тоа што кога детето ќе стане доволно свесно да размислува со своја глава и на основа на своите размислувања ќе одлучи да си верува во нешто што самото тоа е убедено дека е вистина, тогаш другите му велат дека „ја сменило верата“. За да смениш вера, треба прво да поверуваш во нешто, па потоа во друго. Во случајов со бебињава, тие кога биле крстени воопшто не верувале во религијата во која биле крстени (православие, католицизам, методизам). Тоа не било нивна вера, ниту одлука, туку вера и одлука на нивните родители. Така што погрешно е да се тврди дека биле „православни“, а потоа смениле вера.
Да се надоврзам на муабетот, одлична забелешка е тоа дека бебињата не би оделе во пеколот затоа што не се свесни за гревот и затоа Бог не би им судел. Исус јасно кажа дека гревот не им се засметува за грев на оние кои не се свесни за него. „Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев.“ (Исус, ев. Јован 15:22, Библијата) Истото го вели и апостол Павле: „Имено, гревот беше во светот уште пред Законот, но гревот не се засметува кога нема Закон.“ (Римјаните 5:13, Библијата) Точно е дека бебињата знаат да бидат себични и се грижат само за своите потреби, можат и очи да ти истераат со острите нокти, но тие не се свесни за тој грев. Дури откако ќе созреат и ќе им биде укажано (дали преку нечиј збор или преку совеста) дека некоја постапка е зло и грев, дури тогаш тие според Библијата сносат одговорност за сторениот грев. Да, православните, поточно католиците пред нив си имаат измислено доктрина дека „крштевањето ги чисти децата од првородениот грев“. Вакво нешто нема во Светото Писмо и учењето на Исус и апостолите. Целта на оваа доктрина била да ги плаши родителите дека ако не ги однесат во нивната црква да ги крштеваат, дека бебињата ќе им одат у пеколот доколку умрат некрстени. Па дури и дека ќе бидат под напади на Сатаната цело време додека се некрстени. Во нашиов народ меѓу некои дури има и верување дека бебињата смрдат доколку не се крстат Одличен пример. Импресиониран сум од твоето познавање на Библијата
Ало пази што зборуваш малку, ги вреѓаш сите христијани... Христијанството е РЕЛИГИЈА, А НЕ СЕКТА Хорор филмови, секти, пиштења... Засрами се за ова. Ова е јавна навреда за сите христијани. Не ме цитирајте више на оваа тема, не сакам и не можам да дозволам да читам вакви малоумни коментари. Господ да чува. Полуделе сите.
Da bi go krstila moeto dete kako sto e redot i jas i mm sme pravoslavni i sme krsteni i sme vencani vo crkva za vencavanjeto bese najubav moment vo mojot zivot
Леле толку драматизирање. Плачело бебето за време на крштева. Бебе е, плаче голем дел од времето. Не е дека некој го повредува. Така се фаќале инфекции, со истурање вода врз глава. Јас не верувам дека би си го крстила детето, ако имам дете. Не сум верник, ама ако по некоја случајност завршам со верник на кој крштевката му е битна, не би ми пречело. И јас сум крстена, не гледам на тоа како голема работа затоа што без разлика на крштевката кога пораснав се изјаснив за моите верувања. Така што, сеедно. Единствено би ми пречело ако партнерот или некој од семејството би пробувал да наметне било што врз детето, би сакала да го оставам да размисли само и да одлучи во што верува. Ама па сигурно не би се мажела за некој што би направил такво нешто.
Па што ако плаче бебето? И кога се раѓаат бебињата плачат па што? Ајде кажи што не е секта според тебе? Инаку ако темата е дали ќе ги крстиме децата зошто спомнуваш секти? Не кажувај правила кои ни самата не ги почитуваш...
I nie sme placele koga ne krstevale pa sto Pa sto i nie sme placele koga ne krstevale i sto ni fale golemo cudo pa bebinja se normalno e toa da placat i h