1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Венчавање во црква и крштевање-избор или наметнување?

Дискусија во 'Религија' започната од joelle, 16 ноември 2010.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    А од друга страна, одбиваат да те венчаат во црква без извод од книга на венчани, т.е. без доказ за истото за кое тврдат дека е вонбрачна заедница.

    Е ај сеа? :D
     
    На cresa-jagoda, Cinderfakinrella, Kitten и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.650
    Пол:
    Женски
    Моите не се венчани во црква, иако биле крстени и двајцата, сепак одлучиле да го избегнат тоа. Исто имаат склучено само граѓански брак, но мене и брат ми нè крстиле во црква.
    Вонбрачни деца gone wild. :D

    На темата, не знам дали би се венчала во црква. Познавајќи се, најверојатно не.
    И онака повеќе би ми значел благословот кој би го добила од моите.
     
    На Cinderfakinrella, green.eyes, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Крштевањето како бебе го гледам како наметнување само во симболична смисла, бидејќи на таа возраст умот на тоа бебе е табула раса, не разбира што тоа му се случува на таа крштевка и какво е значењето на тој чин. Кога ќе почне да истражува и размислува со своја глава, личноста може да се определи за нешто друго без разлика и на традицијата на семејството и родителите која му е пренесена во секојдневието, а крштевањето на кое секако не се ни сеќава – не може да има никакво влијание.
    Сепак, за да го има крштевањето навистина тоа свесно значење и порака какво што треба да претставува, сметам дека најправилно би било да се врши на поголема возраст, кога детето веќе е свесно и по свој избор се пронаоѓа во таа религија.
    Додека пак венчавањето е чин кој се врши на полнолетна возраст, така што секако треба да биде избор и компромис меѓу две возрасни личности.
     
    На LUCI 99, piglet1, green.eyes и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Исто. :D Попот веројатно фатил врски кај Господ, па решил да не прави проблем. Не е за парите бе, не... Се прифаќаат и bastards. :lol:

    Инаку јас се имам искинато од плачење во текот на целата процедура, а на видеата видов дека сум му ја влечела наметката на попот. Многу сме се сакале уште од мали нозе.
     
    На Tan4ence, green.eyes, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.125
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    Би се венчала и во црква и во матично.И здравје Боже еден ден кога ќе ми се роди дете, ќе го крштевам во црква.
     
    На cresa-jagoda и Rama им се допаѓа ова.
  6. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    Треба некои посебни документи да се однесат освен потврда за закажана регистрација или извод на венчани??
     
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    И јас знам дека порано така беше, но мој братучед пред неколку месеци дента прво во црква се венча, а после во ресторанот го склучи граѓанскиот брак. И се чудам како може така.
     
  8. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека ќе се венчам во црква. А моите деца ќе бидат крштевани во црква.
     
    На cresa-jagoda, Orthophill и kuc им се допаѓа ова.
  9. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Моја познаничка одлучи да не го крштева детото во црква. Сакале самото дете да си одбере религија кога ќе биде доволно возрасно да го разбере целиот концепт. И сето тоа ми е разбирливо. Но од друга страна тоа дете расте во дом во кој се празнуваат Велигден и Божиќ како поголеми празници. Можеби не постат секоја среда и петок и не обраќаат внимание на помали празници во смисол да не се работи домашна работа, да се оди редовно во црква и слично. Но тоа дете сепак расте во религиозна околина. Па зарем не му ја наметнуваш религијата со тоа што седнува со тебе на маса за Божиќна вечера, оди на Коледе, празнува Бадник и Велигден. Некако едното без другото не ми одат. Попрво би го кршетавала детето па утре-задутре ако реши да смени религија, не би противречила, секако ако тоа реши да го направи на возраст кога размислува трезвено и свесно за целиот концепт религија.
     
    На cresa-jagoda и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Битно е на твојата познаничка и нејзиниот маж да им е логична одлуката што си ја донеле, не на другите луѓе.
     
    На FVP му/ѝ се допаѓа ова.
  11. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    На тоа дете кога ќе порасне и ќе биде доволно созреано, ќе размисли. Никој неможе да му наметне да биде христијанин. Тој самиот ќе си се определи. Како повеќето атеисти. Се раѓаат со една религија,созреваат и бираат по кој пат ќе идат и што ќе прават у животот.
    Лошо што од раѓање не му определиле религија го оставиле да биде атеист.
     
  12. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.604
    Пол:
    Женски
    @Arja не знам за другарка ти, ама ќе одговорам од моја перспектива зашто исто би постапила. Нема да крштевам дете ако го имам, не сум ни малку религиозна ама би славела и Божиќ и Бадник зашто ги сметам за убави социјални и културни прилики, ако ти има некаква смисла. Коледе и Бадниковиот оган се словенски пагански обичаи, ама останале меѓу луѓето со векови, и кај нас, и во Украина на пример, зашто носат чувство на заедница. Не сум религиозна ама сакам делови од нашата традиција зашто мислам дека се културно наследство и како такви сакам да ги практикувам и споделам со семејството, и децата ако ги имам.
    Да илустрирам преку пример, дм не е православен, ама за Бадник направив лепче со паричка, се собравме друштво што немаат допирна точка со словенско православие освен јас, ама сите беа возбудени иако не очекував. Па кога му се падна паричката на дм тоа беа живи радости, ко мало дете, и го стави во чаша вино и си го носи со себе. Јас да не правам муабет колку бев исполнета, зашто и мене толку убави спомени ми се поврзани со празници и сакам да го создадам тоа чувство и кај други, на пример утре моите деца.
    Луѓето се прилично приврзани кон некои обичаи, со акцент на социјалниот аспект. Ако се тргне религиозноста на страна или се објасни како приказна а не како факт, и само се практикува обичајот како таков, не мислам дека е воопшто наметнување на религија. :)
     
    На PoisonGirl, cresa-jagoda, FVP и 3 други им се допаѓа ова.
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Во контекст на бадниковиот оган е наметнување на масовен чад во ионака загаденото Скопје, Битола и Тетово.

    Добро треба да се размисли зошто, дали и колку треба да се практиуква нешто како традиција.
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.604
    Пол:
    Женски
    Конкретно за оганот, има многу смисла тоа што го напиша за некои населени места, ама не гледам ништо лошо ако селани на пример во некое планинско селце се соберат за Бадников оган. Минуси и плусови.
    А инаку дефинитивно. Никако не сум за практицирање традиција по секоја цена, тоа секако нема смисла. :)
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Навистина нема потреба од палење на огнови во и онака веќе загадените градови.
    Ама социјалниот момент на тие настани и зошто останале како такви - тоа би требало да се испочитува, иако православието напротив, се обидува баш тој момент да го уништи.
    Коледарски оган - како славјето кое се прави да се запали колку да помине ред - навистина не е потребен, ама овие настани имаат практична причина - зошто се задржале како такви.
    Коледе е на сред зима, на ладното, обичаи кои почнале во времиња кога луѓето биле заедницата - селската заедница и имале многу поголем осет за заедницата, па оган на отворено + храна, шанса за оние што немаат да се загреат и да каснат, посебно во очи на голем празник.
    Истото се однесува и за големите празници, кај што многу цркви си зеле празник, барем еден годишно, на кој луѓето се собирале во црковниот двор и се дели храна. Тие ручеци секогаш биле во духот на давањето на оние кои немаат. Затоа секогаш биле со месо, со животински "жртви", т.е. оние што можеле да си дозволат давале животно со кое се готвел ручек за сите и оние што немале имале шанса да вкусат месо, барем на тој празник. Сосема пагански, ама многу практично, и некому премногу значи.
    Сосема нова е измислицата дека во среда и петок таквите ручеци не смеат да бидат со месо, во село мое од кога дојде новиот поп. Или плаќањето на ручекот, тоа никогаш го немало, не додека бев мала. Дедо ми не можеше да си замисли такво нешто. Се знаеше дека тој ручек е за арно, бил со месо или не. Тоа е затоа што тие генерации живееле во духот на заедницата и не беа слепи на оние што немаат. И црквата била за да им помага на сите.
    Тогаш црквата била во духот на давањето, сега е во духот на контрола на народот.
    Сега е во духот на "што смее и што не смее", "што се може и што не се може" и како црквата да дојде до повеќе имот. И црвата е слепа кон оние што немаат, и народот не знае подалеку од носот.

    Може црквата сето тоа подруго да го реши, со донирање дрва на социјално загрозени, со акции за донирање ќебиња и храна на бездомници. Ама не...
     
    На shekerna и do-re-mi им се допаѓа ова.
  16. ImOk

    ImOk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Венчавањето како чин е всушност давање завет на Бога дека врската помеѓу мажот и жената кои се венчаваат е за цел живот и дека центар во таа врска е Господ. Завет се врши измеѓу две страни (мажот и жената) како една целина од една страна, а од друга страна е Господ. Значи венчавањето е завет со Бога. Мажот и жената стануваат едно и во завет се со Господ дека ќе го следат Неговиот пат, а Господ од друга страна дава завет дека ќе им го сочува бракот од секакво зло.
    Крштевањето на детето е исто завет измеѓу Господ и родителите, родителот како христијанин дава завет пред Бога дека ќе го воспитува детето во христијански дух, и со крштевањето го предава на Бога, да го заштити и чува кога мајката и таткото неможат. Значи не го присилуваат детето од бебе да биде христијанин само тие, родителите, како христијани даваат завет со Бога дека ќе го воспитуваат христијански бебето а Господ се заветува дека ќе го чува тоа бебе кога родителите не можат. Подоцна кога тоа бебе ќе биде возрасен човек си ја има слободната волја да бира во што ќе верува.
    Затоа ако не си верник а сепак ги правиш овие два чина тогаш нема поента да ги правиш, и си нанесуваш поголем грев без да знаеш дека се заветуваш со Бога, но ако си христијанин и го знаеш длабински значењето тогаш и тоа како ти значат тие два чина.
    Секој си ја има слободната волја и кој како што мисли дека е најдобро за него и за неговото бебе, така си прави, никој не треба да ви наметнува ништо, тоа треба да ви биди со волја направено. :l:
     
    На PoisonGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ако не си верник, нема ни да мислиш дека 'си нанесуваш грев', пошто, нели, не си верник.
     
  18. ImOk

    ImOk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Така е да, затоа реков без да знае човек што всушност тоа значи, бидејќи не е верник, претпоставувам, зошто да прави завет со нешто што не е запознаен само дека така некој им рекол или луѓето да не зборуваат?

    Добро, не е верник и како таков подобро да не ги прави тие чинови бидејќи верувал или не верувал прави завет кој може за него ништо не значи ама за Бог значи - Ова како верник го кажувам.

    Ја разбирам твојата поента дека тој што не верува во Бога не верува дека после ќе прекршува некаков завет, сметајќи дека прави завет со измислено нешто. Пак ќе кажам секој си ја има слободната волја.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Јас сум агностик, маж ми атеист.
    Правевме венчавка оти ми е убава традиција.

    Се чувствував 'поврзано', ама не како што учи Библијата, или било која религиозна книга.
     
    На ImOk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marsic

    Marsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.105
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали бурмите се ставаат во црква или во матично. Поради ситуацијава ќе биде само матично, а здравје ако се смири ситуацијава се планира и црква.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.