1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Венчавање во црква и крштевање-избор или наметнување?

Дискусија во 'Религија' започната од joelle, 16 ноември 2010.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Сакам венчавка во црква и за мене службениот брак е само парче хартија. Многу е поубаво чувството да си споен со некого пред Бога.
    Е сега за крштевање, се разбира дека моите дечиња ќе бидат крстени. Крштевањето не е наметнување, туку избор на родителите, штом јас верувам, ќе направам се’ како што треба според мојата вера. Ако подоцна се одлучат да не веруваат, нема да сметаат дека тој обред им сменил нешто. Мене родителите не ми ја наметнале верата, туку само ме поучиле на тоа што тие сметаат дека е правилно, па кога добро ќе размислам, воопшто не ми држеле ниту една лекција по основ религија, освен што на празници ме носеле во црква. Јас верувам затоа што верувам, а не зашто некој ми наметнал. Многу ми е мило што моите направиле крштевка, а моите пријатели кои не се верници никогаш не се пожалиле и не биле лути што родителите одлучиле така за нив, едноставно тој обред не им значи ништо, па нема тука никакво наметнување.
     
    На vlubena и teddybear им се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    И јас исто како лакримоса виножитка кате и уште неколку ... не би го оставила детето некрстено ... јас ке си го крстам зашто си верувам и ке го учам да верува .. па кога ке порасне доволно ако му влезат некои бубачки ке правиме муабет.

    За свадба .. обавезно сакам и во црква самото тоа ми е некако смирувачко .. преубаво ... благослов имаш од родителите твои и негови а добиваш и од Господ ... убави ми се сите адети со црквата невестата мажот ... за ништо нема да дозволам тоа да го пропуштам .. Фала Богу си имам некој што се согласува со се ова ( иако не значи дека до крај ке бидам со него) ...

    Ако се работи само за матично што ке ми го ... така ке си се преселам уште сега кај него. ствар на избор е. а мојот избор е ваков . :)
     
  3. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Јас сум за венчавање во црква и тоа не затоа од дома ми наметнале туку затоа што тоа е мој избор. Одгледана сум во христијанско семејство и можеби не сме некои големи верници до толку па да се занесуваме по бога и религија и не знам ти што, но сепак веруваме. И покрај тоа што така ме одгледале мајка ми и татко ми не би ми попречувале и во смена на религија ниту во изборот дали да се венчаваме в црква или не. Како што реков тоа е само мој избор и никој ништо не ми наметнал.

    Така и јас планирам да постапам, значи јас ќе ги крстам децата и ќе ги одгледам колку што знам и умеам во духот на христијанската религија, но во никоја случај нема, кога тие пораснат и се изградат како личности и сакаат да ја сменат верата, да им стојам на пат ниту да им наметнувам било што. Тоа пак ќе биде нивни избор.

    Едноставно мене лично без овие два чина ќе ми недостига нешто, нема да биде тоа тоа. :)
     
    На vlubena му/ѝ се допаѓа ова.
  4. twisterworp

    twisterworp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    19
    јас ке речам само ова прво прочитајте библија и потоа одлучете се
    ке видете дека и во библијата има луге кои не се венчани
    толку од мене само да кажам не ме суди кога не ме знаеш
    а тоа што наметнува црквата и тоа што го пишува во библијата се два различни поими
    прочитајте па видете сами не оставајте никој да влиае на вас
    јас исто мислев како вас па зедов сам си прочитав па си го пронајдов ГОСПОД
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Крштевањето е наметнато дефинитивно. Мене на неколку месеци апсолутно никој не ме прашал дали сакам да сум христијанка или не. -.-
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Јас не сум крстена, од кои причини искрено не знам, не сум ги прашала моите и на тоа не гледам како на некаков недостаток.
    Нема сигурно да инсистирам на венчавање во црква, но ако идниот маж сака, тогаш ќе се крстам и венчавам во црква.Инаку вака, не сметам дека црквата ќе ми гарантира успешен брак, тоа ќе зависи од нас двајца и од никој друг.А дали ќе го крстам своето дете, не сум размислувала дека ми е па ептен рано за тоа, но мислам дека не.
     
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас се венчав во црква,самиот чин е убав пред Бога да се заколнеш на љубов,дека ќе се чувате и сакате, си ветувате еден на дрг духовно, додека пак во матично е само службено, се запознаваш со законото за брак и семејство,тоа можеш и на интернет да го дознаеш, додека пак во црква чувството за мене беше прекрасно.
    Детето ми е крстено во црква, воопшто дури и не дискутиравме дали ќе ја крстиме, едноставно само се одлучивме за денот.Не сме некои големи верници, ама за празниците одиме во црква сите тројца, палиме свеќи ,бакнуваме икони,оставаме паричка итн. Верувам дека има некоја сила, дека нешто возвишено постои, а верувам и во живот после смртта.
     
    На Lacrimosa, pufi-cufi и vlubena им се допаѓа ова.
  8. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    Мене ми е наметнато крштевањето. Моите така сакале и така направиле меѓутоа јас на моето дете ќе му оставам избор, ако сака да биде верник, нека биде ако не никому ништо, ако сака нека биде и будист сам нека си реши несакам да бидам јас таа што ќе му го наметне тоа. Исто и јас несакам да се венчам в црква.
     
  9. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Според мене крштевањето треба да му се остави на детето како избор кога ќе биде доволно зрело и информирано. Венчавката во црква повеќе ја гледам како дел од традицијата и културата отколку како соединување пред Бога. Попови воопшто не почитувам. :rock:
     
    На Goticarka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Јас сакам да имам православен маж! И да можам слободно и взаемно да живеам на таков начин!

    Во каков е тој брак на лист? Сакам, многу сакам да слушнам како свештено лице, како Божји претставик, ни го означи бракот со сите тие молитви, пред Бога, во црква.
    Исто важи и за крштевањето. Колку убав чин е тоа! Каков благослов!

    И некој што спомна за парите... Повеќе даваме пари на адвокати, службеници и др. за тоа што комшијата направил вака и вака... некои работи се безценети ;)
     
    На faye, Deemy, La.Reina.Del.Sur и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Офф топик и од почеток се извинувам.

    Знам дека на коментаров не му е местото овде туку во друга тема, но многу сум радосна што го видов ова. Му благодарам на Бога што прв пат гледам дека некој од денешните млади луѓе размислуваат вака. За прв пат некој ги гледа работите со своите духовни очи, а не со световните. Затоа што молитвата и благословот Божји се повредни од сите богатства на земјата.

    Поздрав Bright, браво за твоето размислување :) .
     
    На Deemy и Bright им се допаѓа ова.
  12. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    искрено читајќи ги погорниве постови помислив дека само јас сум со различно мислење :lol: во потполност се согласувам со тебе.Јас сум крстена кога сум била стара само еден месец.Цел живот се дкаларирам како православен христијанин.Верувам во Бога !!! Кога се венчав,венчавката во матично ми беше онака формална работа,додека венчавката в црква е она најважното според мене.Моите две деца се истотака крстени.Самиот чин на крштевањето дава некако душевен мир и спокојство.
     
    На vlubena и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Во србија доколку детето не се крсти до 1 година општината и црквата сами му одредуваат име. Тоа ми е чуено од една другарка со српско потекло и колку е вистина не знам :)
     
  14. shorthairandblueeyes

    shorthairandblueeyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Какво венчање? Потребен ли е тој лист хартија за да се докаже дека си со некој? Непотребна работа. Еден лист хартија незначи ништо.Можеш да живееш со некој и без тоа. Крштевање и тоа е непотребно. Глупости. Стави му име едонставно на детето нема потреба од некој поп таму да пее врз бебето а тоа сирото да плаче.
     
  15. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    за мене венчавката во црква и крштевањето не е никакво НАМЕТНУВАЊЕ !!! крстена сум, моите се венчани во црква по сите прописи... И како секој православен христијанин кој верува во Бога и јас ќе се венчам во црква и децата мои ќе бидат крстени :)
     
    На vlubena му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    А како тоа не е наметнување кога ти ќе ги крстиш без нивно право на избор, и прашање дали сакаат да бидат христијани?
     
    На placeboloves му/ѝ се допаѓа ова.
  17. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Децата ја добиваат верската припадност од своите родители, а ако детето не сака да биде христијанин тогаш може по 18 години да си ја смени верата(кога ќе има право на глас и ќе биде полнолетен...) Или според тебе до 18 години детето не треба да припаѓа на ниедна вера, се дури тоа само не одлучи? :^)
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Според мене детето нема потреба да биде крстено без да е прашано. Нека го направи тоа ете кога ќе биде позрело, или над 18 години, сеедно.
    Тоа треба да е негов избор, нема потреба да биде христијанин, па да ја отфрла таа религија и така натаму...
     
    На LUCI 99, Mimi123, placeboloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас мислам дека не е фер на детето да му се наметне религијата на родителите. Не е битно дали на 18, 36 или 45 години, ама тогаш кога една личност ќе се чувствува подготвена треба сама да си ја одбере религијата, затоа што тоа е личен начин на разбирање и објаснување на "несфатливото", а не нешто што друг ќе ти го каже
     
    На machorka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Да, секако ќе ја прашам ќерка ми: Дали ти мило сакаш да бидеш Христијанка, Муслиманка или Јеховин сведок? :rofl: Абе ајде...
     
    На kate21, starbucks и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.