Леле дај бе луѓе оладете, каква несреќа, каков проблем... бебето на куче ѝ мирисало... Сакате да кажете дека сликава да ја видовте сами, а не од @EvAngelos што толку го хејтате - немаше фејспалм да си удрите дека жена во 21 век со пристап до Фејсбук поставува вакво прашање? Уствари знам, Ина Многуфина ќе ја исхејтате, пошто она ги објавува ваквите (и јас сум го видела ова порано, сигурно кај неа) @JollyGirl златна, јас еднаш сум слушнала и дека во бабински муабети се велело и оти муслиманите цел живот мирисаат лошо пошто не се крстени Абе свашта има, сваш-та...
Јас сметам дека традиција треба да се почитува. Здравје кога ќе се омажам ќе се заколнам и пред Бога и моите деца ќе бидат крстени во црква. Денес многу парови не се венчаваат во црква. Мене повеќе ми значи благословот во црква отколку потписот на хартија во матично.
Ти тврдам оти дечко ми не смрди, а не е крстен, нит има намера да се крсти. Глупости. Моето куче мириса на пердуфче Така што, смрдеата е од нехигиена, дал си човек или куче..
@korisnichka наметнување е баш она што го прават нашите родители и дел од Вас овде на своите деца. Комшијата не може да ти наметне религија, може да се труди да ти ја приближи неговата и "направи" да ти се "допадне" но сепак имаш извор кој родителите на малите деца не им го оставаат.
Ни родител не може да ти наметне. Тоа особено убаво може да се види кога децата пораснуваат. А мали деца.. Тие си се држат до родителот.. Така си оди тоа во животот на човекот.
Родителот во нашево општество најчесто му ја наметнува религијата во која самиот верува на своето дете со самиот чин на крштевање на мала возраст. Секако дека тоа дете како што расте така се едуцира и еден ден ќе се пронајде во истата или друга религија па согласно тоа ќе остане во истата или ќе ја промени. Не оди тоа така во животот туку во нашето општество под притисок на старите генерации кои цврсто се држат до традицијата и обичаите.
Во животот на човекот, е поопшто, значи посеопфатно од нашето општество. Намерно не реков "така устроил Бог", за да не те повредам, се обидов со повоопштена констатација.
Јас сум за венчање во црква. Самиот Чин е општа молитва на собраните кои со радост се придружуваат на изборот на младенците да водат Заеднички Живот. Бракот е Света Тајна и заветот даден пред Бога од страна на младожемците треба да си го исполнат до крај. Најважно за останатите кои заведуваат мажени или женети е “Она што Бог го соединил.човек да не го разделува “
Доколку сакате вашето дете да биде олимписки прват во скокање во вода, вака треба да го крстите https://www.facebook.com/euronews/videos/10154597954173110/
Едно прашање дали е можно во ист ден пример првин да биде церемонијата во црква па од таму да се оди во матично? поздрав
Ние не планираме да се венчаме во црква, поради дм оти не е крстен Не ми смета. Ниту моите не се венчале во црква пошто мајка ми не е крстена. Може ќе се смени нешто дур да се земеме, али ватевер ми е. Нејќам да му стварам притисок. Убаво би било, но од друга страна Плус трошоци се А, децата обавезно ќе ги крштеваме во црква
Венчавањето во цρκва е избоρ. Јас и маж ми не се венчавме во цρκва. Јас не саκав, а на маж ми му беше сеедно. Благословот од Господ немаше ништо да ми значи. Поголема важност давам на потписот во матично. А и на ниκого не се заκолнувам на вечна љубов. Венчавκата во цρκва не значи деκа бρаκот ќе биде κаκо што тρеба. Што се однесува до κρштевањето, тоа е веќе наметнување. Наρодот ќе збоρива деκа е сρамота аκо детето не е κρстено. Што е толκу стρашно аκо децата не се κρстат? Моите деца се κρстени. Маж ми саκаше, а на мене ми беше сеедно. И не е точно деκа неκρстените не смеат да влегуваат во цρκва. Не смеат да се пρичестат.
Јас сум атеист, нејќев да чујам за венчавање во црква, што и нормално не се деси, а нема ни да дозволам наметнување на вера на дете кое уште не е свесно за своето постоење. Јас сум прв поборник со закон да се забрани крштевање на малолетни лица, како и правењето сунет од религиозни побуди, а поготово што им го прават по старски на кутрите деца на некоја си 4,5,6 годишна возраст без анестезија, мислам греота, трауми, ужас. Исто така сум против веронаука во училиштата (наука за рлигиите општо може), како и оние верски летни кампови и оние верски школи што ги има во џамиите... деца да се изложуваат на тоа НЕ!
И само уште да се изјаснам за главното прашање, ‘‘избор или наметнување‘‘? Кога се работи за крштевање деца помали од 13-15 години, нема дилема дека станува збор за наметнување. Додека изборот на личноста за тоа дали ќе се определи да биде верник, да следи и практикува верски обичаи, без разлика дали се работи за малолетен (барем над 15 години) или возрасен човек е резултат на наметнување од страна на семејството, пријателите, роднините, медиумите, итн, општо од опкружувањето во кое живее личноста, од општественото уредување и од нејзиниот карактер, односно во зависност од тоа дали лесно потпаѓа под туѓо влијание, дали има потреба да чуствува припадност кај мнозинството, бидејќи некои луѓе едноставно не сакаат да се двојат од мнозинството, сметајќи дека ако повеќето така размислуваат тогаш тоа мора е правилно. Темата е многу широка, а ова е моето мислење во кратки црти.
Можете да го наречете крштевањето наметнување, принудување или незнам што ама кога самото дете ќе одрасти ако не сака да верува во тоа може слободно да го отфрли како на пример ако истото дете во иднина се пронајди самото себе како атеист кршталниот чин за него не би значел ништо, или и да се префрли во друга религија пак истиот чин за него не би значел ништо при бидејќи било по одлука на родителите. А во однос на таа родителска одлука мислам вака: секој родител го сака најдоброто за своето дете во секој случај и како одговорен во име на своето чедо во секој домен, родителот верник го носи во црква своето дете и го крштева и одраснува во духот на црквата бидејќи тој тоа го смета за најдобро. Истото и со муслиманите и сунетот и истото со атеистите и нивните деца, ако атеистот мисли дека неговото дете треба да си одбери само во што ќе верува така и ќе го одгаи додека е мало, ако атеистот смета дека неговото дете не треба да верува во такви работи и дека се тоа е бесмислено, така ќе го научи и тоа дете така знае.... Но, родителите прават тоа што можат додека можат, кога детето ќе порасне тоа може да го прифати и да го отфрли тоа што дотогаш му било кажувано од страна на родителите. И со тоа стигаме на темата за венчавката. Значи венчавањето во рамките на Црквата е небитно ако ти самиот во тоа не веруваш т.е. џабе ќе го исполниш чинот ако не веруваш во неговото дејство. Слободата на избор никој не ни ја одзема
Имам разбрано за децата чии родители се венчани само во матично, црквата држи став дека се вонбрачни Инаку, јас сум дете од родители кои склопиле само граѓански брак, поради разликите католицизам и православие. И единствено граѓанскиот брак и го сметам за валиден, другото ми се непотребштини.
Првo бев прoтив крштевaње aмa сегa ми е сееднo. Тoa штo рoдителите ќе гo брцнaт нивнoтo бебе вo вoдa немa и не мoе дa гo нaпрaви христијaнин. Мене нa пример тoa штo сум крстенa не ме спречи дa стaнaм. Тaкa дa крштевaњетo не гo сметaм зa нaметнувaње, ниту пaк венчaвaњетo бидејќи се врши врз вoзрaсни oсoби.